семејство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Oct 2023 19:45:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png семејство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прво огласување на семејството на Метју Пери, неговата мајка ја имала најтешката задача https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvane-na-semejstvoto-na-metju-peri-negovata-majka-ja-imala-najteshkata-zadacha/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvane-na-semejstvoto-na-metju-peri-negovata-majka-ja-imala-najteshkata-zadacha/#respond Sun, 29 Oct 2023 19:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=894259

Семејството на Метју Пери се огласи по веста дека актерот починал. Познатиот Чендлер од „Пријатели“ беше пронајден мртов вчера на својот имот во Лос Анџелес. - Нашите срца се скршени поради трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе толку многу радост на светот, и како актер и како пријател. Сите вие ​​му значевте толку многу и го цениме огромниот излив на љубов – се наведува во изјавата на семејството на Метју Пери. Неговото семејство го сочинувале неговата мајка, татко, две маќеи, очув, пет полубраќа и сестри. Набргу откако беше објавена трагичната вест во домот на актерот пристигнаа неговите родители. На лицата можеше да им се види огромна тага и очај, а мајката Сузан морала да го идентификува телото на синот. Според првичните информации актерот се удавил во џакузи, но истрагата е во тек, се чекаат резултатите од обдукцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvane-na-semejstvoto-na-metju-peri-negovata-majka-ja-imala-najteshkata-zadacha/feed/ 0
Крај на паниката: Пронајдено е српското семејство по кое се трагаше откако ја напуштија Македонија – еве што им се случило https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraj-na-panikata-pronajdeno-e-srpskoto-semejstvo-po-koe-se-tragashe-otkako-ja-napushtija-makedonija-eve-shto-im-se-sluchilo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraj-na-panikata-pronajdeno-e-srpskoto-semejstvo-po-koe-se-tragashe-otkako-ja-napushtija-makedonija-eve-shto-im-se-sluchilo/#respond Wed, 09 Aug 2023 07:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=864874

Пронајдено е семејството од Србија по кое од вчера се трагаше по веста дека исчезнале. Тие се живи и здрави, објавено е на Фејсбук групата „Грчка Инфо“. -Се јавија. Фала богу што се здрави и живи и уживаат во одморот, потврдил за српските медиуми маж кој од почетокот бил инволвиран во овој случај и вчера бил вклучен во потрагата по семејството. И во Фејсбук групата „Грчка инфо“, која вчера ја објавила веста за исчезнувањето, било потврдено дека семејството е безбедно. -Девојчето се јави дека се е во ред и дека немаат интернет. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации, се наведува во групата. Како што е објавено, семејството се наоѓа во Лименарија, на грчкиот остров Тасос. Им се скршил екранот на телефонот на кој користат Вибер, па затоа не биле во можност да се јават. Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина, кои исчезнаа во Грција со своите две мали деца, тргнале кон морето решени да најдат сместување кога ќе пристигнат, според информациите кои се наоѓаа на социјалните мрежи. Грчката граница, преку Македонија, според објавата, ја поминале на седми август, во 00:30 часот по полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kraj-na-panikata-pronajdeno-e-srpskoto-semejstvo-po-koe-se-tragashe-otkako-ja-napushtija-makedonija-eve-shto-im-se-sluchilo/feed/ 0
ВО 18 ЧАСОТ: Сенароден собир на МПЦ – ОА против законите за родова еднаквост и за матична евиденција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/#respond Thu, 29 Jun 2023 05:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=850640

Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони. -Образложивме во повеќе наврати и во самото соопштение, експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, против родовата компонента која што е застапена во Предлог законот за родова еднаквост и се користи, се злоупотребува на уште поексплицитен начин во Предлог законот за матична евиденција, којшто предвидува промена на ознака за пол при изјава која што би се базирала на субјективни индивидуални чувства на поединецот. Ја користам оваа можност да го повикаме допопнително народот за присуство заради тоа што овој протестен рефлекс што црквата го пројавува, сосема погрешно се интерпретира во јавноста, анализирајќи се и перцепцирајќи ја црквата единствено како институција. Црквата е многу повеќе, црквата е жив организам составен од конкретни луѓе, од заедница која што има вредносен систем кој е апсолутен контрас, апсолутно спротивен на она што ни го нудат и што се закануваат да го донесат овие два предлог закони во нашето општество, но и во црквата, рече на прес-конференцијата епископот Јаков Стобиски. Појасни дека МПЦ не е против остварување на нечии права туку смета дека она што е спорно во овие закони е дека тие може ќе придонесат за поголемо остварување на нечии права, на поединци или на групи, но тоа, вели, сериозно би ги загрозило правата на мнозинството, на 99 проценти од населението во државава. Тој, воедно потенцираше дека како црква се оградуваат однапред од каква било злоупотреба во некакви свои цели на овој собир, и не поддржуваат говор на омраза. -Не поддржуваме никаков говор на омраза, и никакво скандирање и повикуваме на мирни протести. Едноставно да кажеме „не“. Нашиот собир, присуството на тој собир би значело дека не се согласуваме со вакви предлог законски решенија во таква форма, вели епископот. Очекува собирот да биде поддржан од сите верски заедници во земјава, кои потпишаа заеднишко соопштение со барање за повлекување на двата спорни закона. Во видео - порака објавена ден спроти собирот, епископот Стобиски нагласува дека собирот е со цел заштита на децата и семејството. -Имаме должност да ја разобличиме лагата, силно и јасно да изговориме и да ја исповедаме вистината, но и да ги заштитиме децата и семејството, и да ја одбраниме слободата што не ни е дадена туку така, но за неа не некој друг, туку Христос има платено скапа цена, премногу скапа за да станеме робови на луѓе на некакви човечки идеологии спротивни на духот на Евангелието, вели епископот во видео-пораката. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во понеделникот, преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан го објави повикот за Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје поради процесот на носење на двата спорни закона со порака дека „сите имаме должност да застанеме во одбрана на она што сме го примиле и наследиле од нашите предци да го продолжиме и да им го оставиме на поколоенијата по нас“. -Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата, стои во повикот за собирот. Одлуката за организирање на собирот беше донесена на седница на САС на МПЦ-ОА на 20 јуни. Во соопштението од седницата, меѓу другото, се изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорираа соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат над 95 проценти од населението, за повлекување од процедура на двата закона и продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за нивно целосно носење, а кои се сметаат за сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството. Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација го осудија повикот за протест на МПЦ-ОА, чија единствена цел, како што велат, е да се направи јавен притисок кон повлекување на предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција од собраниска процедура оценувајќи го како директен упад во секуларноста на државата и непочитување на Уставот, а пред сѐ на жените во земјава и непрепознавање на нивните реални животни ситуации. -Граѓаните и граѓанките на нашата земја треба да знаат дека со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани. Тоа се наши граѓани и граѓанки кои, за жал и спротивно на општото уверување, сѐ уште не можат да ги остварат своите фундаментални права подеднакво како и мнозинството граѓани... Без вакви закони, ЕУ ќе биде уште подалеку, демократијата уште позагрозена, а живеењето во Македонија небезбедно за половина од нејзиното население, велат од Платформата. Од Хелсиншкиот комитет, во пресрет на собирот упатија апел за безбедност на ЛГБТИ заедницата за време на протестот со совети за избегнување какви било инциденти, вербални напади или провокации во текот на денот на протестот. Сенародниот собир во организација на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, предвидено е да започне во 18 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-18-chasot-senaroden-sobir-na-mpts-oa-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/feed/ 0
Нема живот за нив во Србија: Експертите со став, еве што треба да прави семејството на Коста https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/#respond Sat, 13 May 2023 10:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=833782

Семејството на Коста К.(13), кој на 3 мај уби осум деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ Белград, најверојатно од безбедносни причини ќе се пресели во странство. Мајката на Коста и неговата десетгодишна сестра би можеле први да ја напуштат Србија, а да им се придружи и таткото на момчето-убиец, откако тој ќе излезе од затвор, пишува Пинк.рс. Психолозите и криминолозите сметаат дека ова е најдоброто решение за ова семејство, особено за сестрата на Коста. Родителите на Коста добија стотици закани преку Интернет по невиденото злосторство што го изврши нивниот син. Таткото Владимир, моментално е зад решетки, а мајката, земала неплатен одмор од Биолошкиот факултет каде работи и е со ќерката во непознато место во Србија. Во тоа училиште сигурно нема да се врати помалата сестра на Коста, која исто како него учеше во основното училиште „Владимир Рибникар“ и моментално е четврто одделение. Милан Костиќ, психолог и судски вештак, смета дека и помалата сестра на Коста е жртва на нејзиниот брат, бидејќи таа ќе ги сноси последиците од неговото дело до крајот на животот. -Таа девојка не направи ништо, а цел живот ќе биде обележана и жигосана. Тоа ќе го прави околината и мислам дека треба да се заштити што е можно повеќе. Ваквата ситуација кај нас не е вообичаена, но важно е да и се објасни на мајката колку е сложена ситуацијата за нив и дека можеби најдоброто решение е да ја напуштат државата. Мислам дека разделбата од Коста е неопходна во овој случај. Мајката треба да разбере дека покрај синот има и ќерка и дека мора да направи нешто за да ја заштити – вели Костиќ и додава: – Уништено е се, вклучително и неговиот живот и животите на сите семејства кои ги огорчи со својот чин. Ги уништи и животите на својата мајка, татко и сестра. Неговото семејство многу години ќе трпи страшни последици бидејќи вакво нешто тешко се заборава – изјави Радовановиќ. Тој забележува дека мајката и таткото ќе ги чувствуваат последиците до крајот на животот, но дека сестрата, можеби поради младоста, нема. -Кога ќе порасне, можеби во одреден момент сестрата ќе се дистанцира од тоа злосторство, но… Сега единствено решение е промена на средината. Најкорисно е да се смени презимето, но не сум запознаен со процедурата. Секако, мајката и сестрата на Коста имаат опција да не сменат ништо, но потоа ќе ги сносат последиците. Доколку одлучат да ја напуштат државата, веројатно ќе бидат под постојан надзор на безбедносните служби на земјата во која се преселуваат – истакнува Радовановиќ. Бора Бањац, поранешен началник на Дирекцијата за сузбивање на организиран криминал, смета дека можеби најдоброто решение за семејството на Коста е да се пресели во далечна земја. – Што може да се направи со нив, мислам на сестрата и мајката? За нив нема живот ниту во Белград, ниту во Србија. Мислам дека не би можеле да живеат во ниту една земја од регионот бидејќи порано или подоцна ќе се дознае кои се тие. Можеби треба да одат преку океанот, некаде доволно далеку. Ако останат тука, единствено решение е да го сменат идентитетот, но прашање е дали ќе можат да го сторат тоа – вели Бањац.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nema-zhivot-za-niv-vo-srbija-ekspertite-so-stav-eve-shto-treba-da-pravi-semejstvoto-na-kosta/feed/ 0
Си ги зел сопругата и децата – официјалната посета на Америка Ковачевски си ја претвори во семејно патување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/si-gi-zel-soprugata-i-detsata-ofitsijalnata-poseta-na-amerika-kovachevski-si-ja-pretvori-vo-semejno-patuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/si-gi-zel-soprugata-i-detsata-ofitsijalnata-poseta-na-amerika-kovachevski-si-ja-pretvori-vo-semejno-patuvane/#respond Wed, 10 May 2023 13:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=832759

Работа и задоволство. Премиерот на американска турнеја во придружба на семејството. Димитар Ковачевски заедно со сопругата Елена Ковачевска и малолетните ќерка и син најпрвин беше неколку дена во Њујорк, а потоа и во Вашингтон. Од Владата цел ден не одговараат на прашањата на Алфа во кое својство е заминато и семејството на премиерот, кој платил за авионските билети, за хотелското сметување, дали е ангажирано и дополнително обезбедување, колку чини сето тоа. Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, цело утро го одолговлекуваше одговорот, а потоа и престана да крева на телефон. Од Илинденска не кажуваат ниту колку члена брои целата делегација, но Алфа неофицијално дознава дека се заминати речиси 30 луѓе. Инаку на официјалните страници на социјалните мрежи се објавени повеќе фотографии и видеа од средби на премиерот каде е придружуван од неговата сопруга, но никаде не се споменува дека во Соединтите Држави си ги понел и децата. Досега, Македонија не памети функционер кој во официјална работна посета со себе го понел цело семејство, а ниту еден странски владин претставник не ни дошол во официјална посета носејќи ги со себе сопругата и децата коментираат за Алфа пиар лица кои со години работат протокол во државни институции. Премиерот во САД замина на 2 мај, а денеска заедно со цела делегација треба да слета на аеродромот во Скопје. Ова не е прв пат Димитар Ковачевски да си го зема и семејството на официјални патувања. Лани во мај замина во Рим на аудиенција кај папата Франциск придружуван од неговата ќерка. Овој скандал предизвика лавина реакции, јавноста гласно велеше дека Ковачевски не се кралско семејство и дека ќерката на премиерот не е принцеза за да има протколарна улога како што несмасно Димитар Ковачевски се обидуваше да се оправда тогаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/si-gi-zel-soprugata-i-detsata-ofitsijalnata-poseta-na-amerika-kovachevski-si-ja-pretvori-vo-semejno-patuvane/feed/ 0
Мајката и сестрата на Коста пренесени на безбедна локација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/#respond Thu, 04 May 2023 19:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=830694

Коста К. вчера направи крвав масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби девет лица. Како што дознава порталот Република.рс, по грозоморното злосторство, мајката и помалата сестра биле пренесени на безбедна локација. -Жената и помладата сестра на Коста се однесени на друга адреса. Има некој во станот, но никој не отвора, вели еден од соседите на семејството. Сосетка вели дека се што е лошо кажано за нив е лага, а Коста бил дете од првиот брак на докторот. Соседите велат дека семејството има жена која се грижи за домаќинството, како и дека станот им е голем и убаво уреден. Коста е од угледно белградско семејство. Неговиот татко е познат доктор, специјалист по радиологија, а мајка му е асистент на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград. Момчето исто така беше одличен ученик, одел на натпревари и сакал да стане астрофизичар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majkata-i-sestrata-na-kosta-preneseni-na-bezbedna-lokatsija/feed/ 0
Еве кога ќе биде објавена – семејството на Меган Маркл со пеколна снимка за неа, сака да ја прикаже во негативен контекст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/eve-koga-ke-bide-objavena-semejstvoto-na-megan-markl-so-pekolna-snimka-za-nea-saka-da-ja-prikazhe-vo-negativen-kontekst/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/eve-koga-ke-bide-objavena-semejstvoto-na-megan-markl-so-pekolna-snimka-za-nea-saka-da-ja-prikazhe-vo-negativen-kontekst/#respond Sun, 30 Apr 2023 11:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=829161

Семејството на Меган Маркл се здружи за да сними документарен филм во кој ја осудуваат војвотката од Сасекс за нејзиното однесување. Како што пренесуваат медиумите, нејзиниот татко Томас Маркл, сестрата Саманта и братот Томас Џуниор тие не се на нејзина страна и решија да дадат изјави за новиот документарец, а се закануваат дека ќе објават досега невидена снимка од војвотката. Имено, претходно во документарната серија на Нетфликс за Меган Маркл и принцот Хари, режисерот на филмот го портретира таткото на Меган Томас како човек кој добива пари за да разговара со печатот и да открие детали за неговата ќерка. После тоа, Меган откри и дека никогаш не се согласувала со нејзината сестра и брат. Овој нов документарец моментално се снима на австралискиот Канал 7 и има за цел целосно да го промени наративот и да му даде глас на семејството на Меган. Новиот трејлер го прикажува таткото Томас како вели дека се обидува да се поправи со Меган, но тој сè уште зборува против неа. Името на документарниот филм не е познато, но како што велат, ќе биде прикажан на 5 мај, односно ден пред крунисувањето на кралот Чарлс. Се смета дека овој документарец на мразителите на Меган Маркл ќе им даде уште повеќе причина за мразење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/eve-koga-ke-bide-objavena-semejstvoto-na-megan-markl-so-pekolna-snimka-za-nea-saka-da-ja-prikazhe-vo-negativen-kontekst/feed/ 0
Колку пари даваат европските држави заради повеќе деца во семејството? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-pari-davaat-evropskite-drzhavi-zaradi-poveke-detsa-vo-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-pari-davaat-evropskite-drzhavi-zaradi-poveke-detsa-vo-semejstvoto/#respond Thu, 16 Mar 2023 13:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=812791

Според нови истражувања, парите се најголемата пречка за младите во Велика Британија при основањето семејство. Повеќе од половината испитаници (59 отсто) ги навеле финансиските грижи како причина број еден поради којашто доцнат или размислуваат и никогаш да немаат деца. Истражувањето нарачано од германската компанија „Април“ (Apryl), покажа дека најголемата пречка за родителството се зголемените трошоци за живот (29 отсто). Потоа следуваат трошоците за згрижување деца (13 отсто), па тоа дека испитаникот сè уште не го запознал/-а вистинскиот партнер (12 отсто) и неможноста да купат сопствен дом (11 отсто). Просечната стапка на прираст во ЕУ за 2020 година беше 1,50 живородени деца по жена. Ова е далеку под нивото од околу 2,1, кое е потребно за да се обезбеди стабилно население без миграција. Европските земји воведуваат различни стратегии за поттикнување на жените да имаат повеќе деца. Меѓу најчестите е тн. „бебешки бонус“, односно парична награда за секое родено дете. Обединетото Кралство обезбедува детски додаток во износ од 24,97 евра неделно за прво дете и 16,48 евра за секое наредно дете. Граѓаните, исто така, можат да побараат парична поддршка за породилно отсуство - „Сигурен почеток“, што е еднократна помош од 571 евро за трошоците за породување. Се нудат и даночни олеснувања и кредит, што овозможува надоместување до 85 отсто од трошоците за згрижување дете. Што се однесува до членките на Европската Унија, Финска е позната како една од најдарежливите земји. Малата општина Лестијарви, на пр., стана светски позната зашто од 2012 до 2022 година даваше по 10.000 евра за секое новородено дете. Тоа беше краен обид за зголемување на прирастот, но на програмата лани ѝ беше ставен крај, бидејќи многу од семејства ги земаа парите, но потоа се иселуваа од земјата. Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека клиниките за неплодност се „од национално стратешко значење“. Младите брачни парови во Унгарија може да побараат кредит од околу 30.000 евра од банка и да престанат да плаќаат камата на истиот, доколку добијат дете во рок од пет години. Целосно ќе им биде отпишан кредитот доколку имаат најмалку три деца. Жените кои имаат четири деца се трајно ослободени од данок на доход. Во Грција се доделува бонус од 2.000 евра за секоја мајка што ќе се породи и ќе престојува постојано во земјата. Родителите во Италија може да бараат додаток до 192 евра по дете месечно, во зависност од приходот на домаќинството. Во Шпанија, предлог-законот за буџетот за 2023 година, меѓу другите мерки, ќе вклучи и месечен надоместок од 100 евра за мајки со деца под три години. Франција е позната и по раскошните трошоци за семејната политика. Околу 4 отсто од БДП се однесува на бенефиции за платено родителско отсуство, семеен додаток и субвенционирана грижа за деца. Занимливо, Франција е и европски „шампион по плодност“, со 1,83 раѓања по жена, пишува „Евроњуз“ (Euronews). Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) плаќа еднократна финансиска поддршка во износ од 309,01 евро, а право на такво здравствено осигурување имаат лица кои исполнуваат одредени услови. Детскиот додаток, пак, изнесува од 26,49 до 72,09 евра месечно, а тоа право може да се оствари доколку просечниот приход по член на домаќинството во претходната календарска година не надминува 309,01 евро месечно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolku-pari-davaat-evropskite-drzhavi-zaradi-poveke-detsa-vo-semejstvoto/feed/ 0
ДКСК отвори предмет за имотот на семејството на вицепремиерот Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-otvori-predmet-za-imotot-na-semejstvoto-na-vitsepremierot-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-otvori-predmet-za-imotot-na-semejstvoto-na-vitsepremierot-grubi/#respond Mon, 27 Feb 2023 11:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=805591

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), пред неколку денови, отворила предмет за вицепремиерот Артан Груби откако во јавноста, во повеќе пригоди, беа изнесени наводи за несразмерното зголемување на неговиот и на имотот на членовите на неговото семејство. Покрај информациите објавни во дел од медиумите, деновиве со конкретни обвинувања излезе и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Тој ги повика надлежните да проверат како семејството Груби се стекнало со имот по, според него, пет пати пониска цена од пазарната. Конкретно станува збор за деловен објект во Скопје, платен по само 700 евра за квадрат додека реалната цена му била над 3.000 евра. – Граѓаните во Скопје, за 700 евра по метар квадратен, не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова – објасни Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-otvori-predmet-za-imotot-na-semejstvoto-na-vitsepremierot-grubi/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Седумчлено семејство се спаси од земјотресот, настрада во пожар во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-sedumchleno-semejstvo-se-spasi-od-zemjotresot-nastrada-vo-pozhar-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-sedumchleno-semejstvo-se-spasi-od-zemjotresot-nastrada-vo-pozhar-vo-turtsija/#respond Fri, 17 Feb 2023 15:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=801843

Седумчлено семејство од Сирија, родители и пет деца загинаа во пожар што ја зафати куќата во Турција каде што побегнаа откако го преживеаја земјотресот минатата недела, јавуваат локалните медиуми. Турската државна агенција Анадолија јави, повикувајќи се на писменото соопштение на главното јавно обвинителство, дека избувнал пожар во еднокатна куќа во која живееле 14 лица. Седум лица повредени во инцидентот се згрижени, се наведува во соопштението. Анадолија пишува и дека семејството што загинало се преселило во централниот регион на Конија пред само неколку дена од градот Нурдаги во југоисточна Турција во провинцијата Газиантеп, кој беше тешко погоден од земјотресот на 6 февруари. -На лице место се извршени потребните истраги и е назначена стручна комисија, се наведува во соопштението. Петте деца кои загинаа биле на возраст меѓу четири и 13 години, јавува Анадолија. Турција е дом на речиси четири милиони Сиријци.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-sedumchleno-semejstvo-se-spasi-od-zemjotresot-nastrada-vo-pozhar-vo-turtsija/feed/ 0