сашо донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 16:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сашо донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донев: Работиме на проекти и враќаме и долгови, во Охрид се потребни многу инвестиции, се надеваме ќе дојде Влада која ќе се интересира за градот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-rabotime-na-proekti-i-vrakame-i-dolgovi-vo-ohrid-se-potrebni-mnogu-investitsii-se-nadevame-ke-dojde-vlada-koja-ke-se-interesira-za-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-rabotime-na-proekti-i-vrakame-i-dolgovi-vo-ohrid-se-potrebni-mnogu-investitsii-se-nadevame-ke-dojde-vlada-koja-ke-se-interesira-za-gradot/#respond Fri, 09 Jun 2023 16:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=844146

Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид на вечерашната трибина во Охрид посветена на културата и туризмот  во организација на ВМРО - ДПМНЕ рече дека секогаш има проблем со јавните претпријатија во општините, но истите се решаваат и се реализираат и проектите.

„Ние како општина Охрид наследивме оргомни долгови на секое ниво, општина, јавни претпријатија. Но, сега правиме консолидација паралелно ги враќаме старите долгови, а паралелно има простор да работиме на проектите“, рече Донев.

Донев рече дека Советот во Градот беше пазар за поткусурување, советниците уценуваа градоначалници за свои интереси.

„Но, сега ние имаме еден Совет во кој никој никого не уценува. Имаме Совет кој одлично функционира, скоро сите одлуки се носат со мнозинство од повеќето советници и од другите партии. Тоа значи дека работиме исклучително транспарентно и ја добиваме поддршката. Сите се запознаени со детали од проектите и затоа истите се поддржуваат“, кажа Донев.

Донев информираше дека бил вклучен во изработка на проектот за фекална канализација и пречистителна станица во Трпејца. Тој додаде дека тоа е проект на сите не само на Охриѓани.

„Тоа е проект ветуван 30 години. Веќе е аплицирано во различни места. Се работи и на исто и во Долно и Горно Лакочереј. Во Охрид се потребни многу пари, потребни се многу инвестиции и се надевам ќе има влада која ќе биде заинтересирана за инвестиции во овој туристички центар“, рече Донев.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-rabotime-na-proekti-i-vrakame-i-dolgovi-vo-ohrid-se-potrebni-mnogu-investitsii-se-nadevame-ke-dojde-vlada-koja-ke-se-interesira-za-gradot/feed/ 0
Донев: На охридските планини има токсичен чад кој ги труе нашите деца, доста е од овие лажговци, време е за промени! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-na-ohridskite-planini-ima-toksichen-chad-koj-gi-true-nashite-deca-dosta-e-od-ovie-lazgovci-vreme-e-za-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-na-ohridskite-planini-ima-toksichen-chad-koj-gi-true-nashite-deca-dosta-e-od-ovie-lazgovci-vreme-e-za-promeni/#respond Tue, 28 Sep 2021 07:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=569255

Носител на листата на кандидати за членови на советот на општина Охрид на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Сашо Донев на својот официјален Фејсбук профил објави видео од охридски планови каде утринава бил забележан токсичен чад од запалено ѓубре. Буково, Охрид, денес... Ова е реалноста на охридските планини утрово. Токсичен чад од запалено ѓубре кој ги труе нашите деца. Реалноста не е насмеаниот Коста кој гордо планинари во скапа опрема на рекламниот спот на СДС за локалните избори, стои во неговата Фејсбук објава. - За доброто и здравјето на сите нас, доста е од овие лажговци, лицемери и неработници! Време е за промени! Време е за проекти! Време е за победи, пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-na-ohridskite-planini-ima-toksichen-chad-koj-gi-true-nashite-deca-dosta-e-od-ovie-lazgovci-vreme-e-za-promeni/feed/ 0
Донев: Охрид наместо индустриска зона ќе добие бетонска и асфалтна база за Нефи Усеини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-ohrid-namesto-industriska-zona-kje-dobie-betonska-i-asfaltna-baza-za-nefi-useini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-ohrid-namesto-industriska-zona-kje-dobie-betonska-i-asfaltna-baza-za-nefi-useini/#respond Fri, 03 Sep 2021 16:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=558961

Георгиески и СДСМ ветуваа нови инвестиции и работни места кај Мауцкер, но за жал ништо не направија и ги згаснаа последните надежи дека таму некогаш ќе никне современа индустриска зона со стотици нови вработувања, обвинува Сашо Донев од ВМРО-ДПМНЕ. -Георгиески и СДСМ не само што депонираа илјадници метри кубни шут и ѓубре, туку деновиве исплатија и нова фактура за овој циклус дадени услуги на нивниот вечен доверител Нефи Усеини. Имено изминатата недела општина Охрид и Георгиески работеа само за еден човек, експресно за само неколку часа беше издадено одобрение за градба на бетонска и асфалтна база, се враќаа вработени од одмори, а некои работеа и од дома само да се задоволи барањето на Усеини додека граѓаните чекаат и по две години да добијат едно обично одобрение за градба. За потсетување градежната парцела кај Мауцкер Усеини ја откупи за багателна сума од 71 денар по метар квадратен според која намената на градежното земјиште беше лесна и незагадувачка индустрија и не предвидуваше изградба на бетонска и асфалтна база, истакна тој. Донев побара Антикорупциска комисија да испита како е можно да се откупи парцела за една намена, а веднаш потоа да се измени и правилникот кој сега дозволува изградба на бетонска и асфалтна база. -На каков начин е спроведена постапка за отуѓување на градежното земјиште свесно оштетувајќи ги буџетот на општина Охрид и буџетот на Република Македонија? Дали така свесно се тактизираше за да не пројават интереси други инвеститори за откуп што би значело и повисока продажна цена на земјиштето? На охриѓани им е доста од СДСМ и Георгиески. Време е за промени, за борба против корупцијата и криминалот и за силен развој на Охрид, порача Донев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-ohrid-namesto-industriska-zona-kje-dobie-betonska-i-asfaltna-baza-za-nefi-useini/feed/ 0
Коментар на денот-Донев: Наместо комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, охриѓани добија двојно поголеми сметки за колектор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-namesto-kompletna-sanacija-na-kolektorskiot-sistem-vo-ohridsko-strushkiot-region-ohrigjani-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-za-kolektor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-namesto-kompletna-sanacija-na-kolektorskiot-sistem-vo-ohridsko-strushkiot-region-ohrigjani-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-za-kolektor/#respond Thu, 29 Apr 2021 14:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=503811

Пред 5 години СДСМ и Зоран Заев помпезно најавија и ветија комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но наместо ветеното, граѓаните единствено добија двојно поголеми сметки за колектор, истакна на денешната прес-конференција од „Коментар на денот“ претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Охрид Сашо Донев. Граѓаните во 2017 година плаќаа 10.2 денари за колектор на секој потрошен метар кубен вода. Денес со новите сметки по вторпат се зголемува надоместокот за колектор на 21.4 денари за секој потрошен метар кубен вода, што значи дека во 4 години власт на СДСМ цената на надоместокот за колектор е зголемена за повеќе од двојно. Во услови на тешка економска криза и пред уште една промашена туристичка сезона, кога процентот на невработеност во Охрид расте, се удира по џебот на граѓаните и цената на колекторот е двојно зголемена, рече Донев. Ништо од ветувањата дека една од препораките на УНЕСКО за реконструкција на колекторскиот систем ќе заврши во најскоро време, доказ за тоа е вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина кој утврди дека колекторот е нефункционален и дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро, посочи претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-namesto-kompletna-sanacija-na-kolektorskiot-sistem-vo-ohridsko-strushkiot-region-ohrigjani-dobija-dvojno-pogolemi-smetki-za-kolektor/feed/ 0
Коментар на денот-Донев: Покачувањето на цената на водата е резултат на новите вработувања во ЈП Водовод Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-pokachuvanjeto-na-cenata-na-vodata-e-rezultat-na-novite-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-pokachuvanjeto-na-cenata-na-vodata-e-rezultat-na-novite-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/#respond Tue, 27 Apr 2021 15:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=502858

После двојното зголемување на надоместокот за колектор, уште еден удар врз џебот на граѓаните, Георгиески излезе со предлог за зголемување на цената на водата за пиење, истакна Сашо Донев, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. -Граѓаните треба да знаат дека покачувањето на цената на водата е заради предложениот бизнис план до регулаторна комисија од страна на ЈП Водовод и градоначалникот Георгиевски. Од него јасно може да се види дека причината за поскапувањето на водата се вработувањата во ЈП Водовод. Граѓаните ги плаќаат новите вработувања на Георгиески од нивниот џеб, прво со зголемување на цената на водата и второ со зголемување на фиксниот надоместок на 100 денари за физички и на 120 денари за правни лица. Жално е што Георгиески парите на граѓаните ги троши за вработувања на неговите лични послушници, а и ден денес имаме граѓани кои немаат микробиолошки чиста вода за пиење и лична хигиена, потенцираше Донев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komentar-na-denot-donev-pokachuvanjeto-na-cenata-na-vodata-e-rezultat-na-novite-vrabotuvanja-vo-jp-vodovod-ohrid/feed/ 0
Донев: Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврди дека ЈП Охридски Комуналец нема никаква дозвола издадена од МЗ за вршење на дезинфекција во градинката „Росица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-potvrdi-deka-jp-ohridski-komunalec-nema-nikakva-dozvola-izdadena-od-mz-za-vrshenje-na-dezinfekcija-vo-gradinkata-rosica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-potvrdi-deka-jp-ohridski-komunalec-nema-nikakva-dozvola-izdadena-od-mz-za-vrshenje-na-dezinfekcija-vo-gradinkata-rosica/#respond Sat, 27 Mar 2021 15:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=488604

Сакам да ја известам јавноста по однос на поднесената пријава од моја страна, државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на детската градинка „Росица“, изјави Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Донев: Со надзорот се потврдија нашите сомнежи дека Јавното претпријатие Охридски Комуналец нема никаква дозвола издадена од министерството за здравство за вршење на дезинфекција на јавни површини и затворени простории, односно детски градинки и училишта. Во изминатиов период сме сведоци на прекршување на безброј закони, непочитување на безбедносните и здравствените протоколи. Поради тие причини од инспекторатот му е издадена забрана на Јавното претпријатие Комуналец во иднина да врши дезинфекција на затворени простории. Исто така утврдено е дека средството кое се користело за дезинфекција на градинката не смеело да се употребува во присуство на луѓе, односно деца. Тоа го потврди со писмен допис и Центарот за јавно здравје од Охрид. Ги повикувам сите институции кои што се вклучени во овој предмет, да ја истражат работата до крај, и да поднесат соодветни пријави до сторителите. Ја повикувам и локалната самоуправа на чело со градоначалникот јавно да им се извинат на родителите на децата за загрозувањето на нивното здравје, а потоа да побараат и одговорност од раководните лица од локалната самоуправа кои беа дел од овој немил настан што за среќа заврши без поголеми последици по здравјето на дечињата, истакна Донев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-potvrdi-deka-jp-ohridski-komunalec-nema-nikakva-dozvola-izdadena-od-mz-za-vrshenje-na-dezinfekcija-vo-gradinkata-rosica/feed/ 0
Донев: Колекторот е нефункционален и е надвор од употреба, фекалии се слеваат во Охридско Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-kolektorot-e-nefunkcionalen-i-e-nadvor-od-upotreba-fekalii-se-slevaat-vo-ohridsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-kolektorot-e-nefunkcionalen-i-e-nadvor-od-upotreba-fekalii-se-slevaat-vo-ohridsko-ezero/#respond Fri, 19 Mar 2021 14:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=484846

СДСМ ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион, но граѓаните единствено добија двојно повисоки сметки за колектор, нов менаџмент на новото јавно претпријатие и нови непродуктивни вработувања, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. -Граѓаните во 2017-та година за еден метар кубен вода потрошен плаќаа надоместок за колектор во висина од 10 денари. СДСМ во 2018-та година тој надоместок го покачи за колектор на 16 денари. За сега со формирањето на новото јавно претпријатие да видиме дека истиот надоместок за колектор од 16 денари пораснал на 21 денар, во ова четиригодишно владеење на СДСМ во услови на тешка економска криза, стопанство на колена и зголемен процент на невработеност во Охрид, надоместокот за колекторот е пораснат двојно, односно 100%. Од 10 денари на 21 денар, вели Донев и додава: „Токму поради тие причини сметките на граѓаните се двојно зголемени. За иронијата да биде поголема вонредниот инспекциски надзор на министерство за животна средина заклучи дека повторно колекторскиот систем на определени места не функционира, дека повторно од колекторскиот систем излеваат фекалии во Охридското Езеро“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-kolektorot-e-nefunkcionalen-i-e-nadvor-od-upotreba-fekalii-se-slevaat-vo-ohridsko-ezero/feed/ 0
Донев: Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра годишно https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-dobi-partiska-naredba-od-sdsm-da-realizira-novi-32-vrabotuvanja-vo-opshtina-ohrid-koi-gragjanite-kje-gi-chinat-nad-200-000-evra-godishno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-dobi-partiska-naredba-od-sdsm-da-realizira-novi-32-vrabotuvanja-vo-opshtina-ohrid-koi-gragjanite-kje-gi-chinat-nad-200-000-evra-godishno/#respond Thu, 28 Jan 2021 11:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=460982

Георгиески доби партиска наредба од СДСМ да реализира нови 32 вработувања во општина Охрид кои граѓаните ќе ги чинат над 200.000 евра на годишно ниво, реагира претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Охрид Сашо Донев. -Ваквиот однос на градоначалникот е крајно потценувачки и срамен, во услови на тешка економска криза, стопанство на колена, зголемен процент на невработеноста во Охрид. За партискиот послушник Георгиески нема пари за канализација во Лакочереј, Елшани, Трпејца, не го интересира тоа што во Ливоишта и Подмоље граѓаните се соочуваат со недостик на вода за пиење. Наместо да се зафати со ВИСТИНСКО спроведување на препораките на УНЕСКО и овие средства да ги намени на отстранување на диви градби (јасно е дека средствата одобрени од Влада се симболични) и финансирање на ДУП-ови за да не никнуваат нови диви градби, тој ќе вработува, вели Донев. Малку му се 250 вработени, па ќе вработува телефонист, разни администратори, лица за протокол и присилна наплата на даноци. Ги повикуваме советниците да не го поддржат предлогот на Георгиески, да застанат во одбрана на интересите на граѓаните кои ги гласале, порача Донев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/donev-georgieski-dobi-partiska-naredba-od-sdsm-da-realizira-novi-32-vrabotuvanja-vo-opshtina-ohrid-koi-gragjanite-kje-gi-chinat-nad-200-000-evra-godishno/feed/ 0
Донев: Изградивме едно од најдобрите фудбалски игралишта со вештачка трева согласно сите стандарди на УЕФА, за вие снегот на теренот да го чистите со багер! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-izgradivme-edno-od-najdobrite-fudbalski-igralishta-so-veshtachka-treva-soglasno-site-standardi-na-uefa-za-vie-snegot-na-terenot-da-go-chistite-so-bager/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-izgradivme-edno-od-najdobrite-fudbalski-igralishta-so-veshtachka-treva-soglasno-site-standardi-na-uefa-za-vie-snegot-na-terenot-da-go-chistite-so-bager/#respond Sat, 16 Jan 2021 14:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=456241

„Го изградивме едно од најдобрите фудбалски игралишта во регионот со вештачка трева согласно сите стандарди на УЕФА кое чинеше над 300.000 евра. Вие со багер влеговте да го чистите снегот! Срам да ви е! Ни знаење имате ни здрав разум!“ Фејсбук статус на Сашо Донев ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-izgradivme-edno-od-najdobrite-fudbalski-igralishta-so-veshtachka-treva-soglasno-site-standardi-na-uefa-za-vie-snegot-na-terenot-da-go-chistite-so-bager/feed/ 0
Донев: Грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата е едно од најексплицитните лажни ветувања на СДС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/#respond Sat, 21 Nov 2020 13:35:08 +0000 https://kurir.mk/?p=432563

Во изминатиот период сведоци сме на сите лажни ветувања со кои оваа гарнитура на СДС дојде на власт, критикувајќи ги тогашните состојби воедно ветувајќи промени. Еден од најексплицитните примери за тоа е грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев. – Тогаш критикуваа и објаснуваа како треба. Дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства за да прикрива неодговорни политики, а сега состојбата е најдраматична од било кога, односно никогаш не била ни приближно како што е денес. Во времето кога држеа пресови симулирајќи наводна паника им ветуваа на граѓаните поинакво менаџирање, истакна Донев. Тој потсети дека Охридското Езеро нема концесионер, дивите градби околу езерото не се срушени, а освен палмите ниту една мерка не е спроведена од препораките на УНЕСКО. – Ги охрабруваме невладините организации, екологистите и Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став, да бидат јасни и гласни околу последиците од ваквата алармантна состојба и последиците коишто ќе следат по флората и фауната на езерото. Заштитата на растителниот и животинскиот свет во езерото е должност и обврска на Заводот како институција којашто треба да се грижи за еко-системот на езерото, порача Донев. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, нагласи дека за жал со оваа власт нема и нема да има заштитата на Охрид и Охридското Езеро според препораките од УНЕСКО. Имаше и ќе има само лажни вести и мачкање на очи. Но замачканите очи сепак гледаат, а умот и разумот на граѓаните бележат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-grizata-za-ohridskoto-ezero-i-alarmantnoto-nivo-na-vodata-e-edno-od-najeksplicitnite-lazni-vetuvanja-na-sds/feed/ 0