СБ на ОН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Jun 2018 19:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СБ на ОН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД се повлекуваат од Советот за човекови права на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povlekuvaat-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povlekuvaat-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/#respond Tue, 19 Jun 2018 19:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=67639

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува денеска да објави дека се повлекува  од Советот за човекови права на ОН, што ќе биде најново повлекување на САД од некоја меѓународна институција. Американскиот државен секретар Мајкл Помпео и американската амбасадорка во ОН Ники Хејли заедно во Стејт департментот ќе ја соопштат одлука за повлекување од главното тело на светската организација за човекови права, наведуваат четири неименувани официјални лица блиски до ова прашање. Тие информираат дека одлуката ќе биде објаснета од амбасадорката Хејли. Таа минатата година се закани со повлекување, наведувајќи како причина долгогодишните американски забелешки  дека 47-члениот Советот е пристрасен на штета на Израел. До најавата за повлекувањето на САД доаѓа само еден ден откако  шефот за човекови права на ОН Зеид Рад Ал-Хусеин ја осуди администрација на Трамп поради поделба на децата-мигранти од нивните родители на границата на САД. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-se-povlekuvaat-od-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/feed/ 0
САД бараат Турција да биде осудена на Самитот на НАТО во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-turcija-da-bide-osudena-na-samitot-na-nato-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-turcija-da-bide-osudena-na-samitot-na-nato-vo-brisel/#respond Thu, 14 Jun 2018 07:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=65682

САД повикуваат на својот следен Самит, НАТО да го осуди „недемократското и неодговорно однесување“ на неговата членка Турција, порача денеска американската сенаторка Џони Ернест на собир во Вашингтон посветен на безбедноста во ЕУ и соработката меѓу Алијансата и Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, републиканската претставничка во Сенатот од сојузната држава Ајова и членка на сенатската комисија за воени служби, го критикуваше планот на Турција да купи руски ракетен систем С-300, нарекувајќи го „едноставно неприфатлив“. - Турција ги поткопува напорите на сојузниците да ја стабилизираат ситацијата во регионот, посебно во напорите да заврши воениот конфликт во Сирија. Таа соработува со Русија која има големо влијание не само овде, туку и во многу земји на Балканот, како Србија и Косово, оцени Ернест, Според неа, Турција исто така треба да сноси одговорност и за судењето на американскиот државјанин Ендрју Брoнсон, пастор на Евангелистичката црква, кој во 2016 година, по неуспешниот воен удар беше уапсен под изговор дека соработувал со Курдската работничка партија (ПКК). - Тој се наоѓа повеќе од 600 дена во затвор и ја повикуваме Турција итно да го ослободи, како и да ги преиспита пресудите на останатите политички затвореници со американско државјанство, порача Ернст на Вашингтонскиот симпозиум за безбедност и одбрана на ЕУ. Таа го истакна ставот на официјален Вашингтон дека Русија е најголемиот стратешки соперник на НАТО во ЕУ, посебно во јужниот дел на континентот и порача дека се потребни заеднички напори и одлучна реакција да се запре кампањата на дезинформации, кибер напади и воена агресија што Русија ја спроведува во некои земји од Балканот и во блискоисточниот регион со интервенцијата во Сирија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-baraat-turcija-da-bide-osudena-na-samitot-na-nato-vo-brisel/feed/ 0
Вонредна седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/#respond Fri, 05 Jan 2018 07:41:33 +0000 http://kurir.mk/?p=6735

Советот за безбедност на Обединети нации на барање на САД денеска ќе одржи вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите-членки на СБ на ОН се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалу 21 лице, а над 450 се уапсени. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли претходно изјави дека САД покренале иницијатива во седиштата на ОН во Њујорк и во Женева да се одржи дебата за ситуацијата во Иран. Таа ги поддржа демонстранти, истакнувајќи дека ОН мора јавно да го изнесе своето мислење и да ги поддржи протестите. Заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков оцени дека американскиот предлог за одржување вонредна седница на СБ на ОН за Иран е „штетен и деструктивен“. Тој ги обвини САД да сакаат да ја искористат постоечката ситуација да го поткопаат нуклеарниот договор со Техеран. - Ги предупредуваме САД да не се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Исламска Република Иран... Протестите во Иран се внатрешна работа и го привлекуваат вниманието на меѓународната јавност, наведе Рјабков. Тој истакна дека СБ на ОН нема никаква врска со внатрешните процеси во Иран, како ниту во која било друга земја. Претходно, иранскиот генерален обвинител Мохамед Џафар Монтазери ја обвини ЦИА дека е „главен креатор“ на протестите во Иран. - Претставник на ЦИА ја предводеше операцијата, која ја поддржаа Израел и Саудиска Арабија. ЦИА планираше протестите да ги претвори во вооружен бунт во средината на февруари, на годишнината на Исламската револуција, наведе Монтазери. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп негира каква било вмешаност во протестите во Иран, а ЦИА одби да коментира таквите обвинувања. И Ајатолахот Али Хамнеи и претседателот Хасан Рохани претходно ги обвинија „непријателите на Иран“ - САД и Израел за поттикнување на масовните протести. Неименуван американски висок претставник во средата негираше дека САД се вмешани во немирите во Иран, потенцирајќи дека протестите „во целост биле спонтани“. Протестите во Иран почнаа на 28 декември во Машхад и набрзо се проширија во другите градови, но во средата Иранската револуционерна гарда прогласи крај на антивладините протест. По прогласот на Гардата има помалку вести за протестите, но се уште не е познато дали тие навистина завршија или пак иранските власти ги блокираат социјалните мрежи со цел да ги оневозможат демонстрантите да поделат нови слики од протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sednica-na-sb-na-on-posvetena-na-situacijata-vo-iran/feed/ 0