себастијан курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Dec 2021 12:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png себастијан курц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курц се откажа од 75.000 евра од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-otkaza-od-75-000-evra-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-otkaza-od-75-000-evra-od-drzavata/#respond Thu, 09 Dec 2021 12:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=606079

Доскорешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата на шеф на пратеничкиот клуб на партијата, на која би има право шест месеци по напуштањето на функцијата. Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на овие гарантирани приходи. Тој има право на 75 отсто од платата што месечно е повисока од 15.000 евра бруто, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра. Меѓутоа, Курц изјави дека нема намера да аплицира за тие пари. -Моето разбирање за политиката отсекогаш било дека сакам да и служам на државата и да работам за народот, рече тој. Медиумите шпекулираат дека Курц ќе земе само кратка за раѓањето на синот, а на почетокот на следната година ќе се вработи во приватниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-otkaza-od-75-000-evra-od-drzavata/feed/ 0
Бран оставки во австриската политика https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-ostavki-vo-avstriskata-politika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-ostavki-vo-avstriskata-politika/#respond Fri, 03 Dec 2021 06:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=603351

Вчерашниот ден го одбележаа неколку оставки на политичари на високи функции во Австрија. Прво лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц соопшти дека се повлекува од политиката. Курц успешно ја водеше ОВП и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите. Курц на 9 октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата. До вчерашната најава на Курц се шпекулираше дека по завршувањето на истрагата против него тој може да се врати на политичкиот врв. Неколку часа по Курц, и австрискиот канцелар Александар Шаленберг изјави дека се повлекува од функцијата, на помалку од два месеци по преземањето на должноста. Оставката на конзервативниот политичар Шаленберг најави сериозни превирања во врвот на австриската политика, а особено во конзервативната Австриска народна партија (ОВП), коментира ДПА. По Курц и Шаленберг, и министерот за финансии Гернот Блимел синоќа најави дека поднесува оставка. Блимел се води како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истражувања. Австриските медиуми шпекулираат дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават уште онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел. Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии. Во австриската Влада може да дојде до дополнителни промени, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членки на владата кои биле многу блиски со Курц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-ostavki-vo-avstriskata-politika/feed/ 0
Курц се повлекува од политиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-povlekuva-od-politikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-povlekuva-od-politikata/#respond Thu, 02 Dec 2021 09:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=602908

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката. Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11:30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака. Од партиски кругови се слуша дека Курц решил целосно да се повлече од политиката. Него треба да го замени министерот за внатрешни работи Карл Нечамер како лидер на ОВП. До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел да се врати во политичкиот врв откако ќе заврши истрагата против него. Инаку, Курц успешно ја водеше ОВП до изборни победи со резултати кои партијата не ги памети. Само на последните избори во 2019 година ОВП освои дури 37 отсто од гласовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-se-povlekuva-od-politikata/feed/ 0
Курц објави како ќе се вика неговиот син, многумина ќе се изненадат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-objavi-kako-kje-se-vika-negoviot-sin-mnogumina-kje-se-iznenadat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-objavi-kako-kje-se-vika-negoviot-sin-mnogumina-kje-se-iznenadat/#respond Sun, 28 Nov 2021 20:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=601148

Претседателот на австриската народна партија, Себастијан Курц на Инстаграм ја објави првата фотографија со неговиот син, кој се роди во саботата наутро. Денеска Курц објави дека неговото име ќе биде Константин. Инаку оригиналната форма на името Константин е Constantinus и ова име има латинско потекло. Значење на името е константен, постојан, цврст.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-objavi-kako-kje-se-vika-negoviot-sin-mnogumina-kje-se-iznenadat/feed/ 0
Шаланберг положи заклетва како канцелар на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/#respond Mon, 11 Oct 2021 12:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=577084

Александар Шаленберг денеска положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија. Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи досегашниот шеф на дипломатијата за нов канцелар. На церемонија Шаленберг се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите во државата. По него заклевта положи и новиот министер за надворешни работи Михаел Линхард кој беше амбасадор на Австрија во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/feed/ 0
Мицкоски: Курц за сомнеж за корупција веднаш си даде оставка, а Заев за 14 луѓе изгорени, мува не го лази https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-kurc-za-somnez-za-korupcija-vednash-si-dade-ostavka-a-zaev-za-14-lugje-izgoreni-muva-ne-go-lazi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-kurc-za-somnez-za-korupcija-vednash-si-dade-ostavka-a-zaev-za-14-lugje-izgoreni-muva-ne-go-lazi/#respond Sun, 10 Oct 2021 18:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=576708

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Босилово направи паралела како се однесува еден одговорен политичар, а како се однесува Зоран Заев, посочувајќи го примерот на австрискиот канцелар Себастијан Курц кој поради сомнеж дека владини институции плаќале анкети на кои се фаворизирала власта се лажело, си поднел оставка, додека во Македонија изгореа 14 живи луѓе во тетовската модуларна болница, а одговорен беше единствено кабел. Како за пример како постапува одговорен политичар пред својот народ ќе го наведам австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка затоа што постојат сомневања дека владини институции плаќале анкети со кои се фаворизирала власта, а се лажел. Курц покажа висок степен на морална одговорност и верба во принципи. Кај нас 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, и немаме ниту еден виновен, истакна претседателот Мицкоски. Во суштина имаме еден, тоа бил продолжениот кабел. За смртта на овие 14 луѓе не бил виновен според Зоран Заев, ниту Венко Филипче, ниту заменикот на Венко Филипче, ниту директорот на болницата. Значи никој не е виновен 14 луѓе што живи гореа, виновен бил продолжениот кабел. Е во таква реалност ние денеска живееме. А кога сме пак кај причините за оставка на австрискиот канцелар Курц, не го знам случајот во Австрија како е, ама што прави Заев. Неколку години по ред си вклучува договори не со една, туку со повеќе агенции кои што го мерат јавното мислење, онаму каде што ќе прочитате дека води СДСМ и Заев, тие се тие, затоа што само на тие скапо платените од украдените пари на народот може СДСМ и Заев да води, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-kurc-za-somnez-za-korupcija-vednash-si-dade-ostavka-a-zaev-za-14-lugje-izgoreni-muva-ne-go-lazi/feed/ 0
Курц падна бидејќи Владата финансирала агенции кои мерат рејтинг, а еве колку плаќа Заев на неговата омилена агенција (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurc-padna-bidejkji-vladata-finansirala-agencii-koi-merat-rejting-a-eve-kolku-plakja-zaev-na-negovata-omilena-agencija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurc-padna-bidejkji-vladata-finansirala-agencii-koi-merat-rejting-a-eve-kolku-plakja-zaev-na-negovata-omilena-agencija-foto/#respond Sat, 09 Oct 2021 19:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=576183

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ќе поднесе оставка во услови на истрага за тоа дали користел државни средства за да плати за поволни анкети за јавното мислење и за вести во медиуми. Курц, кој ги негира обвиненијата објави дека министерот за надворешни работи Александар Шаленберг ќе ја преземе функцијата канцелар. Овој потег доаѓа откако австриските обвинители го именуваа овој политичар како осомничен во случај со употреба на јавни средства за плаќање позитивно медиумско покривање. -Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц. Курц се терети дека Владата финансирала агенции кои го мерат рејтингот, па овој канцелар поднесе оставка поради тоа. Во Македонија, Владата отворено ја финансира својата омилена агенција „Рејтинг“, а официјалните податоци од Јавни набавки говорат колкави се сумите кои оваа агенција ги добива. Имено, на сметка на „Рејтинг“ кој го мери рејтингот на Заев и неговата партија, добива милионски тендери. Владата со која раководи Зоран Заев, министерства, општини со кои раководат луѓе од СДСМ, јавни претпријатија под капа на директори поставени од партијата на Заев.... за низа јавни набавки доделуваат високи суми на пари на Друштвото за менаџмент и консултанстки активности Агенција РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје. Официјалните податоци ги пренесуваме во продолжение. Додека висок политичар од светски рамки поднесува оставка на оваа основа, Зоран Заев сигурно не планира да покаже ваков вид на свесност, морал и одговорност. Како и за многу други работи, така и за големите суми на пари за мерење на рејтинг, за Заев не важат одредени правила, закони и принципи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurc-padna-bidejkji-vladata-finansirala-agencii-koi-merat-rejting-a-eve-kolku-plakja-zaev-na-negovata-omilena-agencija-foto/feed/ 0
Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-kancelar-sebastijan-kurc-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-kancelar-sebastijan-kurc-podnese-ostavka/#respond Sat, 09 Oct 2021 18:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=576152

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка, пренесува германски Билд. Обраќајќи се до нацијата, Курц рече дека неговата татковина е најважна за него. Австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомневање за корупција по претрес на неколку министерства и канцеларии на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), со која тој раководи. Покрај Курц, Обвинителството за борба против корупцијата спроведе истрага за уште девет лица и три организации. Тој е под истрага по обвинувања дека државните пари од Министерството за финансии биле користени во корумпирани бизниси, со цел да се обезбеди позитивно известување во таблоиди. Сегашните коалициски партнери на Курц, Зелените, во петокот јасно ставија до знаење дека продолжувањето на нивната коалиција со конзервативците на Себастијан Курц ќе биде можно само без него, со оглед на сериозните обвинувања за корупција. Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, претходно изјави дека постојат сериозни обвинувања и дека „резултатот е слика што не е добра за демократијата“. Подемот на Курц до врвот на Австриската народна партија (ОВП), како што е наведено во обвинувањата, беше обезбедено со разубавени анкети и купени медиумски извештаи од 2016 година. FacebookTwitterCopy Link]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-kancelar-sebastijan-kurc-podnese-ostavka/feed/ 0
Тешки денови за Себастијан Курц по рацијата на обвинителите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshki-denovi-za-sebastijan-kurc-po-racijata-na-obvinitelite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshki-denovi-za-sebastijan-kurc-po-racijata-na-obvinitelite/#respond Thu, 07 Oct 2021 12:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=574725

Австрискиот канцелар се сомничи дека во 2017 година со државни пари нарачувал анкети во негова корист за да го смени лидерот на неговата Народна партија за потоа тој да стане канцелар Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се вмеша во владината криза во земјата. Шефот на државата ќе разговара со шефовите на сите парламентарни партии во четврток и петок, објави претседателската канцеларија. По рацијата во канцеларијата на премиерот Себастијан Курц, Министерството за финансии и седиштето на Народната партија (ОВП), притисокот врз него се зголеми во четвртокот. Неговиот коалициски партнер, Зелените, исто така ја доведе во прашање способноста на Курц да дејствува и најави разговори со лидерите на другите партии на националниот совет за тоа како понатаму. „Не можеме да преминеме преку агендата, способноста на федералниот канцелар да дејствува кога постои оваа заднина“, рече Вернер Коглер, вицеканцелар и лидер на Зелените. „Мораме да обезбедиме стабилност и ред“. Еден ден претходно, опозицијата побара оставка од Курц. Либералната партија Неос го обвини за „јасна неспособност за функција“ и повика на нов почеток за земјата. „Не може да се продолжи вака“, рече во четвртокот лидерот на опозициската партија, Беате Мајнл-Рајсингер. На земјата ѝ треба чиста влада. Нови избори не се потребни за ова. Курц се обиде повторно во средата навечер да ги отфрли обвинувањата на обвинителството за корупција. Нема апсолутно никаква индикација дека тој бил лично вклучен, на пример, во нарачување на анкети за јавното мислење кои биле поволни за него или во поставување реклами, рече Курц во информативната програма на ОРФ „ЗиБ2“. „Сите овие наводи што постојат се насочени против вработените во Министерството за финансии“, нагласи Курц. Фактот дека анкетите биле изманипулирани во негова корист е апсурден, велеше тој, бидејќи десетици анкети во спорниот период од 2016 година откриле многу слични вредности за партиите и политичарите. Курц ги отфрли барања за оставка. Обвинителството за економија и корупција во средата изврши претрес во претседателството на владата, Министерството за финансии и седиштето на неговата партија ОВП. Јавното обвинителство го истражува Курц и некои негови блиски соработници под сомнение за нарушување на довербата, поткуп и корупција. Се вели дека тимот околу 35-годишниот шеф на владата купил позитивно известување во таблоид со пари од даноците од 2016 година, со цел да го отвори патот од Курц до раководството на партијата и до премиерството. Се вели дека доверлива личност во Министерството за финансии одиграла важна улога во собирањето средства. Според јавното обвинителство, евентуално изманипулираните резултати од анкетата биле објавени во колумнистичкиот оддел на австрискиот дневен весник и други медиуми што припаѓаат на групата „Австрија“ – без да бидат декларирани како реклама. Според обвинителите, постои сомневање дека за возврат јавните службеници извршиле плаќања кон медиумската компанија како дел од медиумските и рекламните соработки. Според обвинителството, доказите пронајдени во текот на претресот на куќите сега ќе бидат разгледани и оценети. Медиумската група ги отфрла обвинувањата. Во ниту еден момент немаше договор помеѓу медиумската група „Австрија“ и Министерството за финансии да платат анкети преку огласи, соопшти компанијата. Како и со другите неодамнешни истраги за кругот на Курц, обвинителите во голема мера се потпираа на размена на СМС пораки откриени по телефон на Томас Шмид, доверлив човек од Курц, кој во тоа време служеше како генерален секретар во Министерството за финансии. Во времето на активноста сега под лупа, тогаш 30-годишниот Курц сакаше да ја подигне својата јавна положба. Причина: зад сцената тој и неговите сојузници планираа да го преземат раководството на неговата Народна партија и потоа да предизвикаат нови избори – чекори што ги направија во средината на 2017 година, што доведе до искачување на Курц како канцелар. Тие го нарекоа планот, кој го изготвија во стратешкиот документ, „Проект Балхаусплац“ – според плоштадот во Виена, каде што се наоѓа владата на Австрија – пишува во извештаите на медиумите. Фрагменти од разговорите со текстуални пораки што излегоа на виделина во средата помеѓу Шмид, Курц и други во потесниот круг на канцеларот, сугерираат дека напорите за зајакнување на јавниот имиџ на Курц поминале без проблеми. „Заедно, ние сме прилично добри“, му напиша на Шмид, Волфганг Фелнер, еден од сопствениците на компанијата „Австрија“. Во клучната размена во јануари 2017 година, Шмид, осврнувајќи се на соработката со „Австрија“, му рече на својот колега: „Никогаш порано не сум отишол толку далеку. Каква голема инвестиција… Ми се допаѓа“. Тој ден весникот објави резултати од анкета кои укажуваат дека тогашниот лидер на Народната партија, Рајнхолд Митерлехнер, кого Курц сакаше да го смени, најверојатно ќе загуби на избори против актуелниот социјалдемократски канцелар, Кристијан Керн. Во интервју за весникот, анкетарот, за кој обвинителите велат дека бил дел од наводната шема, нагласи дека Народната партија ќе има корист од промената на раководството. Таа вечер, Курц, кој во тоа време инсистираше во јавноста дека нема интерес да го преземе раководството на партијата, му испрати порака на Шмид: „Благодарам за ‘Австрија’ денес“. Одговорот на Шмид: „На ваша услуга“. Неколку месеци подоцна, Митерлехнер поднесе оставка како лидер на Народната партија за да ѝ се отвори патот на младата sвезда на партијата. До крајот на годината, Курц беше канцелар. (Зидојче цајтунг, Политико)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teshki-denovi-za-sebastijan-kurc-po-racijata-na-obvinitelite/feed/ 0
„Ги преминавте границите“ – австрискиот претседател со опомена до канцеларот Курц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/#respond Thu, 07 Oct 2021 09:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=574588

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, ја предупреди Народната партија на Австрија (ОВП) за канцеларот Себастијан Курц, која по претресот на просториите на Обвинителството за економски криминал и корупција, го нападна судството. „Обвинението дека судството е еднострано, покажува непочитување на уставните институции на Австрија“, подвлече Ван дер Белен. Тој реагираше на изјавите на пратеникот на ОВП, Андреас Хангер, кој зборуваше за левичарски ќелии во Обвинителството за економски криминал и корупција. Канцеларот Курц, исто така, зборуваше за „измислени обвинувања“ според системот за користење на дел од СМС пораките и нивно ставање во погрешен контекст со цел како што рече, конструирање кривични обвиненија. Претседателот Ван дер Белен рече дека граѓаните биле сведоци на многу необичен и тежок чин. Тој потсети дека биле извршени неколку претреси во просториите и дека Обвинителството спроведува истрага во нова насока. „Задачата на судството е да ги испита сомнежите, без оглед на статусот на лицето“, подвлече тој. Рече дека е важно да се биде свесен за основата на владеењето на правото, а тоа е принципот на поделба на власта. Во моментов, додаде тој, се знае само дека се води истрага и дека е право на секој човек да го каже своето мислење, но да се даваат општи обвинувања против судството е незаконско преминување на границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/feed/ 0