сечење дрва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Oct 2022 08:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сечење дрва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема кој да даде дозвола за сечење дрвна маса во приватни имоти во НП Шар Планина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=752548

Луѓето кои живеат во потшарпланинските села алармираат дека прогласувањето на Шар Планина за национален парк било избрзана постапка со оглед на проблемите со кои се соочуваат во секојдневието. Мештаните од селата Јеловјане и Урвич велат дека се меѓу најзасегнатите затоа што не можат да ги користат дрвата од своите приватни имоти, а кои се дел од Националниот парк. Проблемот е во тоа што наместо Национални шуми, сега Националниот парк како установа треба да им дозволи да сечат дрва за огрев, но новата институција нема вработени луѓе за таа намена. Сега, луѓето од овие места пред доаѓањето на зимата немаат обезбедено дрва за затоплување, нешто што го правеле со децении наназад. Џевдет Халими, претседател на месната заедница, вели дека се обиделе да преговараат со двете институции и другите државни органи за некакво преодно решение, но без успех. – Проблемот е што Национален парк, не знам од кои причини, не може да издаде дозвола, луѓето не може да сечат, погранична полиција, шумска полиција, постојано им прави проблеми и не можат да се сечат. Се обративме до директорот, до градоначалникот, не најдовме разбирање. Затоа бараме помош бидејќи имаме стари луѓе, има деца, изнемоштени. Директорот вели нема буквално луѓе за на терен, од кои причини не знам. Мислам дека избрзале со прогласување национален парк, затоа што околу Јеловјане 80 отсто се приватни шуми и имот. Немало со нас никакви консултации од страна на менаџерскиот тим на Националниот парк. Трактори не доѓаат да носат дрва, затоа што нема кој да даде дозвола (извозница) да вози и да пренесе дрва. Се обратив до погранична полиција. Ни рекоа без дозвола не смеете, кој ќе преземе таков чекор. Директно мене ми се заканија дека ќе ми поднесат кривична пријава ако ги понесеш луѓето на сеча на шума, вели Халими. Истиот проблем е во Ново Село, Урвич, Раковец, Новаке, сите села од општината Боговиње кои гравитираат околу Националниот парк. – Како ќе го решиме проблемот, не знам. Затоа упатувам молба до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, да дојдат да нè посетат, да им укажеме кој какви проблеми имаме. Не знам како ќе тераме зимава, ова е Шара, утре може да заврне снег, може да има две метра снег. Без дрва, луѓето не можат да преживеат, се затоплуваат. Луѓето кои овде седат се или пензионери или социјални случаи, немаат секој 100 евра да дадат за платен кубик дрва, а имаат свои дрва, свои плацеви во шумите од дедо, од прадедо, истакнува Халими. Сафет Фетаи од Урвич се соочил и со бизарна ситуација. Додека летово бил на привремена работа во странство неговите дрва ги нашол исечени од дрвокрадци. Сега, вели, не му дозволуваат ни остатоците да ги собере. – Во моја шума лично не ми дозволуваат да берам дрва, а други дрвокрадци ми ги имаа исечено дрвата. Лично сопствена моја нива, а не ми даваат документ да ги носам барем тие дрва што останале. Не знам кај да се обратам. Јас пет месеци сум бил на печалба во Турција, сега кога се вратив за зимата, немам дрва огрев, нема како да се снабдам. Некои немаме пари да купиме дрва. Имам површина од 1845 квадратни метри парцела, а околу 15 кубни метри ми се украдени дрва. Нешто има останато, но не ми дозволуваат да ги носам. Не оди тракторист да ги товари. Ми бара извозница. А извозница никој не дава. Бев во шумска полиција, не ми даваат. Велат, снајди се. Кај да се снајдам, прашува Сафет Фетаи. Решението жителите на село Јеловјане го гледаат во тоа да се изнајде институција која ќе дозволи и ќе може да се постапи како што до оваа година се постапувало, ни рече и Месут Фејзуловски. – Шумско да издаде дозволи, ако Националниот парк нема луѓе кои би го сработиле тоа. Би било пожелно шумското претријатие да издаде дозволи како што издаваше до минатата година. Немавме проблеми наназад многу, многу години, вели тој. Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари, знае за проблемот и вели дека во скоро време ќе се надмине. Како установа Националниот парк сè уште нема вработени. За оваа потреба, за да може да им се дозволи на мештаните да си ги користат приватните имоти со шуми и дрва, во постапка е вработувањето шумарски инженер. – Имаме отворено оглас да примиме шумарски инженер, исполнети се сите услови од министерствата, од Финансии и другите ресорни министерства. Огласот е отворен, штом се затвори огласот верувам за една недела тоа ќе биде завршена постапка и ќе имаме лице кое ќе може да ги издава дозволите за сеча на дрвата во шумите, изјави Дехари. Луѓето за да ги користат дрвата од приватните имоти треба да имаат имотен лист на свое име и барањето за користење да го достават до седиштето на Националниот парк во просториите на поранешната жичарница во Тетово. Потребно е да се добие дозвола за сеча на дрва маса за која се плаќа такса од 280 денари по кубен метар, како и дозвола за транспорт на дрвата. – Шумарскиот инженер на самото место треба да излезе со уредите, ќе види каква е состојбата. Ако исполнува услови сопственикот на имотот веднаш добива дозвола за сеча. Кога ќе ги заврши работите/дозволите за сечење, ќе најави потоа за друга дозвола, исто така ние ќе ја дадеме за да ги носи дрвата од местото каде што ќе се сече до местото – адресата до која сака да ги однесе дрвата. Ова важи за сите резиденти што живеат во паркот, но истото важи и за тие што не живеат во самиот парк, а живеат во Тетово, Скопје, каде било, што имаат лични имоти на Шар Планина, истакна Дехари. Ако е поголема површината на шумата, потребно е сопственикот да има елаборат за сеча, процедура која и досега важела, но била спроведена од Национални шуми. Доколку граѓанин има личен имот со дрвна маса во зоната за строга заштита, тогаш јавната установа и државата мора да обезбедат огревно дрво од друго место, а сопственикот да не ја сече шумата. – Пак ќе биде на негово име, а ние ќе му го обезбедиме она што го бара. Пример, ако има 100 кубици, а бара 15 да се сече, ќе му обезбедиме 15 кубни метри дрва маса. Така дрвјата ќе останат во строго заштитено подрачје, објаснува Дехари. Селата Јеловјане, Урвич, Ново Село, Раковец и Новаке се наоѓаат на падините на Шар Планина на околу 1200 метри надморска височина. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-koj-da-dade-dozvola-za-sechenje-drvna-masa-vo-privatni-imoti-vo-np-shar-planina/feed/ 0
Прилепчанец тешко се повредил при сечење дрва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-teshko-se-povredil-pri-sechenje-drva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-teshko-se-povredil-pri-sechenje-drva/#respond Tue, 23 Nov 2021 16:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=598942

На 22.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во близина на с.Маково, при сечење дрва, А.А.(43) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prilepchanec-teshko-se-povredil-pri-sechenje-drva/feed/ 0
Јаќимоски: Уништување на Боровата шума во околината на спортско рекреативниот центар „Крушино“, единствените бели дробови на град Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakjimoski-unishtuvanje-na-borovata-shuma-vo-okolinata-na-sportsko-rekreativniot-centar-krushino-edinstvenite-beli-drobovi-na-grad-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakjimoski-unishtuvanje-na-borovata-shuma-vo-okolinata-na-sportsko-rekreativniot-centar-krushino-edinstvenite-beli-drobovi-na-grad-kichevo/#respond Fri, 27 Aug 2021 15:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=555701

Денеска г-дин Лазе Јаќимоски , претседател на О.К ВМРО-ДПМНЕ имаше прес конференција пред спортско рекреативниот центар „Крушино“, каде што говореше за сечењето на дрвата во Боровата шума која што начисто ја уништуваат шумата, односно белите дробови на град Кичево. Во продолжение може да ја проследите неговата прес конференција: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jakjimoski-unishtuvanje-na-borovata-shuma-vo-okolinata-na-sportsko-rekreativniot-centar-krushino-edinstvenite-beli-drobovi-na-grad-kichevo/feed/ 0
Трајкоска за сечењето дрва во Центар: Ја убивте Орце, не забетониравте и ќе не угушите- ЛАЖЕВТЕ дека НИТУ ЕДНО ДРВО НЕМА ДА СЕ СЕЧЕ! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-za-sechenjeto-drva-vo-centar-ja-ubivte-orce-ne-zabetoniravte-i-kje-ne-ugushite-lazevte-deka-nitu-edno-drvo-nema-da-se-seche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-za-sechenjeto-drva-vo-centar-ja-ubivte-orce-ne-zabetoniravte-i-kje-ne-ugushite-lazevte-deka-nitu-edno-drvo-nema-da-se-seche/#respond Thu, 10 Jun 2021 17:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=521698

Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии реагираше за сечењето дрва кое денеска се случи во Центар. Таа на својот Фејсбук профил, прашува што направиле денеска за Македонија од општината на чело со градоначалникот. -Секое постаро и подебело дрво со широка и висока крошна го исекоа!!! Крвнички, без да најават, злосторнички оти немале чиста намера! Намерно ја соголија улицата за да покажат моќ и да се одмаздат на жителите. Со неколкуте суви дрва ги УБИЈА и најубавите високи дрва кои ја правеа Орце една од најубавите улици во Центар. Ја убивте Орце! Не забетониравте и ќе не угушите нас кои живееме во околината и сето тоа го направивте ПОДМОЛНО И РЕЖИМСКИ. ЛАЖЕВТЕ дека НИТУ ЕДНО ДРВО НЕМА ДА СЕ СЕЧЕ! Лажевте додека ни се подсмевавте на глупоста дека ете мислиме некој барем малку се грижи за зеленилото. Драги медиуми, начинот на кој се уништи оваа улица и на кој ни се одзема можноста да живееме со малку повеќе воздух треба да ни е тема денеска, утре, секогаш!, пишува таа. Таа упати критики и кон СДСМ и порача дека има разлика, односно дека се полоши од другите. -Има разлика, во право сте! Полоши сте од другите! Помизерни во начинот и поподмолни во извршувањето. И нема да заборавиме за крвничкиот злостор кој до направивте денеска! Никогаш! Бидејќи ни посеавте отров и ни го скративте правото на малку воздух!!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkoska-za-sechenjeto-drva-vo-centar-ja-ubivte-orce-ne-zabetoniravte-i-kje-ne-ugushite-lazevte-deka-nitu-edno-drvo-nema-da-se-seche/feed/ 0
О2 Иницијатива: Додека ги продаваат становите во Ѓорче Петров со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/o2-inicijativa-dodeka-gi-prodavaat-stanovite-vo-gjorche-petrov-so-sliki-na-zelenilo-okolu-niv-na-teren-edinstvenite-preostanati-drva-nemilosrdno-se-sechat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/o2-inicijativa-dodeka-gi-prodavaat-stanovite-vo-gjorche-petrov-so-sliki-na-zelenilo-okolu-niv-na-teren-edinstvenite-preostanati-drva-nemilosrdno-se-sechat/#respond Fri, 18 Dec 2020 14:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=445259

Додека грижата за животна средина и една од „мерките“ за справување со загадувањето ја сведуваат на толку и толку посадени дрвца, ситуацијата на терен ни ја покажува вистинската слика на нивната „грижа“, стои во Фејсбук статусот на О2 Иницијатива. - Ова е населба Александрија, општина Ѓорче Петров, додека ги продаваат становите со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирана улица според нов ДУП. На сликите се гледа нов засаден дрворед, кој дел веќе е испогазен при налетот на градежните машини. Важно имаме еден куп спонзорирани постови како нашите локални власти се потепаа од садење, само што во равенката никако да им текне да ги одземат сите оние стари и здрави дрвја паднати под налетот на пилата, пишуваат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/o2-inicijativa-dodeka-gi-prodavaat-stanovite-vo-gjorche-petrov-so-sliki-na-zelenilo-okolu-niv-na-teren-edinstvenite-preostanati-drva-nemilosrdno-se-sechat/feed/ 0
Наместо да се садат дрва во загаденото Тетово се сечат: Граѓаните гневни на градоначалничката Теута Арифи и нејзиното неработење (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-da-se-sadat-drva-vo-zagadenoto-tetovo-se-sechat-gragjanite-gnevni-na-gradonachalnichkata-teuta-arifi-i-nejzinoto-nerabotenje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-da-se-sadat-drva-vo-zagadenoto-tetovo-se-sechat-gragjanite-gnevni-na-gradonachalnichkata-teuta-arifi-i-nejzinoto-nerabotenje-foto/#respond Wed, 28 Nov 2018 10:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=133014

И додека Македонија е најзагадена земја во Европа власта „мува не ја лази“. Освен Скопје еден од најзагадените градови во Македонија е и Тетово кое наместо да се справи со загадувањето градот сече дрва. Во текот на викендот во дворот на ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово биле исечени три дрва. Според информации на родители кои ги испратија фотографиите сечата била нелегална во текот на поплочувањето на дворот со бекатон плочки. Инаку Тетово е еден од најзагадените градови и има недостаток на зелени површини, а наместо тоа власта на чело со Теута Арифи во општината реши да ги сече и така малку останатите дрва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-da-se-sadat-drva-vo-zagadenoto-tetovo-se-sechat-gragjanite-gnevni-na-gradonachalnichkata-teuta-arifi-i-nejzinoto-nerabotenje-foto/feed/ 0