сатурн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 10:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сатурн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На месечина на Сатурн забележан клучниот елемент во создавањето на животот на Земјата – фосфор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=846057

Научници од САД открија дека фосфорот - клучен елемент во создавањето на животот на Земјата, го има и во океанот под ледената површина на Енцелад - еден од природните сателити на планетата Сатурн. Ова откритие се заснова на анализата на податоците собрани од сондата „Касини“ на НАСА, а објавено е во престижното научно списание „Нејчр“ (Nature). - Ова е неверојатно откритие за астробиологијата. Пронајдовме изобилство на фосфор во примероците мраз кои избиваат од подземниот океан, изјави Кристофер Глен од Југозападниот истражувачки институт. Гејзерите на јужниот пол на Енцелад исфрлаат парчиња мраз преку пукнатините на површината и на тој начин се лепат на прстените на Сатурн. Научниците претходно забележаа одредени други минерали и органски соединенија во тој мраз, но не и фосфор, којшто е суштински елемент за градењето ДНК и РНК и се наоѓа во коските и забите на луѓето, животните, па дури и кај океанските планктони. - Геохемиското моделирање претходно предвиде дека фосфорот најверојатно ќе биде присутен и тоа предвидување се оствари, но едно е да се предвиди нешто, а друго да се потврди, рече Глен. Сондата „Касини“ почна да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004., пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога нејзината мисија заврши во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/feed/ 0
Нови научни сознанија за прстените на Сатурн https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novi-nauchni-soznanija-za-prstenite-na-saturn/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novi-nauchni-soznanija-za-prstenite-na-saturn/#respond Thu, 25 May 2023 10:57:18 +0000 https://kurir.mk/?p=838564

Нови податоци и сознанија собрани со помош на вселенското летало „Касини“ на НАСА, кое го обиколуваше околу Сатурн од 2004 до 2017 година, даваат нови погледи за тоа колку долго биле присутни прстените околу оваа „надворешна планета“ и кога тие би можеле да исчезнат. Нашиот Сончев Систем и неговите планети настанале пред 4,6 милијарди години, а меѓу другото, научниците долго дебатираат и за староста и потеклото на прстените на Сатурн. Некои астрономи веруваат дека светлите ледени прстени се релативно многу „понови“. Анализата на податоците води до нови откритија и ја поддржуваат теоријата дека прстените се појавуваат долго по првичното обликување на Сатурн, објави списанието „Икарус“. - Нашата претпоставка е дека прстените на Сатурн мора да се релативно млади, според астрономските стандарди, т.е. стари само неколку стотици милиони години. Ако го погледнете сателитскиот систем на Сатурн, има и други навестувања дека таму се случило нешто драматично последниве стотици милиони години. Прстените на Сатурн не се стари колку планетата, туку се случило нешто за да се создаде нивната неверојатна структура и тоа е многу интересно да се истражи, изјави професорот по Астрономија, Ричард Дурисен. Тоа би значело дека прстените се формирале и додека диносаурусите сѐ уште талкале по Земјата. Сатурновите прстени се состојат главно од мраз, а само мал удел има тн. карпеста прашина од делови од астероиди и микрометеороиди. Сѐ тоа „лебди“, т.е. орбитира околу гасовитата планета. Вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА го набљудува Сатурн одреден временски период секоја година како дел од програмата „Наследство на атмосферата на надворешната планета“ (ОПАЛ), па овој гасовит џин секогаш открива нешто ново. Тие сознанија, дополнети со наодите на „Касини“, посочуваат дека на прстените не им останува многу време според астрономските стандарди. Научните проценки говорат дека тие ќе постојат најмногу неколку стотици милиони години. Можно е и сега темните прстени околу Нептун и Уран некогаш да биле поголеми и посветли, слични на прстените на Сатурн денес. Научниците сѐ уште не се сигурни што ги создало прстените на Сатурн. Меѓу претпоставките е и тоа дека гравитациска нестабилност уништила некои од ледените месечини што кружат околу планетата, создавајќи доволно материја за да се распореди во прстените какви што ги знаеме. Идните вселенски мисии ќе ги истражуваат и природните сателити на Сатурн, па тоа би можело да понуди повеќе сознанија за настанувањето на прстените, но и други откритија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novi-nauchni-soznanija-za-prstenite-na-saturn/feed/ 0
Величествена глетка: Јупитер и Сатурн најблиску еден до друг https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/velichestvena-gletka-jupiter-i-saturn-najblisku-eden-do-drug/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/velichestvena-gletka-jupiter-i-saturn-najblisku-eden-do-drug/#respond Tue, 22 Dec 2020 15:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446787

Небото синоќа беше сцена на која се одигра средба што се немаше случено речиси 400 години. Планетите Јупитер и Сатурн беа во позиција најблиску една до друга. Порамнувањето на траекторите на овие две планети е многу ретко, а планетите изгледаа многу блиску една до друга. Ваквата глетка последен пат била видена од Земјата на ноќното небо во 1623. Сепак, временските услови за набљудување на феноменот биле подобри претходниот пат, на 4 март, 1226 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/velichestvena-gletka-jupiter-i-saturn-najblisku-eden-do-drug/feed/ 0
Пресретнување на Јупитер и Сатурн првпат од 17 век, видливо од Земјата по зајдисонце https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presretnuvanje-na-jupiter-i-saturn-prvpat-od-17-vek-vidlivo-od-zemjata-po-zajdisonce/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presretnuvanje-na-jupiter-i-saturn-prvpat-od-17-vek-vidlivo-od-zemjata-po-zajdisonce/#respond Mon, 21 Dec 2020 17:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=446346

Привидното меѓусебно доближување на Јупитер и Сатурн ќе биде видливо од Земјата денеска по зајдисонцето, првпат од 17. век. Двете планети, секоја околу Орбитата околу Сонцето, навидум ќе се порамнат една пред друга кога ќе бидат погледнати од Земјата и ќе се забележат како една сјајна sвезда, а не две. Тие ќе бидат на иста линија гледано од Земјата, но оддалечени повеќе од 700 милиони километри. Овој феномен ќе се забележи денеска по зајдисонцето, доколку го погледнете хоризонтот на југозапад. Ќе бидат потребни барем двогледи за да се разликуваат двете планети. Сатурн ќе биде помал и посјајно ќе блесне и ќе биде видлив во горниот десен агол на Јупитер. Астрономите, сепак, велат дека таканаречените „конјукции“ на двете најголеми планети во Сончевиот систем не се особено ретки. Јупитер, како што кружи околу Сонцето, ја поминува точката на усогласување со соседот Сатурн на секои 20 години. Сепак, она што е специфично овој пат е дека „спојот“ на зајдисонцето ќе се види насекаде од Земјата, ако небото биде чисто. Последен пат беше можно да се види „средбата“ на Јупитер и Сатурн насекаде од Земјата, во јули 1623 година. Меѓутоа, во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето. Претходно, конјукцијата била видлива во март 1226 година. Следното приближување видливо од Земјата се очекува на 15 март 2080 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presretnuvanje-na-jupiter-i-saturn-prvpat-od-17-vek-vidlivo-od-zemjata-po-zajdisonce/feed/ 0
НАСА ќе испрати дрон на сателит на Сатурн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dron-na-satelit-na-saturn/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dron-na-satelit-na-saturn/#respond Sat, 29 Jun 2019 07:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=213817

НАСА има намера до 2026 година да испрати дрон на Титан – најголемиот природен сателит на планетата Сатурн. Мисијата ќе трае осум години. Дронот, наречен „Вилинско коњче”, е голем колку возило за голф-терен и има четири пропелери, а на својата мисија ќе тргне 2026 година. Титан има одредени сличности со својствата на Земјата пред појавата на човекот. – Титан е поинаков од кое било друго тело во нашиот Сончев Систем и е најспоредлив со „раната Земја“, смета администраторот на НАСА, Џим Брајденстејн. „Вилинското коњче“, кое ќе се движи со нуклеарен погон, ќе биде оспособено да мине над 160 километри низ густата атмосфера на Титан. Инструментите на леталото ќе ги истражуваат условите за живот на Титан и ќе бараат хемиски траги од живот во минатото, па евентуално, и сегашен. Агенцијата најави и нова мисија за истражување на сончевиот состав, со цел – барање податоци што би го објасниле потеклото на човештвото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-kje-isprati-dron-na-satelit-na-saturn/feed/ 0
Сатурн многу брзо ги апсорбира прстените, можe да исчезнат за 100 милиони години (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/saturn-mnogu-brzo-gi-apsorbira-prstenite-moze-da-ischeznat-za-100-milioni-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/saturn-mnogu-brzo-gi-apsorbira-prstenite-moze-da-ischeznat-za-100-milioni-godini-video/#respond Thu, 20 Dec 2018 13:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=142782

Според најновите истражувања планетата Сатурн со голема брзина ги губи своите прстени, соопшти НАСА. Резултатите од истражувањата се темелат врз основа на најновите набљудувања, но и на податоците од вселенските летала Војаџер 1 и 2 со чија помош научниците пред десетина години ја проценија просечната брзина на исчезнувањето на прстените. Прстените на Сатурн воглавно се составени од парчиња мраз со различни големини – некои се микроскопски како парчиња прашина, други се со големина од неколу метри, а исчезнуваат затоа што Сатурн со неговата гравитација ги привлекува кон себе и тие се спуштаат кон планетата во форма на дожд и смрзнати честички кои кон себе ги влече магнетското поле на Сатурн. – Ние проценивме дека со тој „дожд од прстени“ може за половина час да се наполни еден олимписки базен, рече астрофизичарот Џејмс О’Доноги од НАСА. Според него, ако се земе предвид само дождот, прстените за 100 милиони години целосно ќе исчезнат. Научниците се уште не се сигурни дали Сатурн од самиот почеток имал прстени или тие настанале во подоцнежните фази на неговиот живот, а најновите истражувања се во прилот на споменатата теорија, па можно е прстените да не се постари од сто милиони години. Експертите од НАСА планираат уште некое време да го следат степенот на намалување на прстените и да видат дали тие поминуваат низ сезонски промени. На Сатурн му требаат 2094 години да направи круг околу Сонцето, па во текот на тој пат честичките од прстените се изложени на сонцето на различни нивоа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/saturn-mnogu-brzo-gi-apsorbira-prstenite-moze-da-ischeznat-za-100-milioni-godini-video/feed/ 0