сдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 16:22:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДК открива кои се скопските газди меѓу уапсените за кражба на луксузни автомобили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/#respond Wed, 05 Jul 2023 14:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=853193

Меѓу уапсените 18 лица за кражба на луксузни автомобили од неколку европски држави се и газдите на два познати угостителски локали во центарот на Скопје, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори на истрагата. Едниот од нив е и сопственик на фабрика за колачиња, а меѓу уапсените е и газда на менувачница. Од МВР, пак, уапсени се пет вработени од управните служби, кои ги фалсификувале и ги подготвувале документите за регистрација на украдените нови возила. Возилата што се краделе па препродавале биле исклучиво под лизинг во странство. Скопското обвинителство отвори истрага за криумчарење луксузни автомобили со 20-мина осомничени, од кои петмина се вработени во МВР. Обвинителството соопшти дека до овој момент од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по двајца сè уште се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство. Меѓу осомничените има и мажи и жени. Осуммина од овие 18 се осомничени за кривичните дела Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи, а останатите 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. Македонската Царина помогнала во неколкумесечната истрага. Од Царината нема вмешани или осомничени. Истрагата вели дека се краделе луксузни коли дадени на лизинг, произведени најчесто во 2021 година. Во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на патнички моторни возила избегнувајќи ја царинската контрола како непријавена стока, во вкупна вредност од големи размери. Употребувале лажни јавни исправи како вистинити, за да ги регистрираат автомобилите, по што ги продавале возилата за кои знаеле дека се предмет на кривично дело. Најголем дел од автомобилите биле предмет на меѓународни потраги, како украдени. Биле крадени во различни европски земји и внесувани во Македонија со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. Некои од овие нови лусузни коли биле намерно опожарени, за да им се прикрие бројот на шасијата. Но, и за да се скријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по најнормално (трајно) ги продавале на физички и на правни лица во државава. Во текот на постапката обезбедени се докази за внесување и препродажба на 14 вакви автомобили и еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра. Скопскиот надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор за осум осомничени за кои ќе се води истрага, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-otkriva-koi-se-skopskite-gazdi-megu-uapsenite-za-krazhba-na-luksuzni-avtomobili/feed/ 0
СДК: Кој ги подмирил трошоците на Тупанчевски, Фетаи и Нанев за патот во Палермо? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653279

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Бидејќи станува збор за избрани и именувани лица, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, вели Ивановска. САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша тројцата со смс порака за трошоците, но не доби одговор до објавување на текстот. Судијата Нанев е поранешен долгогодишен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Македонија синоќа ја победи Италија со 1:0 и во вторник во Порто ќе игра против Португалија за пласман на СП 2022. Фудбалската федерација на Македонија редовно носи свои гости на патувањата на репрезентацијата, обично со чартер летови. ФФМ е најбогатата спортска федерација во земјата и не прима пари од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/feed/ 0
Сопругата на новинарот Горан Михајловски доби 200.000 евра од државата преку Фонд за иновации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-novinarot-goran-mihajlovski-dobi-200-000-evra-od-drzavata-preku-fond-za-inovacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-novinarot-goran-mihajlovski-dobi-200-000-evra-od-drzavata-preku-fond-za-inovacii/#respond Tue, 24 Jul 2018 08:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=80300

Листата на провладини портали и медиуми кои добија пари од државниот Фонд за иновации се зголемува. Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави уште еден случај на потенцијална корупција при доделувањето на грантови од Фондот, каде овој пат среќниот добитник е Искра Јовановска Михајловска сопруга на сопственикот на порталот ,,Сакам да кажам’’, новинарот Горан Михајловски, пишува Инфомакс. -“Сакам да кажам” (СДК) дека сум многу среќен што и сопругата на Горан Михајловски Пиже има добиено 150-и-кусур илјади евра како би дошол животот. Пиже инаку е заведен како полициски соработник под кодно име “Ресенски воз” (Чуф, чуф реденка…). Втор ред, прва од десно. Хепи фемили…, напиша Неделковски на својот Фејсбук. Имено Михајловска со својата микро команија ,,Веда ДОО Скопје’’, доби 13,8 милиони евра или речиси 223 илјади евра од државата. Ова не е прв ваков случај некој од провладините медиуми или лица блиски до провладините медиуми да добијат огромна сума на пари од државата, да се потсетиме дека на нашиот портал пред само неколку дена објавивме дека помеѓу добитниците на милионски грантови од Фондот за иновации се најде и весникот ,,Слободен печат’’. Очигледно е дека медиумската пропаганда е клучна за Заев и СДСМ во наредниот период, кога власта се соочува со намалена поддршка во очи референдумот за промена на името, пишува Инфомакс. -На крајот од денот сите овие медиумски чинители во иднина ќе бидат запомнети како медиуми кои за огромни суми на пари и бенефиции учествувале во националното предавство, промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава, стои во текстот на порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprugata-na-novinarot-goran-mihajlovski-dobi-200-000-evra-od-drzavata-preku-fond-za-inovacii/feed/ 0