сејко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 May 2020 12:12:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сејко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сејко: Најсилен удар економијата ќе претрпи во вториот квартал од годинава, закрепнување во 2021 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/#respond Tue, 12 May 2020 12:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=344975

Централната банка на Албанија предвидува дека во второто тримесечие од годинава ќе има силен удар врз економијата, поради пандемијата со Ковид-19 и масовната изолација, јави дописничката на МИА од Тирана. Гостувајќи во телевизиска емисија, гувернерот Гент Сејко додаде дека и во второто и третото тримесечие од годинава ќе има, но помал пад на економијата, а нејзино закрепнување се очекува во 2021 година. – Албанската економија, како и во целиот свет, беше погодена од Ковид-19. Не само што побарувачката, туку и производството е погодено. Предвидуваме најсилниот удар врз албанската економија да биде во вториот квартал. Тој удар во третиот и четвртиот квартал на 2020 година ќе имаме економски пад не толку силен како во вториот квартал, но закрепнувањето ќе дојде во 2021 година, секако во случај да немаме враќање на коронавирусот и повторување на мерките за изолација, рече Сејко. Тој очекува во летниот период да има, како што вели, релаксирано менаџирање и повторно отворање на економската активност. Туризмот, посочува, е еден од главните сегменти во Албанија и очекува од јуни да има постепено отворање. Пред корона кризата јавниот долг на земјата бил 65 отсто од бруто домашниот производ и гувернерот предвидува негово зголемување, бидејќи Владата е принудена да се задолжи. – Албанската Влада зема кредит од ММФ за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата. Ова автоматски доведе до зголемување на јавниот долг кој пред пандемијата изнесуваше 65 отсто од БДП. Нивото на долг дефинитивно ќе се зголеми, но важно е да го поминеме ова време на криза без банкрот и разбивање и да можеме да ја одржиме финансиската и монетарната стабилност на земјата, изјави Сејко. Според него, во оваа криза принудени се да преминат од фискална консолидација во еден вид фискално олеснување. Тој е оптимист дека нивото на долг повторно ќе се намали, доколку има добро фискално управување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sejko-najsilen-udar-ekonomijata-kje-pretrpi-vo-vtoriot-kvartal-od-godinava-zakrepnuvanje-vo-2021/feed/ 0