село русиново – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 09:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png село русиново – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спектакл во Русиново за крај на Илинденски Видувања – Вршник 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakl-vo-rusinovo-za-kraj-na-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakl-vo-rusinovo-za-kraj-na-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/#respond Thu, 03 Aug 2023 09:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=862922

Спектакл кој ретко може да се опише со зборови. Вака жителите на беровско Русиново го доживеаа синоќешниот концерт на групата Некст Тајм кои по повод возобновениот настан Илинденски Видувања – Вршник 2023 настапија пред многу бројната публика од Малешевијата но и гостите од соседните градови. Како на ѓердан се нижеа најпознатите македонски хитови кои се составен дел од концертите на на Некст Тајм, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави Благој Механџиски Зегин, човекот кој ги врати Илинденските Видувања на Русинци. Заедно со вокалот на Некст Тајм ја испеаа химната на Малешевијата, ,,Блажена горо зелена”, а потоа и Бисер Балкански. Вториот ден од настанот започна со пристигање на Илинденската Коњаница, по што започна изложбата на стари оружја од пред Илинденскиот период, како и отворање на штандовите со Малешевска храна под вршник. -Сакаме да возобновиме една стара традиција која последен пат ако не се лажам се одржа далечната 2009 година. Домаќинките имаа подготвено разни производи под вршник како зелник, попарник баница, тавче гравче, грав во грне и други производи. Сите тие се продаваа, а средствата ќе се наменат за наши сограѓани, истакна учесничка во настанот. Изложбата на стари оружја карактеристични за револуционерниот период го побуди интересот кај присутните. -Со овие оружја комитите се бореле за ослободување на Македонија. Дел од пушките, револверите, камата и другите оружја потекнуваат од Разловечкото и Кресненското Востание. Целта е да покажеме дека народот од дамнина сакал слобода, борејки се со секое едно оружје кое го имал на располагање, додаде жител на Русиново. На Илинденските Видувања – Вршник 2023 во знак на благодарност до Верица Белчовска, која го изгуби животот во сообраќајна несреќа, а ги донираше своите органи, нејзиното семејство доби благодарница од момчето кое ги прими нејзините органи кој заблагодарувајки се рече дека срцето на Верица продолжува да живее во него. Пред концертот на Некст Тајм, во рамки на дводневниот музички спектакл на кој настапија и музичари по потекло од Малешевијата и познати македонски естрадни ѕвезди неизоставен дел беше и големото Малешевско оро одиграно ,,На Мегдане” каде Русинци покажаа дека овој настан уште долги години ќе биде белег на Малешевијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spektakl-vo-rusinovo-za-kraj-na-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/feed/ 0
Село Русиново подготвено за Илинденски видувања – Вршник 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selo-rusinovo-podgotveno-za-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selo-rusinovo-podgotveno-za-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/#respond Mon, 31 Jul 2023 11:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=861962

Во беровското село Русиново по пауза од неколку години се возобновува манифестацијата Илинденски видувања – Вршник 2023. Настанот како што велат од организациониот одбор ќе се одржи „На Мегдане„ во село Русиново почнувајки од 1 август, а завршувајки со концерт на Некст Тајм на Илинден. Традицијата за Илинденски видувања – Вршник, како што додаваат организаторите датира од 70-тите години од минатиот век, се со цел заедничко одбележување на македонскиот национален празник Илинден, објавува Делчево.мк. -Во село Русиново постои долга традиција на општонародна прослава за Илинден која влече корени уште од 70-тите години каде со збратименото Смилево, (родното место на Дамјан Груев) заеднички се одбележувал Илинден како најголем Македонски национален празник. Традицијата покасно во 90-тите е прекината, за да во 2009 година се одржи манифестацијата Вршник во организација на Општина Берово заедно со мештаните од Русиново. Со оваа чествување на Илинден се продолжува долгата традиција, која се надеваме дека во иднина ќе биде континуирана, истакнаа од организациониот одбор. Главна карактеристика на настанот ќе биде подготовката на традиционална Русинска и Малешевска локална храна и печење под Вршник. -Традиционалната храна ќе биде изложена за дегустација, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели за луѓе од Русиново. Од подготовката на традиционална храна ќе издвоиме подготовка на зелник, попарник, баница, јагне и тавче сето тоа под вршник, потоа разни други специјалитети како грав во грне, ориз со црева и дроб, качамак со масло, клиси и ребра во тава, варен компир во котле, теганици, баклава и друга храна карактеристична за овој крај, додадоа организаторите. Во рамки на настанот и дводневната програма ќе настапат повеќе музички звезди со настап на музичари по потекло од Русиново, а главни звезди на вечерта на 2 август ќе бидат групата Некст Тајм. Настанот е поддржан од компанијата Зегин и здружението „Малешевци за Малешевијата“ кои упатувајки го слоганот „Русинци за Илинден каде и да сте дома да сте“ упатија отворена покана до сите Малешевци да присуствуваат на Илинденски видувања Вршник 2023 и да бидат дел од традицијата која е препознатлива за секој еден човек по потекло од Малешевијата. Повеќе за настанот во продолжение: АГЕНДА – 01.08.23 Вторник 19:00 часот – Отварање на прославата со најава на програма и читање на спонзори 19:20 часот – Малешевски мерак со Златко Мадевски и Душко Ѓорѓиевски + Драги Полизовски + Анета Арсовска + Методи Столески 02.08. – Среда – ИЛИНДЕН 13:00 часот – Припрема на традиционална локална храна и печење под ВРШНИК . (традиционална Русинска и Малешевска храна) 14:00 часот – Најава на свечениот дел од манифестацијата Отворање на вториот ден на прославата со најава за спремањето на традиционална Русинска и Малешевска храна и печење под ВРШНИК, (читање на спонзори и помагатели) Традиционално чествување на Големиот Македонски православен и НАЦИОНАЛЕН празник во револуционерно Русиново Русиново го чествува ИЛИНДЕН во чест на двајца револуционери – ИЛИНДЕНЦИ – Никола Петров – Русински кој е дел од првата чета на ТМРО и Дамјан Груев основач и еден од најистакнатите членови на МРО. Нивната борба е наш долг за Македонија. Воедно го славиме и Христијанскиот празник Свети Пророк Илија – ИЛИНДЕН Во Русиново постои долга традиција на општонародна прослава за ИЛИНДЕН која влече корени уште од 70-тите години каде со збратименото СМИЛЕВО (родното место на Дамјан Груев) заеднички се одбележувал ИЛИНДЕН како најголем Македонски национален празник. Традицијата покасно во 90тите е прекината за да во 2009 година се одржи манифестацијата ВРШНИК во организација на Општина Берово заедно со мештаните од Русиново. Со оваа чествување на ИЛИНДЕН како што велат организаторите се продолжува долгата традиција, која се надеваат дека во иднина ќе биде континуирана. ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ Ова е дел од нивната најава за Илинденски видувања – Вршник 2023 Најава за припрема на традиционална локална храна и печење под ВРШНИК (традиционална Русинска и Малешевска храна) (Нешто мириса на убаво и вкусно) Од вредните раце на Русинските домаќинки во моментот се спремаат повеќе видови вкусна традиционална Малешевска храна и печење на зелник, попарник, баница и други јадења под ВРШНИК . . . Со нетрпение чекаме да ги вкусиме и пробаме . . . 14:15 часот – Малешевски мерак со Златко Мадевски и Душко Ѓорѓиевски + Драги Полизовски + Андријана Ацевска КЕШ + Раде Младеновски Драги Полизовски – успешен музичар и докажан виртуоз на народни инструменти – РУСИНЕЦ Драги е роден на 04.07.1981 год. од Русиново. Има завршено Средно Музичко училиште во Штип, а има дипломирано на Факултетот за музичка академија во Скопје – отсек теорија на музика и изведувач на народни инструменти. Изведувач е на 10 музички инструменти, а најпрепознатлив е по кавалот. Има работено како изведувач на народни инструменти во оркестарот на народни инструменти при МРТВ. Ја има претставувано нашата Република на Балканот, во Јапонија, Русија, Катар и во повеќе земји во Европа. Има настапувано на многу фестивали и соработува со многу пејачи од естрадата. Во последните 10 години е дел од реномираната музичка група Play band. м-р. Златко Мадевски – успешен и докажан виртуоз на хармоника – РУСИНЕЦ – Завршува основно музичко образование во Струмица, Средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје, Факултет за Музичка Уметност во Скопје одсек хармоника, Постдипломски студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје одсек хармоника Со педагошка дејност започнува од 2004 год. во Основно Музичко Училиште, од 2007 година е доцент на Факулетот за Музичка уметност во Скопје. Од 2017 година е унапреден во вонреден, а од 2023 год. – како редовен профеосор на Факулетот за Музичка уметност во Скопје каде ја остварува својата креативност, творечка и уметничка дејност со своите студенти на инструментот хармоника, камерна музика и ансамбл. Во текот на студирањето зема учество на повеќе интернационални и државни натпревари каде освојува голем број награди. Има одржано повеке солистички концерти низ Македонија како солист и со своите студенти. Исто така предводник е и на новоформираниот музички бенд МАЛЕШЕВСКИ МЕРАК кој ќе го проследиме во продолжение. 14:30 часот – Изложување, презентација и продажба (со хуманитарен карактер) на подготвена локална традиционална храна Презентација на традиционални Русинска и Малешевска храна подготвена на традиционален начин под ВРШНИК, која ќе биде изложена за дегустација, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели за луѓе од РУСИНОВО. -Зелник под вршник -Попарник под вршник -Баница под вршник -Јагне под вршник -Тавче под вршник -Боб (грав) во грне -Јагне под вршник -Ориз со црева и дроб -Кашамак со масло -Клиси и ребра во тава -Варен компир во котле -Теганици -Баклава 17:30 часот – Генерална и тонска проба на бендот NEXT TIME 18:30 часот – Детска музичка програма со изведба на песни за деца Од детскиот фестувал Поточиња ќе се претстави Искра Николов која веќе пет години активно настапува од кои четири како вокал. За најмладите таа ќе ги испее песничките од фестивалот на кој учествува. Музиката и аранжманот на песничката е на Мирослав Пап а текстот е на Оливе Пап Искра Николов -Симпатија Музиката и аранжманот на песничката е на Мирослав Пап а текстот е на Леон Пап Искра Николов-Светот е за сите нас. Малешевско Ѕвонче (настап на дечиња кои настапиле во претходните изданија на фестивалот) Текстот и музиката на песничките е на Блаже Буровски, а аранжманот е на Маријан Стоименов и истите се испеана на претходните изданиа на фестивалот за детски песни „Малешевско ѕвонче“ во Берово. Илина Буровска – „Една песна весела“ Илина Буровска – „Низ Македонија“ Текстот на песничките е на Јулија Димитриевка, а музиката е на Дарко Димитриевски и истите се испеана на ланскиот фестивал за детски песни „Малешевско ѕвонче“ во Берово. Антонија Цветковска – „За мојата мајка“ Тамара Станковска – „Мојата другарка верна“ Димитар Парасков – „Љубов да те наречам“ 19:00 часот – Настап на Фолклорен Ансанбал „ЗЛЕВСКИ БИСЕРИ“ Фолклорниот ансамбл „Злевски бисери“ од село Злеово е формиран во 2006 година, најпрвин како голклорна секција при ООУ „Орце Николов“ а потоа продолжува да работи како фолклорен ансамбл. Ансамблот брои околу 70 членови распоредени во две групи. Фолклорниот ансамбл „Злевски бисери“ од село Злеово за својата работа има добиено многубројни награди и признанијаво државата и надвор од неа, како во Србија, Бугатија и Турција. 19:30 часот – Продолжува со – Малешевски мерак со Златко Мадевски, Душко Ѓорѓиевски + Драги Полизовски + Андријана Ацевска КЕШ + Раде Младеновски 22:30 часот – Настап на бендот NEXT TIME 01:00 часот – Свечено затварање на манифестацијата со огномет Главен спонзор на возобновената манифестација е ЗЕГИН и здружението „Малешевци за Малешевијата“ кои по повод претстојниот Илинден ја упатија пораката Малешевци и Русинци, каде и да сте за Илинден дома да сте“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/selo-rusinovo-podgotveno-za-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/feed/ 0
Во беровско Русиново одбележани 116 години од смртта на револуционерот Даме Груев https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovsko-rusinovo-odbelezani-116-godini-od-smrtta-na-revolucionerot-dame-gruev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovsko-rusinovo-odbelezani-116-godini-od-smrtta-na-revolucionerot-dame-gruev/#respond Sat, 17 Dec 2022 17:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=777480

Со одржување на традиционалниот марш до планината Петлец во беровско Русиново денеска се величаше ликот и делото на Даме Груев. Традиционалниот марш во организација на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, собра околу 100 учесници кои најпрво присуствуваа на панихида на гробиштата во Русиново, од каде присутните , се упатија и положија цвеќе на спомен обележјето во центарот на селото каде имаа и свое обраќање. -Понесени од истрајноста и силното чувство за слобода на сосптвената татковина, жедни за слобода како и сите други народи, оваа наша Македонија роди синови кои денес станаа симбол, мотив и емоција која е длабоко втемелена во нашата потсвест, во нашата душа и тело, и затоа денес сме овде да им оддадеме достојна почит на сите загинати револуционери кои својот живот го дадоа за оваа грутка земја Македонија. Денес сме овде, храбро и горди пред бистата на херојот и револуционерот Ние, неговите потомци, луѓето кој го носат неговиот завет херојот за кој го славиме и величиме неговото име, Дамјан Груев – беше истакнато на говорот од страна на Наташа Ваканска пред споменикот на Даме Груев во Русиново. На настаност традиционално како и секоја година присуствуваше ипратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и гости од неколку градови во државата. Инаку апостолот на македонското револуционерно движење Даме Груев за граѓаните не беровско Русиново е од огромно значање и преставаува симбол на селото и симбол на истрајноста во борбата за слобода. Даме Груев бил револуционер кој едноставно живеел со неговата изрека: ДОСТА Е! ДОСТА Е, ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ, ОТКОЛКУ УЖАС БЕЗ КРАЈ! Или онаа другата мисла на Даме: СЛОБОДАТА Е ГОЛЕМО НЕШТО – ТАА БАРА МНОГУ ЖРТВИ! Токму овие мисли на Дамјан Груев зборуваат за неговата саможртва и непокор кој го носел во себе. Аманетот кој го оставил се зборови искажани со мака и болка а не со леснотија и убавина. Поминаа 116 години од смртта на овој голем македонски син. Тој ден чесните селани од село Русиново го погребаа во дворот на селската црква заедно со своите соборци Атанас Карчев и Сандо Китанов, во далечната 1906 година, и од овој ден историската трага на овие македонски херои остана запишана во историјата на МАКЕДОНИЈА. Дамјан Груев, токму на врвот Петлец почина како и што живееше: храбро, тврдокорно, со мислите и заветот за самостојна и слободна МАКЕДОНИЈА! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-berovsko-rusinovo-odbelezani-116-godini-od-smrtta-na-revolucionerot-dame-gruev/feed/ 0
Русиново се прости од младата девојка чии органи беа донирани, а беше удрена од несовесен возач – сограѓаните во солзи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/#respond Sun, 18 Apr 2021 19:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=498976

Жителите на беровското село Русиново денеска ѝ оддадоа почит на младата девојка Верица Белчовска која животот го загуби во сообраќајна несреќа, а признание примаше за огромната хуманост нејзиното семејство зошто се одлучи да ги дарува нејзините витални органи да им помогната во животот на три лица. Нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите ќе им помогнат на две лица кои долго време беа на дијализа. Жителите на Русиново се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство е покажана на дело, иако донациите нема да им ја надоместат загубата. Блаже Сапунџиев (28 г.) од Кавадарци го доби едниот бубрег од Верица. Другиот бубрег на Белчовска беше трансплантиран кај 40-годишен пациент, и кај двајцата пациенти состојбата е стабилна. Мајката на Блаже, Форка вели дека се сочувствуваат со семејството на младата девојка и изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому живот значат. -До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа. Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјави мајката на Блаже. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев. Д-р Маја Мојсовска е со надеж дека гласно ќе одекне во јавноста органодарувањето. Последните години ги посветила на тоа отворено да се разговара на темата, да се крене свеста за можноста за дарување органи при мозочна смрт и начинот нечиј живот да продолжи во друг живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusinovo-se-prosti-od-mladata-devojka-chii-organi-bea-donirani-a-beshe-udrena-od-nesovesen-vozach-sogragjanite-vo-solzi-foto/feed/ 0