сексуално насилство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 16:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сексуално насилство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во судирите во Етиопија повеќе од 10.000 жртви на сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/#respond Mon, 18 Sep 2023 16:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=879207

Најмалку 10.000 жени и девојчиња биле жртви на сексуално насилство во Етиопија и покрај мировниот договор меѓу завојуваните страни, велат експерти на Обединетите нации (ОН) во извештај објавен денеска. Претседателот на Меѓународната комисија на експерти за човекови права во Етиопија, Мохамед Чанде Отман, рече дека ситуацијата останува „исклучително сериозна“ и покрај мировниот договор потпишан во ноември 2022 година. Насилството избувна во ноември 2020 година, главно во северниот регион Тиграј, кој со месеци беше отсечен од надворешниот свет. Во извештајот се наведува дека сите страни во таа војна извршиле злосторства, вклучувајќи масовни убиства, силување, гладување и уништување училишта и медицински установи. Во извештајот се вели дека војниците од соседната Еритреја и членовите на милицијата од групата Амхара во Етиопија продолжуваат да вршат сериозни злосторства во Тиграј, вклучително и „систематско сексуално насилство врз жени и девојчиња“. Комесарката Радика Кумарасвами рече дека присуството на еритрејските трупи во Етиопија покажува не само „вкоренета политика на неказнивост, туку и дека владата на земјата „постојано ги поддржува и толерира таквите прекршувања“. - Убиени се цели семејства, роднините принудени да гледаат ужасни злосторства врз нивните најблиски, додека цели заедници се раселени или протерани од своите домови, истакна таа. Цитирајќи проценки од седум здравствени центри само во Тиграј, комисијата рече дека повеќе од 10.000 преживеани од сексуално насилство побарале медицинска помош од почетокот на конфликтот до јули оваа година. Извештајот на експертите е објавен во време на неизвесност за идната работа на тимот истражители кои го напишаа, бидејќи Советот за човекови права на ОН на почетокот на октомври треба да одлучи дали да го продолжи нивниот мандат, додека етиопската влада на премиерот Аби Ахмед сака тоа да не се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sudirite-vo-etiopija-poveke-od-10-000-zhrtvi-na-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Единаесет француски бискупи обвинети за сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-francuski-biskupi-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-francuski-biskupi-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/#respond Mon, 07 Nov 2022 14:51:02 +0000 https://kurir.mk/?p=756962

Единаесет поранешни или актуелни француски бискупи се обвинети за сексуално насилство, вклучително и поранешниот бискуп од Бордо, кој признал дека нападнал малолетник пред 35 години, соопшти денеска висок црковен орган. Обвинетите ќе се соочат или со граѓански случаи или со црковни дисциплински постапки, изјави на прес конференција надбискупот на Ремс, Ерик де Мулен-Бофор, претседател на Бискупската конференција на Франција. Други детали не се соопштени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-francuski-biskupi-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Во Украина отворени 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-otvoreni-16-krivichni-istragi-povrzani-so-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-otvoreni-16-krivichni-istragi-povrzani-so-seksualno-nasilstvo/#respond Fri, 03 Jun 2022 17:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=686374

Украинската полиција примила околу 50 тужби и отвори 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко. Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство во Украина откако Русија го почна нападот врз земјата во февруари. Москва негира дека извршила воени злосторства и оти цели биле цивили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-otvoreni-16-krivichni-istragi-povrzani-so-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
СКАНДАЛ: Вработени во СЗО обвинети за сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vraboteni-vo-szo-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vraboteni-vo-szo-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/#respond Tue, 28 Sep 2021 17:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=569572

Светската здравствена организација (СЗО) е цел на сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата која го истражува случајот ги осуди „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата. Сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на тимови задолжени за справување со епидемијата на ебола што ја зафати ДРК меѓу 2018 и 2020 година, наведуваат истражителите, кои испрашувале десетици жени на кои им била нудена работа во замена за сексуален однос или, пак, биле жртви на силување. Во воведот на извештајот на независната истражна комисија – формирана во октомври 2020 година од страна на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејсус, се дава мрачна слика за ситуацијата на теренот. Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола, што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство. -Првото нешто што сакам да им го кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за сето она што го претрпевте од луѓе кои беа вработени во СЗО и кои требаше да бидат на ваша услуга и да ве заштитат, рече Тедрос на прес конференцијата на која ги соопшти заклучоците на истражната комиисја и од која најави остри казни за одговорните. „Ова е тежок ден за СЗО“, призна генералниот директор, кој се кандидираше за втор мандат на чело на организацијата, што минатата недела беше поздравено од повеќето земји на ЕУ. Комисијата идентификувала 83 наводни сторители, од кои 21 биле вработени во СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vraboteni-vo-szo-obvineti-za-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Овој премиер повторно ги обвини жените: Ако носите многу малку облека тоа предизвикува сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-premier-povtorno-gi-obvini-zenite-ako-nosite-mnogu-malku-obleka-toa-predizvikuva-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-premier-povtorno-gi-obvini-zenite-ako-nosite-mnogu-malku-obleka-toa-predizvikuva-seksualno-nasilstvo/#respond Tue, 22 Jun 2021 20:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=526840

Премиерот на Пакистан, Имран Кан се соочи со критики откако за порастот на сексуалното насилство во земјата ги обвини жените кои носат „многу малку облека“. -Ако жената носи многу малку облека, тоа ќе има влијание, ќе влијае врз мажите, освен ако не се роботи. Мислам дека тоа е здрав разум, истакна Кан во интервју за Аксиос на Ејч-Би-О (Axios HBO) за време на викендот. Кан, одговарајќи на новинарско прашање дали начинот на облекување на жената може да предизвика сексуално насилство, наведе дека тоа зависи од општеството. -Ако живеете во општество во кое луѓето не навикнале да гледаат такви работи, тоа ќе влијае врз нив, истакна Кан. Активистите за човекови права и од опозицијата побара извиинување од Кан. Тоа е вторпат за два месеца Кан да изјави дека облеката на жената предизвикува сексуално насилство. Тој во април за државната пакистанска телевизија тврдеше дека носењето бурка би ги заштитило жените од сексуално насилство. Сексуално вознемирување и насилство врз жени не се реткост во Пакистан. Речиси илјада жени секоја година се самоубиваат поради „чест“ односно поради наводно кршење на конзервативните норми за љубовта и бракот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-premier-povtorno-gi-obvini-zenite-ako-nosite-mnogu-malku-obleka-toa-predizvikuva-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Во Франција 445 лица се обвинети за сексуално насилство во спортот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-445-lica-se-obvineti-za-seksualno-nasilstvo-vo-sportot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-445-lica-se-obvineti-za-seksualno-nasilstvo-vo-sportot/#respond Fri, 02 Apr 2021 18:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=491527

Речиси 445 лица во Франција се обвинети за сексуално насилство во спортот, се дознава од извештаите испратени до канцеларијата за сексуално насилство во спортот, јави дописникот на МИА. Информацијата лично ја соопшти министерката задолжена за спорт Роксана Марачинеану, по повод втората конвенција посветена на оваа тема. Оваа канцеларија беше воспоставена минатата зима по објавувањето на книгата „Еден долг молк“ од натпреварувачката во уметничко лизгање, Сара Абитбол. Таа раскажа деак во раните 90-ти години на минатиот век била силувана од нејзиниот тренер, кога била на возраст од 15 до 17 години. Нејзината книга предизвика каскадни откритија. Првиот преглед составен во средината на февруари броеше 387 пријави и 421 обвинети лица, вклучувајќи 245 професионални или волонтерски спортски воспитувачи. Министерскиот делегат задолжен за сексуално насилство во спортот, Фабиен Бурда, денеска изјави дека тоа се однесува на „48 спортски федерации“ и дека во 12 „се концентрираат 66 отсто од случаите“. Друга бројка забележана од учесниците на оваа конвенција, на која учесвуваше и министерот за правда, Ерик Дипонд-Морети, кој дојде да сведочи за поддршката на правдата, „63 отсто од случаите се однесуваат на малолетници под 15 години“. Фабиен Бурдеи истакна дека „25 извештаи“ произлегуваат од структури на високо ниво, што значи дека „огромното мнозинство од фактите се одвива во класични клубови“. Префектите издадоа 191 административна забрана. Ова се однесува на 29 јавни службеници, вклучително и 16 од Министерството за спорт и 11 од националното образование, вклучувајќи седум наставници по физичко воспитување. Сведочејќи како претседател на Криминалниот суд во Лоара, Од Кристо објасни дека „светот на спортот привлекува предатори во училиштата“, осврнувајќи се на случајот со инструктор за велосипедизам кој е виновен за 19 силувања. Таа, исто така, инсистираше на симптомите на посттрауматски стрес на жртвите (скарификации, нарушувања во исхраната, мутизам…). -Мали девојчиња се кријат под моето биро, не можејќи да зборуваат, рече таа. Оваа тешкотија во опишувањето на претрпените злосторства честопати е синоним за раскин со спортскиот свет. Сара Абитбол, присутна на конвенцијата, рече дека „е на пат кон закрепнување“. Една година по објавувањето на нејзината книга, „жртвите не се срамат да зборуваат гласно. Тешко е, бидејќи имаме впечаток дека го ослабуваме нашиот спорт (), но моравме. Горда сум што го сторив тоа, дури и ако понекогаш повратите нешта се сложени“, сведочеше таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-445-lica-se-obvineti-za-seksualno-nasilstvo-vo-sportot/feed/ 0
Една третина од жените во светот се жртви на физичко или сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-tretina-od-zenite-vo-svetot-se-zrtvi-na-fizichko-ili-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-tretina-od-zenite-vo-svetot-se-zrtvi-na-fizichko-ili-seksualno-nasilstvo/#respond Wed, 10 Mar 2021 06:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=479871

Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), насилството врз жените е се уште поразувачко и почнува уште од нивната млада возраст. Околу 736 милиони жени или третина од жените во светот над 15-годишна возраст, во одреден момент од нивниот живот биле предмет на физичко или сексуално злоставување, соопштија Обединетите нации. -Насилството врз жените предизвикува штета на милиони жени и нивните семејства, и уште повеќе се влошува со пандемијата на Ковид-19. За разлика од ковидот, жените не можат да го запрат насилството врз нив со вакцини, изјави шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-tretina-od-zenite-vo-svetot-se-zrtvi-na-fizichko-ili-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Жртви на сексуално насилство бараат компензација од Манчестер Сити https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/#respond Thu, 07 May 2020 19:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=343246

Скандалот со сексуална злоупотреба на деца во англискиот фудбал продолжува да го прогонува Манчестер Сити. Осуммина мажи кои биле малтретирани од поранешниот тренер на клубот, Бери Бенел, ќе ги тужат „граѓаните“ за обештетување, јави Би-Би-Си. Тие тврдат дека претрпеле бројни психолошки трауми како резултат на постапките на Бенел. Седуммина од нив, исто така, бараат компензација затоа што не им се дало можност да се развиваат во фудбалот. Бенел во моментот издржува казна од 31 година за насилство врз 12 деца на возраст меѓу 8 и 15 години, во случаи регистрирани од 1979 до 1991 година. Тужителите тврдат дека Сити е виновен, иако Бенел немал договор со тимот и заминува во средината на осумдесеттите. Двајца од мажите ќе поднесат тужба и против Кру Александриа, каде Англичанецот беше тренер во училиштето на тимот по престојот во Манчестер. И двата тима негираат одговорност. Претстојните барања ќе бидат разгледани, а процесот ќе започне во октомври 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zrtvi-na-seksualno-nasilstvo-baraat-kompenzacija-od-manchester-siti/feed/ 0
Панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-za-promocija-na-centrite-za-upatuvanje-zrtvi-na-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-za-promocija-na-centrite-za-upatuvanje-zrtvi-na-seksualno-nasilstvo/#respond Wed, 04 Dec 2019 06:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=272989

Во рамки на проектот „Елиминирање на родовата нееднаквост, преку интервенции на институционално и дигитално ниво“ финансиран од шведската фондација Kvinna till Kvinna, денеска ќе се одржи панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство и стандардите за нивно функционирање. Панелот е наменет за претставници на институциите кои работат на заштита на жртвите од сексуално насилство, како и претставници на граѓанските организации и општата јавност. Целта е да се подигне свеста за постоење на центрите, како и да се идентификуваат слабостите во протоколите и стандардите за работа и воедно да се дадат препораки за нивно подобро функционирање. Како што е најавено, панелот ќе го отворат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство. На панел дискусијата посветена на стандардите и предизвиците поврзани со работата на центрите ќе учествуваат Розалита Дојчиноска, полициски советник во Биро за јавна безбедност при МВР, Нермина Факовиќ, координаторка за еднакви можности во Министерството за здравство, Нада Тофоска, координаторка на Центарот за жртви на сексуално насилство во Скопје и Наташа Станојевиќ, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panel-diskusija-za-promocija-na-centrite-za-upatuvanje-zrtvi-na-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Режисерот Лук Бесон обвинет за сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-luk-beson-obvinet-za-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-luk-beson-obvinet-za-seksualno-nasilstvo/#respond Wed, 11 Jul 2018 07:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=75463

Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз глумица со која работел на неколку проекти претходно. Нови податоци од истрагата велат дека повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ. Обвинувањата кон режисерот се случуваат во период кога неговата компанија Јуропа-Корп се соочува со финансиски проблеми и реструктуирање, по потфрлањето на  неговиот најнов филм „Валеријан“. Бесон е познат по филмовите „Петтиот елемент“, „Луси“, „Леон: Професионалецот“ и трилогијата „Артур“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/reziserot-luk-beson-obvinet-za-seksualno-nasilstvo/feed/ 0