Седница на Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Nov 2022 14:51:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Седница на Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Албанија на 14 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-sednica-na-vladite-na-severna-makedonija-i-na-albanija-na-14-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-sednica-na-vladite-na-severna-makedonija-i-na-albanija-na-14-noemvri/#respond Tue, 08 Nov 2022 14:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757474

Владата, на денешната седница, на предлог на  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија.Седницата е предвидено да се одржи во Скопје на 14 ноември 2022 година, соопшти владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichka-sednica-na-vladite-na-severna-makedonija-i-na-albanija-na-14-noemvri/feed/ 0
Предложените мерки не се донесоа, Владата бара дополнителни анализи и нови предлози за поттикнување на вакцинацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozenite-merki-ne-se-donesoa-vladata-bara-dopolnitelni-analizi-i-novi-predlozi-za-pottiknuvanje-na-vakcinacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozenite-merki-ne-se-donesoa-vladata-bara-dopolnitelni-analizi-i-novi-predlozi-za-pottiknuvanje-na-vakcinacijata/#respond Fri, 26 Nov 2021 07:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=600007

Владата бара од Комисијата за заразни болести (КЗБ) дополнителни анализи и компаративни студии за предложените мерки, но и предлози за дополнителни мерки за поттик за масовна вакцинација. Таа бара надлежните да ги спроведуваат веќе донесените анти-ковид мерки, како и скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација. Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со КОВИД-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително. – Во насока на поттик за масовна вакцинација, Владата ги задолжи сите министерства, јавните претпријатија, акционерските друштва и агенциите во државна сопственост, да спроведат скрининг за да се утврди процентот на вакцинирани во државната и јавната администрација, како и да ги утврдат можностите за стимулација за поголем до целосен опфат со вакцинацијата, како и правната основа за рестрикции на правото на дежурства, прекувремена работа, службени патувања и други опции за дополнителни приходи за вработените во јавната администрација, извести синоќа Владата по одржаната седница. Таа ќе ги разгледа и употреби сите реални можности за економски стимулации, но и за рестрикции по однос на финансиски бонуси и друг тип на надополнувања кои се надвор од основиците, со цел да ги мотивира и упати граѓаните кон единствената и најефективна мерка за заштита на здравјето и за спас на сопствениот живот од опасната пандемска болест КОВИД-19. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 473 случаи на Ковид-19 од направени 2.708 тестирања или 17,4 отсто, што е за половина процентен поен повеќе од максималната позитивност минатата недела, која, според Институтот за јавно здравје се движела од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8. Вчера беа евидентирани и вкупно 18 починати, 14 во претходното деноноќие и четворица пријавени преку системот „Мој термин“ со датум на смрт од претходните денови. Евидентирани беа и 505 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи вчера изнесуваше 8.289. Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, а на починати е 7.492. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 3845, пред Битола со 673, Прилеп 421, Велес 357, Кавадарци 301, Охрид 274, Куманово 273, Кочани 204 и Штип со 202. Во другите градови бројот на активни случаи е под 200. Дебар е градот кој во моментов нема ниту еден позитивен на Ковид-19. Досега во државата се вакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани. СЗО вчера ја објави првата сеопфатна анализа за финансиската заштита во здравствениот систем на Северна Македонија. Луѓето во Северна Македонија сè повеќе имаат пристап до јавно финансирана здравствена заштита, но катастрофалните трошоци за здравствена заштита остануваат предизвик, се вели во новиот извештај на СЗО/Европа. – Овој извештај доаѓа во вистински момент, кога се соочуваме со акутна потреба од брз одговор на пандемијата на КОВИД-19 и премин кон поодржлив и поотпорен здравствен систем, во кој ниту еден човек нема да биде заборавен. Министерството за здравство ќе се обврзе да ги спроведе препораките од извештајот, за да се намалат финансиските тешкотии со кои се соочуваат граѓаните при користењето здравствени услуги, како што земјата напредува кон универзална здравствена заштита и гради подобар систем од оној пред пандемијата, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Извештај е дел од серијата национални студии за собирање нови докази за финансиската заштита во здравствените системи во Европа. Извештајот за Северна Македонија е делумно финансиран од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на здравствените системи во Западен Балкан“. Овој тригодишен проект ќе придонесе за ублажување на влијанието на КОВИД-19 во регионот на Западниот Балкан и за поддршка на регионот на патот кон универзална здравствена заштита. Во светот досега од коронавирусот се заразиле 260 милиони луѓе, починале 5,1 милиони, оздравеле над 235 милиони жители. Во Европа од Ковид-19 досега починале 1,5 милиони лица, а неколку земји повторно воведуваат ограничувања за да ја потиснат рекордната стапка на заразени. Според официјални податоци, откако првиот смртен случај на Стариот континент беше регистриран во февруари 2020 година, досега во Европа од Ковид-19 починале 1.500.105 лица. Русија во моментов е најтешко погодената земја во Европа, со речиси 30 проценти од новите смртни случаи на континентот, со просечни 1.246 смртни случаи на ден. СЗО на почетокот на ноември повика на засилена борба против пандемијата со позасилено вакцинирање на населението, максимално користење на маската и спроведување на мерките за социјално дистанцирање. СЗО стравува дека до пролет ќе има дополнителни 700.000 смртни случаи од корона вирусот на европскиот континент. Дел од холандските болници го прекинаа лекувањето со хемотерапија и трансплантација на органи за да обезбедат кревети за интензивна нега поради зголемениот број на пациенти инфицирани со Ковид-19. Неделава неколку пациенти со Ковид-19 се пренесени во германските болници. Иако 85 проценти од возрасното население е вакцинирано против Ковид-19, во изминатите 24 часа регистрирани се 23.709 новозаболени лица. Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од Ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена. Бројот на регистрирани новозаразени во еден ден, исто така, за првпат помина 70.000, при што здравствените власти пријавија 75.961 случај за 24 часа. Ова се споредува со 65.371 нови инфекции една недела порано. Во Грција активни 54.000 случаи на Ковид-19. Ситуацијата со пандемијата се стабилизира, иако сé уште е на високо ниво, а здравствениот систем и понатаму е под притисок, нешто што ќе продолжи и во следните седмици. Во Турција е побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина Турковак. Турковак е вакцина развиена од турското Министерство за здравство, Турскиот здравствен институт и Универзитетот Ерцијес, при што се завршени првата и втората фаза на испитување, а третата фаза е при крај. – Се надеваме дека до крајот на годината вакцината ќе биде во широка употреба. Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и целиот свет, изјави министерот за здравство на Турција, Фехратин Коца . Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцина против Ковид-19, а се употребувани вакцините на Фајзер/Бионтек и Синовак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlozenite-merki-ne-se-donesoa-vladata-bara-dopolnitelni-analizi-i-novi-predlozi-za-pottiknuvanje-na-vakcinacijata/feed/ 0
Името на арената „Филип Втори“ заминува во историјата- новото име е „Тоше Проески“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-na-arenata-filip-vtori-zaminuva-vo-istorijata-novoto-ime-e-toshe-proeski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-na-arenata-filip-vtori-zaminuva-vo-istorijata-novoto-ime-e-toshe-proeski/#respond Tue, 09 Apr 2019 09:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=184222

Утрово на редовната 129 седница на македонската влада, била донесена одлука за преименување на скопскиот стадион во Национална арена „Тоше Проески“, соопшти на „Твитер“ портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. Тој додаде дека преименувањето на арената е во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-na-arenata-filip-vtori-zaminuva-vo-istorijata-novoto-ime-e-toshe-proeski/feed/ 0
Седница на Владата на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-vladata-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-vladata-na-republika-makedonija/#respond Tue, 29 May 2018 15:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=59836

Владата на денешната редовна седница ги усвои предлог – законите за изменување на Законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и на законот за контрола на предметите од скапоцени метали. Измените на сите 3 закони се поврзани со измените во Законот за државен пазарен инспекторат кој претрпи измени поради конфликт со важечката систематизација на Државниот пазарен инспекторат со која се укина одделението за прекршоци. Со измените на наведените 3 закони се овозможува да се формира одделението за прекршоци во Министерството за економија. Министрите на седницата ја разгледаа информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот – Подобрување на квалитетот на податоците во катастарот. Проектот подразбира подобрување на постојната нестандардизирана структура на записите, односно на податоците кои се содржани во катастарот на недвижности. Имено, високо квалитетните податоци се дел и од Визијата 2020 која предвидува Агенцијата за катастар на недвижности да биде современа институција со цел целосно воспоставени примарни и секундарни бизнис – процеси. Тоа ќе овозможи размена на високо – квалитетни и ажурирани дигитални податоци и сервиси на национално и регионално ниво, придонесувајќи кон економски раст и развој на општеството. Како материјал за разгледување на седницата беше разгледана информацијата од Работната група за приоритетот „Младинска работа“ со конкретни предлози, план/програма за работа и очекувани идни активности од страна на Владата и другите државни институции. На краток рок се предвидени низа активности чија реализација отвора можност младинската работа да биде вклучена во делот на активните мерки за вработување, кои нудат обуки за стручни квалификации во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година, како пилот обука. Националната стратегија за млади 2016-2025 на долг рок ќе ја регулира и ќе ја интегрира младинската работа во рамки на постојната законска регулатива, односно ќе се инкорпорира во Законот за млади, кој е во подготвителна фаза. На денешната 70-та седница министрите ја разгледаа и ја прифатија информацијата за степенот на реализација на активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – ревизија 2017 година, предвидени за реализација заклучно со последниот квартал од 2017 година, со предлог заклучоци. Целта е членовите на Владата да бидат континуирано информирани, обврска која почнувајќи од септември минатата година ја има Секретаријатот за европски прашања. Владата на денешната седница одлучи на единиците на локалната самоуправа да им додели средства за финансирање на проекти за развој на селата, во износ од речиси 28 милиони денари, како и за финансирање на проекти за развој на плански региони, во износ од околу 195 милиони денари. На 70-тата седница исто така беше разгледана и прифатена информацијата за изменување и дополнување на Годишната програма за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и на Црвениот Крст на Република Македонија од приходите од игри на среќа и од забавните игри. Министрите ги прифатија и измените на одлуката за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри за 2018-та година. Согласно годишната програма и согласно законските решенија ќе се финансираат дополнителни програмски активности во областа на детската и социјалната заштита на Црвениот Крст. Организацијата ќе обезбедува пансионски услуги за корисниците и волонтери за поддршка на реализација на проектот: „бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права, со цел придонес во подобрување на социјализација на деца од семејства со социјален ризик“.  Црвениот Крст исто така ќе ги спроведува стратешките определби на организацијата на национално и локално ниво кои овозможуваат да се креираат програми за подобрување на здравјето на луѓето и унапредување на социјалната интеграција на населението во заедниците, воспоставување на семејни врски во случај на разделени семејства, промовирање на меѓународно хуманитарно право, како и унапредување на системот за подготвеност и дејствување при катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-vladata-na-republika-makedonija/feed/ 0