сашо димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Oct 2020 12:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сашо димовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димовски: Адвокатите кои се блиски околу премиерот се како зелено пазарче, земаат пари за да местат пресуди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-advokatite-koi-se-bliski-okolu-premierot-se-kako-zeleno-pazarche-zemaat-pari-za-da-mestat-presudi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-advokatite-koi-se-bliski-okolu-premierot-se-kako-zeleno-pazarche-zemaat-pari-za-da-mestat-presudi/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=416765

Вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Саше Димовски кој што посочи дека ветинг во судство ако сака да има министерот за правда тогаш треба да исчисти неколку канцеларии од Скопје, кои се блиски до власта и се однесуваат како зелено пазарче, земаат пари за да местат пресуди. „Ќе бидам краток и ова ќе го врзам со најавениот ветинг на министерот после 100-те дена, бидејќи сака да ги чисти судиите. Ако сака да го расчисти доволно е десет канцеларии во Скопје да ги исчисти и така ќе го среди судството. А, тие десет се адвокатите кои се блиски околу премиерот со нивните експонирани канцеларии“, истакна Димовски. Димовски додаде дека еден човек му ги има покажано пораките како му се побарани фиксни суми на пари за одредена пресуда. Човекот ги дава парите, ништо не му е направено, и го губи спорот. „Адвокатот кој што е висок функционер во СДСМ и кој ги застапува, какви не пораки му имаше пишувано, искрено го советував дека ќе го уапсат за закани. Ми вика баш сакам да ме уапсат за да кажам колку пари ми зема за да ми ја намести пресудата, и не ми ја намести. Тие десет канцеларии деноноќно со примери, имаме луѓе им се влага казната во затвор да не ви спомнам неколку високи и јавни функционери, познати фаци кои се надвор наводно на лекување. А, ништо не им е, меѓутоа за одредена сума се надвор“, нагласи Димовски. Димовски посочи дека адвокати блиску до власта се како зелено пазарче. Затоа ако сака министерот судството да се исчисти треба да се тргнат неколку канцеларии во Скопје, кои за пари купуваат пресуди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-advokatite-koi-se-bliski-okolu-premierot-se-kako-zeleno-pazarche-zemaat-pari-za-da-mestat-presudi/feed/ 0
Димовски: Судијата што прекрши повеќе члена и процедурата по која беше однесена во затвор Јанкуловска мора да одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudijata-shto-prekrshi-povekje-chlena-i-procedurata-po-koja-beshe-odnesena-vo-zatvor-jankulovska-mora-da-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudijata-shto-prekrshi-povekje-chlena-i-procedurata-po-koja-beshe-odnesena-vo-zatvor-jankulovska-mora-da-odgovara/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=416755

Во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ новинарот и добар познавач на правосудството во Македонија, Саше Димовски говореше за тоа што ќе се случи со предметите на поранешните функционери кои се жалеле во Стразбур, како и за процедурата по која поранешната министерка Гордана Јанкуловска беше однесена во затвор за која според Димовски се прекршени повеќе члена, а Судијата од овој предмет мора да одговара. Тој за случаите на Стразбур вели дека министерот за правда, Бојан Маричиќ е лошо советуван дека процедурата ќе траела три години и ги објасни фазите низ кои поминува целата постапка. - На Маричиќ му рекле дека три години ќе трае постапката, но еве јас јавно кажувам дека го излажале. Во оваа фаза судот веќе ја допуштил апликацијата како допуштена, ја разгледал. Таму има прелиминарна фаза ако не биле ќе ја отфрлел, значи ја оцениле дека исполнува услови. Втората фаза, судот ги навел прашањата кои ги бара како одговор од Владата и нашата Влада има право во рок од 16 недели да даде одговор на 5 прашања кои судот во Стразбур ги поставува. Прво вика дали аболицијата или каква и да била формата на решението е донесена под член 11 од законот кој во тој момент важел? По одлуката на Уставниот суд дали тие се поединечни дали се однесуваат на конкретни лица итн?Тоа се пет прашања кои му ги поставува за секој предмет и му вели на одговор на тој што ќе пишува: „Види го случајот Словачка“ рече Димовски. Тој додава дека со поставените прашања судот однапред кажува дека „Еднаш дадена милостиња нема враќање“. - Значи судот во прашањата однапред веќе кажува дека има пресудена работа во која вели дека „Еднаш дадена милостиња нема враќање“. Кој и да е дали царот, султанот или претседателот, како е направено така е, додаде Димовски и додаде: - Во една реченица која прочитав во која зборува адвокатот кој ги застапува Влатко Илиевски и сите вели дека до Владата е доставен и предлог „Договоретесе спогодбено ако можете“. Ако не може 6 недели има одбраната право да ги искоментира одговорите на Владата, а тоа е некаде до март да заврши целата процедура и после тој рок судот носи пресуда, ако за тоа не се постигне било каков договор. По ова што го слушнав, Маричиќ не најави дека нешто боопшто би зборувале за некаква спогдба, што значи судот во текот на летото, пред или после одморите може комотно да го заврше бидејќи целиот предмет во овие три години му е потполно апсолвиран а тоа фино се гледа од прашањата објавени јавно на сајтот. Затоа каква ќе биде одлуката и какви ќе бидат последиците можеме да очекуваме за помалку од година дена овие предмети да бидат решени. Говорејќи за процедурата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска Димовски вели дека истата е повредена во најмалку два члена од законот за санкции. бидејќи наместо нов упатен акт бил активиран оној од од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд . - Само што ја однеле, уште првата вест кога ја прочитав веста во медиумите искоментирав на Фејсбук „Ако е точно дека е однесена во затвор е прекршена процедурата“. Се потврди дека е однесена, повредени се најмалку два члена 140 и 141 од законот за санкции кои даваат што треба да содржи упатниот акт. Во упатниот акт треба да пишува икс ипсилон мора на денешен датум 20 јануари да речеме, да се јави во КПД Идризово во 22 часот. Ако не се јави Актот се доставува нели до лицето кое треба да се јави и до затворот. Ако не се јави, затворот го известува судот и тој тогаш пушта потерница до МВР и го бара, рече Димовски. Тој вели дека во овој случај наместо нов упатен акт бил активиран оној од од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд и судијата од овој случај треба да одговара не само дисциплински туку и со потешки мерки . - Во конкретниов случај не може да се активира стар налог од 2018 пред Јанкуловска да го поднесе вонредниот правен лек пред Врховниот суд. Тој упатен акт имал година и датум во 2018 и морало да и се врачи нов и да се извести затворот, посебно признанието на Оливер спасовски кој кажува дека Гордана Јанкуловска била под одредени мерки затоа што не смеела да го напушти живеалиштето, а живее спроти полиција и била набљудувана. Тоа лице да сакала да избега ќе била поголема можноста да го фатат. Судијата за овој случај мора да одговара, дури не само дисциплински туку и потешки мерки. Не може да се вади на активирање на стариот налог, заврши Димовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudijata-shto-prekrshi-povekje-chlena-i-procedurata-po-koja-beshe-odnesena-vo-zatvor-jankulovska-mora-da-odgovara/feed/ 0
Димовски: Сега ќе се бираат 150 нови судии, во кои се синови и ќерки на актуелни функционери, нема мерит систем при изборот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sega-kje-se-biraat-150-novi-sudii-vo-koi-se-sinovi-i-kjerki-na-aktuelni-funkcioneri-nema-merit-sistem-pri-izborot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sega-kje-se-biraat-150-novi-sudii-vo-koi-se-sinovi-i-kjerki-na-aktuelni-funkcioneri-nema-merit-sistem-pri-izborot/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=416747

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше новинарот Саше Димовски кој е добар познавач на правосудството во Македонија. Тој зборуваше за тоа што стои за правосудството и судскиот систем во извештајот на Европската комисија и како тоа треба да се толкува, но и за тоа каква е реалната состојба во овие институции. Тој вели дека извештајот не нотира многу клучни работи како што е изборот на судии без да се почитува бодовната листа и мерит системот па се избираат петнаесто рангираните, туку го гледа само нормативниот дел. -За чудо Европската комисија во овој извештај не нотира многу важни работи кои се случија во судството туку само го гледа нормативниот дел. Донесен закон за Јавно обвинителство, донесен закон за Судски совет, донесени мерила и критериуми, меѓутоа нигде во тоа не пишува дека од листата на таканаречени бодови кои ги рангираат судиите. Судскиот совет не го избра ни првиот, ни вториот, туку го избра четирнаесетиот и петнаесетиот на листа. За каков мерит систем зборува таму и за критериуми за избор во Судски совет. Значи премолчен е еден многу битен факт, затоа што тие судии кои беа унапредени во овој период беа унапредени скандалозно надвор од сите прописи, а тоа извештајот не го нотира, рече Димовски. Тој исто така додаде дека во избештајот не е спомнато и дека Судскиот совет го заштити својот член од притвор за претходни криминални активности сосема незаконски, надвор од Устав. -Извештајот не нотира дека Судсиот совет го заштити својот член од притвор за претходни криминални активности сосема незаконски, надвор од Устав, надвор од постапка. Можеби Врховниот суд тоа ќе го нотира во некоја друга постапка понатаму и затоа мислам дека од овој умерен напредок кој таму е споменат, Европа некако таму... незнам, колку да ни даде некаква оценка, додаде Димовски. Друга работа која според Димовски е посериозна е тоа што при унапредување на судиите се газат сите критериуми. -Сега имаме полоша ситуација бидејќи во унапредувањето се изгазија сите критериуми за кои зборува извештајот. Значи џабе направија ранг листи и џабе направија критериуми кога ако имате вие листа и го бирате петнаесетиот а не првиот тогаш навистина треба да објасните зошто, нагласи тој. Тој како човек кој често присуствува на седниците на Судскиот совет, Димовски откри дека во истиот постојат 3 струи, две на СДСМ, скопското и струмичкото како и крилото на ДУИ кое во Советот има 4 гласа. Па така, според него лесно може да се предвиди кој ќе биде избран само по тоа кој го предлага. -Во Судскиот совет, тоа што извештајот не го констатира, имаме три струи. Едната струја е СДСМ скопско пазарџиско крило каде што имаме преставник судика од скопје и ако таа предложи се знае кое е тоа крило. Второто крило е струмичкото на Зоран Заев со една судика од Струмица и кога таа предлада од Струмица да дојде судија во Скопје, се знае дека таа е одлука на фамилијата и дека таа треба да дојде. Третото крило е ДУИ кои имаат четири гласа во Судскиот совет, тоа е мнозинство од Бадентер и ако тие четири кандидати не се согласат и не гласаат за кандидат, таму Господ не може да избере судија, бидејќи во најголем дел од изборите е потребен и бадентер. Тоа се трите крила и за да биде избран некој зависи само на кое крило припаѓа. Јас како човек кој седи таму многу по често од нив на седниците кога само ќе видам дали предлага Гордана Спиревска, дали предлага Лорета Ѓеорѓиева или предлага некој од ДУИ, јасно ми е од кај дува ветрот и кој ќе биде избран. Последниот избор, на пример еве за Апелациониот суд јас 3 месеци унапред напишав кој ќе бидат избрани, рече Димовски. Како еден од по горливите проблеми тој го спомна и тоа што од 150 нови судии кои се примаат одеднаш, сите се синови и ќерки на актуелни функционери а и ова исто не е нотирано во извештајот на ЕК. -Де факто немаме судии, но немаме затоа што Судскиот совет направи лоша преценка и сег одеднаш примаат 150 нови судии што значи дека тоа е бројка од 25% од вкупниот број на судии во земјава кои за година ипол ќе бидат избрани за судии, а на таа листа се сите мамини и татини синови на сегашните функционери. Почнувајќи од претседателот на Собранието, Талат Џафери, па претседателот на Судскиот совет Киро Здравев па до заменичката на Катица Јанева итн. И ние зборуваме за непристрасно судство, па како ако децата токму сега кога нивните родители се на највисоките функци влегуваат во Академијата, заврши Димовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sega-kje-se-biraat-150-novi-sudii-vo-koi-se-sinovi-i-kjerki-na-aktuelni-funkcioneri-nema-merit-sistem-pri-izborot/feed/ 0
Димовски со скандалозно тврдење: Советник на премиерот Зоран Заев ќе биде новиот избор за уставен судија во уставниот суд на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-so-skandalozno-tvrdenje-sovetnik-na-premierot-zoran-zaev-kje-bide-noviot-izbor-za-ustaven-sudija-vo-ustavniot-sud-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-so-skandalozno-tvrdenje-sovetnik-na-premierot-zoran-zaev-kje-bide-noviot-izbor-za-ustaven-sudija-vo-ustavniot-sud-na-makedonija/#respond Tue, 19 Nov 2019 19:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=266260

Новинарот Саше Димовски целосно ја разобличи политиката на власта во однос на правосудниот систем во Македонија, во своето гостување во телевизија Телма. Тој сподели со јавноста скандалозна информација дека советник на премиерот Зоран Заев ќе биде новиот избор за уставен судија во уставниот суд на Република Македонија. -Еве  неофицијално не знам дали ќе е точна информацијата, нов судија во Уставниот суд наскоро треба да стане еден од сегашните советници на премиерот Зоран Заев. Јас сум убеден дека нема да биде непристрасен доаѓајќи од таа позиција, но оставам да му истече мандатот на овој судија кој треба да се врати во врховниот суд и на негово место ќе дојде тој советник, вели тој Димевски не само со овој пример, докажа дека веќе се е однапред договорено и дека се знае кој ќе биде одбран споделувајќи со јавноста уште еден скандалозен пример за тоа како „судството е отворено како пупка“, потенцира Димовски. Во однос на застојот на избор на судии во Апелациониот суд тој истакна дека причината за тоа е што владејачките партии СДСМ и ДУИ не можат да се договорат кој да стане дел од судот, па така Заев лобира за судијка од неговата родна Струмица, а ДУИ за судијата Осман Шабани кој пак е судија во низа предмети на СЈО. -И сега судскиот совет си прави внатре лобирање кого да избере. Имаме застој за избор на судии во апелациониот суд каде со години нема избрано затоа што премиерот рекол дека од Струмица мора една судијка да дојде во Скопје, дел од членовите не го прифаќаат тоа, барањето на ДУИ е судијата Осман Шабани да оди во Апелација што другите не го прифаќаат бидејќи суди 4-5 предмети од овие на СЈО се сериозни па да не пропаднат и сега имаме застој во избор на судии затоа што едното, второто и некое трето лоби не можат да се усогласат. А законот им вика во рок да изберат, значи сите рокови се поминати, прекршени никој не разговара за одговорноста на членовите во судскиот совет, додаде Димовски. Новинарот жестоко ја критикуваше и министерката за правда Рената Дескоска за која посочи дека не си ја врши работата. -Вчера министерката за правда излезе и условно кажано им се закани на судиите, а министерката која треба ја креира политиката во државата во областа на правдата која е дел од судскиот совет, откако е формиран овој судски совет, откако е таа министерка нема дојдено на ниту една седница. Тоа е крајно неодговорно однесување на министер за правда, вели Димовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-so-skandalozno-tvrdenje-sovetnik-na-premierot-zoran-zaev-kje-bide-noviot-izbor-za-ustaven-sudija-vo-ustavniot-sud-na-makedonija/feed/ 0
Димовски: Судот со работењето надвор од работното време прави кршење на некои прописи и финансиски правила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudot-so-rabotenjeto-nadvor-od-rabotnoto-vreme-pravi-krshenje-na-nekoi-propisi-i-finansiski-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudot-so-rabotenjeto-nadvor-od-rabotnoto-vreme-pravi-krshenje-na-nekoi-propisi-i-finansiski-pravila/#respond Thu, 06 Sep 2018 20:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=97358

Во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија новинарот кој долго време си следи судските процеси Саше Димовски вели судот не може да работи надвор од работното време освен ако нема некои поинакви околности. Според него се друго би било кршење на некои прописи и кршење на некои финансиски правила. Околу изјавата на Катица Јанева дека нивните предмети се одовлекуваат Тасевски додава дека биле направени веднаш промени околу закажувањето на рочиштата. - Веднаш откако беше дадена изјавата на Катица Јанева веднаш судијата Кацарска побара да се отстапат термини од другите постапки. Сите термини кои се закажани за „Титаник“ се издејствувани по изјавата на Јанева. Не ги оправдувам адвокатите кога се обидуваат да ги одложат рочиштата но овде адвокатот седи во една судница а е казнуван зошто не присуствувал на друго место. Тоа е недозволиво и Стразбур ќе констатира процесни повреди, рече Димовски. Димовски даде пример од судењата и посочи дека минатата недела кога излегле сите обвинети од 27 април никаде од околината немало ниту храна ниту вода. Тој посочува дека тоа воопшто не е хумано и дека не може да се очекува обвинетите цел ден да се држат без храна и вода и утре да се очекува дека тие ќе дојдат подготвени на Судење. Тој вели дека тоа се сериозни повреди кои Македонија ќе плаќа. - Да закажете 60 термини за судење е себичност. За да закажете толку термини не дај Боже на некој нешто да му се случи. Не може да се предвиди тек на судење до Февруари 2019-та ако не ги видиш сите луѓе. До сега има примери за неколку починати во текот на судење. Ова не е видено до сега и незамисливо е ден за ден да се закажуваат судењата. Секогаш во принцип судот се консултирал со обвинетите и така наоѓал некој компромис, вели Димовски. Околу судењата на поранешниот премиер Груевски и сегашниот Заев, Димовски вели дека за нема ист аршин за постапките пред Апелација. - Во судењата на Груевски и на Заев не видовме ист аршин пред Апелација. Во едниот случај закажаа јавна седница после 2 дена, а во другиот случај не го видовме истото. Ако се реформирало судството да видевме дека барем двајцата се еднакви пред судството, рече Димовски Околу обвиненијата на СЈО, Димовски не заборави да посочи дека во тогашната власт покрај ВМРО-ДПМНЕ беше ДУИ дел од владата. Тој притоа го даде примерот околу сомнежите вицепремиерот Бујар Османи за кој СЈО се барало потеклото на имотот. И притоа додаде дека околу тој случај нема никакви информации до јавноста до каде е стигнат, рече Димовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-sudot-so-rabotenjeto-nadvor-od-rabotnoto-vreme-pravi-krshenje-na-nekoi-propisi-i-finansiski-pravila/feed/ 0
Трета смена во Судска Железара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treta-smena-vo-sudska-zelezara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treta-smena-vo-sudska-zelezara/#respond Sun, 02 Sep 2018 14:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=95399

Два дена ми се врти низ глава еден стих од песна, во која се пееше за „трета смена во Железара“. Некако стихот ми се всади в глава, откако го видов работниот петок, 31 август, кога во двата суда, скопскиот кривичен и Апелациониот до доцна вечерта светеа светлата, бидејќи се судеше, пишува во својот коментар за „Сведок“, новинарот Сашо Димовски. Пардон, се раздаваше „правда на мускули“, зашто и во двата случаи, судењата повеќе беа театар отколку вистинско судење. Во принцип, многу работи се правеле под закрила на ноќта, за да не се гледаат, но не за долго. Вистината, кога тогаш, како што велеше Никола Груевски на времето „е како шило“ па, кога тогаш ќе излезе на виделина. Но, ајде, малку реално да погледнеме што се случуваше во петокот во двата суда, кои личеа на „трета смена во Железара“. Во Апелациониот суд во Скопје требаше од рано наутро да продолжи јавната седница на која ќе се разгледуваа жалбите на Ѓоко Поповски и Никола Груевски, осудени на 6,5 и 2 години за набавка на луксузниот мерцедес од 600.000 евра во случајот „Тенк“. Седницата беше презакажана од четвртокот, бидејќи Груевски, а посебно неговите адвокати беа ангажирани во две судења кои во исто време, паралелно се одвиваа во кривичниот суд, „Шамарите во Центар“ и „Тенк“. Околу 9 часот сретнав еден од адвокатите кој дошол во судот да ги донесе термините утврдени за судење во предметот „27 април“ на судијката Дорила Кацарска до крајот на јануари 2019 година, за да покаже дека не седат во кафана и да побара термин кој би се нашол меѓу 60-те судење што Кацарска ги резервирала за спомнатиот предмет. Во судница Груевски сам, без адвоати, кои овој пат се на „27 април“, судење кое траеше од 10 наутро до 22 навечер!? Кога не помина барањето да се одложи седницата затоа што нема адвокати, кои се ангажирани во притворскиот предмет за упадот во Собранието (кој неспорно, има приоритет) и судот реши да ја држи седницата, беше поднесено барање за изземање на судиите, на претседателот на судот, па одлучуваше и Апелациониот и Врховниот суд. По серија паузи и чекање да се комплетираат одлуките за изземање на судиите како Совет, па поединечно на судијката известител и претседателката на Советот, судењето почна на стемнување, во напната и тензична атмосфера, со странки и јавност кои денот го поминаа низ ходниците на судот, поседнати по скалите или на столиците, без вода и храна, зашто паузите „од половина час“ или известувањето од судиите дека се во комуникација со Врховнииот суд и чекаат решенија, не дозволуваше странките да се оддалечат многу од судот. И, во такви околности неизбежни се прашањата: зошто се прави ова, кој што нарачал, кој што треба да испорача, каква треба да биде одлуката и серија прашања, кои нема да имаа јавен простор, ако судот не решеше на мускули да тера правда. А, еве и зошто! По добивањето на предметот за Груевски и Поповски, познат како „Тенк“, кога веќе била закажана јавна седница, Судот морал да биде свесен дека ќе го чека канонада барања за изземање и други процесни барања и на тоа морал да биде подготвен. Тоа што формално голем дел од судиите се на одмор, значеше свикување и на Совет во Врховниот суд, па од тука, одлагањето со паузи од по половина час, беше многу несериозно зашто покажува дека судот нема контакт со реалноста ако помислил дека во тој половина час ќе може да дадат изјави судиите дека не се пристрасни, па претседателот на судот ќе донесе решение за нив, па ќе даде изјава дека тој не е пристрасен, па предметот ќе се однесе во Врховниот, ќе се заведе, ќе се свика Кривичен совет, ќе се реферира, ќе се донесе решение, ќе се експедира, ќе се врати назад и сетоа тоа за само 30 (триесет) минути! Извинете, ама тоа се вика заебанција од судот кон странките! И нормално, процесот на техникалии, од утрото во 9.30 траеше до после 17 часот, за на стемнување да почне седницата на која 2 часа се читаше првостепената пресуда и тука се прекина, зашто не знам кој имаше сила после работен ден од 12 часа да слуша кои се жалбените наводи или каков предлог има СЈО. А, на кого му требаше овој театар и тврдиот став на Апелација дека ќе држат седница и без адвокати?! Па, ако имале таква намера, зошто закажувале јавна седница? Судот, по добивање на жалбите можел едноставно да одлучи на седница која не е јавна и ќе се спасел од целата бламажа на барања за изземање и за глумење дека судиите се разболуваат, со што си дадоа автогол и ги подгреаа шпекулациите дека навистина Советот се менува неколку пати за да се постигне мнозинство кое ќе ја потврди казната на Никола Груевски, за пред референдумот да се испрати и во затвор. Да се разбереме, ако заслужил да го испратат во затвор, не на крај на септември, уште утре нека го испратат, ама да не му дадат простор да биде жртва на процедурални пропусти, кои утре низ призма на некоја пресуда на Стразбур, за повреда на правото на фер судење и право на одбрана, ќе го засени вистинското дело. Еве, ја не верувам и јавно се сомневам дека судијката Лидија Чачева која во четвртокот беше член на Советот, се разболела до толку преку ноќ, за во петокот да биде заменета со судијата Зоран Димитриевски?! Во моментот кога судијката Цветанка Периќ ја најави промената на советот, поради болеста на Чачева, ми дојде силно да прашам во судница, да не станува збор за некоја заразна болест, за некој вирус, за некоја западно нилска треска не дај боже, и да побарам да се дезинфицира судницата во која присуствуваше болната судијка претходнииот ден, па да не не префати сите нас, присутни во судницата. Простете, ама јас не верувам дека судијката Чачева избега од Советот затоа што била болна, ако била, туку, како што се вртеше по кулоарите, од некакви опашки што се влечеле од некој предмет, а кои можеле јавно да бидат изнесени и да ја компромитираат! Можеби и не е встина, како што е сигурно дека не беше вистинска и болеста на судијката. Можам да ја замислам судијакта Добрила Кацарска доколку некој обвинет така преку ноќ се „разболеше“ како што и се случи на судијката Чачева. Гарант ќе викнеше од стоматолог до гинеколог во судница и ќе и наредеше да седи 12 часа и да суди! Но, кантарот не мери подеднакво за сите учесници на судењата. Сега, седницата треба да продолжи оваа недела во присуство на адвокатите. И што добивме? Слушнавме само што пишува во пресудата и еден цел ден поминат во „повуци-потегни“. А имаше потреба за тоа? Апсолутно не! Судството по се изгледа има налог да се покаже пред референдумот и пред европскиот скрининг, но дали на овој начин ќе ги убеди граѓаните дека се случиле вистински промени, а не само спроведување на политичка агенда? Па, барем јас во овие 2,5 децении работа сум сведок каде што судиите паѓаа во бесознание, беа носени по болници со Брза помош, освежувани со инфузија и враќани да ги завршат истрагите во предмети со дузина обвинети. И знаете што се случи? Баш тие предмети се судат се уште и по поминати 15 години. Се сеќавате на предметот „Тенковски делови“, на обидите да му се одземе имунитетот на Владо Бучковски за да биде притворен и да му се суди? И тоа беше и ноќе и за празник, па еве, за 2 недели има ново судење за овој предмет во Основниот суд, а постапката трае безмалку 15 години. Да не ги споменувам „Змиско око“ и серија други предмети кои ни оддалеку нема најава да завршат а веќе прославија 10-годишнина! Од тука, не ни треба правда на мускули и пресуди на Стразбур кои ќе ја осудат Македонија бидејќи направила повреда на правото на фер судење и право на одбрана гарантирани во Конвенцијата. А, толку ли е тешко да се направи координација и да и се одземе „ексклузивното“ право на Добрила Кацарска во нејзините предмети да дава термини до „влзеот во ЕУиНАТО“ на Северна Македонија, па од таму, сите адвокати да бидат само во нејзината судница а другите предмети да трпат?! Што ќе изгубеше судењето против Гордана Јанкуловска на пример, ако Кацарска не инсистираше адвокатите да бидат кај неа и да не можат да одат во Апелација кај Груевски? Ќе пропаднеше ли судот, ако наместо во 10 часот, кога се поклопуваа судењата, Кацарска да закажеше судење во 14 часот и на тој начин да немаше проблем? И така, само таа го чита законот дека судењата не познавале работно време, па суди до 22 часот. Решенија може да се најдат, само ако се сака. А, ако не се сака, тоа се вика тенденциозност. Многу ќе бидам љубопитен да знам колку на крај на месецот ќе треба да плати кривичниот суд за ангажирање по 15 часа на ден на поротниците, дактилографките, полицајците, судските и затворски, кои од темни зори до црни ноќи се покрај обвинетите и ги носат од куќен притвор или затвор. Да не зборувам за безбедноста на обвинетите кои од 6,30 часот се земаат од Охрид на пример, а се враќаат во 2 по полноќ наредниот ден, по судењето кое трае до 22 часот. Кој е способен да вози од Скопје до Охрид по ден кој му траел 18 часа без храна и вода?! Да, велам без храна и вода, зашто на петочната маратонска судска голгота, кога Кацарска ја дала паузата, во блиските ресторани околу судот немало никаква храна, па сите поминале само со кафе и сок а денот само судечки траел 12 часа, на кој не се дозволува консумирање храна. Во нормални земји ова би се викало злоупотреба на позицијата и силување на правото. Кај нас се вика само „испорачување“. Не е важно дали е кон СДСМ, ВМРО или ДУИ. Зашто, како да го објасниме овој судски залет токму од истите судии кои понизно му служеа 11 години на „режимот“? Како поинаку освен дека не бил режим или дека судиите биле професионални вака и тогаш, само се сменила перцепцијата на тие кои гледале кон судиите и судството. Ме загрижува она здружение на Ване Цветанов кое очекуваше ревизија на политички монтираните случаи?! Многу се тивки во барањата за нови судења, а гласни во агендата за референдумот. Не гледам дека нешто им се повторуваат судењата. А, и да им се повторат, пак би дошле во рацете на истиве судии. Затоа, џабе Зоран Заев се фалеше дека го отворил судството како „пупка“ кога постои голема опасност од силуваното судство да не се роди здрава рожба, туку очекуван спонтан абортус. Од работава на судот до црни ноќи може да има само една добра работа, Владата итно да го измени законот за судови и да воведе втора смена или работа на судот барем до 22 чаот. Ако можат да судат вака во овие предмети, можат да судат и во сите други. На тој начин може и ќе ни тргне на подобро. Барем судот ако треба да личи на трета смена во Железара, нека биде тоа регулирано со закон, а не според желбите и издржливоста на судиите, додека ите други паѓаат во кома. Коментар на Сашо Димовски за порталот Сведок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/treta-smena-vo-sudska-zelezara/feed/ 0