семејства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jul 2022 12:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png семејства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/#respond Wed, 27 Jul 2022 12:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=710857

Во земјава има вкупно 538 348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив. Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3.1. Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5,6 проценти. Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531 987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-procenti-od-semejstvata-vo-zemjava-se-brachni-parovi-bez-deca/feed/ 0
Косово ќе засолни 20 украински новинари заедно со нивните семејства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-kje-zasolni-20-ukrainski-novinari-zaedno-so-nivnite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-kje-zasolni-20-ukrainski-novinari-zaedno-so-nivnite-semejstva/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652029

Косовската влада ја усвои денеска одлуката за засолнување на 20 новинари и на нивните потесни семејства, поради хуманитарната криза предизвикана од руската агресија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Со одлуката, како што информира косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, се предвивдува на новинарите да им се обезбедат и услови за вршење на нивната професионална работа. – Ова е морална обврска која Косово ја има кон тие луѓе кои се загрозени од руската агресија, изјави Свечља, нагласувајќи дека на новинарите и нивните семејства им се нуди целосна институционална заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-kje-zasolni-20-ukrainski-novinari-zaedno-so-nivnite-semejstva/feed/ 0
Османи: Две македонски семејства побарале помош од амбасадата во Киев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dve-makedonski-semejstva-pobarale-pomosh-od-ambasadata-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dve-makedonski-semejstva-pobarale-pomosh-od-ambasadata-vo-kiev/#respond Thu, 24 Feb 2022 12:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=635983

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за Канал 5 истакна дека две македонски семејства побарале помош од Амбасадата во Киев. -Досега имавме неколку апели за да се искористат сите комерцијални летови за да се вратат во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата амбасада таму од утринава. Имаме неколку граѓани кои што бараат одредени документи за да можат да ја напуштат земјата, вели Османи. Тој додаде дека веќе со недели имаат апели со цел да не се случи да бидат блокирани патиштата или начините за излез во пресрет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dve-makedonski-semejstva-pobarale-pomosh-od-ambasadata-vo-kiev/feed/ 0
Општина Бутел со финансиска помош за смејствата на настраданите во автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Thu, 02 Dec 2021 12:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=603066

Денес на мој предлог советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на 250 илјади денари парична помош за настраданите лица во сообракајната несреќа во Бугарија. Нема зборови со кои може да се опише оваа трагедија која ни донесе немир и тага, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на скопската општина Бутел Дарко Костовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-butel-so-finansiska-pomosh-za-smejstvata-na-nastradanite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0
Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/#respond Wed, 24 Nov 2021 16:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=599461

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија. Ова за „24 Часа“ го соопшти Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето барање за правна помош. Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева. За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори. Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Обвинителството на Република Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/feed/ 0
ОК Вмро-Дпмне – Крушево: Финансиска помош од избраните Советници и Градоначалник до семејствата од ранливи категории на месечно ниво! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-krushevo-finansiska-pomosh-od-izbranite-sovetnici-i-gradonachalnik-do-semejstvata-od-ranlivi-kategorii-na-mesechno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-krushevo-finansiska-pomosh-od-izbranite-sovetnici-i-gradonachalnik-do-semejstvata-od-ranlivi-kategorii-na-mesechno-nivo/#respond Wed, 29 Sep 2021 07:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=569863

Донесена одлука за финансиска помош од избраните Советници и Градоначалник до семејствата од ранливи категории на месечно ниво! ✔️ Советниците оддвојуваат 2000 денари! ✔️ Градоначалникот 6000 денари! ☑ Создади нова иднина!, стои во објавата на ФЕјсбук страницата на ОК Вмро-Дпмне - Крушево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ok-vmro-dpmne-krushevo-finansiska-pomosh-od-izbranite-sovetnici-i-gradonachalnik-do-semejstvata-od-ranlivi-kategorii-na-mesechno-nivo/feed/ 0
Евакуирани отсечените семејства на Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuirani-otsechenite-semejstva-na-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuirani-otsechenite-semejstva-na-popova-shapka/#respond Tue, 26 Jan 2021 09:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=459918

Поради силен ветер и снег во текот на вчерашниот ден беше завеан патот до викенд населбата на Попова Шапка, поради што отсечени биле семејства кои биле затекнати во своите домови. Од Центарот за управување со кризи информираат дека дополнителен проблем претставувало и снемувањето на електрична енергија. -Од ЕЛС Тетово започнале со расчистување на патот со употреба на механизација, и патот е расчистен и семејствата се безбедно евакуирани. Во вечерните часови состојбата е нормализирана, а исто така е решен и проблемот со електроснабдување. Од страна на РЦУК Тетово за време на целиот период од настанатата состојба е контактирано со ЕЛС Тетово, ЈП Македонијапат, ПС Попова Шапка, ЕЛЕМ Турс како надлежна за одржување на скијачките терени и стази, информираат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuirani-otsechenite-semejstva-na-popova-shapka/feed/ 0
Во пресрет на новогодишните празници, Мицкоски денеска посети десетина семејства и подели пакетчиња за најмалите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-novogodishnite-praznici-mickoski-deneska-poseti-desetina-semejstva-i-podeli-paketchinja-za-najmalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-novogodishnite-praznici-mickoski-deneska-poseti-desetina-semejstva-i-podeli-paketchinja-za-najmalite/#respond Wed, 30 Dec 2020 15:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=450390

Во претпоследниот ден од годината посетив десетина семејства во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Аеродром, стои во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, лидерот на паријата ВМРО-ДПМНЕ. - Насмевките на дечињата се бесценети. Барем за миг малку повеќе среќа за сите. Скромно, но со искрено срце за малите по возраст, но големи во душа херои, пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-presret-na-novogodishnite-praznici-mickoski-deneska-poseti-desetina-semejstva-i-podeli-paketchinja-za-najmalite/feed/ 0
Семејствата на жртвите бараат од европскиот регулатор подлабока анализа за Боинг 737 МАКС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvata-na-zrtvite-baraat-od-evropskiot-regulator-podlaboka-analiza-za-boing-737-maks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvata-na-zrtvite-baraat-od-evropskiot-regulator-podlaboka-analiza-za-boing-737-maks/#respond Wed, 23 Dec 2020 14:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=447258

Семејствата на жртвите од несреќите на „Боинг 737 МАКС“ ја повикаа Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) да ја одложи дозволата за враќање во функција на авионите, предупредувајќи на отворени безбедносни прашања. Американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) минатиот месец одобри враќање во функција на авионите „Боинг“ по промените и безбедносните проверки направени по две несреќи со вкупно 346 жртви. ЕАСА соопшти дека може официјално да ја укине забраната во средината на јануари, откако ги проучи повратните информации од јавноста и секторот за условите за враќање на авионот во сообраќај. Така, постојните авиони ќе мора да бидат опремени со нов софтвер, а електричните врски и инструментите во пилотската кабина ќе бидат сменети. Пилотите ќе треба да поминат дополнителна обука и секој авион ќе изврши пробен лет за да провери дали промените се правилно направени. Истрагите своевремено покажаа дека причина за несреќите е грешка во софтверот за контрола на летот, кој се активирал во погрешно време и го насочувал авионот кон фатално понирање. Пилотите залудно се обидувале да ја заобиколат софтверската команда. Боингот 737 MAX сега е безбеден, изјави шефот на агенцијата Патрик Кај за Би-Би-Си на почетокот на оваа недела. ЕАСА детално го разгледа модифицираниот модел на авион и ги анализираше промените направени од производителот, нагласи тој. Во писмото до Кај и во коментари во јавна расправа, семејствата и пријателите на жртвите од несреќата на Етиопија ерлајнс рекоа дека ЕАСА прво треба да заврши со анализа на изменетиот авион и безбедносниот извештај за несреќата. – ЕАСА не може да заклучи дека изменетиот 737 MAX е безбеден пред да ја заврши сопствената проценка на безбедноста, се вели во писмото до шефот на Европската агенција. Портпарол на ЕАСА рече дека агенцијата не ги коментира повратните информации во тековната фаза на процесот на одобрување. Конечната одлука за безбедност враќање во сообраќај се планира да се објави во јануари, откако ќе се анализираат сите повратни информации, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/semejstvata-na-zrtvite-baraat-od-evropskiot-regulator-podlaboka-analiza-za-boing-737-maks/feed/ 0
Беџети: Платежни картички од Владата добија и членови на семејства на сопственици на компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-platezni-kartichki-od-vladata-dobija-i-chlenovi-na-semejstva-na-sopstvenici-na-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-platezni-kartichki-od-vladata-dobija-i-chlenovi-na-semejstva-na-sopstvenici-na-kompanii/#respond Wed, 17 Jun 2020 19:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=359210

Економистот и академик Абдулменаф Беџети вели дека платежни картички која Владата ги додели за поддршка за најпогодените граѓани од економската криза која на предизвика пандемијата со корона вирусот, ја добиле и членови на семејства на сопственици на компании. Тој во емисијата „10 минути“ истакна дека бројката на лица кои се дел од семејства на сопственик на компанија и кои добиле платежна картичка од Владата е голем. Тој потенцираше дека сопруги или деца на сопственици на компании се вработени во тие компании со минимална плата само за да имаат здравствено и пензиско осигурување, и по тој основ тие и добиле платежна картичка која за нив е незначителна и со која ги исмеваат институциите. - Има големи пропусти во реализацијата на субвенциите од третиот пакет економски мерки. На пример, една од субвенциите што сега се даваат се платежните картички и главен критериум на картичките е, тие што имаат примања до 14.500 денари. Но и членовите на семејстават на сопственици на компании кои се вработени, кои можеби не се на активна работа, но се вработени за да имаат пензиско и здравствено осигурување, ги земаат тие плати. Дали се членови на семејство како сопруги, деца сопственици на компании и тие имаат добиено платежни картички. Тоа е смешно, траги-комично. Значи во ниту еден случај не требаше да се дозволи, во процесот на селекција, не знам точно колку се, но знам дека се многу. И сега да се случи да земат и тие кои што на еден или на друг начин немаат потреба, не се зависни. За нив тоа не е некоја добивка, апсолутно никаква, дури се и смешни. Се зафркаваат со институциите, рече Беџети. Тој појасни дека сето ова покажува дека планирањето од страна на Владата за третиот пакет економски мерки, не е направено врз основа на анализите. Беџети исто така констатираше дека економските мерки на владата за поддршка на економијта, особено од третиот пакет, заглавија во реализацијата поради тоа што имаме некапацитетни и нефункционални институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bedzeti-platezni-kartichki-od-vladata-dobija-i-chlenovi-na-semejstva-na-sopstvenici-na-kompanii/feed/ 0