Саули Нинисто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 14:11:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Саули Нинисто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нинисто: Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-ne-e-nasocheno-protiv-nikogo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-ne-e-nasocheno-protiv-nikogo/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=820127

Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО. „Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“, потенцираше тој во изјавата објавена на Твитер. Тој истакна дека Финска е стабилна и предвидлива нордиска земја која има тенденција да ги решава споровите по мирен пат. „Принципите и вредностите кои се важни за Финска ќе продолжат да ја водат нашата надворешна политика и во иднина“, истакна Нинисто. Најзначајниот придонес на Финска за заедничкото одвраќање и одбрана на НАТО ќе биде во обезбедувањето и одбраната на нашата сопствена територија, рече претседателот на Финска, набргу откако неговата земја официјално стана 31-та земја што се приклучи на алијансата. Според него, претстои уште значителна „работа“ за да се координира одбраната на Финска како дел од заедничката одбрана на НАТО. Нинисто посочи дека ќе продолжи блиската соработка за градење заедничка безбедност во целиот нордиски регион. Претседателот на Финска додаде дека земјата интензивно ќе работи на обезбедување на членството на Шведска во НАТО. „Членството на Финска не е целосно без членството на Шведска. Интензивно продолжува работата за што поскоро членство на Шведска“, наведе Нинисто во соопштението. Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Од постојните членки на НАТО, само уште Унгарија и Турција не ја ратификувале апликацијата на Шведска за членство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-ne-e-nasocheno-protiv-nikogo/feed/ 0
Нинисто: Финска е подготвена да пристапи кон НАТО и без Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-finska-e-podgotvena-da-pristapi-kon-nato-i-bez-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-finska-e-podgotvena-da-pristapi-kon-nato-i-bez-shvedska/#respond Wed, 22 Feb 2023 17:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=803823

Доколку ја добие последната преостаната ратификација за својата кандидатура за НАТО, Финска е подготвена да се приклучи кон Алијансата без оглед на тоа каков напредок ќе постигне Шведска во процесот на пристапување, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто. Финскиот парламент го иницираше процесот за ратификација на приемот на оваа нордиска земја во НАТО, без разлика што и Шведска и Финска истовремено поднесоа барање за влез во Алијансата. Блумберг пренесува дека Турција сè уште претставува пречка за влез на Шведска, додека членството на Финска повеќе не е проблем. -Нашиот парламент ќе ја донесе својата одлука и доколку Турција и Унгарија ја ратификуваат нашата кандидатура, ние ќе станеме членки на НАТО, рече Нинисто на заедничката прес-конференција со премиерите на Шведска и Норвешка. Коментарот на Нинисто е последниот сигнал дека Финска се подготвува да влезе во Алијансата без Шведска, нејзиниот сосед и близок сојузник чија кандидатура за членство не е одобрена од Турција. Нинисто инсистираше на тоа дека неговата изјава не треба да се толкува како најава дека Финска се оградува од својот сосед, но се очекува финските пратеници да гласаат за ова прашање веќе на 28 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-finska-e-podgotvena-da-pristapi-kon-nato-i-bez-shvedska/feed/ 0
Нинисто: Членството на Финска во НАТО сега е во рацете на Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-sega-e-vo-ratsete-na-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-sega-e-vo-ratsete-na-turtsija/#respond Fri, 17 Feb 2023 17:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=801885

Судбината на кандидатурата на Финска за членство во НАТО е во рацете на Турција, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто. Финска и Шведска поднесоа барања за влез во НАТО во мај по руската инвазија на Украина. Сепак, членката на алијансата Турција се спротивставува на нивното членство, обвинувајќи ги за засолнување организации што ги смета за терористички. Финскиот Парламент одлучи денеска да гласа на 28 февруари за да ја одобри потребната легислатива за да и се овозможи на земјата да стане членка на НАТО, изјави претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи Јуси Хала-ахо. „Ова е израз на нашата волја. Позицијата на Турција кон нашата волја и исклучиво и само во рацете на Турција“, изјави Нинисто на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-chlenstvoto-na-finska-vo-nato-sega-e-vo-ratsete-na-turtsija/feed/ 0
Финскиот претседател ќе се договара со Турција за влезот на Финска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-kje-se-dogovara-so-turcija-za-vlezot-na-finska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-kje-se-dogovara-so-turcija-za-vlezot-na-finska-vo-nato/#respond Tue, 17 May 2022 11:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=677795

Финска и Шведска ќе можат да постигнат договор со Турција за приговорите на Анкара за приклучувањето на двете нордиски земји во НАТО, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто. – Изјавите од Турција многу брзо се сменија и станаа посериозни изминатите денови. Но, сигурен сум дека со конструктивен дијалог ќе ја решиме ситуацијата, тврди Нинисто. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно најави дека делегациите на тие две земји наскоро ќе ја посетат Турција со цел да ја убедат Анкара да го одобри нивниот прием во НАТО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-kje-se-dogovara-so-turcija-za-vlezot-na-finska-vo-nato/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Финска аплицира за членство во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-finska-aplicira-za-chlenstvo-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-finska-aplicira-za-chlenstvo-vo-nato/#respond Sun, 15 May 2022 10:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=676919

Претседателот на Финска, Саули Нинисто изјави дека Хелсинки формално поднесува барање за членство во НАТО. Тој додаде дека тоа ќе ја максимизира безбедноста на земјата. Додека финската премиерка Сана Марин истакна дека се надева оти Парламентот ќе ја одобри одлуката. Одлуката на Парламентот во овој случај повеќе ќе биде формалност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-finska-aplicira-za-chlenstvo-vo-nato/feed/ 0
Нинисто позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-pozitiven-na-kovid-19/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=665391

Претседателот на Финска, Саули Нинисто е позитивен на Ковид-19 и е во изолација, соопшти неговиот Кабинет. Нинисто (73) и покрај заразата се чувствува добро и обврските ги извршува од далечина. Финскиот претседател ја одложи посетата на Норвешка, што требаше да биде реализирана на 21 и 22 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ninisto-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Финскиот претседател донираше 200.000 евра за сиромашни деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-donirashe-200-000-evra-za-siromashni-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-donirashe-200-000-evra-za-siromashni-deca/#respond Thu, 23 Jan 2020 07:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=293447

Финскиот претседател Саули Нинисто донираше 200.000 евра на сиромашни деца за да ги потрошат за образование. Според финските медиуми, претседателот одлучил да им ги донира на здруженијата и хуманитарните организации парите што останале по претседателската кампања за 2018 година. Тој ги донираше преостанатите 200.000 евра, барајќи парите да бидат дистрибуирани на децата од семејствата во неповолна положба за да можат да си обезбедат книги, компјутери и друга опрема потребна за образование. Претседателот на Финска собра околу 1,5 милион евра донации за време на изборната кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-donirashe-200-000-evra-za-siromashni-deca/feed/ 0
Трамп се сретна со финскиот претседател Нинисто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-sretna-so-finskiot-pretsedatel-ninisto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-sretna-so-finskiot-pretsedatel-ninisto/#respond Mon, 16 Jul 2018 08:33:57 +0000 https://kurir.mk/?p=77263

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Хелсинки се сретна со неговиот фински колега Саули Нинисто, при што му се заблагодари за помошта при организирањето на средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, која е планирана за подоцна во текот на денешниот ден. Финската државна телевизија ЈЛЕ јави дека Трамп на средбата ја пофалил Финска како прекрасна држава. Тој исто така дал високи оценки и за минатонеделниот самит на НАТО во Брисел, при што рекол дека Алијансата никогаш не била посилна или покохерентна од сега. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-se-sretna-so-finskiot-pretsedatel-ninisto/feed/ 0
Финскиот претседател Саули Нинисто стана татко на 69 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-sauli-ninisto-stana-tatko-na-69-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-sauli-ninisto-stana-tatko-na-69-godini/#respond Mon, 05 Feb 2018 08:50:12 +0000 http://kurir.mk/?p=18299

Саули Нинисто (69) е првиот фински претседател кој станал татко додека ја извршувал таа функција, соопшти неговиот Кабинет. Сопругата на Нинисто, Јени Хаукио,(40) роди син. „Таткото, кој и беше присутен на породувањето, вели дека мајката и бебето се добро“, се вели во известувањето. Нинисто и Хаукио се венчаа во 2009 година. Момчето е трето дете на финскиот претседател, а прво на неговата сопруга. Претходната сопруга на Нинисто загина во сообраќајна несреќа во 1995. Минатиот месец, Нинисто го доби вториот шестгодишен мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-pretsedatel-sauli-ninisto-stana-tatko-na-69-godini/feed/ 0