Сашко Георгиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 11:56:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сашко Георгиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Георгиев: Ги охрабрувам и повикувам судиите слободно да пријават влијанија и притисоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/#respond Thu, 15 Jun 2023 11:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=846109

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои што биле анкетирани, при што констатирале или пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од претседатели на судови и од членови на Судскиот совет, слободно нека пријават, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев. Во однос на анкетата на ОБСЕ и ДКСК за Проценката на ризиците од корупција во правосудството, Георгиев посочи дека тоа била анонимна анкета за периодот на 2022 година. - Само ќе потенцирам, како порака до колегите судии. Ги охрабрувам дека таквата состојба, е алармантна се согласувам и доколку ја чувствуваат таквата состојба, слободно, тоа се судии кои што знаат како, дали до Советот, или ако немаат целосна доверба во Советот, има институции, Обвинителство, слободно нека пријават, а ние сме тука да се носиме со таквите проблеми, порача Георгиев. Георгиев посочи дека во овој случај се доведува во прашање самиот интегритет на судиите, во состојба кога тие пријавуваат во анонимни анкети некакви вакви аномалии, а од друга страна да не ги истакнат таквите аномалии. - Апсолутно ги охрабрувам и поттикнувам, слободно нека пријават. Конкретно со име и со презиме. Значи треба да го кажат тоа, а не вака анонимно. Треба точно да се знае кој со име и презиме, изјави Георгиев. Зборуваме за период, подвлече Георгиев, кога и тој бил само член на Судскиот совет. Прашан за Комисијата која постапува по работењето на предметот „Таргет-Тврдина“, Георгиев рече дека откако тој е претседател на Советот, гарантира дека сите комисии се формирани и се постапува редоследно, но дека не може да гарантира за некои претходно како работел. - Во секој случај, одговор на прашањето е дека се формирани комисии и дека по комисиите се постапува. Можеби треба да го прашате претседателот на комисијата, колегата Ханиф Зендели до каде е. Во истата Комисија, тоа можам да го кажам, има сега состојба, каде откако е формирана Комисијата нејзин член бара изземање и тоа е за 29 јуни сега, што треба да дискутираме, изјави Георгиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-gi-ohrabruvam-i-povikuvam-sudiite-slobodno-da-prijavat-vlijanija-i-pritisotsi/feed/ 0
Георгиев: Овој состав на Судскиот совет ќе биде исклучително транспарентен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-ovoj-sostav-na-sudskiot-sovet-ke-bide-iskluchitelno-transparenten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-ovoj-sostav-na-sudskiot-sovet-ke-bide-iskluchitelno-transparenten/#respond Wed, 10 May 2023 09:42:13 +0000 https://kurir.mk/?p=832608

Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчестноста во работата на Судскиот совет, изјави пред почетокот на денешната седница претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев. -Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби со потешкотии си ја вршеа својата работа. Сведоци сме дека тешко се вршеше движење при ждребување на дневниот ред, рече Георгиев. Тој гарантира дека овој состав на Судскиот совет и тој како претседател дека ќе бидат исклучително транспарентни. - Само сите заедно со исклучително транспратентна работа заедно ќе постигнеме добри резултати. Барав да има присуство од камера од МИА и ве повикувам и во иднина да ги следите нашите седници. Уште денес ќе стапам во контакт со претставници од МИА преку Судски совет да имаме во иднина редовно снимање на седниците и да се пренесува преку МИА и кој е заинтересиран да презема од МИА, заклучи Георгиев на почетокот на седницата. Судскиот совет вчера одржа прва седница, откако е избран новиот претседател Сашко Георгиев, откако беше разрешена Весна Дамева. Георгиев вчера на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е камерите да не бидат внатре, туку само новинарите. -Ќе потенцирам во делот на јавноста, јавноста ќе биде присутна, но камерите само ќе бидат оставени уште минута до две, да го завршат својот прилог за снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата. На ова реагираше ЗНМ, осудувајќи го, како што посочи, „непринципиелниот однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, да ги отстрани присутните сниматели, а притоа да им биде дозволено присуство на новинарите на седницата“. - Ова е лоша пракса, што може да биде лесно преземена и од други институции и да придонесе кон нарушување на правото на јавноста да биде целосно информирана за работата на судските власти. Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат работата и влијаат на концентрација на присутните, без притоа претседателот Георгиев да објасни на кој начин снимателите одеднаш станаа пречка за работењето на советот, наведе вчера ЗНМ. Оттаму посочуваат дека не гледаат никаква оправданост во причината на оваа донесена одлука, од страна на претседателот Георгиев. Георгиев беше избран за претседател на Судскиот совет на 4 мај, откако на 26 април на јавна седница беше разрешена неговата претходничка Весна Дамева. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“. Реакции дека разрешувањето на Дамева е нелегално имаше и од експерти и претставници на од невладиниот сектор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgiev-ovoj-sostav-na-sudskiot-sovet-ke-bide-iskluchitelno-transparenten/feed/ 0
Судијата Сашко Георгиев избран за претседател на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/#respond Thu, 04 May 2023 15:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=830610

Судскиот совет попладнево на итна седница со осум гласа „за" и четири „против" го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател. Седницата ја водеше заменикот Селим Адеми, кој пред гласањето посочи дека претседателот на Судски совет се избира со осум гласа од членовите со право на глас. На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева. Пред гласањето Георгиев рече дека гордоста е на негова страна што го предлагаат и оти го прифаќа предлогот само ако е од сите заедно сплотени. -Очекувам само сите заедно, сплотени и надпросечен придонес да ја вратиме довербата пред се меѓу нас и граѓаните. Затоа ве повикувам, доколку овој предлог излегува искрено, само сите заедно ќе го прифатам овој предизвик. Ве повикувам сите, да придонесеме, доколку стоите позади мене го прифаќам предлогот, изјави Георгиев. Членовите на советот Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимоски, Ивица Николовски и Мери Радевска, без да образложуваат кажаа дека „принципиелно гласале против" бидејќи, како што посочија Сашко Георгиев гласал за разрешувањето и со тоа и самиот придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет. Судскиот совет, 439-та седница која претходно беше одложена за завчера, ја закажа попладнево на 15 минути пред нејзиниот почеток во 16:30 часот. Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет, Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување. Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правите експерти го оценија како нелигитимно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-sashko-georgiev-izbran-za-pretsedatel-na-sudskiot-sovet/feed/ 0