село Ласкарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Dec 2019 14:28:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png село Ласкарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вештак на „Ласкарци“: Автобусот бил технички неисправен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtak-na-laskarci-avtobusot-bil-tehnichki-neispraven/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtak-na-laskarci-avtobusot-bil-tehnichki-neispraven/#respond Thu, 19 Dec 2019 14:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=279758

Во Кривичниот суд Скопје на денешното рочиште за случајот „Ласкарци“ дадоа исказ сведокот, кој бил прв очевидец на настанот, и вештак од ФЕИТ. Сведокот посочи дека помалку од една минута возел позади автобусот на „Дурмо турс“ со кој се случи сртоносната несреќа, со намера да го претекне. Тој видел како автобусот излетува од патот. Тој објасни дека тоа изгледало како тој да врти на лево, како нормално да се исклучува од автопатот, без да се обидува да закочи. Не слушнал никаков звук и не забележал стоп-светла. Сведокот рече дека видел како автобусот удира во оградата и продолжува да се движи, додавајќи оти помислил дека возачот добил срцев удар, бидејќи едноставно само завртел в лево. Вештакот Милан Ќосевски, професор на ФЕИТ, рече дека по наредба на ОЈО, тој и неговите колеги изготвиле вешт наод за сообраќајната несреќа. Тој наведе дека извршиле увид на патот, банкините, локацијата каде што бил автобусот, како и на самата механизација на возилото. Ќосевски наведе дека на автопатот немало траги од кочење на автобусот. Тој рече дека возилото прво удрило во првата банкина и наишло на отпор на оградата што се растегнала и возилото продолжило да се движи. Автобусот со голема брзина удрил во втората банкина и поминал лреку неа. Кога поминал на спротивната страна на автопатот, ја пробил и третата банкина и излетал од патот. Потоа возилото излетало од автопатот и се превртело. Ќосевски, објаснувајќи ја механизацијата на автобусот, истакна дека не станува збор за старо возило, според наши стадарди и наведе дека имал безбедносни системи за сопирање, но уште веднаш забележале дека контактната табла не е во добра состојба. Тој истакна дека возилото било технички неисправно и дека главните неправилности се во неефикасноста на системот за кочење. Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veshtak-na-laskarci-avtobusot-bil-tehnichki-neispraven/feed/ 0
Причините за стравичната автобуска несреќа се уште непознати, не се исклучува евентуална кривична одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prichinite-za-stravichnata-avtobuska-nesrekja-se-ushte-nepoznati-ne-se-iskluchuva-eventualna-krivichna-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prichinite-za-stravichnata-avtobuska-nesrekja-se-ushte-nepoznati-ne-se-iskluchuva-eventualna-krivichna-odgovornost/#respond Thu, 21 Feb 2019 11:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=166390

Причините за стравичната автобуска несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 15 лица се уште не се познати. Не се исклучува ниту евентуална кривична одговорност. -Во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет и откога Обвинителството ќе ги обезбеди овие докази, а во исто време веќе се повикуваат и сведоци во делот на незгодата, ќе може поконкретно да ги соопшти причините на незгодата, евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите на кривичното дело. Во овој момент, Обвинителството нема такви податоци да излезе со тоа кој ја има одговорноста во врска со конкретната сообраќајна незгода, истакна обвинителот Љубомир Јовески. Дел од материјалите што ги побарало Обвинителството, се обезбедени од превозникот „Дурмо турс“, но дел треба дополнително да се обезбедат. Од Обвинителството информираат и дека возачот на возилото е сослушан еднаш, но тоа не значи дека не може и повторно да биде сослушан, доколку се укаже потреба на тоа. -Пријавите од МВР во делот на говорот на омраза, Обвинителството активно ги следи и се постапува по тоа, потенцира Јовески. Инаку, четворица од повредените во незгодата на автопатот Скопје- Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.
Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија. Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prichinite-za-stravichnata-avtobuska-nesrekja-se-ushte-nepoznati-ne-se-iskluchuva-eventualna-krivichna-odgovornost/feed/ 0
Се утврдуваат причините за стравичната несреќа: Започна испитувањето на очевидци, исказ ќе даде и возачот на автобусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-stravichnata-nesrekja-zapochna-ispituvanjeto-na-ochevidci-iskaz-kje-dade-i-vozachot-na-avtobusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-stravichnata-nesrekja-zapochna-ispituvanjeto-na-ochevidci-iskaz-kje-dade-i-vozachot-na-avtobusot/#respond Mon, 18 Feb 2019 11:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=165184

Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово кај с. Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. Со цел да се обезбеди динамика во утврдувањето на сите релевантни факти и причините кои доведоа до несреќата, Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денешниот ден започна со испитување на очевидците на настанот, а во текот на неделата свој исказ пред надлежен јавен обвинител ќе даде и возачот на автобусот. Од Министерството за внатрешни работи до Обвинителството денеска беа доставени скицата, фотодокументацијата и други писмени прилози во поглед на сообраќајната несреќа, а во текот на денот ќе биде доставен и записникот за извршениот увид на местото на настанот. Претходно, постапувајќи по првичното известување од Министерството за внатрешни работи доставено во петокот, Обвинителството уште истиот ден изготви наредби за обезбедување други писмени докази од правното лице „Дурмо турс“ – сопственик на автобусот, како и од ресорните министерства за транспорт и врски и за внатрешни работи. До Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија беа доставени наредби за обдукции на сите починати лица, а од здравствените установи беше побарана комплетната медицинска документација за повредените. Исто така, беа побарани листинзите од мобилниот телефон на возачот, а за самиот телефон беше изготвена наредба за вештачење, со цел да се утврди дали ви критичното време возачот активно користел некоја од комуникациските врски на тој телефон. До Машинскиот факултет во Скопје во петокот беше доставена наредба за вештачење на техничката исправност на автобусот во моментот на несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-utvrduvaat-prichinite-za-stravichnata-nesrekja-zapochna-ispituvanjeto-na-ochevidci-iskaz-kje-dade-i-vozachot-na-avtobusot/feed/ 0
Со голема тага и болка: Еве како медиумите во регионот известија за загинатиот кошаркар во автобуската несреќа кај Ласкарци (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-golema-taga-i-bolka-eve-kako-mediumite-vo-regionot-izvestija-za-zaginatiot-kosharkar-vo-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-golema-taga-i-bolka-eve-kako-mediumite-vo-regionot-izvestija-za-zaginatiot-kosharkar-vo-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-foto/#respond Fri, 15 Feb 2019 14:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=164442

Медиумите од регионот веќе трет ден известуваат за тешката и трагична автобуска сообраќајна несреќа која пред два дена се случи во Македонија. Завршниот турнир во кошаркарскиот куп на Македонија кој требаше да се одржува викендот е одложен, поради страшната сообраќајна несреќа во која загина и еден кошаркар, пренесува српски Телеграф. Сајтот наведува дека станува збор за Јовица Трпевски, кој бил член на КК Гостивар, кој е финалист на завршниот турнир. Трпевски загина во сообраќајната несреќа во средата доцна попладнето заедно со 13 останати патници, а повеќе од 30 се повредени. Македонската кошаркарска федерација соопшти дека датумот за одржување на завршниот Куп во Гевгелија ќе биде дополнително одреден, пренесува Телеграф. Освен српски Телеграф, трагичната смрт на кошаркарот ја објавија и Србија денес, Блиц, Еспресо и Б92. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-golema-taga-i-bolka-eve-kako-mediumite-vo-regionot-izvestija-za-zaginatiot-kosharkar-vo-avtobuskata-nesrekja-kaj-laskarci-foto/feed/ 0
Малолетник претепан во село Ласкарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-pretepan-vo-selo-laskarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-pretepan-vo-selo-laskarci/#respond Fri, 15 Feb 2019 14:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=164428

Во Полициското одделение Сарај, вчера во 11.15 часот А.Љ.(42) од село Ласкарци, скопско, пријавила дека на 13.02.2019 година околу 13.30 часот во кругот на основно училиште во село Ласкарци нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученици. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnik-pretepan-vo-selo-laskarci/feed/ 0