семиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Apr 2019 17:21:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png семиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неверојатен народен лек за многу болести: Мешавина од семиња и кисели јаболка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-naroden-lek-za-mnogu-bolesti-meshavina-od-seminja-i-kiseli-jabolka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-naroden-lek-za-mnogu-bolesti-meshavina-od-seminja-i-kiseli-jabolka/#respond Sat, 06 Apr 2019 17:21:21 +0000 https://kurir.mk/?p=183257

Овој народен лек и додаток на исхраната е осмислен и испробан како комбинација од најдобрите ориентални состојки помешани со традиционалниот џем од кисели јаболка кој се прави во нашите краишта. Можете да го користите за јакнење на крвта и имунитетот, а со негова консумација ќе го надополните недостигот од минерали и витамини во организмот на целосно природен и здрав начин. За подготовка на овој природен лек вам ви се потребни: 1 кг џем од кисели јаболка 200 г црно семе (црн ким) 200 г ленено семе 200 г сусам 50 г куркума Подготовка: Во електрична мелница за кафе смелете ги семињата. Вака добиената мешавина соединете ја со џемот и куркумата. Смесата мешајте ја доволно долго додека состојките убаво и рамномерно да се распоредат. Оставете да отстои неколку дена (1-2 дена), и лекот е подготвен за употреба. Употреба: по една до две супени лажици секојдневно, пред појадок. Смесата е осмислена за јакнење и чистење на организмот и крвта и третирање на бројни медицински состојби на природен начин. Можете да ја користите и за проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација, за јакнење на имунитетот, за подобрување на крвната слика и проблеми со анемија, за подобрување на дигестијата, опстипација, како и за регулирање на холестеролот и триглицеридите. Џемот од јаболка е познат како природно средство за подобрување на работата на цревата, крвта и зголемување на железото кај луѓе со анемија. Јаболковиот џем помага при регулација на шеќерот во крвта и работата на штитната жлезда. Мешавината од семки позитивно влијае врз чистење на цревата и црниот дроб. Семињата се преполни со минерали кои ќе го зајакнат вашиот имун систем, а корисните масни киселини ќе го регулираат нивото на холестерол и триглицериди. Смесата е преполна со: калциум, железо, бакар, протеини и мононезаситени масти од сусамот, витамини а особено Б комплекс, па магнезиум, калциум, железо и бакар од црното семе како и омега 3 масни киселини од лененото семе. Куркумата е најпознатиот индиски зачин и природен лек низ историјата. Тоа е златно-жолт прав кој се добива од корен, кој му ја дава жолтата боја на прочуениот зачин-карито. Најзначајните ефекти од куркумата се нејзиното антивоспалително и антиканцерогено дејство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojaten-naroden-lek-za-mnogu-bolesti-meshavina-od-seminja-i-kiseli-jabolka/feed/ 0