сексуално преносливи болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Feb 2022 15:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сексуално преносливи болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По короната доаѓа нова сексуално пренослива болест – се шири орално, вагинално и анално, отпорна е на досегашните лекови https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-koronata-doagja-nova-seksualno-prenosliva-bolest-se-shiri-oralno-vaginalno-i-analno-otporna-e-na-dosegashnite-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-koronata-doagja-nova-seksualno-prenosliva-bolest-se-shiri-oralno-vaginalno-i-analno-otporna-e-na-dosegashnite-lekovi/#respond Wed, 23 Feb 2022 15:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=635515

Нова болест се заканува да се рашири во Европа и повторно се работи за мутант, но нема врска со најпознатиот вирус. Тоа е сексуално пренослива болест која е отпорна на лекови од обичната, а научниците ја именуваа „супергонореја“. Според информациите, во Велика Британија се потврдени два нови случаи на ова модификувано заболување, а се работи за пар во средина на дваесеттите години. Досега супергонореја е дијагностицирана кај вкупно четири лица. Ова е инфекција која се пренесува преку полов однос, а ја предизвикува бактеријата „Neisseria gonorrhoeae“. Можноста за инфекција е подеднакво застапена кај двата пола и најчесто се пренесува преку вагинален, орален и анален сексуален однос. Овој супермутиран обилик е отпорен на досега ефикасните лекови против полови болести, на антибиотикот „цефтриаксон“ и се заканува да се рашири низ Европа. Д-р Кати Синка предупреди на опасност од ширење на оваа болест. – После неколку години без ниту еден случај на тежок облик на гонореја, сега имаме четири случаи за два месеца. Прерано е да кажеме дали тоа ќе биде почеток на нова епидемија, но знаеме дека сексуално преносливите болести се во пораст. Важно е сите да знаат дека лекувањето кај половите инфекции не е едноставно како кај другите – земате апче и продолжувате со животот. Ако не се лекувате правилно, болеста долгорочно ќе влијае на вашето здравје – рече д-р Кати која е специалист за полово преносливи болести. Гонорејата е најчесто симптоматска, но не значи дека инфицираното лице не може да ја пренесе бактеријата на други. Жените најчесто немаат никакви симптоми на почетокот, но ако се јават, знаат да бидат поблаги, а тоа се: болка и пецкање при мокрење, зголемен вагинален секрет, вонменструалено крварење, крварење после сексуален однос и болка во долниот дел на стомакот. Кај машките инфекцијата може да биде и асимптоматска, а ако се јават симптоми, тоа најчесто ќе бидат бол и пецкање при мокрење, гноен секрет од пенисот и болни или подуени тестиси. Симптомите на гонореја може да се јават и на ректумот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/po-koronata-doagja-nova-seksualno-prenosliva-bolest-se-shiri-oralno-vaginalno-i-analno-otporna-e-na-dosegashnite-lekovi/feed/ 0
СЗО: Милион луѓе дневно се заразуваат со сексуално преносливи болести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-milion-lugje-dnevno-se-zarazuvaat-so-seksualno-prenoslivi-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-milion-lugje-dnevno-se-zarazuvaat-so-seksualno-prenoslivi-bolesti/#respond Fri, 07 Jun 2019 08:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=206433

 Повеќе од еден милион луѓе ширум светот секојдневно се заразуваат со сексуално преносливи, а најзагрижувачки се стапките на заразеност со кламидија, гонореја, трихомонијаза и сифилис, објави Светската здравствена организација (СЗО).

– Поголем број инфекции се излечливи и може лесно да се спречат, но одредени заболувања, особено гонорејата, развиле исклучително отпорни форми кои се потешко се лекуваат со антибиотици, се наведува во извештајот на СЗО. Извештајот, врз основа на последните достапни глобални податоци од 2016 година, покажува дека кај мажите и жените помеѓу 15 и 49 години во 2016 година имало 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони случаи на гонореја, 6,3 милиони сифилис и 156 милиони трихомонијаза. Доколку не се лекуваат, тие можат да предизвикаат сериозни и хронични здравствени проблеми, вклучувајќи невролошки и кардиоваскуларни заболувања, неплодност, раѓање мртвородени деца и зголемен ризик од ХИВ. Се проценува дека во 2016 година само од сифилис се предизвикани 200.000 смртни случаи кај новороденчиња, што е една од најголемите причини за смрт кај децата во светот, се наведува во истражувањето. Сексуалните инфекции предизвикани од бактерии обично може да се третираат со широко достапни лекови, но истражувањата на СЗО забележуваат дека неодамнешните недостатоци во глобалната набавка на бензатин пеницилин ја отежнува контролата врз ширењето на сифилисот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-milion-lugje-dnevno-se-zarazuvaat-so-seksualno-prenoslivi-bolesti/feed/ 0