семм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 15:55:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png семм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/#respond Mon, 20 Feb 2023 15:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=802794

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. -Укажуваме дека слободата на говор подразбира одговорност и постоење на висока свест за демократските начела и за слободите, правата и обврските во едно отворено општество. Кога слободата на говор се претвора или провоцира криминални дејствија или каков било тип на нарушување на граѓанските и човекови права, тогаш тоа не е слобода туку е агресија и така треба да се третира. Укажуваме дека професионалните еснафски организации никогаш нема да прифатат ваков начин на комуникација во јавниот простор. Без оглед на тоа што лицата, во конкретниов случај, ниту биле, ниту се наши членови, чувствуваме потреба да предупредиме дека ова може да остави сериозни последици на јавноста, посебно на младата публика. Говорот на омраза како и говорот што поттикнува насилство и креира предрасуди не е и не смее да биде нормален во јавната комуникација. Во вакви ситуации нужно е надлежните институции да преземат итни мерки со цел да покаже дека не се толерира неказнивност при груба злоупотреба на јавниот говор во интернет просторот. Оттука, ја поздравуваме брзата и транспарентна реакција на МВР и Обвинителството и очекуваме во најбрз рок да има судска постапка со која ќе се покаже дека ваков тип на злоупотреби подлежат на санкции. Освен ова, укажуваме дека одговорноста за тоа кој и каква содржина за публиката креира ја имаат компаниите кои преку платена реклама своите производи ги промовираат на вакви платформи. Рекламерите треба да знаат дека имаат општествена одговорност и дека свесно поддржување на вакви содржини ги прави соучесници во промоција на искривени вредности во нарушувањето на граѓанските права. Затоа потребно е тие јавно да се оградат од ваквиот јавен наратив, да ја преиспитаат својата соработка и во иднина да внимаваат каде се рекламираат, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-ssnm-i-semm-za-javni-narativi-shto-stimuliraat-omraza-i-agresija-mora-da-ima-odgovornost/feed/ 0
ЗНМ и СЕММ: Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=795331

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудуваат односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Соопштението на ЗНМ и СЕММ го пренесуваме во продолжение: Имено, станува збор за прашање поврзано со порастот на цената на природниот гас, поставено од страна на колешката за време на прес во Владата на РМ, на чија покана медиумите одговориле со своето присуство, Бектеши наместо соодветен одговор на прашање, на Капкоска и било одговорено на следниот начин: „ДОБРА СОРАБОТКА НЕВЕРОВАТНО ИМАТЕ СО КОЛЕГИТЕ , ЗНАЧИ ВИ ГИ ДАВААТ НИВНИТЕ ПРАШАЊА ШТО САКААТ ДА ГИ ПОСТАВАТ….НО НЕМА ПРОБЛЕМ… “ На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари. Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа. Државните функционери, се во служба на јавноста и не смее да постои ваков начин на комуникација, кој е крајно несоодветен, непримерен, дрзок и навредлив кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Несоодветното однесување со новинарите, кои играат важна улога во информирањето на јавноста, може да ја поткопа довербата во носителот на јавната функција, како и во институцијата што ја претставуваат. Ова може негативно да влијае на угледот и на поединецот и на организацијата, што потенцијално ќе доведе до последици како што се губење на довербата на јавноста, намалена јавна поддршка, па дури и формални санкции. Затоа е важно тие да се однесуваат на начин кој е со почит и професионален однос кон новинарите, дури и во предизвикувачки ситуации. Следејќи ги овие упатства, министерот може да се погрижи да се однесуваат на начин кој е професионален и со почит кон новинарите, а истовремено и ефективно да ги соопштува нивните пораки до јавноста. Само за потсетување, ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири. Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-drzhavnite-funktsioneri-povtorno-vo-napad-kon-novinarite-vakvoto-odnesuvane-mora-da-prestane/feed/ 0
ЗНМ и СЕММ: Итна истрага за нападот врз Божиновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-itna-istraga-za-napadot-vrz-bozinovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-itna-istraga-za-napadot-vrz-bozinovski/#respond Wed, 26 Oct 2022 11:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=750636

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот „Буре весник” Зоран Божиновски. Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција. – Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело. Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, велат од ЗНМ и СЕММ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-i-semm-itna-istraga-za-napadot-vrz-bozinovski/feed/ 0
ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-semm-ssnm-vladata-so-narodni-pari-favorizira-odredeni-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-semm-ssnm-vladata-so-narodni-pari-favorizira-odredeni-mediumi/#respond Mon, 23 May 2022 17:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=680651

Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми, обвинуваат од ЗНМ, СЕММ, ССНM. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение: Македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска е во Рим во работна посета во рамки на одбележувањето на 24ти мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Во рамки на посетата присутни се новинари и медиумски работници на неколку медиуми за да известуваат за настанот. За изборот на овие приватни медиуми, кој е на трошок на буџетот на граѓаните, нема објаснување од страна на Владата кои се критериумите и зошто токму овие медиуми се поканети. Настрана фактот што владини посети на државен трошок треба да следат јавните медиумски сервиси, а не приватни медиуми, овој селективен пристап на Владата, без никакви критериуми, може да се толкува и како фаворизирање на конкретните медиуми. Немањето на транспарентни и јасни критериуми за тоа како е направен изборот кој медиум ќе известува за официјалната владина посета во Рим создава дискриминација во медиумскиот сектор и ги става медиумите во нерамноправна положба. Користењето на јавни ресурси за да се стимулираат само поединечни медиуми на официјални посети во странски држави е непрофесионално и е на штета на медиумите, но и на граѓаните. Потребно е сите медиуми да имаат фер и транспарентен пристап до информации за да се зачува објективното известување и јавниот интерес во медиумските извештаи. Оваа практика на Владата, ја спроведе и Собранието кога пред две недели нетранспарентно и без критериуми избра приватен медиум за официјална посета во странство, со што станува јасно дека овие опасни процеси, карактеристични за едни други медиумски времиња, се враќаат и се закануваат повторно на медиумските слободи. ЗНМ, ССНМ и СЕММ за ова ќе ги известат сите свои партнери и меѓународни организации кои ги следат прашањата со независноста на медиумите и правата на новинарите во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/znm-semm-ssnm-vladata-so-narodni-pari-favorizira-odredeni-mediumi/feed/ 0
СЕММ и ЗНМ: Строго почитување на Кодексот во известувањето за Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semm-i-znm-strogo-pochituvanje-na-kodeksot-vo-izvestuvanjeto-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semm-i-znm-strogo-pochituvanje-na-kodeksot-vo-izvestuvanjeto-za-ukraina/#respond Thu, 24 Feb 2022 19:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=636253

Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари на Македонија, по почетокот на воените дејствија во Украина, ги повикуваат медиумите да информираат со максимална одговорност и професионалност, без да придонесуваат во ширењето шпекулации и невистини во јавноста. Од медиумите очекуваме строго придржување кон Кодексот на новинарите, објективност и максимална проверка на изворите, а информациите што се пласираат на социјалните мрежи да се употребуваат со особена внимателност. Потсетуваме дека медиумите во ниту еден случај не смеат да бидат злоупотребени за да се шири радикален и потпалувачки говор, воен триумфализам и говор на омраза. До уредниците упатуваме препорака особено да внимаваат околу објавувањето на фогографии и снимки од повредени или загинати, имајќи предвид дека се работи за сензитивен материјал со вознемирувачка содржина, кој може да допре ранливи категории на граѓани и малолетни лица. Ги повикуваме граѓаните кои ќе забележат непрофесионално новинарско известување веднаш да реагираат до СЕММ со поднесување на претставка против медиумот на следниов линк: https://complaints.semm.mk/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semm-i-znm-strogo-pochituvanje-na-kodeksot-vo-izvestuvanjeto-za-ukraina/feed/ 0
ОСТРИ РЕАКЦИИ: Нема повлекување текстови- Функционерите да не ги тужат новинарите и медиумите, туку Заев и Боки 13 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-nema-povlekuvanje-tekstovi-funkcionerite-da-ne-gi-tuzat-novinarite-i-mediumite-tuku-zaev-i-boki-13/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-nema-povlekuvanje-tekstovi-funkcionerite-da-ne-gi-tuzat-novinarite-i-mediumite-tuku-zaev-i-boki-13/#respond Sun, 25 Aug 2019 08:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=233136

Бројни, остри реакции за најавените тужби од страна на политичари до медиуми и новинари. Функционерите да се воздражат од тужби бараа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската асоцијација на новинари- МАН, Здружението на новинарите на Македонија- ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија- СЕММ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: Политичарите да се воздржат од тужби

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување. Најавите за тужби, посочуваат, претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес. – Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и затоа мора во интерес на јавноста, да објавуваат сеопфатни и проверени информации. Како што е наведено во Декларацијата за слободата на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа „правото на слобода на изразување со себе носи обврски и одговорности за кои вработените во медиумите мора да водат сметка“, се вели во соопштението од Агенцијата. Воедно ги потсетува претставниците на власта дека со самото прифаќање на функцијата прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата, а со тоа и предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите во поглед на начинот на кој ги извршуваат своите функции. Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции.

МАН: Нема повлекување текстови, тужете го премиерот Зоран Заев и Боки 13

Македонската асоцијација на новинари МАН бара од своите членови да не подлегнуваат на притисоци и закани, и да не ги повлекуваат текстовите кои се однесуваат на аферата Рекет. Секое објавување текстови во однос на оваа афера е заштита на јавен интерес каде се пишува и опишува само работа на државни функионери. – Премиерот Зоран Заев завчера ги повика новинарите слободно да објавуваат, а кога тоа го сторија, се заканува со тужба против новинар кој објавил документ за аферата Рекет, каде е наведено и неговото име. МАН е известен дека и останатите функционери наведени во документот од сослушувањето за Рекет, вршат јавен и директен притисок и ја ограничуваат слободата на медиумите. – МАН ги повикува овие функционери да го тужат премиерот Зоран Заев од чиј тим се дел, бидејќи токму тој ги повика новинарите и медиумите (во неколку наврати) слободно да известуваат и информираат, вклучително и за аферата Рекет. – Ниту еден медиум или новинар на кои и се заканувате, не ве запозна со Боки 13, не ве тераше да потпишувате меморандуми за фиктивни старечки домови, не ве тераше да се сликате по заеднички вечери со него, не ве тераше да станете членови на менаџментот на Меѓународен сојуз, не ве тераше да учествувате во неговите нелегални активности, не ве тераше да молчите за рекетот. Тоа е исклучиво ваша активност (законска или незаконска) а медиумите известуваат за последиците од тие ваши заеднички активности. Оттука, МАН ве повикува да си го тужите Боки 13 што ве вовлекол во најкриминалната афера во историјата на независна Македонија. Што се однесува до ОЈО и заплашувањата дека е кривично дело објавувањето документи од јавен интерес, дека не се почитува презумција на невиност и се загрозуваат животи на лица од истрагата, треба да се потенцира дека документите и снимките за случајот Рекет се од јавен интерес, бидејќи станува збор за најголемата криминална афера во независна Македонија, во која учествуваат лица од врвот на власта, СЈО и судството. Го потсетуваме републичкиот обвинител Љубомир Јовевски дека токму тој на последната прес конференција изјави дека немало инолвирани политичари во случајот Рекет. А записникот го покажува сосема спротивното. Ја прашуваме обвинителката Вилма Рускоска зошто не реагираше кога се објавуваа секакви детали по медиумите за случајот 27 април. Аудио разговори и документи за истраги од Катица Јанева со години се објавуваа по медиуми блиски до СЈО и СДСМ, за кои никогаш ниту еден обвинител од СЈО јавно не реагирал. Наместо ОЈО да објаснува за пресумција на невиност, треба да ја прашате обвинителката Рускоска, бидејќи на нејзина прес конференција осомничен се шета со лисици на раце пред десетици ТВ камери за случајот Рекет. Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство. Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план за контрола на медиумите, особено на интернет медиумите.

ЗНМ и СЕММ: Функционерите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби. -ЗНМ и СЕММ сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку саморегулаторните тела. Во согласност со добрата практика на европските земји, прагот на толеранција кај политичарите мора да e повисок и тие треба да постават пример за квалитетно користење на механизмите и телата за саморегулација, соопштија вечерва ЗНМ и СЕММ. Од ЗНМ и СЕММ ги повикуваат и медиумите да се држат до професионалните стандарди при известувањето, објавувајќи проверени и точни информации, следејќи го јавниот интерес, а не во полза на пропагандистички наративи. – Апелираме до медиумите да се стремат да ги почитуваат врвните професионални и етички стандарди, бидејќи кршењето на тие стандарди не е во ничиј интерес, а најмалку во полза на довербата во медиумите. Дополнително, праќаме порака до Основното јавно обвинителство дека непримерно е да дава оценка за тоа кои медиуми се (не)одговорни, потсетувајќи дека тоа е работа на еснафот и на публиката, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostri-reakcii-nema-povlekuvanje-tekstovi-funkcionerite-da-ne-gi-tuzat-novinarite-i-mediumite-tuku-zaev-i-boki-13/feed/ 0