Сашко Ивановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Jun 2021 16:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сашко Ивановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивановски: Градоначалникот на Делчево вети пат до Црна Скала и мост над Брегалница, на три месеци до избори ништо не е почнато https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-gradonachalnikot-na-delchevo-veti-pat-do-crna-skala-i-most-nad-bregalnica-na-tri-meseci-do-izbori-nishto-ne-e-pochnato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-gradonachalnikot-na-delchevo-veti-pat-do-crna-skala-i-most-nad-bregalnica-na-tri-meseci-do-izbori-nishto-ne-e-pochnato/#respond Wed, 30 Jun 2021 16:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=530097

Пред неполни 4 години кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на СДСМ, Горан Трајковски вети изградба на меѓународниот пат Делчево-Црна скала. Божем кандидат за министер е. Од ветеното ништо на виделина. Требаше да знае дека за да застанеш пред граѓаните на Делчево и јавно да ветиш дека ќе направиш пат долг 10 километри, а за тоа ти се потребни пари од 10 општински буџети, е потценување на интелигенцијата на сите Делчевчани. Самоувереноста и пустата желба за власт го натераа да си даде рок до 2021 година, истакна на денешната прес-конференција, насловена како „Коментар на денот“ Сашко Ивановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ивановски: Во овие 4 години ниту еднаш на ниту една дебата, трибина, форум или било каков јавен собир не спомна до каде се работите, постапките или идејата, а не пат да прави. Пред неполни 4 години истиот овој човек вети и реконструкција на мостот на улица “Индустриска”. Самобендисаноста и увереноста дека неговиот ментор Заев ќе му помогне одеше дотаму што рокот за оваа работа беше 2018 година. Ништо и од оваа работа. За стотина дена колку што остануваа не може ни да го фотографира мостот а не да го направи. Лагите тука не застануваат. Продолжи и вети доизградба и доуредување на Кејот на реката Брегалница на потег од црквата “Св. Кирил и Методиј” до СРЦ “Пијанец” како и од мостот на улица “Илинденска” до хотел “Македонија”. Самиот си стави рок до 2018 година. Време е да го потсетиме дека и од ова ништо нема остварено. Понатаму вети и изградба на улици во населбата Звегорска река. Ги гледаше луѓето во очи и ги лажеше без трошка срам. Луѓето заслужуваат и треба да добијат улици. Јавно прашувам до каде е постапката бидејки и нив ги излажавте. Делчевчани видоа дека не ти се битни ниту патишта, ниту улици, ниту паркови, ниту мостови. Видоа дека за тебе важна е фотелјата, моќта парите и привилегиите, кафаните и забавите, а народот нека му ја мисли. Оваа е животот што го ветивте, оваа е суровата реалност. Нам таков живот и таква власт не ни треба. Време е да си заминете. Македонија за сите луѓе!, рече Ивановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-gradonachalnikot-na-delchevo-veti-pat-do-crna-skala-i-most-nad-bregalnica-na-tri-meseci-do-izbori-nishto-ne-e-pochnato/feed/ 0