Себија Изетбеговиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 14:07:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Себија Изетбеговиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Себија Изетбеговиќ отпуштена од работа на Медицинскиот факултет во Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sebija-izetbegovik-otpushtena-od-rabota-na-meditsinskiot-fakultet-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sebija-izetbegovik-otpushtena-od-rabota-na-meditsinskiot-fakultet-vo-saraevo/#respond Tue, 16 May 2023 14:07:04 +0000 https://kurir.mk/?p=834875

Медицинскиот факултет при Универзитетот во Сараево го раскина договорот со професорката Себија Изетбеговиќ, сопруга на влијателниот бошњачки политичар, лидер на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, откако претходно и беа одземени академските звања магистер и доктор на медицински науки. „Себија Изетбеговиќ повеќе не предава на Медицинскиот факултет. Тој договор за вработување е неодржлив по сите одлуки што ги донесовме во Сенатот и на универзитетот“, изјави за телевизијата N1 Рифат Шкријељ, ректор на Универзитетот во Мостар. Според него, Себија Изетбеговиќ имала договор на Медицинскиот факултет кој никогаш не бил доставен до Универзитетот во Сараево, а таа повеќе не може да предава на факултетот, бидејќи Сенатот и ги одзел академските звања магистер и доктор на науки. „Не може да има некој на професорска позиција на кого му е одземена професурата, а претходно и академските звања“, додаде ректорот. Себија Изетбеговиќ имала постојан договор со Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сараево од 2014 година, а во исто време била и директорка на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Сосема е извесно дека таа наскоро ќе биде сменета од таа функција, а одлуката за тоа треба да ја донесе Владата на Федерацијата БиХ, која е составена од коалиција предводена од СДП на БиХ и партиите собрани околу Хрватскиот народен сабор (ХНС) на БиХ. Себија Изетбеговиќ правдата ја бараше на суд, а укинувањето на академските титули го нарече политички прогон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sebija-izetbegovik-otpushtena-od-rabota-na-meditsinskiot-fakultet-vo-saraevo/feed/ 0