седи дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Oct 2021 07:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png седи дома – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска се прославува Свети Тома – една работа денеска морате да ја направите, еве од што треба да се воздржите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-proslavuva-sveti-toma-edna-rabota-deneska-morate-da-ja-napravite-eve-od-shto-treba-da-se-vozdrzite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-proslavuva-sveti-toma-edna-rabota-deneska-morate-da-ja-napravite-eve-od-shto-treba-da-se-vozdrzite/#respond Tue, 19 Oct 2021 07:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=581773

Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол Тома. Тој во народот е познат како Томинден, сеќавање на светиот Тома, еден од дванаесетте апостоли кој го ширел Христијанството најпрвин во Палестина, а потоа и во Персија и во Индија каде бил убиен. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци. Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде, освен во црква и тоа е најважниот обичај кој треба да се испочитува денеска. Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител. Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите. Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение. Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-proslavuva-sveti-toma-edna-rabota-deneska-morate-da-ja-napravite-eve-od-shto-treba-da-se-vozdrzite/feed/ 0
Казни за несовесните граѓани, апели да не се патува и да се остане дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-nesovesnite-gragjani-apeli-da-ne-se-patuva-i-da-se-ostane-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-nesovesnite-gragjani-apeli-da-ne-se-patuva-i-da-se-ostane-doma/#respond Thu, 19 Mar 2020 06:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=318688

Властите апелирааат сите граѓани да се придржуваат до мерките за превенција од ширење на коронавирусот, да не се патува без особена потреба и да се остане дома. За секој што не ги почитува препораките, ќе има сериозни санкции. Првиот позитивен случај во нашата држава беше регистриран на 26 февруари, а за поефикасно справување со коронавирусот на територијата на државата вчера беше прогласена вонредна состојба. Бројот на потврдени случаи на заболени со коронавирус изнесува 42, откако вчера беа регистрирани 11 нови случаи. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија. Министерот за здравство Венко Филипче  посочи дека здравствениот систем и целокупниот медицински персонал веќе подолго време работат како во вонредни услови. Тој уште еднаш упати апел и ги повика сите да се придржуваат до мерките за превенција, да не се излегува без потреба, да се држи дистанца и често да се мијат рацете. Информираше дека има доволна количина на тестови и најави дека се подготвува и масовен скрининг во одредени делови од земјата со цел рано откривање на лица кои немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените. – Тоа е многу битно за да се откријат што порано случаите за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем, изјави вчера Филипче на прес-конференција. Во услови на вонредна состојба, техничкиот премиер Оливер Спасовски најави интензивни контроли за да се заштити здравјето на граѓаните. – Полицијата и инспекциските служби ќе бидат максимално ангажирани. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, рече  Спасовски вчера попладне. Повеќе несовесни граѓани од Куманово, Кавадарци, Струмица, Валандово, Кичево и Гостивар ќе добијат казни за непочитување на определените мерки за задолжителна самоизолација со цел сузбивање и спречување на ширење на Ковид 19. Тие се соочуваат со парични казни во висина од 50 до 100 дневни глоби. Лицата при влез во земјава од некоја од земјите кои се на ризична листа потпишале изјава за самоизолација, но при проверка од полициски службеници не биле затекнати во своите домови. МНР ги повика сите наши државјани кои се затекнати во странство да се пријават во најблиското дипломатско претставништво за помош за враќање назад. Истовремено, се прави и список на сите наши граѓани кои се затечени на граничните премини, а организирано или поединечно се упатуваат и враќаат назад,. Наспроти сите апели за избегнување на непотребно патување од државата преку граничниот премин Табановце вчера до 14 часот излегле 79 граѓани, по што Владата донесе мерка со која секое лице кое ги напушта нашите граници задолжително ќе треба да потпише лична изјава со која ќе се обврзе дека во наредните три месеци нема да се врати назад. Општините во континуитет на дневно ниво вршат дезинфекција на јавните површини под нивна надлежност, а во поголемиот дел од нив активни се и мобилни тимови за помош на ризични категории на граѓани. При вонредни услови продолжуваат да работат маркетите за храна, аптеките, транспортот и банкарскиот сектор, додека културните и образовни институции изнајдоа повеќе креативни решенија за пополнување на времето на граѓаните преку онлајн курсеви, обуки и претстави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-nesovesnite-gragjani-apeli-da-ne-se-patuva-i-da-se-ostane-doma/feed/ 0