сексуално злоставување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 13:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сексуално злоставување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За сексуално злоставување деца: Австралиец осуден на 129 години затвор! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-seksualno-zlostavuvanje-deca-avstraliec-osuden-na-129-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-seksualno-zlostavuvanje-deca-avstraliec-osuden-na-129-godini-zatvor/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=758005

Австралиец е осуден на 129 години затвор на Филипините поради сексуална злоупотреба на деца во кој најмладата жртва имала 18 месеци, соопштија обвинителите. „Се надевам дека ова е многу силна порака до сите насилници, сите трговци со луѓе“, рече Мерлин Барола-Уи, регионален обвинител на јужниот град Кагајан де Оро.Питер Џерард Скали веќе отслужува доживотна затворска казна за силување и трговија со луѓе, особено млади девојки. Судот во Кагајан де Оро ја изрече новата казна откако Скали и неговите тројца соучесници склучија договор за признавање вина. Жртвите и нивните семејства ги прифатија условите на спогодбата, се вели во соопштението објавено на Фејсбук страницата на регионалното обвинителство. Експертите предупредуваат дека Филипините станаа глобален центар за сексуална експлоатација на деца, феномен што се влошува со сиромаштијата. Скали и неговите соучесници се обвинети за 60 кривични дела, вклучувајќи трговија со луѓе, сексуална злоупотреба на деца, силување и детска порнографија. Партнерката на Скали, Лавли Маргало, е осудена на 126 години затвор. Двајца други добија казни од повеќе од девет години затвор. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-seksualno-zlostavuvanje-deca-avstraliec-osuden-na-129-godini-zatvor/feed/ 0
Поради сексуално злоставување: Доживотно суспендиран тренер по атлетика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poradi-seksualno-zlostavuvanje-dozivotno-suspendiran-trener-po-atletika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poradi-seksualno-zlostavuvanje-dozivotno-suspendiran-trener-po-atletika/#respond Tue, 09 Aug 2022 13:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=716133

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти. Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението. Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години. -Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува вели во соопштението на локалната Федерација. Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња. Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година. Таа, исто така, освои сребро на Игрите во Рио во 2016 година и три пати беше светски шампион. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/poradi-seksualno-zlostavuvanje-dozivotno-suspendiran-trener-po-atletika/feed/ 0
СКАНДАЛ: Пливачки тренер обвинет за сексуално злоставување https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skandal-plivachki-trener-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skandal-plivachki-trener-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/#respond Tue, 02 Aug 2022 11:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=713005

Австралискиот тренер во пливање Дик Кејн (76) се соочи со 11 обвиненија за сексуално злоставување млади пливачки во текот на 70-те години од минатиот век, објавија денеска локалните медиуми. Обвинувањата се однесуваат на пет девојки, кои Кејн ги тренирал во 70-години од минатиот век, како и за сексуален напад врз жена во 1992 година. Кејн беше приведен кон средината на мај, а локалните медиуми наведуваат дека му била одобрена кауција бидејќи боледува од рак во терминална фаза. Почетокот на судскиот процес е закажан за 30 август. Кејн се пензионираше во 2020 година, а во својата кариера тренираше 11 олимписки и светски прваци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/skandal-plivachki-trener-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/feed/ 0
ЖЕНА МОНСТРУМ: Ученици во Индија биле сексуално злоставувале од својата наставничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-monstrum-uchenici-vo-indija-bile-seksualno-zlostavuvale-od-svojata-nastavnichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-monstrum-uchenici-vo-indija-bile-seksualno-zlostavuvale-od-svojata-nastavnichka/#respond Thu, 07 Apr 2022 09:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=659551

Наставничка од Индија сексуално злоставувала тројца 16-годишни ученици од училиштето во коешто работела и заврши в затвор, објавија тамошните медиуми. Единицата за кибер-криминал во јужната индиска сојузна држава Тамил Наду покрена истрага против 42-годишната жена откако на интернет се појави видео од оргијата. Полицијата утврдила дека снимката ја направил нејзиниот партнер. Човекот веќе признал дека го снимил видеото и го дистрибуирал меѓу свои познаници. Се истражува и дали видеото е објавено на платени порностраници. Самите ученици поднеле пријава против наставничката и нејзиниот партнер. Тие тврдат дека двојката се обидела да ги заплаши за да не зборуваат за тоа што се случило. Наставничката и нејзиниот љубовник се обвинети за злоставување малолетници, закани и дистрибуција на непристојни содржини. Претходно светот го обиколи веста дека наставничка од Велика Британија е уапсена поради секс со 15-годишен ученик. Никол Парк (42) беше осудена на 27 месеци затвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zena-monstrum-uchenici-vo-indija-bile-seksualno-zlostavuvale-od-svojata-nastavnichka/feed/ 0
СЕКС СКАНДАЛ: Фудбалерки обвинија поранешниот селектор за злоставување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seks-skandal-fudbalerki-obvinija-poraneshniot-selektor-za-zlostavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seks-skandal-fudbalerki-obvinija-poraneshniot-selektor-za-zlostavuvanje/#respond Wed, 06 Oct 2021 15:19:32 +0000 https://kurir.mk/?p=574162

Сите 24 членки на женската фудбалска репрезентација на Венецуела го обвинија преку социјалните мрежи поранешниот селектор Кенет Зерамета за сексуално вознемирување и го опишаа како вистински „монструм“. –Одлучивме да го прекинеме молкот и да ја откриеме вистинската слика за поранешниот селектор, кој за време на својот мандат физички и психички ги малтретираше фудбалерките и сексуално ги злоставуваше, напишаа венецуелските фудбалерки за 55 – годишниот поранешен селектор, додавајќи оти многумина од нив признале дека Зерамета физички и психички ги малтретирал условувајќи го нивното место во националниот тим со непристојни предлози. Најпознатата фудбалерка на Венецуела и член на шпански Атлетико Мадрид, Дејна Кастељанос, обелодени дека нејзина колешка од националниот тим и признала дека поранешниот селектор сексуално ја злоставувал на 14-годишна возраст. Зерамета, роден во Панама, кој, исто така, има венецуелски пасош, предводеше повеќе фудбалски селекции во Венецуела од 2008 до 2017 година, а од лани е селектор на сениорската женска репрезентација на Панама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/seks-skandal-fudbalerki-obvinija-poraneshniot-selektor-za-zlostavuvanje/feed/ 0
Ватикан го казни пензионираниот надбискуп на Вроцлав за прикривање сексуални злоставувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-go-kazni-penzioniraniot-nadbiskup-na-vroclav-za-prikrivanje-seksualni-zlostavuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-go-kazni-penzioniraniot-nadbiskup-na-vroclav-za-prikrivanje-seksualni-zlostavuvanja/#respond Sat, 21 Aug 2021 18:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=553434

Ватикан го казни поранешниот надбискуп на Вроцлав затоа што не ги сфатил сериозно обвинувањата за сексуална злоупотреба во Црквата, забранувајќи му да учествува на јавни, верски и секуларни церемонии. Веста за изрекувањето на казната за пензионираниот надбискуп, Маријан Голебиевски, ја соопшти денеска Надбискупијата во Вроцлав. Надбискупијата соопштува дека Ватикан го испитувал неговиот пропуст да не верува во наводите за сексуални злоставувања во периодот од 1996 до 2013 година. На надбискупот Голембиевски (83) му е наредено „да живее во духот на покајанието и молитвата“. Нему му е забрането да учествува на какви било јавни церемонии и му е наредено да плати „соодветна сума“ за да им помогне на жртвите на злоставувањата, се наведува во соопштението на Надбискупијата. Ова е нов случај на наводна сексуална злоупотреба или нејзино прикривање во доминантно католичката Полска. Ватикан во март годинава поради истата причина го казни поранешниот надбискуп на Гдањск, протерајќи го од територијата на надбискупијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vatikan-go-kazni-penzioniraniot-nadbiskup-na-vroclav-za-prikrivanje-seksualni-zlostavuvanja/feed/ 0
Поранешен министер од РС осуден поради педофилија- злоставуваното дете му било сосед https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-minister-od-rs-osuden-poradi-pedofilija-zlostavuvanoto-dete-mu-bilo-sosed/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-minister-od-rs-osuden-poradi-pedofilija-zlostavuvanoto-dete-mu-bilo-sosed/#respond Tue, 26 Jan 2021 16:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=460211

Судот во Бања Лука го осуди поранешниот министер за образование на Република Српска и универзитетски професор Ненад Сузиќ на девет години затвор поради сексуално злоставување на 14-годишно девојче. Покрај затворската казна на Сузиќ му е изречена и мерка според која повеќе не може да биде професор, како и забрана за приближување и комуникација со одредени лица и приближување на оштетеното девојче. Во затворскатра казна пресметано е и времето штио Сузиќ го помина во притвор од 5 јуни до 5 декември 2019 година. Сузиќ (71) е уапсен во јуни 2019 година откако родителите на жртвата пријавиле во полиција. Тој е сосед на злоставуваното дете. Сузиќ беше министер за образование во првата влада на Милорад Додиќ од 18 јануари 1998 до 12 јануари 2001 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-minister-od-rs-osuden-poradi-pedofilija-zlostavuvanoto-dete-mu-bilo-sosed/feed/ 0
Полицајки обвинуваат за мобинг и сексуално насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/#respond Sun, 24 Nov 2019 19:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=268474

Шест полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица, објавува телевизија 24. Случајот полициските службенички го пријавиле во МВР, дел од нив усно а дел и писмено се обратиле но крајниот исход и понатаму бил ист, продолжување на сексуалното вознемирување од страна на раководното лице. Едната од полицајките се реши да проговори пред камера но со скриен идентитет бидејќи се плаши за нејзиниот професионален интегритет, го повика ОЈО и останатите надлежни институции да го расветлат случајот. Раководното лице се служело со најразлични притисоци и уцени, откако неговите понуди биле одбивани од страна на полициска службеничка еве со какви закани пристапувал раководното полициско лице: „Оди си сега гледам си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто неможеш да замислиш што ке ти направам и кој сум јас” - Раководно полициско лице кон полициска службеничка вработена во МВР. Од Независниот полициски синдикат бараат итни заштитни мерки за полициските службенички кои повеќе од година дена биле сексуално вознемирувани. Од таму потенцираат дека во моментов станува збор за 6 полициски службенички но се сомневаат дека бројот е поголем и ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот. За случајот побаравме став од МВР, а еве што велат од таму: „За случајот известени се Одделението за Крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кои веќе преземаат мерки и активности за негово расчистување и строго санкционирање. Веднаш по расчистувањето ќе ја известиме јавноста. МВР има строга политика околу Сексуално вознемирување, и го осудува како апсолутно неприфатливо и недозволиво." - велат од МВР. Откритијата што произлегоа од движењето #MeToo ширум Европа, покажаа колкав е размерот на сексуална злоупотреба и вознемирување на жените, но и нивната тешкотија да проговорат за овој вид насилство. Македонија е земја потписничка на Истанбулската конвенција. Каков ќе биде исходот од овoј случај каде полициски службенички биле сексуално вознемирувани од раководното лице на МВР останува надлежните да го истражат и расветлат случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policajki-obvinuvaat-za-mobing-i-seksualno-nasilstvo/feed/ 0
Познатиот актер од „Ми нисмо анџели“ осуден на 10 месеци затвор https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-od-mi-nismo-andzeli-osuden-na-10-meseci-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-od-mi-nismo-andzeli-osuden-na-10-meseci-zatvor/#respond Wed, 02 Oct 2019 11:30:35 +0000 https://kurir.mk/?p=247082

Српскиот глумец Горан Јевтиќ е осуден на 10 месеци затвор поради сексуално злоставување на малолетник кое се случило во Народниот театар во Сомбор, северна Србија. Јевтиќ (41) првин бил осуден на 10 месеци домашна казна затвор поради недозволени полови дејствија. Но, судот потоа одлучи дека сепак, глумецот нема да може казната да ја издржува во својот стан, туку во затвор. Според судските извештаи, сексуалниот напад се случил 2014 година, над лице кое тогаш имало 16 години. Глумецот за време на забавата по манифестацијата Театарски маратон, во доцните вечерни часови го принудил оштетениот на орален секс. Јевтиќ ги негираше овие наводи, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-od-mi-nismo-andzeli-osuden-na-10-meseci-zatvor/feed/ 0
Пласидо Доминго обвинет за сексуално злоставување https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/plasido-domingo-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/plasido-domingo-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/#respond Tue, 13 Aug 2019 07:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=229104

Осум оперски певици и еден танчер го обвинија шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго за сексуално злоставување. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека другите побараа да останат анонимни. Доминго ги отфрла обвинувањата истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто од пред 30 години. – Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина, и покрај моите најдобри намери, истакна Доминго. Тој исто така посочи дека сфаќа оти „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани се различни од оние што постоеле порано“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/plasido-domingo-obvinet-za-seksualno-zlostavuvanje/feed/ 0