сексуални услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 12:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сексуални услуги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европратениците предлагаат кривично гонење на корисниците на сексуални услуги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/#respond Thu, 14 Sep 2023 12:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=878050

Европскиот парламент денеска со 234 гласа „за“, 175 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Извештај со кој се бара преземање мерки од страна на ЕУ за справување со последиците од проституцијата, со кои меѓу другото се предлага и кривично гонење на корисниците на сексуални услуги. Во Извештајот се посочува дека проституцијата има влијание врз родовата еднаквост и правата на жените, како и дека асиметријата помеѓу националните правила за проституција во ЕУ води до зголемен број на жртви на трговија со луѓе за сексуална експлоатација и создава плодна почва за организиран криминал. - Земјите членки треба да го преоценат постојното законодавство за да се избегнат какви било пропусти што би им дозволиле на криминалците да дејствуваат неказнето, додека Комисијата треба да развие заеднички насоки на ЕУ кои ќе ги гарантираат основните права на луѓето вклучени во проституцијата, се наведува во Извештајот. Во документот се додава и дека проституцијата и сексуалната експлоатација постојат затоа што има побарувачка за нив, па затоа „намалувањето на побарувачката е клучно за спречување и намалување на трговијата со луѓе и тоа мора да се направи на начин што нема да им се наштети на оние кои се занимаваат со проституција“. Со извештајот се бара преземање мерки и против рекламите на интернет што директно или индиректно поттикнуваат проституција и соработка на полицијата и другите агенции за спроведување на законот со социјалните и медицинските служби и невладините организации во справување со трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација и во заштита на жените вклучени во проституцијата. - Лицата кои се занимаваат со проституција се соочуваат со постојана закана од полициски и судски прогон и се маргинализирани и стигматизирани, што често ја попречува нивната намера да бараат правда, се додава во извештајот, во кој се апелира за овозможување на нивни целосен пристап до висококвалитетни здравствени и социјални услуги и до правосудниот систем. Но, предлогот за кривично гонење на корисниците на сексуални услуги не наиде на подршка на сексуалните работници и организациите што поддржуваат целосна декриминализација на проституцијата, кои апелираа до европратениците да го отфрлат Извештајот. Според нив, идејата за гонење на корисниците на сексуални услуги не ги штити правата на жените и другите ангажирани во сексуалната работа. Тие оценуваат дека Извештајот е „пристрасен и штетен“ и бараат да се усвои „пристап заснован на почитување на човековите права“, со кој би се декриминализирале сите аспекти на сексуалната работа. Според нив, гонењето на корисниците на сексуални услуги ќе ја поттикне илегалната проституција и ќе придонесе за помала безбедност за сексуалните работници. Европарламентот на денешното продолжение на овонеделната септемвриска сесија со 366 гласови „за“, 186 „против“ и 18 „воздржани“ даде зелено светло за старт на преговорите со Советот на ЕУ за реформа на пазарот на електрична енергија во Унијата, чија примарна цел е заштитата на потрошувачите од нестабилните цени на струјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenitsite-predlagaat-krivichno-gonene-na-korisnitsite-na-seksualni-uslugi/feed/ 0
Битолчанка нудела сексуални услуги: Наместо “клиенти“, ја фатија полицајци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanka-nudela-seksualni-uslugi-namesto-klienti-ja-fatija-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanka-nudela-seksualni-uslugi-namesto-klienti-ja-fatija-politsajtsi/#respond Mon, 22 May 2023 16:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=837555

Полициски службеници во неделата околу 21:30 часот ја затекнале 34-годишната Е.А. од Битола како нуди сексуални услуги на Градското шеталиште. Е.А. била затекната како нуди сексуални услуги на шеталиштето во период кога имало голем број шетачи, информира МВР. Против 34-годишната битолчанка е поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bitolchanka-nudela-seksualni-uslugi-namesto-klienti-ja-fatija-politsajtsi/feed/ 0
Го принудувале своето дете да дава сексуални услуги – родителите зад решетки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-prinuduvale-svoeto-dete-da-dava-seksualni-uslugi-roditelite-zad-reshetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-prinuduvale-svoeto-dete-da-dava-seksualni-uslugi-roditelite-zad-reshetki/#respond Tue, 30 Nov 2021 13:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=602011

На 29.11.2021 година, по претходно донесена наредба за спроведување истражна постапка од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје-Единица за интервентна полиција при БЈБ-МВР, од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, беа издадени наредби за приведување на три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „трговија со дете“ по чл.418-г и „родосквернавење“ по чл.194 од КЗ на РСМ. Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје-Единица за интервентна полиција и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје, презеде мерки и активности за постапување по наредбата и лишување од слобода на три лица за кои постојат основи на сомневање дека се сторители на овие кривични дела. Притоа, лишени од слобода се три лица и тоа родителите на детето Ш.А. (48) и Н.А. (41), како и А.К.(61), корисник на сексуални активности од дете кое не наполнило 14 години, тројцата од Скопје, при што во текот на денешниот ден се изнесени пред Судија на претходна постапка, кој им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Поради фактот што Ш.А. и Н.А. се во брачна заедница, од која имаат малолетни деца, ангажирани се претставници од ЈУМЦСР Скопје, за соодветно згрижување на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-prinuduvale-svoeto-dete-da-dava-seksualni-uslugi-roditelite-zad-reshetki/feed/ 0