Сценарист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Aug 2019 08:30:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сценарист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-srpskiot-scenarist-gordan-mihikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-srpskiot-scenarist-gordan-mihikj/#respond Tue, 13 Aug 2019 08:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=229151

Авторот на македонската класика „Среќна Нова ’49-та”, сценаристот, драмски писател и режисер Гордан Михиќ, почина на 80-годишна возраст. Тоа на јавноста преку Твитер ѝ го соопшти неговата ќерка Ивана Михиќ. Гордан Михиќ бил редовен професор на белградскиот Факултет за драмски уметности, каде што предаваше филмско сценарио. Беше оженет за глумицата Вера Чукиќ и татко на Ивана Михиќ, исто така глумица. Починал по изненадна болест, пренесуваат српските медиуми. Михиќ е автор на повеќе дела: „Кучето што сакаше возови” (роман), филмот „Среќна Нова ’49-та”, „Кутрите мали хрчки”, „Тераса на кровот и други сценарија”, „Црна мачка, бел мачор”, „Купи ми Елиот” (роман), „Династијата Немањиќ, раѓање на кралството”, „Абсурдистан”, „Воена академија”… Меѓу позначајните награди што ги добил, се: Прва награда за сценарио за филмот „Освајување на слободата“, на Фестивалот за филмски сценарија во Врњачка Бања, 1979 година; Прва награда за сценарио за филмот „Балкан експрес”, на Фестивалот во Врњачка Бања, 1983.; Златна арена за сценарио за „Среќна Нова ’49-та”, Пула, 1986., како и на Фестивалот во Врњачка Бања истата година; Прва награда за сценарио за „Црна мачка, бел мачор”, на 23. Фестивал во Врњачка Бања, 1999., каде што ја доби и специјалната награда Кристална призма за севкупен придонес за српскиот филм. Пишувал сценарија и за филмовите: „Ранета земја”, „Таа ја сака Црвена звезда”, „Туѓа Америка”, „Лажливо лето 1968″, „Камионџии”, „Дом за бесење”, „Дојде време љубовта да се проба”, „Скокот на јагуарот”, „Сив дом”, „И, Бог ја создаде кафанската пејачка”, „Бубашинтер”, „Кога ќе бидам мртов и бел”, „Заборавени”, „Почетниот удар”, „Танго аргентино”, „Дневник на навредите”, „Отворена врата” и други. Михиќ почина во неделата рано наутро. Ќе биде погребан во најтесниот круг на семејството, близу манастирот Раиновац во Белград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-srpskiot-scenarist-gordan-mihikj/feed/ 0
Сценаристот на „Чернобил“ бил восхитен од реакциите на гледачите од Русија и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/#respond Sat, 08 Jun 2019 08:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=206901

Реакцијата на гледачите во земјите од поранешниот Советски Сојуз била восхитувачка за Крег Мејзин, сценарист на серијалот „Чернобил“ , јави „Холивуд Рипортер“. Креаторот на проектот изјави дека бил загрижен какво ќе биде мислењето на Русите и Украинците за оваа серија. Снимен во пет продолженија, серијалот со документарно-филмувани елементи дава светлина на нуклеарната катастрофа во атомската централа Чернобил која се случи пред 33 години. Според Мејзин, филмската екипа работела со љубов и почит во реконструкција на секојдневниот живот во поренешен Советски Сојуз. -Со сите сили се трудевме да ги предадеме деталите најреалистично, изјави тој. Тој додаде дека сакал да покаже нешто многу поглобално и почовечно отколку добрата или лошата страна на историјата. Експлозијата во четвртиот реактор на атомската ценрала во Чернобил се случи во ноќните часови на 26 април 1986 година. Подоцна се дозна дека светот бил соочен со една од најопасните технолошки катастрафи во историјата на користењето на нуклеарната енергија во мирнодопски цели. Без пожртвуваноста на стотици луѓе вклучени во справувањето со последиците од катастрофата, во деновите и неделите после експлозијата можело да се случи тотално растопување на елементите од нуклерното гориво на реакторот, што би довело до уште една нуклеарна експлозија. Таквиот развој на настаните би бил погубен за голем дел од Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/scenaristot-na-chernobil-bil-voshiten-od-reakciite-na-gledachite-od-rusija-i-ukraina/feed/ 0