сава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 May 2022 12:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тело на маж извлечено од водите на Сава во Белград- дали станува збор за Матеј Периш? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telo-na-maz-izvlecheno-od-vodite-na-sava-vo-belgrad-dali-stanuva-zbor-za-matej-perish/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telo-na-maz-izvlecheno-od-vodite-na-sava-vo-belgrad-dali-stanuva-zbor-za-matej-perish/#respond Sun, 08 May 2022 12:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=673601

Од Сава е извлечено тело на маж, во тек е истрага за утврување на идентитетот, објавуваат српските медиуми. – Засега не е познат идентитетот на мажот, но се наведува дека бил на возраст од околу 35 години. Тело на маж е извлечено од водата на кејот Сава во Белград, потврдија за Танјуг од српското МВР, објавуваат медиумите. Мажот имал околу 35 години, се наведува во објавата нa српските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/telo-na-maz-izvlecheno-od-vodite-na-sava-vo-belgrad-dali-stanuva-zbor-za-matej-perish/feed/ 0
Македонска премиера на филмот „Сава“ на фестивалот „Македокс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/#respond Mon, 23 Aug 2021 05:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=553817

На Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ вечер од 23 часот во Куршумли ан македонска премиера ќе има документарецот „Сава“ – патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Посветен е во сеќавање на актерката Мира Фурлан која е наратор во филмот. Копродукција е помеѓу македонската „Ортак филмс“ и „Сава филмс“ од Англија. Неодамна филмот имаше светска премиера на фестивалот „Докуфест“ во Призрен, а беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Режисер и продуцент е Метју Сомервил од Велика Британија, монтажата е на Горјан Атанасов од Северна Македонија, сниматели се Ден Мекрам и Метју Сомервил. Ова е прв долгометражен документарен филм на режисерот Сомервил, кој има завршено документарна фотографија на Универзитетот „Фалмаут“ во Лондон. Во овој филм реката има глас и во улога на наратор е актерката Мира Фурлан, а текстот за нарацијата, покрај неа, го потпишуваат и Мекрам и Сомервил. Музиката е на Робин Шлохтермајер. Фасцинацијата на режисерот поврзана со регионот на поранешните југословенски простори и луѓето кои живеат по течението на реката Сава почнала со неговото прво доаѓање на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, каде што поминал некое време во разгледување на регионот. Така почнал да ја истражува историјата, политичкиот и социјалниот живот на овие народи. Во 2013 година со автомобил од Лондон до Белград тргнал на патешествие низ градовите и селата по течението на реката. – Сакав да покажам како природата е поголема од која било нација, реките ќе течат долго и откако ќе не нема. Реките ги поврзуваат луѓето, повеќе од кое било знаме, култура или етничко припаѓање. Со овој филм сакам да покажам како најдолгата река во некогашна Југославија се уште ги поврзува луѓето, иако границите се поместени. Јас сум антинационалист, кој е вљубеник во природата. Луѓето се многу често изманипулирани и поделувани од страна на политичарите, а медиумите ја имаат таа моќ да ја сменат колективната свест. Сакам луѓето да се слушнат едни со други. Сакам луѓето да забават. Да се прифатиме едни со други и да комуницираме околу природата, вели режисерот Сомервил. Во Лондон во 2019 година се запознал со Горјан Атанасов, кој во тоа време бил на постдипломски студии по постпродукција на Универзитетот „МетФилм скул“. Освен што е задолжен за монтажа на филмот, Атанасов е и копродуцент. Одлучуваат да и дадат глас на реката, за да ги поврзат приказните на луѓето, кои живеат покрај брегот на реката Сава. Во потрага по зрел женски наратор, Сомервил добил контакт на Мира Фурлан, една од најголемите ѕвезди од југословенскиот филм, која успеа да направи и кариера во Холивуд. На неговата е-порака со покана таа да соработува на овој проект, Фурлан одговорила: „Драг Метју, многу ми е драго и се чувствувам почестена што помисливте на мене за овој прекрасен проект. Целиот мој живот го посветив против поделбата. Можам да го потпишам моето име под твојата реченица, каде зборуваш за природата и човечката поврзаност, кои се над сите опасни илузии за национализмот. Како една од граѓаните кои ја загубија својата земја во онаа бесмислена војна во која се бореа новите елити за финансиска корист, ви благодарам за овој проект. Со еден збор: Да. Би соработувала со вас на овој проект“. По една година преписки и постојан контакт преку онлајн-платформите, Фурлан пристигнала во Лондон, каде ја снимиле првата сесија за нахсинхронизација. За време на пандемијата успеале да реализираат уште една сесија преку Зум-платформата, додека таа е во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а Горјан и Метју во Лондон. – Веќе во септември не успеавме да дојдеме во контакт со неа повторно и нејзиниот сопруг не контактираше да ни пренесе дека Мира е болна. Требаше да ја снимиме со неа последната нахсинхронизација, но не успеавме. Следните три месеци беа мачни за чекање. За жал, Мира почина. Филмот е посветен во сеќавање на неа и на нашата бесценета соработка со оваа голема уметница, вели режисерот Сомервил. Во март оваа година филмот беше завршен во Скопје, а постпродукцијата во април, во Лондон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-premiera-na-filmot-sava-na-festivalot-makedoks/feed/ 0
Сава се излеа во Загреб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/#respond Sat, 08 May 2021 14:45:24 +0000 https://kurir.mk/?p=507638

Реката Сава денеска се излеа во Загреб поради високиот водостој по два дена врнежи, пренесува Индекс.хр. Силен дожд врнеше во Загреб последните два дена, а силно невреме го зафати градот завчера. Имено, за време на невремето што вчера попладне ги зафати Загреб и Загребската жупанија, граѓаните се пријавија во Центарот 112 за уништување на дрвја и гранки, оштетување на возила и лимени покриви, но за среќа нема повредени, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sava-se-izlea-vo-zagreb/feed/ 0