седници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 06:18:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png седници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Собранието две комисии ќе одржат седници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-dve-komisii-ke-odrzhat-sednitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-dve-komisii-ke-odrzhat-sednitsi/#respond Tue, 20 Jun 2023 06:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=847654

Во Собранието на Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за прашања на изборите и именувањата. Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог законот за дополнување на Законот за минерални суровини во прво читање и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во прва фаза. На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува расправата по предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-dve-komisii-ke-odrzhat-sednitsi/feed/ 0
Седници на комисиите за образование и за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-komisiite-za-obrazovanie-i-za-evropski-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-komisiite-za-obrazovanie-i-za-evropski-prashana/#respond Wed, 05 Apr 2023 05:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=820332

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за европски прашања. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлозите на закони за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и на Законот за спортска академија, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, сите во прво читање. Комисијата за европски прашања треба да ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, како и предлозите на закони за вештачење и за зоотехника, сите во второ читање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsi-na-komisiite-za-obrazovanie-i-za-evropski-prashana/feed/ 0
Собранието одржа седум пленарни седници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-sedum-plenarni-sednici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-sedum-plenarni-sednici/#respond Mon, 27 Jun 2022 15:51:45 +0000 https://kurir.mk/?p=696470

Во Собранието денеска се одржаа седум пленарни седници и тоа: 75-та, 54-та, 69-та, 73-та, 71-ва, 39-та и 47-ма. За шест од нив, пратениците гласаа по предлог-закони за кои беше завршена расправата. На 75-тата, нова седница, тие расправаа по Предлог на одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија. Според опозицијата, Парламентот незаконски постапува во поглед на продолжувањето на траењето на кризата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова рече дека, ако кризата трае повеќе од 30 дена, тогаш Владата треба да прогласи вонредна состојба. – Веќе седум години, спротивно на Уставот и владеењето на правото, Парламентот потврдува одлуки на Владата за шест месеци. И така ние си живееме во бесправна состојба, рече Силјановска Давкова. Пратеникот од СДСМ Диме Велковски смета дека континуирано се воведува кризната состојба по барање на безбедносните структури заради можните проблеми кои можат да се случат. – Не велам дека во моментов има некоја голема криза, туку можна криза. Тоа е прво одговорност кон сопствената држава, меѓутоа и кон НАТО-партнерите, вели Велковски. Продолжението на 75-тата и другите седници, дополнително ќе биде закажано. Утре нема пленарна седница во законодавниот дом, а задутре ќе има седница посветена на пратенички прашања. Седницата на која ќе се дискутира по Интерпелацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, е најавена за четврток. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-sedum-plenarni-sednici/feed/ 0
Собранието треба да одржи продолженија на четири седници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-odrzi-prodolzenija-na-chetiri-sednici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-odrzi-prodolzenija-na-chetiri-sednici/#respond Tue, 31 May 2022 05:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=683936

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 64., 39., 71., 69 пленарна седница. Во законодавниот дом е најавена и седница на Комисијата за труд и социјална политика. Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска. На 64. пленарна седница останати за разгледување, се и предлог законите за дополнување на Законот за Јавното обвинителство и на Законот за Советот на јавните обвинители, како и Предлог-декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во рамки на 39. седница законодавниот дом треба да одлучува за Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка. На 71. седница, пак, треба да се одлучува за одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република. За расправа на 69. седница, се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан; предлог законите за изменување на Законот за заштита на децата, Законот за поштенски услуги, Законот за здравствена заштита…. На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-treba-da-odrzi-prodolzenija-na-chetiri-sednici/feed/ 0
Седници на собраниската Комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Tue, 22 Mar 2022 06:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=651068

За денеска во Собранието се закажани три седници на Комисијата за европски прашања. Прво е закажана 34-та седница, на чиј дневен ред се предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, и двата во второ читање. На истата седница, но во прво читање, се и предлозите на закони за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела со насилство, за Академија за судии и јавни обвинители и за адвокатурата, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик. По завршувањето на 34-та седница, Комисијата за европски прашања треба да ја одржи и 29-та седница на чиј дневен ред се Предлогот на закон за финансиска стабилност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, и двата во прво читање. По оваа, Комисијата за европски прашања треба да ја продолжи 32-та седница на која преостанати точки на дневниот ред се Предлогот на закон за инспекциски надзор во животната средина, во второ читање и Предлогот на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
Завршија две владини седници, донесени низа одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshija-dve-vladini-sednici-doneseni-niza-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshija-dve-vladini-sednici-doneseni-niza-odluki/#respond Tue, 08 Feb 2022 16:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=628764

На денешната 11-та седница, Владата на Република Македонија донесе одлуката за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија. На оваа своја седница Владата одобри АД Електрани на Македонија да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на доспевање на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година, од ЕВН АД до 01.07.2022 година. Во врска со ова, Владата го задолжи АД ЕСМ да склучи Анекс на договорите со ЕВН со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на доспеаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање. Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија. За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост. Владата денеска ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на Републиката - Е-112. Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи. Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Северна Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори. Владата денеска донесе заклучок да го повлече Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од собраниската постапка и на усвојување пред пратениците да го достави новиот текст на предлог-законот во кој во членот 6 е избришана формулацијата „негативно мислење“. Со таа измена членот 6 од предложениот закон гласи: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед“. На денешната седница Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во согласност со одлуките од Економско-социјалниот совет. Со овие измени со кои најмалиот износ на минималната плата почнувајќи од мартовската плата не може да биде помала од 18.000 денари, во законска рамка се ставени и донесените измени за редовно годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, како и критериумот според кој висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика. Владата на денешната седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година, која е донесена врз основа на анализи за искористеноста на средствата, земајќи го предвид развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба. Со годинешната Програма за првпат се врши усогласување со политиките на Европската Унија преку воведување на пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за почеток за секторот овоштарство. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет во оваа програма е што исплатата за оваа мерка ќе се врши авансно во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември, а остатокот ќе биде исплатен до месец мај следната година како и досега. Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за поледелство, градинарство и лозарство. Во новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството е предвидено зголемување на финансиската поддршка за мерката зелена нафта, со цел да се анулираат зголемените трошоци за нафта. Со новата Програма, се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и за прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко, и продолжува поддршката за сите стратешки култури како тутунот, грозјето, пченицата и друго. На оваа седница, на предлог на Комисијата за именувања, Владата за претседател на Советот за македонски јазик го именуваше проф. д-р Људмил Спасов, кој и претходно ја извршуваше оваа должност, а за членови на Советот се именувани Елена Јованова – Грујовска, Елизабета Бандиловска, Виолета Јанушева, Лидија Аризановска, Снежана Велковска, Елизабета Кузмановска, Симон Саздов, и Искра Пановска Димкова. На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата денеска ја донесе и Програмата за финансирање на микро производителите на вино за 2022 година. Согласно оваа програма, 68 микро винарии кои се регистрираа според поволните политики за развој на оваа дејност, сега се стекнуваат со можност да аплицираат за грантови во висина од 10.000 евра за опрема и консултантски услуги на енолози. Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа и редовната 12-та, тематска седница, на која беа разгледани програмите за работа на министерствата за 2022 година, додека за програмите за работа, за финансиските и за инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, Владата дополнително ќе расправа на една од наредните седници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshija-dve-vladini-sednici-doneseni-niza-odluki/feed/ 0
Собранието одржа четири седници и донесе повеќе законски решенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-chetiri-sednici-i-donese-povekje-zakonski-reshenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-chetiri-sednici-i-donese-povekje-zakonski-reshenija/#respond Thu, 23 Dec 2021 13:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=612140

Собранието во рамките на денешната работа по денвиот ред на 25-тата, 43-тата, 54-тата и 57-та седница едногласно со 61 глас „за“ и без расправа донесе повеќе законски решенија. Во рамките на 43-тата седница едногласно беа донесени Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на лични податоци и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година. Во рамките, пак, на 54 тата седница беа донесени законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и на Законот за странци, како и законите за изменување на Законот за заштита од експлозивни, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и на Законот за полиција. Воедно беше донесен Законот за медијација и законите за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита, како и на Законот за заштита на децата, кој беше гласан со бадинтеово мнозиство при што од вкупно 61 глас „за“ имаше и 23 гласа „за“ од пратениците од немнозинските заедници. Во рамките на оваа седница едногласно беа донесени одлуките за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2019 година и за 2020 година, на Годишните програми за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2020 и 2021 година, и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2022 година. Собранието ги донесе и одлуките за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2022 година, и на Одлуката за измена на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување ги наплатува од пензиските друштва. На седницата беше усвоен и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2020 година. На 57-та седница едногласно беа донесени Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството и откупот на земјоделски производи, Законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, и Закон за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија. Претходно во рамките на 25-тата собраниска седница претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека последните две точки што беа останати на нејзиниот дневен ред се повлечени од поднесувачите. Џафери за в понеделник во 11 часот ја закажа 59-тата собраниска седница на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија во трето читање, Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки во второ читањ и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од пратениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали – Зендели, и Илија Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-chetiri-sednici-i-donese-povekje-zakonski-reshenija/feed/ 0
Владата денеска ќе ги одржи редовните 111-та и 112-та седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-deneska-kje-gi-odrzi-redovnite-111-ta-i-112-ta-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-deneska-kje-gi-odrzi-redovnite-111-ta-i-112-ta-sednica/#respond Wed, 13 Oct 2021 07:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=578127

Во рамки на 111-тата тематска седница, ќе бидат разгледани повеќе информации за склучување договори за доделување финансиска поддршка на компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а подготвени и предложени од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Веднаш по завршувањето на 111-тата, ќе започне редовната 112-та седница на која меѓу другото ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за услуги за кој како предлагач се јавува Министерството за економија. На оваа седница ќе биде разгледана и информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки. За заклучоците и одлуките од денешните Владини седници, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-deneska-kje-gi-odrzi-redovnite-111-ta-i-112-ta-sednica/feed/ 0
Седници на четири собраниски комисии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-chetiri-sobraniski-komisii-21/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-chetiri-sobraniski-komisii-21/#respond Mon, 22 Mar 2021 06:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=485863

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност, а две последователни седници ќе има Законодавно-правната комисија. Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи, во прво читање. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа Предлог-законот за буџети, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, како и Предлог-законот за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата, трите во прво читање. На дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност има осум точки, меѓу кои и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за КОВИД-19 и спречување од негово ширење и поради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државава. На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, во прво читање, за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и за изменување и дополнување на Законот за странци, двата во второ читање. Законодавно-правната комисија ќе одржи две последователни седници со вкупно 26 точки на дневен ред, од кои на првата се предлог-законите за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, поднесен од пратеници од власта, двата во прво читање. На втората седница на оваа собраниска комисија има 24 законски решенија, меѓу кои и Предлог-законот за образование на возрасните, во прво читање, предлог-законите за изменување на Законот за меница, на Законот за фондот за осигурување на депозити, на Законот за лизинг и на Законот за финансиските друштва, сите во второ читање. Членовите на комисијата ќе ги разгледаат и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за даночна постапка,Законот за регистрирање на готовински плаќања и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог-законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во второ читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednici-na-chetiri-sobraniski-komisii-21/feed/ 0
Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem-i-odnosi-megju-zaednicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem-i-odnosi-megju-zaednicite/#respond Mon, 22 Feb 2021 09:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=472126

Во Собранието на Република Македонија денеска се најавени две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на седниците се повеќе годишни извештаи за работата на институциите, обвинителството, ДКСК и други. На дневен ред се годишните извештаи на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2019 година, за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2019 година, за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2019 година, како и посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија – 2020. Комисијата ќе ја продолжи веќе започнатата 11. седница, на која на дневен ред се Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, годишните извештаи за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2019, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2019 годинана Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2019 година, на Инспекцискиот совет за 2019 година и на Агенцијата за администрација за 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem-i-odnosi-megju-zaednicite/feed/ 0