сенатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 09:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сенатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски сенатор повика „некој близок“ да го убие Путин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senator-povika-nekoj-blizok-da-go-ubie-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senator-povika-nekoj-blizok-da-go-ubie-putin/#respond Fri, 04 Mar 2022 09:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=640690

Сенаторот од Јужна Каролина рече дека единствениот начин да ѝ се стави крај на војната е ако „Русите решат да го средат тоа“. Сенаторот Линдзи Греам повика на атентат на рускиот претседател Владимир Путин од некој негов близок, додека инвазијата на земјата на Украина денеска влезе во деветтиот ден. Во изјава на Твитер во четвртокот, сенаторот од Јужна Каролина праша дали рускиот претседател има „Брут“ што може да го „среди“ Путин и да ѝ стави крај на војната. „Дали има Брут во Русија? Има ли некој поуспешен полковник Штауфенберг во руската војска?“ Римскиот политичар Маркус Јуниус Брут го уби својот пријател и римски генерал Јулиј Цезар, додека германскиот армиски полковник Клаус фон Штауфенберг е најпознат по обидот да го убие Адолф Хитлер во 1944 година. „Единствениот начин на кој ова ќе заврши е некој во Русија да го среди овој човек“, додаде сенаторот. „Би ѝ направиле одлична услуга на вашата земја - и на светот“. Во друг твит, Греам рече дека единствениот начин на кој оваа војна ќе заврши е ако рускиот народ одлучи да го поправи ова. Признавајќи дека е „лесно да се каже, тешко да се направи“, тој им порача на Русите: „Освен ако не сакате да живеете во темнина до крајот на животот, да бидете изолирани од остатокот од светот во бедна сиромаштија, треба да се нафатите на задачата“. Откако Русија објави „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари, над еден милион луѓе ја напуштија земјата, додека интензивни борби се водат низ целата земја. Руските трупи се обидуваат да го освојат главниот град Киев, додека клучните градови како Харков, Одеса и Мариупол се на работ на колапс поради ракетни напади и бомбардирања. Керсон, главен украински градски центар, во четвртокот стана првиот град што падна. Илјадници беа убиени или ранети во изминатата недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senator-povika-nekoj-blizok-da-go-ubie-putin/feed/ 0
Снаата на Трамп ќе се кандидира за сенатор во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snaata-na-tramp-kje-se-kandidira-za-senator-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snaata-na-tramp-kje-se-kandidira-za-senator-vo-2022-godina/#respond Fri, 20 Nov 2020 07:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=432009

Лара Трамп, снаа на американскиот претседател Доналд Трамп, има намера да се кандидира на изборите за Сенатот во нејзината родна држава Северна Каролина во 2022 година, пренесуваат Њујорк Тајмс и Политико. Лара Трамп е сопруга на Ерик Трамп, синот на претседателот Доналд Трамп, кој сè уште одбива да го признае поразот на претседателските избори на 3 ноември, на кои победи на демократот Џо Бајден. Списокот на републикански кандидати кои се кандидираат за функциите се очекува да биде долг. Според „Политико“, потенцијални кандидати се шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус и поранешниот гувернер Пат Мекгори и актуелниот гувернер Ден Форест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snaata-na-tramp-kje-se-kandidira-za-senator-vo-2022-godina/feed/ 0
Ранет бразилски сенатор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ranet-brazilski-senator/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ranet-brazilski-senator/#respond Thu, 20 Feb 2020 08:48:39 +0000 https://kurir.mk/?p=306349

Бразилскиот сенатор Сид Гомез беше ранет со огнено оружје додека се обидувал да интервенира за време на штрајк на воената полиција во државата Сеара. Гомез, кој е поранешен гувернер на оваа држава, бил пренесен во болница. Фотографии кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како стои на еден багер и се обидува да го запре штрајкот. Неговиот брат Сиро Гомез, исто така политичар и поранешен кандидат левичарски претседател, рече дека неговиот брат бил застрелан од воената полиција, но не биле загрозени виталните органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ranet-brazilski-senator/feed/ 0
ФОТО: Ѓорчев се сретна со сенаторот Тед Круз и повеќе конгресмени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/#respond Sun, 15 Dec 2019 15:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=277880

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон. На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. -Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник, вели Ѓорчев. Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства. -Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија, додаде Ѓорчев. Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега. Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници - сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/feed/ 0
Во знак на протест поради изјава против муслиманите момче му скрши јаце на глава на сенаторот Фрејзер Анинг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/#respond Sun, 17 Mar 2019 13:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=175637

Aвстралискиот сенатор, Фрејзер Анинг, припадник на екстремната десница, бил погоден со јајце од страна на младо момче, а сето тоа се случило во момент кога Фрејзер давал изјава пред телевизиските камери. На ова политичарот реагирал силно и го удрил момчето со тупаница. Момчето го скршил јајцето од неговата глава во знак на протест поради изјавата против муслиманите, после нападот на двете џамии на Нов Зеланд. Анинг предизвикал полемика бидејќи нападот на Нов Зеланд, го препишал на програмата за имиграција која според него им “овозможувала на муслиманските фанатици да одат на Нов Зеланд”. “Треба да бидеме јасни. Ако муслиманите денеска се жртви, тие обично се и извршители”, рекол Анинг и додал дека “муслиманската религија е едноставно насилна идеологија на еден деспот од шестиот век кој се маскирал во верски водач”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-znak-na-protest-poradi-izjava-protiv-muslimanite-momche-mu-skrshi-jace-na-glava-na-senatorot-frejzer-aning-video/feed/ 0
Американскиот сенатор Џонсон во посета на Приштина и Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/#respond Mon, 10 Sep 2018 06:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=98682

Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“. Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот. Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи на средбата рекол дека работи на постигнување договор кој ќе има позитивни ефекти врз регионот, но оти тешко ќе се постигне. Џонсон вчера се сретна и со косовскиот премиер Рамуш Харадинај со кого разговарал за ситуацијата во регионот. Харадинај веста за средбата со Џонсон ја објави на својата страница на Фејсбук наведувајќи дека Приштина е заинтересирана за постигнување оптимален правно обврзувачки договор со Белград. Американскиот сенатор денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, кде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Џонсон е член на Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот и претседавач на Пододборот за Европа и регионална безбедносна соработка, а претседава и со сенатскиот Одбор за внатрешна безбедност и владини работи. Тој треба да помогне во новата фаза од дијалогот меѓу Белград и Приштина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-senator-dzonson-vo-poseta-na-prishtina-i-belgrad/feed/ 0
Францускиот сенатор Кадик во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-senator-kadik-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-senator-kadik-vo-poseta-na-makedonija/#respond Thu, 06 Sep 2018 14:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=97200

Во рамки на посетата на Балканот, сенаторот и претставник за француските државјани кои живеат надвор од Франција, од денеска до 8 септември Оливие Кадик ќе ја посети Македонија. Сенаторот Кадик планира да го посети Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) и Францускиот институт во Скопје (ИФС). Тој ќе оствари средба со директорите на француските компании присутни во Македонија и ќе присуствува на приемот организиран во негова чест од страна на амбасадорот Тимоние во резиденцијата на Франција. Во таа пригода, сенаторот ќе се сретне со француската заедница во Македонија. Утре, како што соопшти Француската амбасада во Македонија, тој ќе има серија политички разговори со највисоките македонски власти. На покана на претседателот на Собранието Талат Џафери, сенаторот Кадик, ќе присуствува на приемот по повод Денот на независноста. Во сабота, тој ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје и ќе положи венец за да им оддаде почит на паднатите француски војници на територијата на Македонија за време на Првата светска војна. Тој ќе ја посети и Спомен куќата - Музеј посветена на историјата на Македонскиот фронт. Кадик како млад претприемач на дваесетгодишна возраст, тој одлучил во 1982 година да формира своја компанија, „Info Elec“. Седум години подоцна, Инфо Елек стана компанија со ограничена одговорност со капитал од еден милион франци. Во 1994 година, неговата успешна кариера го донесе на позицијата потпретседател на GFIE, групацијата добавувачи од електронската индустрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/francuskiot-senator-kadik-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
Најнови детали: Со секира ги искршил апаратите во Сенатор, еве колкава е штетата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-so-sekira-gi-iskrshil-aparatite-vo-senator-eve-kolkava-e-shtetata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-so-sekira-gi-iskrshil-aparatite-vo-senator-eve-kolkava-e-shtetata/#respond Thu, 22 Mar 2018 09:48:09 +0000 http://kurir.mk/?p=32101

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера околу 17:45 часот, 49-годишниот А.В. од струмичко Василево со секира влегол во казино во Струмица. Струмичанецот оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари, информираат од МВР. Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najnovi-detali-so-sekira-gi-iskrshil-aparatite-vo-senator-eve-kolkava-e-shtetata/feed/ 0