семејни прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Feb 2021 06:33:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png семејни прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВО 15 ЧАСОТ: Угостителите и индустријата за организирање на свадби излегуваат на протест пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-ugostitelite-i-industrijata-za-organiziranje-na-svadbi-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-ugostitelite-i-industrijata-za-organiziranje-na-svadbi-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/#respond Wed, 24 Feb 2021 06:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=473021

Угостителите и индустријата за организирање на свадби денескаповторно излегуваат на протест. Локацијата Автокоманда каде протестираа во петокот и вчера ја заменуваат со Влада. Најавуваат дека ќе останат таму се додека не се усвојат нивните барања, за кои Владата до сега немаше слух. -Продолжуваме во среда (24.02.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА. Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие. Претходно истакнаа дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места. -Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност, рече Марија Синадиновска Арсовска на вчерашниот протест. Синадиновска Арсовска нагласи дека нивните барања  до сега не се усвоени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-15-chasot-ugostitelite-i-industrijata-za-organiziranje-na-svadbi-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/feed/ 0
ОЈО: Предлог казни од по две и пет илјади евра за организација на прослави во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/#respond Tue, 24 Nov 2020 10:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=433617

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против три физички и од 5 000 евра против едно правно лице за организација на масовни собири во Скопје. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – веридба, на која присуствувале 30 гости. – Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, се вели во соопштението од ОЈО. Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана. – Тој во објектот дозволил да се организира настан – свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, информираат од ОЈО. Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​ Казнениет налози се за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-predlog-kazni-od-po-dve-i-pet-iljadi-evra-za-organizacija-na-proslavi-vo-skopje/feed/ 0