сеизмолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Sep 2022 14:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сеизмолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дански и шведски сеизмолози регистрирале силни експлозии во областите на истекување на Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danski-i-shvedski-seizmolozi-registrirale-silni-eksplozii-vo-oblastite-na-istekuvanje-na-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danski-i-shvedski-seizmolozi-registrirale-silni-eksplozii-vo-oblastite-na-istekuvanje-na-severen-tek/#respond Tue, 27 Sep 2022 14:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=738073

Дански и шведски сеизмолози регистрираа силни експлозии во областите на истекување на гасоводот Северен тек. Ова денеска го соопшти шведскиот национален сеизмолошки центар на Универзитетот во Успала за Шведската државна телевизија. – Нема сомнеж дека станува збор за експлозии, изјави сеизмологот на центарот Бјорн Лунд за телевизијата. И сеизмограф на данскиот остров Борнхолм регистрира двојно зголемување на сеизмичката активност. Тоа се случило вчера, кога е забележан драстичен пад на притисокот на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, соопшти Геофизичкиот институт на Германија. Сеизмографот отчитувал речиси целосна смиреност до 02:00 часот по локално време, кога одеднаш е регистрирано зголемување на сеизмичката активност што одговарало на земјотрес. Потоа селедел бран на постојано тресење. Истото се повторило во 17:00 часот. Првото соопштение намалување на притисокот на Северен тек 2 е од вчера попладне. За Северен тек 1 беше објавено вчера вечер, веднаш по вториот извештај за зголемена сеизмичка активност. Германскиот геофизички институт одби да коментира дали пријавените зголемувања на сеизмичката активност се поврзани со истекување на гасовод во областа. Тие биле воочени во областа на островот Борнхолм, пренесе БТА.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danski-i-shvedski-seizmolozi-registrirale-silni-eksplozii-vo-oblastite-na-istekuvanje-na-severen-tek/feed/ 0
Сеизмолозите предупредуваат: Утре можен земјотрес во Дубровник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/seizmolozite-predupreduvaat-utre-mozen-zemjotres-vo-dubrovnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/seizmolozite-predupreduvaat-utre-mozen-zemjotres-vo-dubrovnik/#respond Tue, 26 Nov 2019 10:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=269299

По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област. – Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри, појасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод. Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси. – Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре, истакна сеизмологот. Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/seizmolozite-predupreduvaat-utre-mozen-zemjotres-vo-dubrovnik/feed/ 0