сателит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 10:59:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сателит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-germanija-i-frantsija-isprakaat-rover-do-satelitot-na-mars-fobos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-germanija-i-frantsija-isprakaat-rover-do-satelitot-na-mars-fobos/#respond Thu, 29 Jun 2023 10:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=850807

Меѓународен тим истражувачи предводени од Јапонија наскоро ќе испратат мал роботизиран ровер на Марсовиот природен сателит Фобос. Јапонија, Германија и Франција имаа потпишано договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (ММX) и ќе работи на површината на Фобос со ниска гравитација. Роверот беше претставен на овогодишниот Саем за воздушно-вселенски истражувања во Париз, Франција. Неговата мисија ќе биде да собира примероци коишто ќе бидат пренесени на Земјата со вселенското летало „ММX“. Мисијата, се наведува, може да обезбеди непроценливи информации за потеклото на Фобос. Развојот на роверот наречен „ИДЕФИКС“ е речиси завршен, вклучувајќи ги сите инструменти и системи, а лансирањето треба да се случи во текот на летово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-germanija-i-frantsija-isprakaat-rover-do-satelitot-na-mars-fobos/feed/ 0
Северна Кореја најави лансирање на сателит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/#respond Mon, 29 May 2023 14:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=840087

Северна Кореја ја извести Јапонија дека во периодот од 31 мај до 11 јуни ќе лансира сателит, а јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада изјави дека и наредил на армијата да го соборат сателитот доколку навлезе на јапонска територија. Во известувањето на Северна Кореја се истакнува дека лансирањето на сателитот би можело да влијае врз водите во Жолто Море, Источно Кинеско Море и источно од филипинскиот остров Лузон. Јапонската крајбрежна стража издаде предупредување до бродовите во таа област поради можен ризик од паѓање на остатоци. Северна Кореја за да лансира сателит во орбитата ќе мора да користи ракетна технологија со долг дострел, забранета со резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Нивните минати лансирања на шпионски сателити се сметаа за тајни ракетни тестови. Генералниот секретар на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави дека лансирањето на сателитот ќе ги прекрши резолуциите на ОН, што претставува „закана за мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница“. Според него, можно е сателитот да помине преку југозападните острови на Јапонија, вклучувајќи ја и Окинава, каде што САД имаат воена база. Јужна Кореја го предупреди северниот сосед дека ќе се соочи со последици доколку продолжи со својот план за лансирање, што е во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои му забрануваат на Северна Кореја да изврши какво било лансирање користејќи балистичка технологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-najavi-lansirane-na-satelit/feed/ 0
Сателитот RHESSI на НАСА изгоре над Сахара https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/satelitot-rhessi-na-nasa-izgore-nad-sahara/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/satelitot-rhessi-na-nasa-izgore-nad-sahara/#respond Wed, 26 Apr 2023 09:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=827792

Стар сателит на НАСА изгоре во атмосферата над пустината Сахара минатата недела. НАСА и американското Министерство за одбрана проценуваат дека сателитот Reuven Ramaty High Energy Solar Spectroscopic Imager, или скратено RHESSI, направил неконтролирано влегување во атмосферата околу 21:30 часот во средата, но проценетото време е повеќе или помалку 16 часа. RHESSI, кој го проучуваше Сонцето од орбитата на Земјата речиси две децении, беше лансиран во 2002 година и ја заврши својата мисија во 2018 година. Минатата недела го доживеа својот „огнен“ крај со влегување во атмосферата на нашата планета. Лансиран во орбитата со ракетата Pegasus XL, сателитот беше дизајниран да ги проучува соларните ерупции и исфрлањата коронална маса (CME). За време на неговиот живот, тој откри повеќе од 100.000 блесоци и им помогна на астрономите подобро да го разберат обликот на Сонцето. Според официјалните информации, RHESSI „главно изгорел“ во атмосферата, но постои можност некои негови компоненти да „преживеале“ и да се расфрлани во пустината. Сателитот е именуван по Реувен Рамати, долгогодишен истражувач и научник на НАСА. Мисијата беше планирано да трае две години, но RHESSI ги надмина очекувањата и го набљудуваше Сонцето подолго од неговиот 11-годишен соларен циклус. Комуникацијата со сателитот беше прекината на 12 април 2018 година, а прекинот на телеметријата следеше три месеци подоцна. Податоците што тој ги собра им покажаа на научниците како Сонцето генерира исфрлања на коронална маса. Овие моќни „рафали“ ослободуваат енергија еднаква на милијарди мегатони ТНТ и можат да уништат сателити и да ја нарушат комуникацијата на Земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/satelitot-rhessi-na-nasa-izgore-nad-sahara/feed/ 0
„Уанвеб“ ги постави последните 36 сателити од првата група https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uanveb-gi-postavi-poslednite-36-sateliti-od-prvata-grupa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uanveb-gi-postavi-poslednite-36-sateliti-od-prvata-grupa/#respond Mon, 27 Mar 2023 13:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=816924

Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година. Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и покрај геополитичките проблеми. Тие сега имаат доволно сателити во Земјината Орбита за да се обезбеди интернет во 48 американски сојузни држави. Последната група сателити беше лансирана од индискиот остров Срихарикота, а полетувањето го изврши Индиската организација за вселенско истражување. Следниот чекор на „Уанвеб“ се нови, пософистициран неколку стотици сателити коишто би можеле да чинат до 4 милијарди долари, а треба да бидат оперативни до 2028 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uanveb-gi-postavi-poslednite-36-sateliti-od-prvata-grupa/feed/ 0
Јапонија лансираше сателит со кој ќе ја надгледува Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-lansirashe-satelit-so-koj-ke-ja-nadgleduva-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-lansirashe-satelit-so-koj-ke-ja-nadgleduva-severna-koreja/#respond Thu, 26 Jan 2023 17:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=792458

Јапонија денеска успешно лансираше ракета во вселената, која нoси сателит наменет за собирање информации за движењата на воените објекти во Северна Кореја и за подобрување на одговорот на природни катастрофи. – Ракетата Х-2 A лансирана од компанијата „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) успешно го напушти космодромот Танегашима, југозападна Јапонија, носејќи го сателитот ИГС-Радар 7, кој непречено влезе во планираната орбита, соопшти компанијата. Сателитот може 24 часа дневно да собира снимки од Земјата, дури и во најнеповолни временски услови, како и да предупреди на евентуален ракетен напад или природна катастрофа. – Владата максимално ќе ги искористи ИГС-Радар 7 и другите сателити за да ја подобри националната безбедност на Јапонија и успешно да се соочи со кризи, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида по повод успешното лансирање на сателитот. Мицубиши исто така подготвува нова ракета Х3 за пробен лет во февруари, а таа ќе биде наследник на ракетата со течно гориво Х-2 A, која ќе биде повлечена во 2024 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-lansirashe-satelit-so-koj-ke-ja-nadgleduva-severna-koreja/feed/ 0
Лансиран сателит кој ќе направи револуција во временската прогноза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lansiran-satelit-koj-kje-napravi-revolucija-vo-vremenskata-prognoza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lansiran-satelit-koj-kje-napravi-revolucija-vo-vremenskata-prognoza/#respond Wed, 14 Dec 2022 13:07:51 +0000 https://kurir.mk/?p=775485

Првиот од вкупно трите сателити Метеосат од трета генерација (MTG), кој ќе овозможи револуционерен напредок во следењето и прогнозирањето на времето во Европа, беше лансиран синоќа од Француска Гвајана. Европската вселенска агенција (ЕСА) предмалку соопшти на Твитер дека МТГ е веќе во орбитата и дека синоќа ги добиле „сите телеметриски податоци од сателитот, кој одлично ги отвори соларните панели!“ Новиот сателит на констелацијата Метосат МТГ, кој ќе ја подигне временската прогноза во Европа на ново ниво, беше лансиран синоќа во 21.30 по македонско време од Француска Гвајана со ракетата Аријан 5. Како што пренесува Хина, МТГ е нова програма на оперативни геостационарни метеоролошки сателити на Европската организација за користење на метеоролошки сателити (EUMETSAT). Оваа програма значително ќе ги подобри временските прогнози, следењето на условите и промените во атмосферата, на површината на Земјата и морето и ќе обезбеди континуитет на серијата сателитски мерења EUMETAST за истражување на климата во следните 60 години. Програмата МТГ носи револуција во квалитетот и квантитетот на метеоролошките податоци со поголема просторна резолуција и особено фреквенцијата на мерењата, што со оваа генерација сателити пристапува кон континуирано набљудување, што е исклучително важно при прогнозирање на непосредниот развој на времето, особено потенцијално опасно време. МТГ ќе овозможи и откривање и доставување податоци за молњите, што значи дека следењето на системите за бура ќе биде уште подобро отколку што беше можно досега. Ќе може да се измери концентрациите на аеросоли и гасови во трагови над Европа во период од 60 минути, што ќе даде подобар увид во квалитетот на воздухот над нашиот континент. Програмата MTG беше развиена во текот на две децении и е резултат на соработката на Европската вселенска агенција (ESA) и EUMETSAT со индустриски партнери предводени од групацијата Thales Alenia Space. Сите сателити ќе бидат во геостационарна орбита, на околу 36.000 километри од Земјата, над Екваторот и со поглед на Европа и Африка. EUMETSAT нагласува дека третата генерација на нивните сателити ќе испорача најмалку 50 пати повеќе податоци од сегашната мисија Метеосат.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lansiran-satelit-koj-kje-napravi-revolucija-vo-vremenskata-prognoza/feed/ 0
Кина лансираше нов пробен сателит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-nov-proben-satelit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-nov-proben-satelit/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=772412

Нов пробен сателит денеска беше успешно лансиран во вселената од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина. Според Синхуа, тест сателитот VHF Data Exchange System (VDES) бил лансиран со ракета-носач Kuizhou-11 Y2 утринава во 9:15 часот по локално време и влегол во планираната орбита. Сателитот главно ќе се користи за комуникациско тестирање и верификација на клучните технологии VDES и Automatic Identification System (AIS). Тоа е 23-та мисија на ракетата Куаиџоу-11, објави центарот за лансирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-lansirashe-nov-proben-satelit/feed/ 0
Србија, Хрватска и Црна Гора лансираат сателит во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-hrvatska-i-crna-gora-lansiraat-satelit-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-hrvatska-i-crna-gora-lansiraat-satelit-vo-vselenata/#respond Sun, 04 Sep 2022 17:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=728632

Очигледно Хрватска, Србија и Црна Гора се во фаза на лансирање на првиот сателит. Станува збор за сателит кој е добиен на подарок од Индија за прослава на 75-годишнината од независноста на оваа земја. Индија финансираше студентски проект за изградба на 75 сателити, а еден од нив беше дониран на Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, која ги вклучува Србија, Хрватска и Црна Гора. Станува збор за „уред“ со димензии десет на десет сантиметри, тежок до 1.300 грама, што е производ на домашната генијалност. Од вселената ќе испраќа важни податоци за квалитетот на водните површини во Србија, воздухот и други работи до копнените станици, а воедно ќе служи и како дел од системот за рано предупредување. Зад целиот проект стои група ентузијасти собрани во организација со звучно име – Комитетот за развој на вселенската програма од Нови Сад. Тие веќе една деценија се занимаваат со вселенско инженерство. Додуша, тие немаат астронаути, но тој факт не ги спречува да ги „набљудуваат“ водните тела и нивниот квалитет од далечина од неколку стотици километри, а во исто време да го тестираат системот. Српскиот сателит ќе биде лансиран на надморска височина од околу 500 километри. Брзината на сателитот, инаку, е околу 28.000 километри на час. На него има мали сензори кои ја снимаат pH вредноста, температурата, ослободениот кислород во површинските води. Ја содржи потребната електроника и предавател. Кога станува збор за хрватскиот сателит, тој е наречен „Перун“, по врховното божество на словенската митологија. Проектот „Перун“ ќе го спроведуваат голем број млади инженери и научници. Тие ќе бидат водени од искусен кадар на универзитетите и научните институции преку прегледи на проекти и разни совети. Таквите инженери и научници не само што ќе ја научат теоријата на вселенското инженерство, туку и ќе стекнат богато практично искуство. Студентите кои стекнуваат знаења во воздухопловството често го користат и во други високи технологии – биомедицина, машинско инженерство, софтверско инженерство итн. Нина Дракулиќ, Никола Перовиќ и Филип Јовиќевиќ се трите клучни фигури во проектот за лансирање на првиот црногорски сателит. Кога пред неколку месеци тројца млади ентузијасти се обратиле до Агенцијата за цивилно воздухопловство со барање да објаснат што им е потребно за да добијат дозвола за лансирање на првиот црногорски сателит во вселената, на почетокот наишле на неверување, кое брзо било заменето со ентузијазам. Црногорскиот сателит ќе го носи името „Луча“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-hrvatska-i-crna-gora-lansiraat-satelit-vo-vselenata/feed/ 0
Албанија ќе лансира сателити во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-lansira-sateliti-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-lansira-sateliti-vo-vselenata/#respond Thu, 21 Oct 2021 08:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=582946

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија следната година ќе ги лансира своите први сателити во вселената, во соработка со компанијата на Илон Маск, „СпејсЕкс“. „Албанија во орбитата, неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото објавено на социјалните мрежи. Првиот албански сателит наречен „Албанија 1“ ќе биде испратен во вселената во март, додека лансирањето на „Албанија 2“ ќе следува во јуни. Рама не изнесе информации за типот на сателитите, додавајќи дека „СпејсЕкс“ го запознал со деталите за лансирањето. „‘Албанија 1‘ и ‘Албанија 2‘ ќе ни овозможат да ја засилиме контролата врз целата територија на земјата“, изјави Рама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-kje-lansira-sateliti-vo-vselenata/feed/ 0
Индија не успеа да постави сателит во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/#respond Thu, 12 Aug 2021 07:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=549508

Индиските астрономи не успеаја во обидот да постават сателит во земјината Орбита. Се работи за уред што ќе испраќа слики во реално време и ќе ги следи циклоните и други потенцијални природни катастрофи, но летот на ракетата беше неуспешен. Како што објави Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО), техничката грешка се случила во третата, последна фаза по лансирањето во вселенскиот центар Шрихарикоти, во јужна Индија. Сателитот требаше да биде геостационарен, што значи дека ќе се движи околу Земјата со брзината со која ротира планетата. Планот беше и да се собираат податоци за земјоделството, шумите и поморските патишта. – Бидејќи третата фаза беше неуспешна, (ракетата) не ја достигна брзината со која ќе се издигнеше во орбитата. Ќе се врати на Земјата во одреден миг, а повеќе подробности ќе знаеме подоцна, изјави Палава Багла, една од индиските астрономи. Ова е четврти неуспех во 14-те лансирања на ракети со геостационарна платформа од 2001 година досега, наведува „Економик тајмс“. Индија, инаку, има амбициозна вселенска програма со децениско истражување што создаде можност за развој на сателити, комуникации и технологии кои би помогнале да се решат секојдневните проблеми во домаќинството – од движења на риби, до предвидување бури и поплави. Владата одреди рок до 2022 година за испраќање на првите астронаути во вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/feed/ 0