село Туин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 16:59:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png село Туин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарот во кичевско неконтролирано беснее, состојбата критична https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-vo-kichevsko-nekontrolirano-besnee-sostojbata-kritichna/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-vo-kichevsko-nekontrolirano-besnee-sostojbata-kritichna/#respond Fri, 29 Apr 2022 16:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=669899

Шумскиот пожар кој во средата доцна навечер избувна во атарот на село Туин кичевско, се уште не е изгаснат. Според информациите од ШС „Лопушник“, и покрај интервенцијата на нивни екипи, пожарот во однос на претходните два дена е проширен и на нов шумски појас и се протега на повеќе од два хектари. -Пожарот кој од средата навечер е активен во атарот на село Туин кичевско и со кој се опфатени ниско стеблеста шума и сува трева се уште е активен. И не само што е активен, туку пожарот поради сушата и ветерот е проширен и покрај интервенцијата на наши екипи во текот на денешниот и вчерашниот ден, рече Анета Спасеноска одговорно лице за пожари во ШС „Лопушник.“ Таа посочи дека и во текот на утрешниот ден екипи на ШС„ Лопушник“ со прирачен алат ќе бидат присутни на местото на пожарот и ќе превземат дополнителни мерки за да се локализира огнената стихија. Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, до истиот не можат да пристигнат возила од ТППЕ Кичево, што беше потврдено денеска од нивна страна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozarot-vo-kichevsko-nekontrolirano-besnee-sostojbata-kritichna/feed/ 0