сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Jan 2021 13:27:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сејдини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сејдини: ФФМ ќе се спротивставува и нема да потклекне на никаков притисок! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-kje-se-sprotivstavuva-i-nema-da-potklekne-na-nikakov-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-kje-se-sprotivstavuva-i-nema-da-potklekne-na-nikakov-pritisok/#respond Fri, 22 Jan 2021 13:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=458583

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Мухамед Сејдини денес соопшти дека е уважената тужба на федерацијата која се однесуваше на решението на Државната комисија за одлучување. Тој порача дека ФФМ нема да потклекне на никаков притисок. Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Сејдини по добиеното известување од Агенцијата за млади и спорт: – Најмалку што сакавме во едно вакво време, во денови кога се слави македонскиот фудбал и нашите резултати е да зборуваме за работи кои не се поврзани со играта, лигата или репрезентациите, но некогаш едноставно – немате избор. Со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат. За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара. Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава. Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна. Во известувањето од Агенцијата за млади и спорт се вели дека при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија се утврдени низа неправилности спротивно на Законот за спорт. Наведуваат дека решението било обжалено и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно и против него не е дозволена жалба. И сега доаѓаме до моментот од кој треба да се срамиме сите ние од начинот на кој постапуваат одредени наши инситуции, во овој случај највисокото државно тело за спорт. Вистина е дека решението на второстепената комисија е конечно и против истото нема право на жалба. Но, има право на тужба против, на овој начин, донесениот управен акт. Фудбалската федерација на Македонија согласно законите поднесе тужба со која поведе Управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен во врска со нејзиното Решение. И бидејќи овој „сакам кажам – не знам речам“ начин на комуникација е нивен избор, а ние „на сила“ сме принудени да се браниме од нешто што не е вистина, еве, тука пред вас и пред цела јавност ја објавувам пресудата од поднесената тужба против поништеното решение кое Агенцијата за млади и спорт најави дека ќе го спроведува. Пресудата вели дека тужбата на тужителот Фудбалска федерација на Македонија СЕ УВАЖУВА. Решението се ПОНИШТУВА. За ова, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт се одговара. За ваквиот начин на постапување се известени УЕФА и ФИФА, кои го следат овој случај од моментот кога се вршеше инспекцискиот надзор. Известени се за сите одлуки и начинот на кои се носени тие одлуки. Недај Боже, никој од нас не посакува, но чувствувам обврска да истакнам дека ваквото постапување може да донесе „квантен скок“ ама наназад за македонскиот фудбал и нашите репрезентации. Причина за тоа нема да биде Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас како претседател, туку срамното и слепо однесување на поединци и институции со цел да се стави рака врз Фудбалската федерација на Македонија. На крајот, Ве уверувам дека Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме, вели претседателот на ФФМ, Сејдини. Во текот на вчерашниот ден АМС соопшти дека при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија (решение ИП1 бр.14-182/2 од 21.01.2019 година) утврдени се низа неправилности спротивно на Законот за спорт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-kje-se-sprotivstavuva-i-nema-da-potklekne-na-nikakov-pritisok/feed/ 0
Сејдини до репрезентативците: Jа вративте надежта и радоста во секое наше семејство https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-do-reprezentativcite-ja-vrativte-nadezta-i-radosta-vo-sekoe-nashe-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-do-reprezentativcite-ja-vrativte-nadezta-i-radosta-vo-sekoe-nashe-semejstvo/#respond Fri, 09 Oct 2020 13:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=414459

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини упати честитка до македонската А репрезентација за пласманот во финалето од Лига на Нации и македонската репрезентација до 21 година за извонредниот настап во квалификациите за Европското првенство. -Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство. Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација. Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство. Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал. Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“. Напред Македонија! – стои во честитката на Сејдини. Македонската А репрезентација синоќа избори бараж за пласман на ЕП, а младата (до 21 година) ги зголеми шансите за второто место во квалификациската група за евро-шампионатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-do-reprezentativcite-ja-vrativte-nadezta-i-radosta-vo-sekoe-nashe-semejstvo/feed/ 0
Сејдини: ФФМ секогаш ќе биде сервис за клубовите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-sekogash-kje-bide-servis-za-klubovite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-sekogash-kje-bide-servis-za-klubovite/#respond Sun, 12 Jul 2020 17:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=374777

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини, во обраќањето пред присутните делегати на денешното редовно Генерално собрание, меѓу другото, рече дека федерацијата и понатаму ќе дава целосна поддршка на клубовите. – Од идната сезона, Првата лига ќе брои 12-ет клубови. Сметаме дека со враќањето на два големи фудбалски центри, Битола со Пелистер и Струмица со Беласица, во секое коло ќе имаме дерби натпревар, а се надевам дека и младите фудбалери добро ќе се развиваат. Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе биде сервис на клубовите и целосна поддршка кога се во прашање фудбалските работи. Но, мораме да ги почитуваме пред сѐ правилата за лиценцирање и критериумите за стадионите. Искрено, се надевам дека македонскиот клупски фудбал со поддршка од ФФМ само ќе се доближува до европските стандарди, истакна Сејдини. Тој најави и помош за подобрување на условите на стадионите. – Новата трибина на стадионот во Чаир ќе биде готова за помалку од два месеци, интензивно се градат трибините во Охрид и Битола, конечно со „чиста сметка“ и завршен терен и рефлектори излегуваме од Прилеп, започнуваме нови активности на тренинг центарот „Петар Милошевски“, таму поставуваме нови рефлектори и вештачки подлоги на двата терени. Заедно со УЕФА ќе ја градиме западната трибина на стадионот во Штип која ќе биде дел од проектот за изградба на репрезентативен стадион со категоризација за натпревари од највисок ранг, информира претседателот на ФФМ. Се осврна и на македонската репрезентација која има шанса да се пласира на Европското првенство. – Би сакал да бидеме оптимисти. Европското првенство е остварување на сонот. Јас сум убеден дека македонската репрезентација ќе биде во најдобро издание на плеј-оф натпреварите од Лига на Нации и ќе уживаме во моментите на радост, додаде Сејдини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-ffm-sekogash-kje-bide-servis-za-klubovite/feed/ 0