сеќавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 07:06:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сеќавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: Една година од смртта на поетот и драмски автор Видое Видичевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/#respond Mon, 13 Dec 2021 07:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=607518

Денеска се одбележува една година од смртта на писателот Видое Видичевски кој почина на 89 годишна возраст. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. Во поезијата дебитира со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година. Потоа ги објавува поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“и „Биље крај езерото“. Неговата поезија e преведувана на италијански, француски, руски, турски и романски јазик. Автор е на збирката раскази „Заробеници на вечерните игри“ и на драмите „Бреговите се немирни“ и „Балада за орканата“. Бил оснoвач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид,наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности. Видое Видичевски е роден во Охрид, во 1931 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-edna-godina-od-smrtta-na-poetot-i-dramski-avtor-vidoe-vidichevski/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: Пет години од смртта на Љупка Димитровска, нејзините песни и денес се слушаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-pet-godini-od-smrtta-na-ljupka-dimitrovska-nejzinite-pesni-i-denes-se-slushaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-pet-godini-od-smrtta-na-ljupka-dimitrovska-nejzinite-pesni-i-denes-se-slushaat/#respond Sun, 03 Oct 2021 09:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=572103

Денеска се одбележуваат пет години од смртта на Љупка Димитровска, доајен на забавната музика во поранешна Југославија, која врвот на својата популарност го достигнала во 70-те и 80-те години од минатиот век. Првиот албум „Љупка“ го објавила во 1975 година, а зад неа останале речиси пет децении музичка сцена во текот на кои отпеала многу хитови, незаборавни песни кои ги напишал нејзиниот веќе покоен сопруг Никица Калоѓера. Повеќепати пеела на Сплитскиот фестивал, а хитовите „Годините не се важни“, „Јас го сакам, тој мене не“, „Нема веќе љубов“, „Ќе се лути мојата мајка“,… се влезени во антологијата на забавната музика. Димитровска Калоѓера била родена во 1946 година во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-pet-godini-od-smrtta-na-ljupka-dimitrovska-nejzinite-pesni-i-denes-se-slushaat/feed/ 0
Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skopje-se-izdigna-od-pepelta-i-stana-simbol-na-nesebichnata-poddrshka-i-na-zaednishtvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skopje-se-izdigna-od-pepelta-i-stana-simbol-na-nesebichnata-poddrshka-i-na-zaednishtvoto/#respond Sun, 26 Jul 2020 08:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=381471

26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани. 57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје. Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден. Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото. Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност! Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-skopje-se-izdigna-od-pepelta-i-stana-simbol-na-nesebichnata-poddrshka-i-na-zaednishtvoto/feed/ 0
Kрводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvodaritelska-akcija-vo-znak-na-sekjavanje-na-skopskiot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvodaritelska-akcija-vo-znak-na-sekjavanje-na-skopskiot-zemjotres/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=377520

Општинската организација на Црвен крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на Град Скопје во петок 24 јули ќе ја организираат традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на скопскиот земјотрес од 1963 година. Акцијата, како што информираат од Црвениот крст, ќе се одржи во дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во период од 9 до 17 часот. Од Црвениот крст напоменуваат дека акцијата поради КОВИД-19 ќе биде спроведена по посебни протоколи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krvodaritelska-akcija-vo-znak-na-sekjavanje-na-skopskiot-zemjotres/feed/ 0
Пуштила балон во сеќавање на својот татко, но не ни сонувала каде ќе стигне- поминал дури 1.700 километри (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pushtila-balon-vo-sekjavanje-na-svojot-tatko-no-ne-ni-sonuvala-kade-kje-stigne-pominal-duri-1-700-kilometri-foto-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pushtila-balon-vo-sekjavanje-na-svojot-tatko-no-ne-ni-sonuvala-kade-kje-stigne-pominal-duri-1-700-kilometri-foto-2/#respond Sun, 22 Sep 2019 12:49:43 +0000 https://kurir.mk/?p=243527

Никол Боулер пуштила хелиумски балон во воздух над Бирмигем во Велика Британија како би ја одбележала годишнината од смртта на нејзиниот татко, а балонот неочекувано прелетал дури 1.700 километри. Бидејќи поминувал низ море и копно балонот слетал во Полска каде во селото Трасков во североистокот на земјата во близина на својот дом го пронашол земјоделскиот работник Радослав Гач. -Понекогаш погледнувам во небо и разговарам со мојот татко. Така мислев и дека балонот ќе одлета до него. Мојот татко не патуваше многу, а овој балон кој прилично далеку летал му значело многу. Би се смеел на ова сигурно, вели Боулер. Таа заедно со својот сопруг на втори септември пуштиле повеќе мали балони заедно со еден посебен во форма на ѕвезда полни со хелиум. На балоните пишувало „Засекогаш отиде, но никогаш заборавен тато/ Дерек 26 април 1950- 2 септември 2018“. Од друга страна стоела и пораката „Ве молам напишете ми до каде стигна патувањето на татко ми“. -Се чувствував тажно, но и среќно бидејќи јас се сеќавам на мојот татко и на неговата годишнина го правам ова, вели таа. Инаку Гач го додала својот мобилен телефон на балонот, а потоа добила порака од местото во Полска каде е пронајден балонот, па морала да го пронајде на Гугл за да се увери каде се наоѓа селото. -Помислив дека некој се шегува со мене, не можев да поверувам дека балонот може толку многу да помине, завршува таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pushtila-balon-vo-sekjavanje-na-svojot-tatko-no-ne-ni-sonuvala-kade-kje-stigne-pominal-duri-1-700-kilometri-foto-2/feed/ 0
Зошто не се сеќаваме на настаните од детството? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/#respond Sat, 21 Apr 2018 18:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=44077

Бебиња секогаш забораваат. Сеќавањата на новороденчињата се бришат со развојот на нови мозочни клетки, тврдат научниците, кои ги проучувале глодарите. Овие податоци даваат објаснување за луѓето кои не можат да се сетат на настани од раното детство. – Ова е навистина фасцинантно. Никој пред нас не го проучувал ова, вели д-р Томас Инсел, невролог и психијатар. Пред повеќе од 100 години, Сигмунд Фројд зборуваше за човечка тенденција да се заборават раните години од својот живот, нарекувајќи го тоа инфантилна амнезија. Научниците подоцна мислеле дека сеќавањата се чуваат со помош на јазикот, затоа што децата обично почнуваат да имаат долгорочни спомени од времето кога ќе тргнат на училиште, вели студијата ко-авторот, Шина Жозелин. – Но најчудна работа е дека повеќето животни имаат инфантилна амнезија, и развој на јазикот не може да биде целосно објаснување, вели таа. Инспирирани од набљудувањето на нивното дете, Шина и нејзиниот сопруг Пол, се запрашале зошто малите деца не можат да ги задржат сеќавањата за некоја ситуација или настан. За меморирање важен е хипокампусот, дел од мозокот кој се занимава со производство на нови клетки. Синај и Пол заедно со тимот истражувале глувци, животни кои исто како луѓето имаат дамки во најраните спомени. Како стареат глувците, производството на неврони се забавува. Падот во производството на неврони се совпаѓа со способноста на овие глодари да ги запомнат тешките ситуации, велат истражувачите. Научниците дошле до заклучок дека новите клетки произведени од страна на хипокампусот се виновни за фактот дека мозокот не може да памти во раната младост, затоа што новите клетки ги бришат старите клетки во кои се наоѓаат претходни сеќавања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/feed/ 0