себастија курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jan 2020 11:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png себастија курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата австриска Влада стапи на должност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-avstriska-vlada-stapi-na-dolznost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-avstriska-vlada-stapi-na-dolznost/#respond Tue, 07 Jan 2020 11:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=286436

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц денеска положи заклетва и стапи на должност. Коалицискиот Кабинет е составен од конзервативната Народна партија на Австрија на Курц со партнери – Зелените. Вицеканцелар е Вернен Коглер, кој ќе го раководи Министерството за спорт и јавни служби. Точно 100 дена од предвремените парламентарни избори, Австрија доби нова влада од која, како што рече претседателот Александар ван дер Белен, граѓаните имаат големи очекувања. Канцеларот Курц, кој вторпат ја предводи Владата, е повторно најмладиот државник во светот. Ова е најмладата влада и влада со најголем процент жени – повеќе од 53 проценти од министрите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novata-avstriska-vlada-stapi-na-dolznost/feed/ 0
Курц во посета на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurc-vo-poseta-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurc-vo-poseta-na-srbija/#respond Mon, 05 Nov 2018 07:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=123439

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ќе престојува во посета на Белград, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Според најавите од Виена, главна тема на средбите на Курц со неговите српски домаќини ќе бидат билатералните односи, дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и процесот на приближување на Србија кон ЕУ. Ова е втора посета на Србија на висок австриски претставник во краток временски период, откако пред неколку недела во Белград престојуваше претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен. Од Белград, Курц вечерва ќе отпатува за Приштина, каде утре ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи и со премиерот Рамуш Харадинај, по што ќе ги посети и австриските војници во составот на Меѓународната мисија на Косово (КФОР). Во соопштение на Кабинетот на Курц се наведува дека целта на неговите посети е „да ги охрабри Белград и Приштина за понатамошен напредок во дијалогот, што е предуслов за членство во ЕУ“. – ЕУ ќе биде целосна дури кога нејзини членки ќе станат и државите од Западен Балкан, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurc-vo-poseta-na-srbija/feed/ 0