СБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ал Малики на СБ на ОН: Запрете ги масакрите врз палестинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=892804

Палестинскиот министер за надворешни работи и иселеници Ријад Ал Малики денеска го повика Советот за безбедност на ОН да ги запре „масакрите“ врз палестинскиот народ. Ал Малики, во говорот за време на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и палестинското прашање, рече дека „континуираните масакри - намерни, систематски и брутални - извршени од Израел, окупаторската сила, мора да престанат“, објави агенцијата ВАФА. Тој нагласи дека „должност на СБ е да ги запре овие масакри, додека меѓународната заедница е исто така обврзана со меѓународното право да ги спречи, а има и колективна хуманитарна должност“. „Постојаниот неуспех на Советот за безбедност е непростив“, рече Ал Малики. Тој остро ја осуди меѓународната заедница за, како што рече, нејзината „селективност и двојни стандарди“. „Дали ова масовно убивање не ве навредува? Каде е бесот поради убиствата на цивили во Појасот Газа?“, рече Ал Малики. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-maliki-na-sb-na-on-zaprete-gi-masakrite-vrz-palestinskiot-narod/feed/ 0
СБ на ОН едногласно одлучи преминот меѓу Турција и сириски Идлиб да остане отворен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/#respond Mon, 09 Jan 2023 17:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=785200

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно одлучи граничниот премин меѓу Турција и северозападна Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, да остане отворен во следните шест месеци за испорака на важни помош. Русија, главниот сојузник на Сирија, исто така гласаше за одлуката, што е изненадувачки потег бидејќи претходно се воздржуваше или ставаше вето на резолуциите за прекугранична испорака на помош. Москва се залагаше хуманитарната помош, наместо преку турската граница, да биде пренесена во северозападната сириска провинција Идлиб со конвои од областите контролирани од владата во Дамаск, преку линиите на конфликтот. Турција ги поддржува бунтовниците уште од првите години на граѓанската војна во Сирија. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека страшната хуманитарна ситуација во Сирија се влошува и оти милиони Сиријци можеби нема да ја преживеат зимата доколку не се обноват испораките на помош за Идлиб од Турција. Гутереш рече дека пратките со помош се зголемени преку борбените линии во Сирија, но додаде дека тие не можат да ја заменат „големината или обемот на масовната прекугранична операција на Обединетите нации“. Конвој од 18 камиони вчера влезе во Идлиб преку линиите на фронтот контролирани од сириските владини сили. Советот за безбедност во јули усвои резолуција за шестмесечно продолжување на испораката на хуманитарна помош за Идлиб, каде живеат 4,1 милион луѓе. Многу од нив се внатрешно раселени поради речиси 12-годишниот конфликт во кој загинаа стотици илјади луѓе, а раселени се половина од 23-те милиони кои живееле во Сирија пред војната. Денешната резолуција дозволува испораката на помош за Идлиб преку преминот Баб ал Хава од Турција да продолжи во следните шест месеци, до 10 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ednoglasno-odluchi-preminot-megu-turtsija-i-siriski-idlib-da-ostane-otvoren/feed/ 0
Русија побара итен состанок на СБ на ОН за Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=722409

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации за нуклеарната централа Запорожје, изјави рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански. – Во врска со актуелните украински провокации со нуклеарната централа, побаравме итен состанок на СБ со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“, напиша Пољански на Телеграм. Според него, средбата е планирана за денеска во 21 часот. Пољански истакна дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да одржи говор на средбата. Западните земји побараа на 24 август да се одржи уште една средба за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/feed/ 0
СБ на ОН не се договори за изјавата за Договорот за извоз на жито и ѓубриво од Украина и од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ne-se-dogovori-za-izjavata-za-dogovorot-za-izvoz-na-zito-i-gjubrivo-od-ukraina-i-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ne-se-dogovori-za-izjavata-za-dogovorot-za-izvoz-na-zito-i-gjubrivo-od-ukraina-i-od-rusija/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=711307

Советот за безбедност на Обединети нации не успеа да се договори за текстот на изјавата во која се поздравува договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија на светските пазари. Во соопштението од СБ на ОН се истакнуваат заслугите на генералниот секретар Антонио Гутереш и на Владата на Турција за постигнувањето Договорот, чија цел е да се намали заканата од глад низ целиот свет. Норвешка и Мексико со денови работат да го обединат светот во една порака, која го поздравува историскиот Договор за обновување на извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црно Море. Жалиме што тоа не беше можно, изјави норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул. Гутереш го опиша договорот како без преседан за две земји во крвав конфликт и „сигнал на надеж“ за милиони луѓе кои се соочуваат со големо зголемување на цените на храната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-ne-se-dogovori-za-izjavata-za-dogovorot-za-izvoz-na-zito-i-gjubrivo-od-ukraina-i-od-rusija/feed/ 0
СБ на ОН усвои резолуција за помош на Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-usvoi-rezolucija-za-pomosh-na-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-usvoi-rezolucija-za-pomosh-na-avganistan/#respond Wed, 22 Dec 2021 18:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=611812

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција предложена од САД за олеснување на хуманитарната помош за Авганистан за една година, со надеж дека талибанците нема да ги искористат средствата за себе. Резолуцијата овластува исплата на средства за обезбедување на потребните добра и услуги со цел да се одговори на основните хуманитарни потреби во Авганистан, што, како што се наведува, не претставува кршење на санкциите воведени на лица и тела поврзани со талибанците. Усвојувањето на овој текст го претставува првиот чекор на ОН кон Авганистан, каде што талибанците се на власт од август и во моментов не се признаени од меѓународната заедница. Портпаролот на талибанците изјави во Кабул дека резолуцијата на ОН е „добар чекор напред“. Резолуцијата има за цел да го намали ризикот од прилив на бегалци кои бегаат од сиромаштијата во соседните земји на Авганистан и да одговори на зголемената потреба за помош. – Овој хуманитарен исклучок има за цел да ја олесни помошта за авганистанскиот народ, но тоа не е бланко чек за организациите кои ги прекршуваат нивните меѓународни обврски, рече помошникот на американскиот амбасадор во ОН Џефри Делаурентис, алудирајќи на талибанците. За разлика од претходната верзија на текстот, која предвидуваше ограничени исклучоци од санкциите од случај до случај, што беше отфрлена од Кина во понеделникот, оваа резолуција го опфаќа обезбедувањето хуманитарна помош во поширока смисла. – Сегашната ситуација во Авганистан е критична и хуманитарната криза треба да се реши што е можно поскоро, изјави кинескиот амбасадор во ОН Џанг Џун. „Хуманитарната помош не треба да оди со услови и не треба да се политизира“, додаде тој, отфрлајќи секаков „произволен услов“. Во обид да се гарантира дека помошта ќе оди за Авганистанците и дека талибанците нема да имаат корист од неа, резолуцијата предвидува по 12 месеци повторно да се испита овој општ исклучок поврзан со хуманитарната помош. Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс го поздрави усвојувањето на резолуцијата, која ќе им овозможи на околу 160 хуманитарни организации во Авганистан да одговорат на алармантните нивоа на потреби во земјата и да го намалат страдањето на населението. Откако талибанците се вратија на власт во средината на август, САД замрзнаа скоро 9,5 милијарди долари од фондовите на авганистанската централна банка, а Светската банка исто така ја прекина помошта за Кабул. Русија денеска побара одмрзнување на средствата и финансиските ресурси кои Западот ги блокираше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-usvoi-rezolucija-za-pomosh-na-avganistan/feed/ 0
Бенет од СБ на ОН побара мерки против Иран поради нуклеарната програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=577746

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Иран поради ескалација на нуклеарната програма на земјата. Бенет зборуваше на конференција во Ерусалим, на која сугерираше дека однесувањето на Иран е проблем на секоја нација, како и дека е предмет на глобална одговорност. Откако преговорите меѓу Техеран и светските сили за заживување на нуклеарниот договор беа во прекин претходно оваа година, Иран ги прекрши ограничувањата утврдени во договорот. Бенет го пренесе својот аргумент до другите лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, а тоа е дека Иран ги крши основните меѓународни обврски од нуклеарниот договор од 2015 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/feed/ 0
Без заедничка изјава заврши првата средба на СБ на ОН за Етиопија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-zaednichka-izjava-zavrshi-prvata-sredba-na-sb-na-on-za-etiopija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-zaednichka-izjava-zavrshi-prvata-sredba-na-sb-na-on-za-etiopija/#respond Wed, 25 Nov 2020 07:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=434000

Советот за безбедност на ООН синоќа го одржа својот прв состанок за војната во провинцијата Тиграј во Етиопија, од каде повеќе од 40.000 луѓе избегаа во соседен Судан, но средбата заврши без заедничка изјава. – Јужна Африка побара време за нејзините претставници да можат да се консултираат и да го пренесат случајот на Африканската унија. А (заедничката) изјава на Советот за безбедност може да ја комплицира ситуацијата, изјави за АФП неименуван африкански дипломат, пренесува Бета. . – Европејците изразија загриженост, го осудија етничкото насилство и повикаа на заштита на цивилите, рече европски дипломат. На прашањето за двоумењата што доминираат во Советот за безбедност во врска со конфликтот во Тиграј, портпаролот на ОН, Стефан Дижарик истакна дека Африканската унија е веќе во првите редови на меѓународните напори во врска со Етиопија и дека генералниот секретар го поддржува тој пристап. Во попладневните часови, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повторно изрази загриженост за можната воена офанзива врз главниот град на Тиграј, Мекеле. Тој „ги повика етиопските лидери да сторат се што е можно за да се заштитат цивилите, да се почитуваат човековите права и да се обезбеди хуманитарен пристап“ до населението, се вели во соопштението. Меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ ги повика ОН да го испита кршењето на човековите права и дискриминација на етничките групи во Етиопија, како и фактот дека ги повлече своите припадници на мировните сили на ООН од Тиграј од мисијата „сини шлемови“ во Јужен Судан. Средбата на Советот за безбедност на ООН, виртуелна и без присуство на јавноста, траеше само осумдесет минути. На барање на европските членки на Советот – Белгија, Германија, Франција, Естонија, Велика Британија, како и САД, беше свикана затоа што нивните африкански колеги претходно ја откажаа, иако побараа состанок во понеделникот. „Неопходно е да им се даде повеќе време на регионалните напори“, изјави африкански дипломат за АФП за повлекувањето на Јужна Африка, сега претседавач со Африканската унија, Нигер, Тунис и Свети Винсент и Гренадини – четирите непостојани членки на Советот за безбедност. – Африканските земји велат: „Африкански решенија за африканските проблеми”. Ние мора да го почитуваме тоа, но до одредена мерка, рече европски дипломат под услов да остане анонимен. – Во одреден момент треба да го ставиме на дневен ред овој случај (Етиопија), дури и ако тоа не им се допаѓа на Африканците, додаде тој. Африканската унија во петокот објави дека тројца поранешни претседатели се назначени да посредуваат во Етиопија: Јоаким Чисано (Мозамбик), Елен Џонсон-Сирлиф (Либерија) и Кгалема Мотланте (Јужна Африка). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bez-zaednichka-izjava-zavrshi-prvata-sredba-na-sb-na-on-za-etiopija/feed/ 0
СБ на ОН денеска ќе одржи итна седница за Нагорно-Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-kje-odrzi-itna-sednica-za-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-kje-odrzi-itna-sednica-za-nagorno-karabah/#respond Tue, 29 Sep 2020 05:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=409818

Советот за безбедност на Обединети нации на барање на европските држави денеска ќе одржи итна седница за Нагорно-Карабах, каде во тек е судир помеѓу ерменската и азербејџанската војска. Германија и Франција ја поднесоа иницијативата, а беа поддржани и од Естонија, Белгија и Велика Британија. Седницата на СБ ќе се одржи зад затворени врати. Ерменија и Азербејџан со децении се борат за Нагорно-Карабах, област претежно населена со Ерменци, која за време на СССР беше припоена кон Азербејџан. Во судирите за контрола врз Нагорно-Карабах во периодот од 1988 до 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а повеќе стотици илијади луѓе ги напуштија своите домови. Во 1994 година потпишано е примирје, но Баку и Ереван не се договорија за правниот статус на спорната област, која официјално и понатаму е дел од Азербејџан. Оттогаш има спорадични судири во Нагорно-Карабах, што се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-deneska-kje-odrzi-itna-sednica-za-nagorno-karabah/feed/ 0
СБ на ОН зад затворени врати расправаше за Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-zad-zatvoreni-vrati-raspravashe-za-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-zad-zatvoreni-vrati-raspravashe-za-belorusija/#respond Wed, 19 Aug 2020 07:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=392462

На барање на САД и Естонија, синоќа во Њујорк зад затворени врати се оддржаа консулатции на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Белорусија. Заменик постојаниот претставник на Русија во СБ на ОН, Дмитриј Полански по средбата изјави дека внатрешната состојба во Белорусија не треба да биде предмет на дискусии на ова тело, објави синоќа Тасс. „Укажувајќи дека тоа е внатрешно прашање на Белорусија, а не предмет на дискусија на Советот за безбедност на ОН, Русија истакна дека само Белорусите можат да ги решат проблемите на нивната земја без интервенција од надвор“, напиша Полански на Твитер. Русија, исто така, укажа на „двојните стандарди на нашите западни колеги кои пред СБ на ОН не ги изнесуваат сличните пост-изборни проблеми и случаи на полициска бруталност во нивните и другите земји“. По изборите од 9 август во Белорусија, што ги доби Александар Лукашенко, секојдневно се одржуваат протести во кои досега имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sb-na-on-zad-zatvoreni-vrati-raspravashe-za-belorusija/feed/ 0
Путин предлага самит на петте постојани членки на СБ на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/#respond Fri, 19 Jun 2020 14:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=359949

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми што е можно поскоро. Путин тој повик го испраќа во написот објавен на англиски јазик во американското списание за меѓународни односи, Национален интерес, во кој ги анализирал настаните од Втората светска војна. Анализата на Путин е објавена пред парадата закажана за следната недела на Црвениот плоштад во Москва за одбележување на 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. „Денес, исто како и во 1945 година, важно е да се покаже политичка волја и да се дискутира заедно за иднината“, напиша рускиот претседател. Тој предлага самитот да се одржи во јануари, а четири земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Кина, Франција и Велика Британија, во принцип потврдија дека се согласуваат. Москва се надева дека самитот би можел да биде организиран кога стравот од коронавирусот ќе се смири. Москва објави дека самитот ќе биде посветен на глобалната економија, безбедноста, контролата на оружјето, екстремизмот, компјутерската безбедност и климатските промени, а Путин најави дека Русија ќе ги претстави своите идеи и иницијативи на сите тие теми. „Потпирајќи се на заедничка историска меморија, можеме и мораме да веруваме едни на други. Тоа ќе биде цврста основа за успешни преговори и насочена акција во корист на обезбедување … стабилност и безбедност за целата планета“, напиша Путин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-predlaga-samit-na-pette-postojani-chlenki-na-sb-na-on/feed/ 0