СЦ „Борис Трајковски“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 Jan 2023 11:09:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СЦ „Борис Трајковски“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет лица приведени во салата „Борис Трајковски“: Со дрога славеле Нова година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-lica-privedeni-vo-salata-boris-trajkovski-so-droga-slavele-nova-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-lica-privedeni-vo-salata-boris-trajkovski-so-droga-slavele-nova-godina/#respond Sun, 01 Jan 2023 11:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=782978

Во периодот од 22:30 часот на 31.12.2022 до 02:30 часот на 01.01.2022 во спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(26) од Босна и Херцеговина, К.А.(19) од Скопје, Д.А.(20) од Скопје, А.М.(42) од Неготино и А.Д.(18) од Скопје. При преглед кај нив, кај Л.М. била пронајдена и одземена марихуана, кај К.А. била пронајдена прашкаста материја, кај Д.А. била пронајдена  таблета, кај А.М. била пронајдена бела прашкаста материја и кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pet-lica-privedeni-vo-salata-boris-trajkovski-so-droga-slavele-nova-godina/feed/ 0
Затворен најголемиот вакцинален пункт „Борис Трајковски“ – граѓаните со сè помал интерес за вакцинација ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-najgolemiot-vakcinalen-punkt-boris-trajkovski-gragjanite-so-se-pomal-interes-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-najgolemiot-vakcinalen-punkt-boris-trajkovski-gragjanite-so-se-pomal-interes-za-vakcinacija/#respond Sat, 02 Oct 2021 20:02:06 +0000 https://kurir.mk/?p=572053

Скопската сала „Борис Трајковски“ која беше најголем функционален пункт од синоќа повеќе не е во функција. Тоа се должи на намалениот интерес на граѓаните за вакцинирање. Од Министерството за здравство информираат дека повторно ќе биде отворен доколку има потреба. - Како друга причина за затворање на овој пункт е тоа што просториите на центарот се потребни за други активности. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, најмногу граѓани вакцинирани со прва доза има во Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најголем опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш-велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-najgolemiot-vakcinalen-punkt-boris-trajkovski-gragjanite-so-se-pomal-interes-za-vakcinacija/feed/ 0
Од денеска вакцинација во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vakcinacija-vo-malata-sala-na-sc-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vakcinacija-vo-malata-sala-na-sc-boris-trajkovski/#respond Thu, 26 Aug 2021 06:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=555113

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин. Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-vakcinacija-vo-malata-sala-na-sc-boris-trajkovski/feed/ 0
Здравствени работници ги прекинаа годишните одмори – „Борис Трајковски“ повторно се отвара за вакцинирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-gi-prekinaa-godishnite-odmori-boris-trajkovski-povtorno-se-otvara-za-vakciniranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-gi-prekinaa-godishnite-odmori-boris-trajkovski-povtorno-se-otvara-za-vakciniranje/#respond Sat, 21 Aug 2021 12:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=553358

Вип Арената Борис Трајковски повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека овој пат нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата. -Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-gi-prekinaa-godishnite-odmori-boris-trajkovski-povtorno-se-otvara-za-vakciniranje/feed/ 0
Зафировски: СДСМ и Шилегов продолжуваат со бетонизација на Карпош , ќе се уништува најголемиот спортски храм „Борис Трајковски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-sdsm-i-shilegov-prodolzuvaat-so-betonizacija-na-karposh-kje-se-unishtuva-najgolemiot-sportski-hram-boris-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-sdsm-i-shilegov-prodolzuvaat-so-betonizacija-na-karposh-kje-se-unishtuva-najgolemiot-sportski-hram-boris-trajkovski/#respond Fri, 20 Aug 2021 12:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=553023

Денеска сме пред општината Карпош за да присуствуваме на презентација на предлог ДУП-от за реонот на „Борис Трајковски“. Со овој ДУП се предвидува улица која што ќе ги уништи тениските терени и картинг центарот. Општината Карпош во ек на одмори во август и пред избори закажува јавна презентација и јавен увид мислејќи дека со тоа ќе помине незабележано и дека граѓаните на општина Карпош ќе го испуштат овој момент за да можат да реагираат, дека на мала врата ќе успеат да пробуткаат бетонизација на „Борис Трајковски“. Но ние сме денеска тука за да можеме да го спречиме сето тоа. Загрижени се граѓаните а ние мораме како општествено одговорни јасно и гласно да кажеме дека нашиот став е против овој ДУП. Сакаме да ни се објасни зошто се менува ДУП-от, ваков ДУП не смее да се донесе за Карпош. Планот да се срушат сите тениски терени, картинг центарот и терасата на базенот за да се добие прометна улица која ќе води до огромни бетонски згради е недопустливо. Со оваа улица ќе се уништат повеќе од 10.000 метри квадратни корисна површина. Регулацискиот план ќе донесе бетонска тврдина наместо веќе постоечките објекти за спорт и рекреација. Заради олигархијата и нивните бизнис интереси, Петре Шилегов со помош на Стефан Богоев сакаат да го уништат најголемиот спортски храм во Македонија. Преку 500 дечиња ќе останат без можност за спорт и рекреација, а исто така нивните тренери ќе ги изгубат работните места и егзистенција, а ние од Карпош ќе останеме без најубавите спортски спомени. Почитувани, ја повикуваме општината ја го повлече овој ДУП и да размисли за нови паркови и зелени површини околу спортскиот центар „Борис Трајковски“. Даваме шанса уште еднаш, пред да биде готово. Во октомври на претстојните избори имаме шанса да ги казниме овие бетонски политики, а потоа да бараме одговорност како од Петре Шилегов, така и од Стефан Богоев. Долго живеам во општина Карпош и пред 20 години кога ќе го отворев мојот прозорец ја гледав шумата на Водно зелена, сега кога ќе го отворам мојот прозорец гледам дека половина од Водно е веќе урбанизирано и бетонизирано. Ако продолжиме со ваква бетонизација, се плашам дека за десет до петнаесет години, не ќе можеме да го видиме ниту крстот на Водно. Затоа стоп за бетонизацијата, предност даваме на еколошките проекти, а градоначалникот треба да се бави со екологија и реализација на многу други потешки проблеми на жителите на општина Карпош. Бетонизацијата е завршена работа и е нешто кое што треба да е минато на секоја општина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-sdsm-i-shilegov-prodolzuvaat-so-betonizacija-na-karposh-kje-se-unishtuva-najgolemiot-sportski-hram-boris-trajkovski/feed/ 0
Денеска ќе се вакцинираат пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-vakciniraat-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-vakciniraat-pratenicite/#respond Fri, 23 Apr 2021 05:27:48 +0000 https://kurir.mk/?p=501034

Во салата „Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот. Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. На 14 април беа вакцинирани собраниските служби. -Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Министерството. Во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација. Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на „vakcinacija.mk“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-vakciniraat-pratenicite/feed/ 0
Донесена одлука: СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде вакцинален центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-sc-boris-trajkovski-kje-bide-vakcinalen-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-sc-boris-trajkovski-kje-bide-vakcinalen-centar/#respond Thu, 01 Apr 2021 18:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=490996

Владата денеска на седница го задолжи Министерството за здравство, врз основа на одлуката за кризна состојба на дел од територијата на Македонија, да ги ангажира сите свои стручни и други неопходни капацитети за спроведување на масовна вакцинација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Како што соопшти владината прес-служба, со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ „Борис Трајковски“ да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-odluka-sc-boris-trajkovski-kje-bide-vakcinalen-centar/feed/ 0
ФОТО: СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sc-boris-trajkovski-se-podgotvuva-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sc-boris-trajkovski-se-podgotvuva-za-vakcinacija/#respond Thu, 01 Apr 2021 08:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=490658

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација. -Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот. Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, напиша Филипче на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sc-boris-trajkovski-se-podgotvuva-za-vakcinacija/feed/ 0
СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи наредните 14 дена https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sc-boris-trajkovski-nema-da-raboti-narednite-14-dena/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sc-boris-trajkovski-nema-da-raboti-narednite-14-dena/#respond Wed, 11 Mar 2020 07:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=314903

Согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, истиот нема да работи, информираат од спортскиот центар. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sc-boris-trajkovski-nema-da-raboti-narednite-14-dena/feed/ 0
Скопскиот Аква Парк ќе работи до 8-ми септември, годинава продадени над 37.000 влезници https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskiot-akva-park-kje-raboti-do-8-mi-septemvri-godinava-prodadeni-nad-37-000-vleznici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskiot-akva-park-kje-raboti-do-8-mi-septemvri-godinava-prodadeni-nad-37-000-vleznici/#respond Fri, 30 Aug 2019 09:05:25 +0000 https://kurir.mk/?p=234967

Аква паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ова лето ја имаше најуспешната сезона досега со над 37.000 продадени влезници. Посетителите цело лето имаа можност да уживаат во сите атракции и места за одмор кои ги нуди паркот. Аква Парк ќе работи и овој викенд до 1-ви септември, а последна шанса за релаксација и забава оваа сезона, посетителите ќе имаат наредниот викенд, односно на 7-ми и 8-ми септември, а деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета. По затворањето на Аква Парк, рекреативно ќе може да пливате и во затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски“ во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар  започнува и нова сезона на Аеробик вежбање со термин од 19:00, секојдневно од понеделник до петок. Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи и кугланата, реновирана и подготвена за родендени, прослави, тим билдинг и професионално и аматерско натпреварување во куглање. Другите содржини кои ги нуди центарот се  сауна, пинг понг, фитнес, а наскоро ќе започне и концертната сезона, како и спортските натпреварувања во арената и малата сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopskiot-akva-park-kje-raboti-do-8-mi-septemvri-godinava-prodadeni-nad-37-000-vleznici/feed/ 0