саудиски принц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 16:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png саудиски принц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саудиски принц богато ги награди фудбалерите на Ал Хилал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=797998

Милијардерот од Саудиска Арабија, принцот Алвалед бин Талал, ќе им додели бонус од еден милион ријали (266.500 долари) на секој фудбалер на Ал Ахли за победата од 3-2 над бразилски Фламенго и пласманот во финалето на Светското клупско првенство во Мароко. Принцот Алвалед, кој е претседател на групацијата „Kingdom Holding“, е голем навивач на Ал Хилал и објави на социјалните мрежи дека ќе ги награди играчите со сличен износ доколку победат во саботното финале. Паралелно со ова, саудискиот спортски канал „SSC“ јави дека секој фудбалер на Ал Хилал ќе биде награден со 500.000 ријали од саудискиот министер за спорт, за пласманот во финалето. Ал Хилал стана прва саудиска екипа која обезбеди пласман во финале на Светското клупско првенство, во кое в сабота ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу европскиот првак Реал Мадрид и египетски Ал Ахли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saudiski-prints-bogato-gi-nagradi-fudbalerite-na-al-hilal/feed/ 0
САД: Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-saudiskiot-princ-ima-imunitet-od-gonenje-za-ubistvoto-na-novinarot-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-saudiskiot-princ-ima-imunitet-od-gonenje-za-ubistvoto-na-novinarot-kashogi/#respond Fri, 18 Nov 2022 08:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=762767

Американската администрација утврди дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, има правен имунитет од тужбата покрената против него за убиството на саудискиот новинар Џамал Х Кашоги во 2018 година. Американското Министерство за правда, во документ доставен до Окружниот суд Колумбија, напиша дека доктрината за имунитет на шефот на државата се заснова на обичајното меѓународно право, така што обвинетиот бин Салман, како шеф на странска држава, има имунитет од јурисдикцијата на американските судови. Хашоги беше убиен од саудиски агенти во саудискиот конзулат во Истанбул во операција за која американските разузнавачи веруваа дека е нарачана од принцот Мохамед, кој е „де факто“ владетел на кралството веќе неколку години. Принцот негираше дека го наредил убиството на Кашоги, но подоцна рече дека ја преземал одговорноста бидејќи тоа „се случило под негов надзор“. За време на неговата посета на Саудиска Арабија во јули, американскиот претседател Џо Бајден му кажа на принцот дека го смета за одговорен за убиството на Хашоги. Хашоги ја критикуваше политиката на престолонаследникот во колумни во Вашингтон пост. Тој отпатувал во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да ги добие потребните документи за да се ожени со Хатиџе Џенгиз, турска државјанка. Џенгиз го осуди потегот на САД на Твитер, велејќи дека „Џамал денеска повторно умре“. – Мислевме дека можеби светлината на правдата може да дојде од САД, но повторно парите беа на прво место, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-saudiskiot-princ-ima-imunitet-od-gonenje-za-ubistvoto-na-novinarot-kashogi/feed/ 0
Почина либералниот саудиски „црвен принц“ Талал бин Абдул Азиз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-liberalniot-saudiski-crven-princ-talal-bin-abdul-aziz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-liberalniot-saudiski-crven-princ-talal-bin-abdul-aziz/#respond Sat, 22 Dec 2018 17:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=143733

Полубратот на сaудискиот крал Салман, принцот Талал бин Абдулазиз, познат меѓу Саудијците како „црвениот принц“, почина на 87-годишна возраст. – Алах го повика принцот Талал во сабота, објави денеска на Твитер неговиот син, милијардерот Ал Валид бин Талал Ал Сауди. Принцот Талал бин Абдулазиз беше познат по своите либерални убедувања и важеше за неуморен заштитник на реформите во конзервативната Саудиска Арабија. Тој со години се залагаше на Саудијките да им биде дозволено да управуваат автомобили, што конечно им беше овозможено оваа година. Принцот Талал раководеше со Програмата на Арапскиот Залив за развој, која работеше на поддршка на образованието и здравствената заштита, пред се на жените, во земјите во развој. Во 60-те години на минатиот век, под влијание на тогашниот египетски претседател Гамал Абдел Насер, принцот Талал го формираше Движењето на слободните принцови, кое се залагаше за корените промени во теократската Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-liberalniot-saudiski-crven-princ-talal-bin-abdul-aziz/feed/ 0
Протекоа последните пораки на убиениот новинар: „Саудискиот принц е ѕвер кој ќе изеде сѐ што ќе му се најде на патот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protekoa-poslednite-poraki-na-ubieniot-novinar-saudiskiot-princ-e-dzver-koj-kje-izede-s-shto-kje-mu-se-najde-na-patot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protekoa-poslednite-poraki-na-ubieniot-novinar-saudiskiot-princ-e-dzver-koj-kje-izede-s-shto-kje-mu-se-najde-na-patot/#respond Mon, 03 Dec 2018 15:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=135215

Американски „СиЕнЕн“ ја објави содржината на приватните пораки кои што убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги преку “WhatsApp” ги разменувал со активистот од Монтреал, Омар Алзахрани. Меѓу пораките кои што ги разменувале се наоѓаат и гласовни записи, фотографии и снимки, а од пораките сосема е јасно дека на Кашоги и тоа како му пречел подемот на саудискиот принц. Убиениот новинар во неколку наврати го нарекува саудискиот престолонаследник Мохамад Бин Салман „ѕвер“ кој ќе ги изеде сите кои што ќе му се најдат на патот, па дури и неговите поддржувачи. „Што повеќе жртви ќе изеде, така ќе стане и се понезаситен“, напишал Кашоги во порака испратена во мај оваа година. „Не би ме зачудило неговата агресија да ги стигне и тие кои што навиваат за него“, пишува саудискиот новинар кој беше убиен во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул. Размената на пораките помеѓу Кашоги и Алзахрани открива дека двајцата планирале да стартуваат онлајн акција за собирање на млади кои што јавно ќе го изразат своето незадоволство против саудиските власти. Но, во август, кога се посомневал дека саудиските власти го следат и прислушкуваат, Кашоги се откажал до таа идеја. „Нека ни помогне Бог“, напишал Кашоги во една од пораките, а само два месеци подоцна беше брутално убиен, а неговото тело беше исечено на парчиња и изнесено од зградата на саудискиот конзулат во Истанбул. Кашоги и Алзахрани кој што исто така бил остар критичар на саудискиот принц во периодот од октомври 2017-та година до август 2018-та година размениле преку 400 пораки на “WhatsApp”. Токму Алзахрани во август го предупредил Кашоги дека можно е саудиските власти да ги следат нивните комуникации. Да потсетиме, саудискиот новинар Џамал Кашоги беше убиен на 2-ри октомври во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул. Тој влегол во зградата да ги добие потребните документи за венчавка, меѓутоа, како што тврдат турските власти, 15-те оперативци кои што биле испратени од саудискиот државен врв брутално го ликвидираа и се обидоа да го сокријат убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protekoa-poslednite-poraki-na-ubieniot-novinar-saudiskiot-princ-e-dzver-koj-kje-izede-s-shto-kje-mu-se-najde-na-patot/feed/ 0