сашо дукоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 11:15:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сашо дукоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сашо Дукоски е избран за нов претседател на Трговска комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-dukoski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-trgovska-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-dukoski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-trgovska-komora/#respond Thu, 11 Aug 2022 11:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=717044

Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше едногласно избран на седница на Собранието. Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период ќе биде ставен на креирање на подобри услови за деловна активности во секторот трговија и зајакнување на капацитетите на Трговската комора. - Зголемување на активното членството во Комората, која е најбројна организација во државата, преку истакнување на придобивките од коморското работење ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период. Наш важен партнер за соработка се организациите на потрошувачи, поради што ќе ја продлабочиме и прошириме соработката во овој сегмент. Посебен фокус ќе се стави и на борбата со црната економија, односно на поттикнување на надлежните органи за детектирање и сузбивање на нерегистрирани и нелегални бизнис активности спротивни на законските прописите. Исто така важно и неопходно е и да се постигне регулаторно ослободување на бизнисот и да се интензивира соработката со донесувачите на законските решенија, истакна новиот претседател на Трговската комора. Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Дукоски се осврна и околу обезбедувањето на дополнителни поволности за членовите на Сојузот, преку поддршка во обезбедување на поволности за адвокатски, банкарски, услуги за стандардизација и медиуми и медиумски простор. Дукоски по професија е магистер по технички и по економски науки, со долгогодишно и богато работно искуство во банкарскиот, јавниот и приватниот сектор. Косопственик е на реномираните продавници за италијански златен накит и дијаманти СИГМА. Сојузот на денешната седница на Собранието му се заблагодарува за значајниот придонес во активностите и постигнатите резултати на досегашниот претседател на Трговската комора, Михаил Кирков, кој презема нова функција во раководната структура на Сојузот, како потпретседател за надворешна соработка. На денешната седница на Собранието беа избрани и нови членови на раководните тела на Трговската комора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sasho-dukoski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-trgovska-komora/feed/ 0
Дукоски: Teлефонот на Боки воопшто не е вештачен, во него има многу фотографии и разговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-telefonot-na-boki-voopshto-ne-e-veshtachen-vo-nego-ima-mnogu-fotografii-i-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-telefonot-na-boki-voopshto-ne-e-veshtachen-vo-nego-ima-mnogu-fotografii-i-razgovori/#respond Tue, 25 Aug 2020 09:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=395033

Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски. Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики. Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи- убеден е Дукоски. Пандорината кутија што Боки ја најавуваше , Дукоски се надева дека ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dukoski-telefonot-na-boki-voopshto-ne-e-veshtachen-vo-nego-ima-mnogu-fotografii-i-razgovori/feed/ 0