сателити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 09:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сателити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пелеши: Сателитите „Албанија 1″ и „Албанија 2″ испорачуваат слики четири пати неделно https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/#respond Mon, 27 Mar 2023 09:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=816844

По лансирањето на сателитите „Албанија 1" и „Албанија 2" најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Додаде дека тие може да дадат информации и за приватни компании кои ќе покажат интерес. - Откако ќе ја изградиме процедурата, можеме да сателитите да ги отвориме за користење на заинтересирани приватни инвеститори. Најмалку четири дена во неделата добиваме слики што ги обработува Агенцијата за геопросторни информации, посочи тој Пелеши. Сателити кои Албанија ја чинеа шест милиони долари беа лансирани на 3 јануари годинава од базата Кејп Канаверал на Флорида како дел од мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс. -Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој, оцени премиерот Еди Рама соопштувајќи ја веста. „Сателитите се ставени на располагање на институциите кои вршат задачи поврзани со територија, вода, шуми, пожари, урбан отпад или земјоделско производство. Имаме специјализирана екипа која ги обработува добиените слики. Ќе биде зголемен бројот на вработени, но и нивните месечни примања“, нагласи Пелеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/peleshi-satelitite-albanija-1-i-albanija-2-isporachuvaat-sliki-chetiri-pati-nedelno/feed/ 0
Полска од Франција купи сателити за извидување за воени и цивилни цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-od-francija-kupi-sateliti-za-izviduvanje-za-voeni-i-civilni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-od-francija-kupi-sateliti-za-izviduvanje-za-voeni-i-civilni-celi/#respond Tue, 27 Dec 2022 19:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=781373

Полска ќе купи два сателити за извидување од вселената и станица за да ги прима нивните сигнали од Франција, согласно договор потпишан денеска во Варшава за кој Полска вели дека ќе им овозможи на нејзините вооружени сили рано да ги препознаат заканите. Министрите за одбрана Мариуш Блашчак и Себастијан Лекорну го одобрија договорот меѓу Ербас и полската агенција за вооружување за опремување на полската армија со два сателити за извидување. Оваа полска агенција соопшти дека вредноста на договорот е 575 милиони евра и најави дека сателитите ќе бидат во орбитата на Земјата пред 2027 година. Полското Министерство за одбрана истакна дека благодарение на сателитите, нејзината армија ќе може да добие детални извидувачки снимки, дури и од објекти од 30 сантиметри. Блашчак го нарече систем за рано предупредување не само за воени закани, туку и за цивилни опасности како природни катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-od-francija-kupi-sateliti-za-izviduvanje-za-voeni-i-civilni-celi/feed/ 0
ОН со сателити ќе пронаоѓаат истекување на метан на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=759042

Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) во петокот објави дека ќе покрене јавна база на податоци за светските истекувања на метан, снимени од вселенските сателити, што ќе биде нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Новиот систем наречен МАРС е резултат на ветувањето потпишано минатата година од 119 земји за намалување на емисиите на метан за 30 отсто оваа деценија. Научниците нагласуваат дека оваа цел е клучна за борбата против климатските промени. -МАРС е голем чекор во помагањето на владите и земјите да ја постигнат оваа важна, краткорочна цел за климата. Намалувањето на емисиите на метан може да донесе брза и голема промена бидејќи овој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот, рече Ингер Андерсен, извршниот директор на УНЕП, во изјавата на самитот за климата COP27 во Египет. Метанот е безбоен, запалив гас без мирис, кој најмногу се појавува во депониите, во земјоделството, сточарството и при екстракција на нафта и гас. Во однос на количината, по јаглерод диоксидот, тој е втор најзастапен стакленички гас во атмосферата и е одговорен за околу една четвртина од затоплувањето на планетата. На глобално ниво, според Обединетите нации, метанот е одговорен за околу 30 проценти од затоплувањето. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од јаглерод диоксидот, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглеродниот диоксид останува стотици години, па се верува дека неговото намалување брзо ќе влијае на глобалното затоплување. Системот МАРС ќе користи постоечка мрежа на сателити за откривање на гасот ширум светот, одредување на степенот на истекување и идентификување на компанијата и владата кои се одговорни, соопшти УНЕП. Програмската опсерваторија потоа ќе ги сподели овие информации со одговорните засегнати страни за да се поправи истекувањето. По период од 45 до 75 дена, опсерваторијата ќе објави информации за истекувањето и одговор од компанијата или владата во базата на податоци. Системот прво ќе се фокусира на светските капацитети за нафта и гас, еден од најголемите извори на метан, пред да се префрли на индустријата за јаглен, отпадот, сточарството и производството на ориз. Иницијативата делумно ќе биде финансирана од САД и Европската унија, заедно со филантропските организации на основачот на Амазон Џеф Безос и Глобалниот центар за метан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/feed/ 0
Се’ е подготвено, Албанија ќе лансира два сателити во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-e-podgotveno-albanija-kje-lansira-dva-sateliti-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-e-podgotveno-albanija-kje-lansira-dva-sateliti-vo-vselenata/#respond Sun, 16 Oct 2022 14:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=746041

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека се подготвени за лансирање двата сателита што ќе бидат испратени во вселената. Рама на социјалните мрежи напиша дека „двете супертехнолошки очи“ што ќе ја следат Албанија од височините, со висока прецизност и целосна јасност на сликата до 75 cm2, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ се подготвени за лансирање во вселената од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД. „Албанија ќе има нивно ексклузивно право на користење, за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други негови компоненти, на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територијата, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови и така натаму. Дигитална револуција. Албанија нашата иднина. Нема време за одмор“, напиша Рама. Заедно со Илон Маск, се очекува премиерот во декември да го притисне копчето за лансирање на првите два сателита со албанско знаме. Албанската национална агенција за цивилна заштита и операторот „Satellogic USA Inc“, во владата во Тирана, на крајот на минатиот месец потпишаа договор за сателитска услуга, во областа на одбраната и безбедноста за следење со напредна технологија на територијата на Република Албанија. -Главен инспекторат на небо што ќе има очи на целата територија на државата, кој нема да има ниту партија, ниту братучеди, ниту привилегии. Со сателитите веќе нема да може да се гради без дозвола, бидејќи сателитите ќе можат да го видат секој волумен подигнат на површината на земјата, рече меѓу другото премиерот Еди Рама по потпишувањето на договорот. Договорот е во вредност од шест милиони долари и се состои од ексклузивна употреба на два сателита за период од три години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-e-podgotveno-albanija-kje-lansira-dva-sateliti-vo-vselenata/feed/ 0
„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/#respond Sat, 13 Aug 2022 08:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=717933

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. „Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/feed/ 0
Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-so-sateliti-kje-baraat-skrieni-bazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-so-sateliti-kje-baraat-skrieni-bazeni/#respond Wed, 13 Oct 2021 13:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=578317

Француските власти најавуваат користење сателитски фотографии во потрага по скриени базени и проширувања на имоти што сопствениците на куќи ги скриле од даночната администрација. Канцелариите за регистрација на земјиште ќе користат сателитски фотографии за да откријат можни промени во вредноста на имотот, според планот на даночната администрација, пренесува Хина. Работата на теренските инспектори ќе биде сведена на минимум. Вештачката интелигенција ќе помогне во пребарувањето сателитски фотографии и ќе генерира автоматско предупредувачко писмо до сопствениците на имотот, со што ќе се намали потребата за персонал. Француски медиуми јавија дека методот првично ќе биде оценет од девет департмани во земјата. За време на првиот тест во еден департман се откриени дури 3.000 базени непријавени во даночната администрација. Покрај тоа, откако законот беше изменет минатата година, даночните власти беа во можност да ги проценат сите податоци објавени на социјалните медиуми, во потрага по затајувачи на данок. Во меѓувреме, огласите за работа во даночната администрација се менуваат. За новиот проект се бараат експерти специјализирани за „филтрирање корисни информации од слики“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskite-vlasti-so-sateliti-kje-baraat-skrieni-bazeni/feed/ 0
Кинескиот производител на автомобили „Гили“ ќе произведува и сателити https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-proizvoditel-na-avtomobili-gili-kje-proizveduva-i-sateliti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-proizvoditel-na-avtomobili-gili-kje-proizveduva-i-sateliti/#respond Mon, 27 Sep 2021 12:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=568921

Кинескиот производител на автомобили „Гили“ денеска соопшти дека почнува со масовно производство на комерцијални сателити, што на идните возила треба да им овозможат брз пренос на податоци, прецизна навигација и услуги за компјутерскиот облак (клауд). Првите сателити веќе излегоа од фабриката во Таижоу, а се развиени од „Џиспејс“, подружница на групацијата „Гили технолоџи“, формирана во 2018 година за развој, лансирање и управување со сателити. Фабриката ќе може да произведува 500 сателити годишно. -Брзите промени во воздушната вселенска индустрија и интеграцијата на нови комуникациски технологии во различните сектори, како што се „сателитскиот интернет“, автономното возење и компјутерските облаци, покажуваат дека комерцијалната употреба на орбитата и просторот има иднина, изјави извршниот директор на „Гили Технолоџи“, Си Жaихао. Кинеската компанија е сопственик на шведски„Волво“, а исто така има 9,7 проценти од акциите во германскиот производител на луксузни автомобили „Дајмлер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-proizvoditel-na-avtomobili-gili-kje-proizveduva-i-sateliti/feed/ 0
Сателитите на Илон Маск ја ”загадија” вселената: Спектакуларниот поглед кон ѕвездите сега изгледа вака… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/satelitite-na-ilon-mask-ja-zagadija-vselenata-spektakularniot-pogled-kon-dzvezdite-sega-izgleda-vaka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/satelitite-na-ilon-mask-ja-zagadija-vselenata-spektakularniot-pogled-kon-dzvezdite-sega-izgleda-vaka/#respond Sat, 25 Jul 2020 13:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=381256

Мрежа од сателитите „Старлинк“ им задава многу непријатности на астрономите и фотографите. Сателитите од компанијата „SpaceX“ на милијардерот Илон Маск толку многу го преплавиле небото над Земјата што пречат и кон погледот на вселената. Светлосното загадување кое што го предизвикала мрежата од тие сателити, станало забележително особено откако се појавила кометата Неовајз, најсветлата на северната хемисфера уште од 1995-та година, пренесува „Live Science“. Многубројни фотографи и астрономи посакале да ја засведочат кометата преку фотографии, но во тоа пречеле сателитие на Маск. Инаку, кометата е видлива и со голо око, но за нејзиното фотографирање се користи друга експозиција. Меѓутоа, покрај кометата на фотографиите видливи се и многубројните сателити на Маск, во вид на бели линии. Ова не е првпат сателитите на Маск да бидат ''обвинети'' за светлосно загадување. Астрономите на тоа особено укажале затоа што се воспоставило дека сателитите на Маск рефлектираат многу повеќе светлина од другите сателити кои што кружат во орбитата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/satelitite-na-ilon-mask-ja-zagadija-vselenata-spektakularniot-pogled-kon-dzvezdite-sega-izgleda-vaka/feed/ 0
НАСА лансираше сателити што ќе ги следат климатските промени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-lansirashe-sateliti-shto-kje-gi-sledat-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-lansirashe-sateliti-shto-kje-gi-sledat-klimatskite-promeni/#respond Wed, 11 Jul 2018 06:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=75424

Двата сателита од новата мисија на НАСА за набљудување на климата се речиси подготвени за погон, соопшти Агенцијата, додавајќи дека ласерите се веќе успешно активирани и работат според очекувањата. Мисијата под наслов „Експериментално следење на гравитациската обнова и климата“ (Gravity Recovery and Climate Experiment Follow-On - ГРАЦЕ-ФО) не е нов проект, само што сега е надграден со два сателита кои содржат современа, попрецизна технологија. Сателитите беа поставени во Земјината Орбита на 22 мај со ракета на Спејс Икс. Нивната задача е да ги следат гравитацијата, нивото на водата на планетава, како и топењето на ледените површини. Технологијата се разработува веќе една деценија и првпат се практикува во реални услови. Тестирањата ќе траат уште неколку седмици, а потоа следува и официјалниот почеток на мисијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nasa-lansirashe-sateliti-shto-kje-gi-sledat-klimatskite-promeni/feed/ 0