сашо поцков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Jun 2021 08:32:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сашо поцков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арџанлиев: Искината e геотекстилната мембрана на депонијата, која штити од загадувања на почвата, 3.5 години на Поцков не му текнува да ја заштити со речен песок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ardzanliev-iskinata-e-geotekstilnata-membrana-na-deponijata-koja-shtiti-od-zagaduvanja-na-pochvata-3-5-godini-na-pockov-ne-mu-teknuva-da-ja-zashtiti-so-rechen-pesok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ardzanliev-iskinata-e-geotekstilnata-membrana-na-deponijata-koja-shtiti-od-zagaduvanja-na-pochvata-3-5-godini-na-pockov-ne-mu-teknuva-da-ja-zashtiti-so-rechen-pesok/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=518449

Градската депонија три дена гори и го загадува воздухот во Гевгелија, последиците се очигледни, и се на товар на сите нас, а локалната самоуправа е само нем набљудувач без конкретни мерки за надминување на овој проблем Но, она што треба јавноста во општина Гевгелија да го знае е ЗОШТО се уште не е ставена во функција новата депонија кај с. Ново Конско, проект кој Поцков го наследи со превземањето на локалната власт пред 3,5 години, во кој удел имаа УНДП и општина Гевгелија, изјави денеска за медиумите, Трајче Арџанлиев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Гевгелија. - Гевгеличани требаше да бидат сведоци на отварањето на новата времена депонија уште во јуни 2020-тата година, датум за кој Поцков во изјава за Канал 5 вети дека Гевгеличани најпосле ќе ја добијат новата депонија. За жал при последната контрола од страна претставници од УНДП констатирани се голем број недостатоци во новата депонија заради неспособноста на оваа локална власт. После 3,5 години се уште не е издадена Б-Интегрираната дозвола за работа, која според министерството за животна средина треба да овозможи отпочнување со работа на времената депонија со неопасен отпад. После 3,5 години сеуште на новата времена депонија нема вода и струја, иако општината набавила фотоволтаични системи кои Гевгеличани ќе ги чинат 907.741 денар или 15.000 евра, вели тој. Арџанлиев посочи дека на лице место на новата депонија констатирано е дека геотекстилната мембрана која служи за заштита од загадување на неколку места е искината затоа што 3,5 години експертите функционери на СДСМ заборавиле истата да ја заштитат со речна песок. - Во каква состојба е јавноста може да види од сликите направени на новата депонија Сега Поцков треба да каже на кој начин ќе се депонира отпад кога депонијата веќе има големи оштетувања и кој ќе сноси одговорност за настанатата ситуација. После ова и после секој изминат ден, на сите во Гевгелија ни е јасно дека локална власт на чело со Поцков го достигна врвот во неработење и скандали, веќе е јасно дека станува збор за луѓе кои немаат визија, луѓе кои единствено ги бидува за матни зделки кои ги прават на товар на граѓаните. Општина Гевгелија има огромен капацитет за просперитетна општина, денес во Гевгелија требаше да размислуваме за нови работни места, за решавање на проблемите со недостатокот на паркинг места, за покривање на нови зелени површини и за многу други проекти, наместо да зборуваме за проекти од суштинско значење за подобар живот на гевгеличани кои тоа го заслужуваат, но од вашите ветувања со често користената честица „ЌЕ“, нема ништо, затоа граѓаните на наредните избори ќе ве казнат и повторно ќе ве вратат во опозиција, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ardzanliev-iskinata-e-geotekstilnata-membrana-na-deponijata-koja-shtiti-od-zagaduvanja-na-pochvata-3-5-godini-na-pockov-ne-mu-teknuva-da-ja-zashtiti-so-rechen-pesok/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија обвинува дека општината стагнира: Жолт картон за Поцков https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-gevgelija-obvinuva-deka-opshtinata-stagnira-zolt-karton-za-pockov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-gevgelija-obvinuva-deka-opshtinata-stagnira-zolt-karton-za-pockov/#respond Sat, 31 Aug 2019 13:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=235450

На вчерашната седница на Совет на општина Гевгелија, Предлог-Заклучокот за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година не е усвоен. -Во изминатиот период ништо не е сработено од страна на градоначалникот Сашо Поцков и заради тоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија гласаше против со издржаните аргументи за слабата реализација и катастрофалното извршување на Буџетот на општина Гевгелија. Предлог -Одлуката не доби целосна поддршка ниту од советниците од власта. Општина Гевгелија 2 години стагнира,но на градоначалникот Сашо Поцков и локалните функционери на СДСМ поважни им се личните и партиските интереси и целосно заборавија на реализација ветувањата за подобар живот за граѓаните од општина Гевгелија. Откако не беше усвоена оваа точка,во нервоза градоначалникот Сашо Поцков го одби предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да бидат одобрени 900.000 ден. За оштетените од пожарот на ул.Ристо Чавдаров, иако локалната самоуправа има општествена одговорност максимално да помогне кога се работи за наши сограѓани. Исто така на истата седница советниците на СДСМ не го изгласаа предлогот за стипендирање на студенти од факултетот за Туризам и Бизнис логистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-gevgelija-obvinuva-deka-opshtinata-stagnira-zolt-karton-za-pockov/feed/ 0
Лазаровски: Задоволувањето на партиските интереси СДСМ го стави над интересите на граѓаните на Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lazarovski-zadovoluvanjeto-na-partiskite-interesi-sdsm-go-stavi-nad-interesite-na-gragjanite-na-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lazarovski-zadovoluvanjeto-na-partiskite-interesi-sdsm-go-stavi-nad-interesite-na-gragjanite-na-gevgelija/#respond Fri, 24 Aug 2018 09:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=91531

На вчерашната Седница на Советот на Општина Гевгелија беа разгледувани повеќе прашања меѓу кои и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период-кумулативно за квартал од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година, за кој советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, гласаше против, изјави Зоран Лазаровски, заменик координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија. Ве известуваме за следното: Во првите 6 месеци
  • Имаме најслаба реализација на приходи во основниот буџет од 11,8% или околу 72.000.000 денари.
  • Имаме најслаба реализација на буџетот од аспект на капиталните приходи кои всушност го проектираат развојот на Општина Гевгелија од само 2,47% или 9.360.163 денари, што го потврдува фактот дека трендот надоле со слабата реализациja на буџетот продолжува и понатаму.
  • Имаме најслаба реализација на буџетот и од аспект на капиталните расходи во износ од само 3,55% или 14.734.329 денари, што претставува уште една потврда за надолниот тренд во развојот и за тоа дека во Општината не се реализираат никакви проекти ниту пак се преземаат нови активности туку само се довршуваат предходно започнатите проекти.
Лазаровски потенцираше дека исто така, од финансискиот извештај на Јавното претпријатие Комуналец за периодот од 01.04.2018 до 30.06.2018 година, забележливо е намалувањето на приходите од одржување на јавни прометни површини, приходи од паркови и зеленило, приходи од расчистување на депонија и приходите од одржување на урбана опрема  во износ од околу 3.000.000 денари што само претставува потврда за тоа дека Општина Гевгелија редовно не ги сервисира обврските кон Јавното претпријатие Комуналец. -Ова е показател дека приходите од водата за пречистување го покриваат дефицитот од 3.000.000 денари заради обврските на Општина Гевгелија кон ЈПКД Комуналец што дополнително прикажува во каква ситуација е буџетот на Општина Гевгелија заради слабото менаџирање на власта. И во една ваква ситуација за неполна година општина Гевгелија реши да вработува 11 лица со што дополнително го оптовари буџетот, а ефектот е поразителен, бројките покажуваат катастрофални резултати кај капиталните приходи. Со тоа, задоволувањето на партиските интереси, СДСМ ги стави пред интересите на граѓаните на Општина Гевгелија, а резултатите од слабото менаџирање на Општина Гевгелија најдобро ги покажува реализацијата на буџетот во првите 6 месеци. Исто така, тој потсети дека револтот е огромен кај граѓаните од Општина Гевгелија заради инцидентите во градинките во изминатиот период и новите цени за прочистување на водата кои директно удрија по џебот на граѓаните на Општина Гевгелија. -Последиците од погрешните политики на локалната власт на СДСМ во Општина Гевгелија, веќе ги увидоа граѓаните на кои им беа ветувани голем број проекти пред изборите. Иако поминаа 10 месеци откако СДСМ ја практикува локалната власт во Општина Гевгелија, Имаме период во кој нема ниту еден нов капитален проект во Општина Гевгелија. Очигледно е дека Градоначалникот Сашо Поцков заборави дека имаше програма за локалните избори која ја понуди на граѓаните на Општина Гевгелија, и останаа само празните ветувања за подобар живот за сите, изјави Лазаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lazarovski-zadovoluvanjeto-na-partiskite-interesi-sdsm-go-stavi-nad-interesite-na-gragjanite-na-gevgelija/feed/ 0