Семинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 20:25:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Семинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈКА-МТКФ карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан од Јапонија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/jka-mtkf-karate-seminar-so-sensei-koichiro-okuma-7-dan-od-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/jka-mtkf-karate-seminar-so-sensei-koichiro-okuma-7-dan-od-japonija/#respond Thu, 29 Jun 2023 20:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=851021

За прв пат во Македонија ќе се одржи ЈКА карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан во организација на Македонската традиционална карате федерација. Семинарот ќе се одржи од 9 до 13 Ноември 2023 во салите на Карате клубот Работнички и Будо центарот НЕДЕВИ во Скопје. Сенсеи Окума кој е повеќекратен шампион на Јапонија доаѓа на покана на нашиот најдобар каратист Дејан Недев. Јапонската Карате Асоциација е прва и најстара карате организација во светот формирана во далечната 1949 година од страна на Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама основач на ИТКФ. ЈКА е една од најмасовните и најорганизираните карате федерации во светот со седиште во Токио, која во минатото и денес ги испраќа најдобрите јапонски инструктори да го шират каратето во светот. Меѓу најистакнатите јапонски инструктори кои во минатото одржале карате семинари во Македонија на покана на Венцислав Недев биле: Хидетака Нишијама, Таиџи Казе и Хироши Шираи. ЈКА исто така учествува и се натпреварува на ИТКФ светските шампионати во традиционално карате, информираат од мкедонската федерација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/jka-mtkf-karate-seminar-so-sensei-koichiro-okuma-7-dan-od-japonija/feed/ 0
Прв семинар за женски македонски фудбалски судии https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prv-seminar-za-zenski-makedonski-fudbalski-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prv-seminar-za-zenski-makedonski-fudbalski-sudii/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735298

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар, со акцент на теорискиот дел од правилата на фудбалската игра. Предавач и инструктор на семинарот одржан во Скопје, беше членот на судискиот одбор на УЕФА, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка. Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за женски судии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/prv-seminar-za-zenski-makedonski-fudbalski-sudii/feed/ 0
Семинар за традиционална музика и игра во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/#respond Mon, 27 Jul 2020 11:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=382035

Во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ од денеска до 30 јули во Битола се одржува онлајн семинар за традиционална музика и игра. Семинарот почна со промоција на Зборник на трудови чии автори се редовни учесници на едукативниот настан посочи д-р Владимир Јаневски, професор на Музичка академија, катедра за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. -Семинарот се одржува 12 години континуирано, а дополнителен квалитет на едукативниот настан е Зборникот на трудови кој се промовира пред почетокот на семинарот. Најголем дел од етнокореолошките теми се работени според биографска метода, а тоа значи истражување и анализа за некој што нешто направил во својот живот, односно на поединци кои оставиле голема трага во нашата културна традиција, истакна Јаневски. Семинарот за традиционална музика и игра е со меѓународен предзнак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/seminar-za-tradicionalna-muzika-i-igra-vo-bitola/feed/ 0
Балкански карате семинар во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/balkanski-karate-seminar-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/balkanski-karate-seminar-vo-skopje/#respond Tue, 09 Apr 2019 07:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=184164

На 12 и 13 април во Скопје ќе се одржи Големиот балкански карате семинар 2 во организација на Карате центар Пејов во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Семинарот ќе го водат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан, сенсеи Ранко Вукотиќ од Црна Гора и сенсеи Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан. Главниот настан и свеченото отворање се на 13 април (сабота) во малата сала на „Борис Трајковски“ со почеток од 15 часот. Се очекуваат учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, од Косово се чека потврда. Големиот балкански карате семинар е со заложба – пат на мирот и љубовта, толеранција, разбирање и регионална соработка. Да се надминат разликите, да се биде пример на сите. Да се покаже дека ги има каратистисте. Практикувајќи го со нас (мајсторите-н.з.)  традиционалното карате – до, спортското карате, џиу џицу и самоодбрана. Да потсетиме дека Минатата година Големиот балкански карате семинар во Скопје од сите мајстори беше прогласен за најдобро организиран, на кого присуствуваа амбасадорите Душанка Дивјак – Томиќ од Србија, Иван Петков од Бугарија и заменикот на амбасадорот на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ. Идејата е со заедничка соработка да се изградат спортисти кои балканските земји ќе ги претставуваат на Олимписките игри во Париз 2024 (ако го има на листата на спортови на Игрите) и соработка со Францсуката карате федерација. Оваа врска се гради преку нашиот мајстор кој живее и работи во Франција, Стојан Стојанов, роден кавадарчанец. Годинава семинарот почна од Софија на 22 и 23 март, а продолжува во: Скопје – Македонија 12 и 13 април Ниш – Србија 7 и 8 јуни Будва – Црна Гора  20–23 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/balkanski-karate-seminar-vo-skopje/feed/ 0
Мицкоски: Викендот ќе го поминеме работно со НДИ од САД работејќи на нашите капацитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/#respond Fri, 08 Feb 2019 17:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=161720

Овој викенд ВМРО-ДПМНЕ ќе го помине во Струга заедно со Националниот демократски институт (НДИ) од САД. Тоа ќе претставува одлична можност за раководството на партијата, за луѓето од Националниот демократски институт, да размениме знаења и искуства, инаку самиот наслов на овој работен викенд е „Рефлектираме за минатото и планираме за иднината“. Ќе ги извлечеме поуките од сите оние грешки кои политичките елити во ова наше 28-годишно политичко мочуриште го правеа во Република Македонија и тие грешки да не ги повториме во иднина, затоа да направиме соодветен план и да ја испланираме иднината. Ова за Атфа ТВ, го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга каде се одржува дводневниот семинар се одржува со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“. -Мислам дека ќе претставува корисно искуство за ВМРO-ДПМНЕ, за луѓето од Националниот демократски институт, бидејќи навистина Македонија никогаш не била по поделена од денеска и како општество и како луѓе, и не само политички, туку ние почнавме да се делиме и по определни појави кои што се случуваат во македонското општество, рече Мицкоски и додаде: „Никогаш Македонија не била поподелена кога стануваше збор за Преспанскиот договор, имаше една помала група на луѓе кои што го поддржуваа и огромно мнозинство кое беше против тој договор. Потоа она бескрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи гледаме дека кај мнозинскиот етникум, македонскиот, не може повеќе да добива гласови бидејќи има огромно разочарување кај нив од политиките кои ги води СДСМ и Заев. На тој начин го прави македонското општество се поподелено, од друга страна пак, граѓаните се крајно разочарани на немањето правна држава, се деморализирани и демотивирани и спасот го наоѓаат селејќи се со целите семејства надвор од границите на Република Македонија“.
Инаку, целта на дводневниот настан кој го организира ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ, е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата. НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vikendot-kje-go-pomineme-rabotno-so-ndi-od-sad-rabotejkji-na-nashite-kapaciteti/feed/ 0
Семинар за физиотерапија и цистична фиброза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-za-fizioterapija-i-cistichna-fibroza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-za-fizioterapija-i-cistichna-fibroza/#respond Sun, 21 Oct 2018 07:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=117639

Во организација на македонското Здружение за цистична фиброза, во соработка со Диши слободно (Breath Free – Белгиската асоцијација за борба против ЦФ), како и во партнерство со Македонското физиотерапевтско здружение денеска ќе се одржи Семинар за физиотерапија и цистична фиброза. Едукативниот меѓународен семинар е во рамки на првата кампања за цистична фиброза во Македонија, која е под покровителство на шефот на Делегацијата на Европската унија и ќе трае до мај 2019 година. Главната цел е да се подигне свеста за цистичната фиброза. Оваа ретка болест е сложена и бара соодветен одговор од страна на носителите на одлуки, докторите, социјалните работници, наставниците, родителите, пријателите … Мисијата на Здружението за цистична фиброза е да понуди одговори за недостатоците во третманот на оваа болест, споделувајќи ги знаењата во корист на сите, се со цел да им се помогне на пациентите со цистична фиброза. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-za-fizioterapija-i-cistichna-fibroza/feed/ 0
Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид од 16 јуни до 1 јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminarot-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura-vo-ohrid-od-16-juni-do-1-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminarot-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura-vo-ohrid-od-16-juni-do-1-juli/#respond Mon, 11 Jun 2018 13:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=64590

Од 16 јуни до 1 јули во Охрид ќе се одржуваат 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 45. Меѓународна научна конференција кои ги организира  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Отворањето ќе биде на 17 јуни во 11 часот во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. УКИМ во најавата на двете меѓународни манифестации ја посочува нивната голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. - На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4 300 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот. Семинарот својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар, наведува УКИМ за Семинарот кој минатата година одбележа полувековен јубилеј. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminarot-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura-vo-ohrid-od-16-juni-do-1-juli/feed/ 0
ПФМ одржа семинар за обука на судии https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/#respond Mon, 11 Jun 2018 06:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=64346

За време на пливачкиот натпревар „Скопје Опен“ Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Градскиот пливачки сојуз и Агенцијата за млади и спорт организираше семинар за обука на судии каде свое излагање имаше лиценциран ФИНА судија Гордана Величковиќ од Словенија. Воедно беше одржана и јавна трибина на тема „Стратегија за развивање на пливачкиот спорт во Р. Македонија 2018-2028" каде свое предавање имаа Јенштеле Јоже, директор на Државен завод за изградба и одржување на спортски објекти и базени на Словенија, Игор Величковиќ, директор на завод за спорт во Крањ и селектор на пливачката репрезентација на Словенија и Марјан Соколовски пливачки тренер и генерален секретар на ПФМ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pfm-odrza-seminar-za-obuka-na-sudii/feed/ 0
Семинар и дебата за примената на маслото од канабис во медицински цели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/#respond Sat, 19 May 2018 07:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=55898

Меѓународни научници и доктори по медицина ќе одржат предавања на семинарот насловен „Канабис - 1000 зошто, 1001 затоа - Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?“ што ќе се одржи денеска во Скопје. Семинарот е во организација на граѓанското здружение „Зелена алтернатива“ со цел продолжување на континуираната едукација на полето на канабисот и споделување на точни информации за неговите својства и употреба. Активностите ќе се одвиваат во мултимедијалниот центар „Јавна соба“ во два дела. Првиот е семинар со предавања на професори, доктори и научници, признаени во светот за нивната посветеност, достигнувања и работа во областа на канабисот. Во овој дел, предавања ќе има Пол Хорнби, доктор и научник од Канада со повеќе од триесетгодишно искуство во третирањето на пациенти со канабис и екстракти од канабис, кој прв го стандардизирал канабис екстрактот со кој се таргетират специфични болести. Предавачи се и научникот заслужен за откривањето на ендоканабиноидниот систем, д-р Лумир Ондреј Хануш од Израел, Роберт Меламед доктор по молекуларна биологија чии истражувања се во полето на канабиноидите, канцерот и обновувањето на ДНК, како и Јонас Вандерсван доктор од Канада кој третира бројни болести со екстракт од канабис и член на повеќе друштва и асоцијации за употребата на канабисот како медицинско средство. На вториот дел од настанот предвидена е јавна дебата, на која се очекува медицински лица од земјава да ги споделат своите дилеми и искуства во препишувањето канабис. - Целта на дебатата е да се приближат ставовите меѓу пациентите и докторите, да се чујат нивните барања, дилеми, стравови и прашања во врска со користењето и третирањето на пациенти со канабис. Поканивме над 100 медицински лица и се надеваме дека дел од нив ќе го посетат овој настан и ќе учествуваат во дебатата со свој придонес, да постават прашање или да споделат мислење и искуство, велат од „Зелена алтернатива“. Употребата на канабисот само за медицински цели под строг надзор и контрола на стручни лица во Македонија е дозволена од 2016 година согласно измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/feed/ 0