сексуално образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 08:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сексуално образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Завршува серијата „Сексуално образование“ – четврттата сезона е и последна https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zavrshuva-serijata-seksualno-obrazovanie-chetvrttata-sezona-e-i-posledna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zavrshuva-serijata-seksualno-obrazovanie-chetvrttata-sezona-e-i-posledna/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=853448

Познатата тинејџерска хумористична серија „Сексуално образование“ (Sex education) се ближи кон својот крај. Имено, четвртата сезона ќе биде и последна, а премиерно ќе се прикажува од 21 септември годинава, откри вчера Нетфликс. Во кусата видеонајава за претстојните епизоди, го гледаме главниот лик Отис Милбурн, незваничен секс-терапевт кого го глуми Аса Батерфилд, како држи говор пред група ученици и несмасно открива дека сè што научил за сексот е од неговата мајка... За последнава сезона се враќаат и Џилијан Андерсон (мајката), Нкути Гатва, Ејми-Лу Вуд и Ема Меки. Некои обожаватели се тажни поради крајот, но други, пак, велат оти „треба да се знае кога да се прекине со она што е добро“, како што напиша еден корисник на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zavrshuva-serijata-seksualno-obrazovanie-chetvrttata-sezona-e-i-posledna/feed/ 0
Детектор: Македонците бараат сексуално образование во училиштата, Албанците се против https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedontsite-baraat-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata-albantsite-se-protiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedontsite-baraat-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata-albantsite-se-protiv/#respond Sun, 09 Apr 2023 15:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=822156

Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја, покажуваат резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба. Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%. Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedontsite-baraat-seksualno-obrazovanie-vo-uchilishtata-albantsite-se-protiv/feed/ 0
Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/#respond Wed, 02 Dec 2020 07:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=437257

Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука. Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН, ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција. Министерката Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две урбани и две рурални со настава на македонски и на албански јазик, за потоа ова образование да се интегрира во наставните курикулуми. Во процесот е вклучено Бирото за развој на образованието, невладината ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН. Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас“, а вториот дел ќе биде онлајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-pilot-programata-za-seopfatno-seksualno-obrazovanie/feed/ 0
ХЕРА: Бесплатен контрацептив да има на позитивната листа на лекови и да се воведе сеопфатно сексуално образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hera-besplaten-kontraceptiv-da-ima-na-pozitivnata-lista-na-lekovi-i-da-se-vovede-seopfatno-seksualno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hera-besplaten-kontraceptiv-da-ima-na-pozitivnata-lista-na-lekovi-i-da-se-vovede-seopfatno-seksualno-obrazovanie/#respond Tue, 10 Dec 2019 13:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=275585

Воведување бесплатен контрацептив на позитивната листа на лекови, сеопфатно сексуално образование, подобра опременост на советувалиштата за млади и едукација, како и нов медицински персонал кој ќе спроведува информативни кампањи и други активности, побараа од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, кои денеска организираа панел-дискусија на тема „Пристапност и достапност до контрацепција“, во рамки на проектот „Млади за младинско застапување“. Државава, посочија од ХЕРА, е една од земјите со најмала употреба на современи контрацептивни средства во Европа, која кај жени на возраст од 15 до 49 години изнесува 12,8 отсто, а незадоволената потреба за услуги за планирање семејство изнесува 17,2 отсто. -За жал не постои добра пристапност и достапност до контрацепција првенствено затоа што ниту еден контрацептив не е на позитивната листа на лекови иако тоа е дел од стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје. Тоа е влезено во Акцискиот план, но се уште не е реализирано, а догодина истекуваат овие стратешки документи. Тие контранцептиви што се во моментов достапни младите можат да ги добијат единствено доколку се препишани од медицинско лице, а ако сакаат да ги купат се многу скапи. Од друга страна достапноста на медицински персонал е многу мала во рурални средини, во посиромашни делови, така што на младите не им се достапни контрацептивите, истакна програмскиот раководител во ХЕРА, Драгана Каровска Чемерска. Посочи дека има одреден број контрацептиви кои се делат по младинските советувалишта, одвоени се средства од буџетот на државата за таа намена, но системот на набавка и нивна дистрибуција не е се уште воспоставен, а тоа што во превентивните програми за мајки и деца е предвидено не се извршува поради недостиг на систем на дистрибуција. Институциите, нагласи таа, работат на тоа, влезено е во стратешки документи, треба да се имплементира, меѓутоа сите активности доцнат. Додаде дека усвоена е одлука на Влада да се пилотира сеопфатно сексуално образование во државава, веќе се изработуваат прирачници, а тие инсистираат темата на контрацепција да биде како засебна тема во целиот пакет што ќе се воведува. Според податоците од нивното истражување „Пристап до информации за сексуално и репродуктивно здравје и права“ спроведено во основни и средни училишта, само 40 отсто од учениците добиле образование за животни вештини, а од оние кои ја поминале оваа програма или предмет малкумина односно само 12 отсто добиле информации за тоа како да користат кондом, а само три проценти добиле информации за тоа како се користи орална контрацепција. Педесет и два отсто од наставниците се изјасниле дека нивниот главен предизвик во предавањето на овие теми е недостиг на настапни прирачници. -Ова само го оправдува воведувањето пилот проект за сеопфатно сексуално образование во државава, додаде Каровска Чемерска. Од ХЕРА потенцираа дека на панел дискусијата иако биле поканети, не учествуваа претставници на министерствата за здравство, труд и социјална политика и образование и наука. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hera-besplaten-kontraceptiv-da-ima-na-pozitivnata-lista-na-lekovi-i-da-se-vovede-seopfatno-seksualno-obrazovanie/feed/ 0