сценарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 19:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сценарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мисајловски: Се подготвуваат нови сценарија за Македонија, а одговорот следи токму од вас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-podgotvuvaat-novi-scenarija-za-makedonija-a-odgovorot-sledi-tokmu-od-vas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-podgotvuvaat-novi-scenarija-za-makedonija-a-odgovorot-sledi-tokmu-od-vas/#respond Sun, 12 Jul 2020 19:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=374866

Се подготвуваат нови сценарија за Македонија, а одговорот следи токму од вас, рече на денешната средба со граѓаните од Ѓорче Петров носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски. -Сакаа да ме заплашат, да престанам да водам кампања и бидам тоа што сум. Со гордост можам да кажам дека ја имавме најдобрата, најпозитивната и најубавата кампања што било кој носител ја имал во Република Македонија, рече Мисајловски. -Во среда се гласа, јас ќе ве замолам сите вас, да разговарате со секој еден пријател, со секој еден комшија, сосед, со секој еден што го познавате да ни ја даде довербата. Зошто после 15-ти може да биде доцна. После 15-ти некој може да побара да ја раздели Македонија, после 15-ти некој ќе сака македонскиот јазик да не биди македонски јазик, после 15-ти некој ќе сака Гоце Делчев или Ѓорче петров да не биде Македонец. Јас ова не го зборувам паушално, колку да го кажам за некој плус глас. Видовте што се случуваше изминатите три години, видовте дека постојат политичари дека за пусти пари ќе продадат се, истакна Мисајловски. Целиот говор на Мисајловски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 можете да го погледнете во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-se-podgotvuvaat-novi-scenarija-za-makedonija-a-odgovorot-sledi-tokmu-od-vas/feed/ 0
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-tri-scenarija-za-parlamentarnite-izbori-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-tri-scenarija-za-parlamentarnite-izbori-vo-grcija/#respond Tue, 20 Nov 2018 10:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=129917

Избори во мај 2019, на почетокот на следната година или регуларно, како што е предвидено, во октомври 2019, се трите сценарија што ги анализира грчкиот весник „Катимерини“ во врска со тоа кога во Грција би можеле да се одржат следните парламентарни избори. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во трите сценарија централно место има Договорот од Преспа, Грчкиот весник, анализата ја започнува со изјавата на грчкиот премир Алексис Ципрас од септември годинава за време на прес-конференцијата на Меѓународниот саем во Солун, кога рече дека основна цел е парламентарните избори да се одржат во октомври 2019, но дека се ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите во следниот период. Според „Катимерини“, доминантното сценарио е избори во мај, заедно со локалните и изборите за Европскиот парламент, а централната оска на ова сценарио е Договорот од Преспа, „кој на крајот од јануари ќе заврши во ПЈРМ и ќе помине на теренот на Грција“. Весникот го споменува и ставот на коалицискиот партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци, дека ќе гласа против ратификација на договорот и ќе ги повлече своите министри. – Поддржувачите на ова велат дека дури и Владата да најде – што во овој момент изгледа сигурно – мнозинство за да се задржи на власт по иницијатива за гласање недоверба, таа ќе го има загубено „нејзиниот легитимитет“ и затоа господинот Ципрас, ќе треба, во логичен временски период да ја одведе земјата на избори. Негативно за Владата, во овој случај е дека Договорот од Преспа ќе биде уште свеж, со што и ќе влијае на однесувањето на изборното тело во Северна Грција, пишува „Катимерини“. Избори во октомври 2019, кога и завршува четиригодишниот мандат на Владата, е второто и помалку веројатно сценарио, според „Катимерини“, но и сценарио кое во последно време „освојува терен во Владата“ – Основниот аргумент е дека позитивните мерки кои веќе почнаа да доаѓаат ќе се „зацврстат” во општеството , а граѓаните „во нивниот џеб” ќе го констатираат крајот на меморандумите. Паралелно, фактот дека Панос Каменос, ќе ја напушти Владата на почетокот на годината, неизбежно ќе доведе до реконструкција со „левоцентристички предзнак”, што ќе даде почист „идеолошки“ жиг на Владата, објави грчкиот весник. Третото, според „Катимерини“, постоечко и реално, но во овој момент слабо сценарио, е избори на почетокот на следната година, веројатно во март, штом биде ратификуван Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Но, и во овој случај, како и во сценариото за избори во мај, весникот вели дека негативното е тоа што ќе биде свеж договорот и незадоволството на граѓаните, особено на оние од Северна Грција, можеби ќе се отслика на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-tri-scenarija-za-parlamentarnite-izbori-vo-grcija/feed/ 0