сенатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 15:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сенатори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американските сенатори ветуваат брза поддршка за членството на Финска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-vetuvaat-brza-poddrshka-za-chlenstvoto-na-finska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-vetuvaat-brza-poddrshka-za-chlenstvoto-na-finska-vo-nato/#respond Thu, 12 May 2022 15:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=675869

Американските сенатори денеска ветија дека брзо ќе реагираат за да ја внесат Финска во НАТО, откако лидерите на земјата изразија поддршка за приклучување кон Алијансата соочени со руската инвазија врз Украина. Сенатот ги одобрува договорите и мора да даде согласност за зачленување нови членки во НАТО. Сенаторот Боб Менендез, кој го предводи Комитетот за надворешни односи на Сенатот, на сослушувањето рече дека панелот „веќе работи на овозможување брзо разгледување“ и за Финска и за Шведска, доколку аплицираат. Највисокиот републиканец на Комитетот, Џим Риш, ја оквалификува најавата на Финска „огромен чекор напред во иднината на трансатлантската безбедност…. ја продолжувам мојата посветеност да ја поддржам Финска преку овој процес“, напиша Риш на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-senatori-vetuvaat-brza-poddrshka-za-chlenstvoto-na-finska-vo-nato/feed/ 0
Сенатори: САД да и достават на Украина годишно по 300 милиони долари воена помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/#respond Fri, 31 Jul 2020 07:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=384107

Американски сенатори предлагаат САД да и доставуваат секоја година на Украина воена помош во износ од 300 милиони долари. Предлог законот, кој е поддржан и од републиканци и од демократи, е поднесен денеска. Предлагачите сметаат дека е потребно да се издвојат по четири милиони долари за обука на офицери во Украина. Минатиот месец Пентагон ги соопшти своите планови за доставување воена помош за Украина од 250 милиони долари. На почетокот на овој месец демократите предложија сумата да се зголеми во 2021 година за уште 25 милиони долари. Дополнителни средства да бидат наменети за обука на војниците, вооружување, логистика и разузнавање. Претходно, беше објавено дека финансиите ќе бидат потрошени за „зајакнување на можноста на Украина поефикасно да се одбрани од руската агресија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-sad-da-i-dostavat-na-ukraina-godishno-po-300-milioni-dolari-voena-pomosh/feed/ 0
Американски сенатори подготвуваат неколку мерки против Саудиска Арабија во врска со случајот Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senatori-podgotvuvaat-nekolku-merki-protiv-saudiska-arabija-vo-vrska-so-sluchajot-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senatori-podgotvuvaat-nekolku-merki-protiv-saudiska-arabija-vo-vrska-so-sluchajot-kashogi/#respond Fri, 07 Dec 2018 08:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=136777 Американски сенатори разгледуваат законодавство од неколку делови во врска со случајот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат Боб Коркер изјави дека сенаторите ќе се обидат да „истуркаат“ три мерки – резолуција со која се осудува саудискиот престолонаследник поради убиството на Кашоги, предлог закон за прекин на продажбата на оружје за кралството и резолуција за скратување на американската помош за коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против хусите во Јемен.

Петмина републикански и демократски сенатори вчера се сретнале зад затворени врати за да разговараат за следните чекори, по што изјавија дека сé уште не нашле компромис кој би можел да добие доволно поддршка од двете партии за да помине во Сенатот.

МИА

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-senatori-podgotvuvaat-nekolku-merki-protiv-saudiska-arabija-vo-vrska-so-sluchajot-kashogi/feed/ 0
Сенатори бараат од Трамп прекин на соработката со Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-baraat-od-tramp-prekin-na-sorabotkata-so-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-baraat-od-tramp-prekin-na-sorabotkata-so-saudiska-arabija/#respond Thu, 01 Nov 2018 18:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=122465

Пет сенатори републиканци синоќа се обратија до прeтседателот Доналд Трамп со барање за прекин на преговорите со Саудиска Арабија за соработка во нуклеарни проекти во мирнодопски цели како одговор на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Ријад планира да изгради 16 нуклеарни реактори за производство на електрична енергија. Преговори се водат со неколку земји, вклучително и САД и Русија. Новите моменти од убиството на Џамал Кашоги, но и аквиите на Саудиска Арабија во Јемен и во Либан предизвикуваат голема загриженост во однос на транспарентноста, одговорноста и одлуките на раководството на Саудиска Арабија, се истакнува во писмото до Трамп. Државниот секретар Мајк Помпео и секератарот за одбрана, Џејмс Матис повикаа на деескалација на судирите во Јемен и отпочнување на мировни преговори. Дојде време за прекратување на воените дејства со ракетни и напади на беспилотни летала во регионот од страна на териториите по контрола на Хутите, истакна Помпео. Шиитските бунтовници Хути имаат поддршка од Иран. Матис ги повика завојуваните страни да седнат на преговарачка маса во рок од 30 дена. И тој и Помпео се надеваат на успех на преговорите под покровителство Мартин Грифитс, специјален пратеник на генералниот секретар на ОН. Преговори за прекинување на конфликтот во Јемен, најсиромашна арапска држава, имаше во септември, но пропаднаа. САД ја поддржуваа арапската коалиција уште од самиот почеток кога во 2015 започна воена кампања во Јемен. Но, откако во август како резултат на воздушните напади на коалицијата беше уништен школски автобус при што загинаа 50 лица, САД го промени расположението. Убиството на саудискиот новинар во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул целосно ја смени реториката на официјалните политичари во Вашингтон кон поранешниот партнер Саудиска Арабија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatori-baraat-od-tramp-prekin-na-sorabotkata-so-saudiska-arabija/feed/ 0