секта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 07:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png секта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици лица припадници на секта кампуваат покрај Мавровското езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/#respond Sat, 05 Aug 2023 07:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=863592

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Групацијата позната како Rainbow Gatherings, традиционално изведува повеќедневни собири на разни локации низ светот, пропагирајќи ги идеалите на некогашното хипи-движење во модерни услови, при што се кампува на отворено, во природа, а луѓето се собираат околу огнови, приготвуваат храна и се дружат. Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари, само дваесетина дена откако Владата донесе забрана за движење низ шумите во државава токму поради зголемената опасност од палење на сувата вегетација поради високите температури, полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност. -Овие лица ја запоседнаа локацијата Црн Камен крај село Леуново, и сместени се на ливада која е во моја сопственост, и тоа со знаење и одобрение од Национален парк Маврово, вели Владо Лазаревски, кој воедно е и претседател на месната заедница во селото. Лазаревски вели дека група граѓани и МЗ Леуново го пријавиле случајот во полиција, но оттаму не било интервенирано. Од СВР Тетово за Телма информираат дека се работи за пријавен собир на луѓе од странство, за кој тие се информирани, а дозволата за користење на локацијата ја издал Национален парк Маврово, како и тоа дека се работело за државно земјиште. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, локацијата била избрана поради лесната пристапност, во случај на некаков инцидент или пожар. Што се однесува до поплаките на Лазаревски дека хипиците кампуваат на негов имот, Реџепи со одговор: „Со лицето е разговарано, очекуваме да достави писмен доказ дека се работи за негов имот. Доколку сепак е таков случај, ние ќе постапиме соодветно и ќе ги дислоцираме“. -Од месната заедница на село Жировница, кое исто така се наоѓа на територијата на НП Маврово, за Телма изјавија дека хипи-собирот најпрвин, пред да ги постават шаторите во Леуново, без никакво одобрение или информација, поставиле шатори над нивното село, а откако Жировничани побарале асистенција од полицијата поради палење на огнови и масовни собири во шумскиот простор во близина на селото во време кога е голема опасност од шумски пожари, тие морале да си заминат од таму. „Овие кампери беа лоцирани во излетничкиот дел што се наоѓа над село Жировница. Вие знаете дека сме ние народ со широко срце и модерни сфаќања ама ова беше премногу и за нас. Воопшто не ни се допадна нивното однесување и ги замоливме да си заминат, но тие почнаа да ни прават проблеми, па моравме да побараме асистенција од полицијата. За среќа, успеавме да ги натераме да си заминат, но, сега слушам дека нашите комшии од Леуново имаат проблеми со истите луѓе, вели Аднан Салиу, претседател на месната заедница во село Жировница. Одговор побаравме и од НП Маврово, но директорот Самир Ајдини најави дека преку соопштение дополнително ќе се изјаснат во врска со случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/feed/ 0
Различни теории за мотивите на крвавиот пир: Коста бил под влијание на црна магија или секта?! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razlichni-teorii-za-motivite-na-krvaviot-pir-kosta-bil-pod-vlijanie-na-tsrna-magija-ili-sekta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razlichni-teorii-za-motivite-na-krvaviot-pir-kosta-bil-pod-vlijanie-na-tsrna-magija-ili-sekta/#respond Thu, 04 May 2023 10:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=830501

Србија е обвиена во црно по масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. Постојат различни теории за мотивите на крвавиот пир, но и како и зошто никој не ги забележал промените во однесувањето на убиецот на момчето. Коста К., тринаесетгодишен ученик, тргна во крваво дивеење при што загинаа осум ученици и еден училишен чувар. Овој ужасен настан шокираше многумина и поттикна истрага за причините што довеле до овој ужасен чин. Сепак, пријателите блиски до семејството на Коста се сомневаат дека тој бил под влијание на црна магија или секта, пишува ПИНК. -Коста беше примерно дете и одличен ученик и дека никогаш досега не покажувал знаци на насилство или агресија. И неговите родители биле шокирани од овој настан и не можеле да објаснат што може да биде причината за овој страшен чин, наведуваат тие. Тие со неверување зборуваат за злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, во кое беа убиени осум деца и училишниот чувар. Иако многумина се скептични за тврдењата за црна магија или култови, овој настан потсетува дека луѓето понекогаш се склони да веруваат во чудни и темни работи. Без разлика дали Коста бил под влијание на црна магија или не, овој ужасен настан остава траен белег на жртвите, нивните семејства и заедницата. Сега се поставува прашањето - дали овој настан можеше да се спречи? Многумина посочуваат дека на семејствата треба да им се даде помош и поддршка за да се избегне ваква трагедија. Згора на тоа, општеството треба да спроведе повеќе истражувања за различни видови насилство за подобро да разбере што води до такви ужасни настани. Едно е сигурно – овој масакр засекогаш ќе остане како потсетување на последиците од насилството во општеството, анализира ПИНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razlichni-teorii-za-motivite-na-krvaviot-pir-kosta-bil-pod-vlijanie-na-tsrna-magija-ili-sekta/feed/ 0
Кенија: Досега пронајдени 90 тела на сектата-црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827645

Во Кенија досега се пронајдени 90 тела на членови на сектата кои гладувале до смрт, а чиј проповедник бил самопрогласениот пастор Пол Мекензи Нтенге. Нтенге, кој на своите следбеници им проповедал да постат до смрт за да се сретнат со Бога, беше уапсен на 14 април поради неговите врски со култот на гладувањето. По пријава од граѓанин минатата недела полицијата го пронашла свештеникот и уште 15 изнемоштени лица во „Меѓународната црква на добрите вести“, каде што гладувале. Денешниот биланс е сè уште привремен, бидејќи иследниците го очекуваат најлошото во она што сега се нарекува „масакр во шумата Шакахола“, по местото во југоисточна Кенија каде беа пронајдени телата на членовите на „Меѓународната црква на добри вести“. -Не знаеме колку масовни гробници и колку тела ќе откриеме, изјави кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики, кој денеска дојде на локацијата. Според извори на француските меидуми, телата на децата се најбројни меѓу пронајдените тела. Хусеин Калид, извршен директор на невладината организација „Хаки“, која алармираше за активностите на оваа секта, изјави дека 50 до 60 отсто од телата се деца, а потоа жени и на крајот мажи. Поради размерите на „масакрот“, операциите за пребарување се прекинати извесно време додека се обработуваат досега пронајдените тела и се расчистуваат преполните мртовечници. Инспекторите во последните неколку дена ја пребаруваат црвената земја на голема површина од околу 325 хектари каде може да се најдат десетици гробници. Министерот додаде дека постои можност самопрогласениот свештеник на сектата, Пол Мекензи Нтенге, да биде кривично гонет за „тероризам“. Свештеникот претходно на двапати бил апсен, во 2019 година и во март годинава, во врска со смрт на деца. И во двата случаи бил ослободуван со кауција, а двата предмета се уште се во судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/feed/ 0
Јапонската секта „Мун“ потврди дека мајката на осомничениот убиец на Абе е нејзина членка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-sekta-mun-potvrdi-deka-majkata-na-osomnicheniot-ubiec-na-abe-e-nejzina-chlenka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-sekta-mun-potvrdi-deka-majkata-na-osomnicheniot-ubiec-na-abe-e-nejzina-chlenka/#respond Mon, 11 Jul 2022 09:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=703184

Мајката на човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе е членка на Унификациската црква, позната и како секта Мун, потврди денеска организацијата, за која обвинетиот рече сакал да ѝ се одмазди. Тесуја Јамагами (41) сакал да се одмазди на една организација и решил да го убие Абе затоа што мислел дека поранешниот премиер има врска со неа, соопшти во петокот јапонската полиција. Јапонските медиуми пишуваа за верската организација без да го спомнат нејзиното име и потврдија дека осомничениот Јамагами сакал да ѝ се одмазди затоа што наводно добила големи подароци од неговата мајка што го довело нивното семејство во големи финансиски тешкотии. – Мајката на осомничениот Тесуја Јамагами е членка на нашата организација и учествува на црковни настани еднаш месечно, изјави денеска на прес-конференција во Токио, Томихиро Танака, претседател на јапонскиот огранок на Унификациската црква. Тој не наведе какви подароци и дала мајката на осомничениот, која и се приклучила на црквата во 1998 година, наведувајќи дека истрагата на полицијата е во тек и оти организацијата сака да соработува со полицијата. Тој истакна дека неговата организација е згрозена од убиството на Абе, кој никогаш не бил нивни член или советник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-sekta-mun-potvrdi-deka-majkata-na-osomnicheniot-ubiec-na-abe-e-nejzina-chlenka/feed/ 0
УБИЛЕ БРЕМЕНА ЖЕНА И 6 ДЕЦА: Членови на сектата „Нова светлина Божја“ осудени на 50 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubile-bremena-zena-i-6-deca-chlenovi-na-sektata-nova-svetlina-bozja-osudeni-na-50-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubile-bremena-zena-i-6-deca-chlenovi-na-sektata-nova-svetlina-bozja-osudeni-na-50-godini-zatvor/#respond Sat, 04 Dec 2021 11:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=603987

Панамски суд осуди членови на секта на по 50 години затвор за убиство на шест деца и една бремена жена во јануари 2020 година, како дел од ритуалот „демонски егзорцизам“. – Судот изрече максимална казна од 50 години затвор за секој од седумтемина обвинети од сектата „Нова божја светлина“, се вели во соопштението. Судот во Чангвинола во североисточна Панама ги прогласи за виновни членовите на сектата дека ги врзувале своите жртви, вклучително и шест деца и млади луѓе на возраст од една до 17 години, пред да ги претепаат до смрт со стапови, Библија и други предмети под изговор дека од нив „протеруваат демони“. Трудницата, која насилно била одвлечена во објектот на сектата, била убиена пред очите на нејзините пет деца, кои потоа биле претепани до смрт заедно со уште едно малолетно лице. Неколку очевидци, кои исто така биле повредени во ритуалот, успеале да избегаат и да пријават во полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubile-bremena-zena-i-6-deca-chlenovi-na-sektata-nova-svetlina-bozja-osudeni-na-50-godini-zatvor/feed/ 0
„СЕКТА ГО ЗАВЕЛА ЈОСИФ“: Шокантна исповед на мајката на средношколецот кој исчезна во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekta-go-zavela-josif-shokantna-ispoved-na-majkata-na-srednoshkolecot-koj-ischezna-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekta-go-zavela-josif-shokantna-ispoved-na-majkata-na-srednoshkolecot-koj-ischezna-vo-skopje/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=603022

Средношколецот Јосиф Попов, по кого трагаше два дена, бил заведен од секта, односно од лице кое се претставувало како бездомник. Ова за порталот „А1Он“ го изјавила мајката на момчето, Маја Попова, која им се заблагодарува на сите лица кои помогнале да се пронајде момчето. -Полицијата го пронајде Јосиф. Ангажиравме многу луѓе и го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца да ни помогнат. Сега треба да одиме во полициска станица, каде што треба да се даде извештај. Имаме информација кој го завел мојот син. Човекот се вика Ангел, бездомник кој бил во Канада. Тие проповедале божјо слово, но и дека ќе дојде крајот на светот, изјавила Попова. Кога бил пронајден, според информации на семејството, Јосиф бил многу збунет. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош 4. Мајката на Јосиф упати порака и апел до другите родители да бидат многу внимателни со своите деца. Целата вест прочитајте ја на А1Он]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekta-go-zavela-josif-shokantna-ispoved-na-majkata-na-srednoshkolecot-koj-ischezna-vo-skopje/feed/ 0
Разбиена секта во Италија вмешана во сексуални злосторства врз деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-sekta-vo-italija-vmeshana-vo-seksualni-zlostorstva-vrz-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-sekta-vo-italija-vmeshana-vo-seksualni-zlostorstva-vrz-deca/#respond Mon, 20 Jul 2020 10:35:01 +0000 https://kurir.mk/?p=378658

Италијанската полиција разби секта предводена од 77-годишен „проповедник“ во северниот дел на земјата. Според информативниот канал Раињуз 24 (Rainews24), денеска „гуруто“ е обвинет за сексуални злосторства, вклучително и врз малолетни лица. Сектата, со седиште во Новара, дејствувала и во Милано, Џенова и Павија. Нејзините членови биле главно жени кои биле „во ропство“ и подложени на психолошки притисок. Истрагата траеше две години, посочува каналот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-sekta-vo-italija-vmeshana-vo-seksualni-zlostorstva-vrz-deca/feed/ 0
Се проверува: Самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар поврзано со секта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-proveruva-samoubistvoto-na-13-godishnoto-devojche-od-gostivar-povrzano-so-sekta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-proveruva-samoubistvoto-na-13-godishnoto-devojche-od-gostivar-povrzano-so-sekta/#respond Thu, 12 Dec 2019 12:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=276586

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта. Како што соопшти Јавното овинителство, веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место и издал наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта. Во насока на проверка на овие индиции, јавниот обвинител дополнително издал наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице. Дополнително, Основното јавно обвинителство Гостивар побара од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-proveruva-samoubistvoto-na-13-godishnoto-devojche-od-gostivar-povrzano-so-sekta/feed/ 0
Во Јапонија егзекутирани седум членови на сектата „Врховната вистина на Аум“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutirani-sedum-chlenovi-na-sektata-vrhovnata-vistina-na-aum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutirani-sedum-chlenovi-na-sektata-vrhovnata-vistina-na-aum/#respond Fri, 06 Jul 2018 06:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=73682

Шоко Асахара, лидерот на сектата „Врховната вистина на Аум“ и шестмина негови следбеници денеска се егзекутирани во Јапонија. Нивните смртни казни се извршени со бесење. Вкупно 13 следбеници на апокалиптичната, антисоцијална секта беа осудени на смрт поради напади со гас сарин во метро во Токио во март 1995 година, во кој загинаа 13 и беа повредени повеќе од 6.000 лица. Тоа са првите извршени смртни пресуди против членови на „Врховната вистина на Аум“. Тие се спроведуваат 23 години по нападите и 19 години по изрекувањето на првата смртна пресуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-egzekutirani-sedum-chlenovi-na-sektata-vrhovnata-vistina-na-aum/feed/ 0