сенегал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Aug 2023 14:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сенегал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „ТикТок шири штетни пораки на омраза и ја загрозува стабилноста“: Оваа земја ја забрани социјалната мрежа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tiktok-shiri-shtetni-poraki-na-omraza-i-ja-zagrozuva-stabilnosta-ovaa-zemja-ja-zabrani-sotsijalnata-mrezha/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tiktok-shiri-shtetni-poraki-na-omraza-i-ja-zagrozuva-stabilnosta-ovaa-zemja-ja-zabrani-sotsijalnata-mrezha/#respond Wed, 02 Aug 2023 14:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=862618

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, изјави денеска министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата. „Министерот ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот. Западноафриканската земја, исто така, го ограничи пристапот до интернет услугите од понеделникот, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tiktok-shiri-shtetni-poraki-na-omraza-i-ja-zagrozuva-stabilnosta-ovaa-zemja-ja-zabrani-sotsijalnata-mrezha/feed/ 0
Познати две двојки во 1/8 финалето: Холандија против САД, Англија ќе се бори со Сенегал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-dve-dvojki-vo-1-8-finaleto-holandija-protiv-sad-anglija-kje-se-bori-so-senegal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-dve-dvojki-vo-1-8-finaleto-holandija-protiv-sad-anglija-kje-se-bori-so-senegal/#respond Tue, 29 Nov 2022 21:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=768540

После одигрувањето на сите три натпревари во групната фаза во групите А и Б, познати се две 1/8 финални двојки. Англија ќе игра против Сенегал во битка за 1/4 финалето, додека првопласираната од групата „А“ селекцијата на Холандија ќе игра против САД за место меѓу најдобрите осум. Холандија против САД ќе игра на 3. декември на Калифа Интернационален стадион во 16 часот, додека Англија против Сенегал ќе се сретне во Ал Кор стадионот во недела 4. декември со почеток во 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznati-dve-dvojki-vo-1-8-finaleto-holandija-protiv-sad-anglija-kje-se-bori-so-senegal/feed/ 0
Холандија и Сенегал им се приклучија на Франција, Бразил и Португалија во осминафиналето на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/holandija-i-senegal-im-se-prikluchija-na-francija-brazil-i-portugalija-vo-osminafinaleto-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/holandija-i-senegal-im-se-prikluchija-na-francija-brazil-i-portugalija-vo-osminafinaleto-na-sp/#respond Tue, 29 Nov 2022 17:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=768420

Досега се познати пет репрезентации кои обезбедија пласман во првата нокаут рунда. Откако по два одиграни натпревари Франција, Бразил и Португалија се промовираа во осминафиналисти, тоа денеска го сторија и репрезентациите на Холандија и Сенегал. Ова откако попладнево беа одиграни двете средби од А групата во кои Холандија му го нанесе третиот пораз на домаѓинот Катар, а Сенегал беше подобар од Еквадорт. Популарните „лалиња“ со 2:0 го победија Катар. Стрелци на головите беа Коди Гапко во 26-минута и Френли Де Јонг 49-тата, па Холандија заврши како прво рангирана. Директниот дуел за втората позиција ја доби Сенегал го победи Еквадор со 2:1, Африканската репрезентација поведе со 1:0 со голот на Исмаил Сар од пенал во 44-минута. Во вториот дел Моисес Каиседо во 68-та израмни на 1:1, резултат што го водеше Еквадор во осминафионалето, но само 2-минути подоцна Кулибали го постигна победничкиоот гол што на Сенегал му донесе пласман меѓу 16-те најдобри. На оваа петорка вечерва ќе и се приклучат уште две репрезентации од Б група во кој сите четири земји имаат шанси за првите две места. Англичаните кој во „битката за Британија“ ќе играат против Велс се во најповолна ситуација, а на „Гордиот албион“ доволен им е и нерешен резултат, додека на Велшаните само победа и тоа им врши работа, но под услов, дуелот меѓу Иран и САД да заврши без победник. Во било кој случај една од овие две селекции да забележи победа тогаш таа би играла во осминафиналето, а поразената заедно со Велс би го завршила настапот на Мундијалот. Каков ќе биде епилогот останува да видиме по средбите што ќе се играат во ист термин од 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/holandija-i-senegal-im-se-prikluchija-na-francija-brazil-i-portugalija-vo-osminafinaleto-na-sp/feed/ 0
Сенегал го казни заспаниот Еквадор и слави осминафинале на СП! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-go-kazni-zaspaniot-ekvador-i-slavi-osminafinale-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-go-kazni-zaspaniot-ekvador-i-slavi-osminafinale-na-sp/#respond Tue, 29 Nov 2022 17:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=768411

Фудбалската репрезентација на Сенегал се пласираше во осминафиналето, откако заслужено го совлада Еквадор со 1-2 (0-1) во последното коло на Светското првенство. Пресметката на „Калифа“ во Доха понуди три погодоци, драма и добри шанси, а славеше подобрата селекција на теренот. Уштет од самиот старт Еквадорците во натпреварот влегоа само со дефанзивни претензии. Иако немаа пораз на последните девет натпревари, избраниците на Алфаро едноставно влегоа да бранат ремии против африканскиот ривал, а тоа им се одби од глава. Првото полувреме мина во знакот на Сенегалците кои диктираа темпо, повеќе играа со топката и се закануваа. Најдобрите можности не ги користеа Идриса Геј и Булаје Диа во раната фаза, за потоа во финишот на полувремето Сенегал да добие пенал. Хинкапи влезе прегрубо и фаулираше, одговорноста ја презеде Исмаила Сар над кого и беше направен пеналот, па погоди за 0-1 во 44. минута. Веднаш на паузата Еквадор тргна со две измени, во игра влегоа Сармиенто и Груецо, а во следните 20 минути влезе и Реаско. Откако влегоа во продолжението поактивно, фудбалерите од Јужна Америка успеаја да дојдат до израмнувачки погодок. Течеше 68. минута кога Торес уфрли топка во шеснаесетникот, а таму Моизес Каиседо го матира Едуард Менди за 1-1. Сепак, еквадорската радост траеше само две минути, поточно до голот кој го даде Калиду Кулибали. Стоперот на Челзи одлично сочека топка на втората статива каде што беше осамен и ја смести во мрежата за 1-2. Еквадор тргна да притиска во финишот, кружеше околу шеснаесетникот на Сенегалците, меѓутоа немаше услови да се загрози голот на Менди. Африканците издржаа и на крајот се радуваа на второто место кое ги води во осминафиналето. Прва нокаут пречка за Холанѓаните од првото и Сенегалците од второто место ќе бидат селекциите од групата Б, односно Англија, Иран, САД или Велс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-go-kazni-zaspaniot-ekvador-i-slavi-osminafinale-na-sp/feed/ 0
Еквадор го врати ударот, Кулибали експресно ја врати предноста на Сенегал! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ekvador-go-vrati-udarot-kulibali-ekspresno-ja-vrati-prednosta-na-senegal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ekvador-go-vrati-udarot-kulibali-ekspresno-ja-vrati-prednosta-na-senegal/#respond Tue, 29 Nov 2022 16:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=768397

Еквадор во 68. минута од мечот успеа да израмни на 1:1 против Сенегал, за само една минута подоцна Калиду Кулибали повторно да ги донесе Сенегал до 2:1 предност, резултат кој ја праќа африканската репрезентација во осминафиналето на Мундијалот на Катар, најавувајќи интересни последни 20-тина минути од директната пресметка. Откако Сенегал доминираше во поголемиот дел на мечот и стигна до предност со гол од пенал на Исмаила Сар во 44. минута, Еквадорците покажаа дека се подготвени за битка, кога по прекин, Моисес Каиседо во 68. минута ги „начна“ Сенегалците, за веќе во следниот напад, исто така по еден прекин, ѕвездата на Челси, Кулибали да се покаже во улога на напаѓач со фантастична реакција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ekvador-go-vrati-udarot-kulibali-ekspresno-ja-vrati-prednosta-na-senegal/feed/ 0
Дерби на денот: Еквадор и Сенегал сакаат во нокат фазата, но има само еден билет https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=768301

Денес започнуваат натпреварите од последното коло во групната фаза на Мундијалот и расплетот во Групата А. Двата меча се играат во исто време, а Еквадор и Сенегал во директен дуел ќе одлучуваат за место во нокаут фазата. Еквадор после првите две кола има четири бода, додека Сенегал има 3 бода, па ова е директен дуел за пласман во нокаут фазата. На репрезентацијата од Јужна Америка потребно и е реми, додека Сенегал мора да победи за да оди понатаму. На Еквадор му е доволен и бод Селекцијата на Еквадор пријатно ги изненади љубителите на фудбалот со начинот на кој игра на ова Светско првенство. Во првото коло беа супериорни над домаќинот Катар, додека против фаворитот Холандија одиграа реми, но лесно можеа да дојдат до победа. Бодот кој го освоија против „лалињата“ ги доведе во ситуација да му биде доволно и реми на овој меч, иако веруваме дека ќе одат на победа за потенцијално прво место во групата. За жал на тој дуел се повреди првата ѕвезда Енер Валенсија, па неговиот настап вечерва ќе биде под знак прашалник. Исто како и во квалификациите Еквадор покажа дека е многу тврда екипа со организирана одбрана која тешко прима голови. Меѓутоа, на овој меч не треба да калкулираат и да одат на реми бидејќи тоа може да им се одби од глава со оглед на фактот дека Сенегал покажа дека може да биде незгоден противник. Покрај Валенсија, овој дуел сигурно ќе го пропушти и фудбалерот на ЛА Галакси, Мендес, кој доби втор жолт картон против Холандија. Сенегал сака да покаже зошто е шампион на Африка Сенегал иако без првата ѕвезда, Садио Мане, сепак покажа дека има одличен тим и не е случајно шампион на Африка. Во првиот меч против Холандија играа одлично и паднаа дури во финишот, додека против Катар победија без поголеми проблеми. Сепак, Сенегал ќе мора да победи на овој меч доколку сака да оди во нокаут фазата, бидејќи не им е доволно реми. Тоа не значи дека Африканците безглаво ќе тргнат да го напаѓаат Еквадор, бидејќи покажаа дека имаат искусни поединци и се добро организирани. Сепак, доколку не дојдат до предност во првото полувреме во вториот дел ќе мора да ризикуваат повеќе, а тоа може да го казни Еквадор. Што се однесува до повредите, селекторот Сисе за овој дуел сигурно нема да може да смета на фудбалерот на Милан, Бало Туре, додека под знак прашалник е и Куате, кој одигра одлично против Холандија и токму со негово излегување следуваше падот на играта. Очекување Со оглед дека ова е натпревар со голем влог очекуваме тврд меч и внимателна игра на двете репрезентации. Сепак во последната третина од мечот ќе мора да има разврска и дуелот сигурно ќе се реши во тој период, бидејќи Сенегал ќе мора да ризикува, а Еквадор може да го казни тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/derbi-na-denot-ekvador-i-senegal-sakaat-vo-nokat-fazata-no-ima-samo-eden-bilet/feed/ 0
Садио Мане и покрај повредата патува со Сенегал во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sadio-mane-i-pokraj-povredata-patuva-so-senegal-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sadio-mane-i-pokraj-povredata-patuva-so-senegal-vo-katar/#respond Sat, 12 Nov 2022 06:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=759522

Фудбалската репрезентација на Сенегал, како и останатите учесници се подготвува за пат во Катар и настап на Светското првенство. Овој колектив има главоболки, бидејќи под знак прашалник е настапот на првата ѕвезда, Садио Мане. Играчот се повреди на натпреварот меѓу Баерн и Вердер, а шансите да заздрави навреме се навистина мали. Сепак, во Сенегал не размислуваат на опцијата да бидат без Мане на Мундијалот. Така, тој се најде на списокот патници, па дури и да не е во можност да игра, ќе биде со тимот во Катар.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sadio-mane-i-pokraj-povredata-patuva-so-senegal-vo-katar/feed/ 0
Египет бара да се преигра квалификацискиот натпревар за СП со Сенегал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/egipet-bara-da-se-preigra-kvalifikaciskiot-natprevar-za-sp-so-senegal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/egipet-bara-da-se-preigra-kvalifikaciskiot-natprevar-za-sp-so-senegal/#respond Thu, 31 Mar 2022 09:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=656169

Претседателот на Египетската фудбалска асоцијација, Џамал ​​Алам, изјави дека се поднесени жалби до Светската и Африканската фудбалска федерација (ФИФА) и (КАФ) со барање да се преигра квалификацискиот натпревар за СП 2022 со Сенегал. – Египетската и Африканската фудбалска федерација мора да се вклучат за да го поддржат египетскиот тим. На Конгресот на ФИФА ќе се сретнеме со Џани Инфантино и ќе ги доставиме потребните документи до дисциплинската комисија. Многу работи ни се случија на овој натпревар, нашите играчи беа нападнати, го цитира Алама „Youm7“. Првиот човек на египетскиот фудбал објасни дека треба да се игра нов меч, бидејќи претходниот натпревар се играше во чудна атмосфера: „Автобусот до стадионот доцнеше, а сите играчи на Египет беа нападнати од навивачите. Исто така, преку разгласот на стадионот се слушаа навреди кон репрезентативците на Египет“. Египќаните пред два дена на пенали загубија од Сенегал и останаа без пласман на Мундијалот во Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/egipet-bara-da-se-preigra-kvalifikaciskiot-natprevar-za-sp-so-senegal/feed/ 0
Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/#respond Wed, 02 Feb 2022 21:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=626150

Големото изненадување Буркина Фасо не успеа да го помине и Сенегал, Садио Мане се радува на пласман во финалето. Уште во првото полувреме натпреварот беше динамичен, имаше напади и на двете страни, но мрежите мируваа дури до 70. минута кога Диаоло погоди за водство на Сенегал од 1-0. Само шест минути подоцна по асистенција од Мане, Геј го зголеми водството на 2-0, но во 82. минута Туре реализира и ја врати селекцијата на Буркина Фасо во игра. Сите нивни надежи ги сруши Мане кој погоди во 87. минута за конечна победа на Сенегал од 3-1. Утре се игра второто полуфинале, Камерун против Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/feed/ 0
Прв случај на омикрон во Сенегал, откриен бил кај маж кој бил вакциниран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-omikron-vo-senegal-otkrien-bil-kaj-maz-koj-bil-vakciniran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-omikron-vo-senegal-otkrien-bil-kaj-maz-koj-bil-vakciniran/#respond Sun, 05 Dec 2021 16:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=604452

Сенегал, по Нигерија и Гана, е трета западноафриканска држава каде е регистриран првиот случај на сојот Омикрон на коронавирусот. Новиот сој на Ковид-19 првпат беше пријавен во Јужна Африка кон крајот на ноември. Сојот Омикрон е откриен во петокот кај 58-годишен маж кој со авион пристигнал во Сенегал на 22 ноември. Тој во април примил вакцина на Астра Зенека, а во јуни се вакцинирал со Фајзер. Заразеното лице престојувал во хотел во главниот град на Сенегал, Дакар и учествувал на меѓународна конференција одржана во тој град. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-omikron-vo-senegal-otkrien-bil-kaj-maz-koj-bil-vakciniran/feed/ 0