сензорна соба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 12:08:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сензорна соба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефковски: Отворивме нова сензорна соба, единствена во Македонија од ваков тип https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-otvorivme-nova-senzorna-soba-edinstvena-vo-makedonija-od-vakov-tip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-otvorivme-nova-senzorna-soba-edinstvena-vo-makedonija-od-vakov-tip/#respond Fri, 31 Mar 2023 12:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=818489

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја отвори новата сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари. За отворањето градоначалник Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која што напиша: Отворена сензорна соба во ООУ Наум Наумовски Борче. Со гордост можам да кажам дека сензорната соба од ваков тип е единствена од сите училишта во Македонија која е креирана по сите стандарди и преставува осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа: Простор за сензорна интеграција; Сетилна соба, и Простор за изолација. Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби. Нашите заложби за инклузија на децата со посебни образовни потреби ги докажуваме преку реализација на проекти. Еднакви образовни можности за сите деца е нашата крајна цел - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-otvorivme-nova-senzorna-soba-edinstvena-vo-makedonija-od-vakov-tip/feed/ 0
Половина од училиштата во Кисела Вода опремени со сензорни соби, oтворена нова во ООУ „Круме Кепески” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/#respond Thu, 02 Feb 2023 11:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=795122

Градоначaлникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Круме Кепески” каде заедно со претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“, во овој објект отворија нова сензорна соба, која значително го олеснува и унпредува образовниот процес на учениците со попреченост. Сензорната соба, која е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е со површина од 50 м2. Сместена е во просторија која пред темелното реновирање беше училница која не се користеше. Заедно со денес отворената, Општина Кисела Вода сега има сензорни соби во половина од основните училишта на своја територија, но интензивно се работи, бројот да се удвои, односно сите училишта да имаат ваква сензорна соба, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. -Денес сме во ООУ “Круме Кепески” во Кисела Вода, каде уште еднаш, со проект потврдуваме дека инклузијата на лицата со попреченост високо котира на листата на приоритетите за делување на Општина Кисела Вода. Годината ја започнавме со отворање на првата инклузивна градинка во Скопје, лоцирана во Усје, мината година отворивме сензорни соби во две други училишта, а од денес и 21 ученик со попречност од ова училиште доби просторија која е уредена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи. Со реализацијата на денешниот проект, сме на половина од крајната цел, да им обезбедиме на сите 102 ученици од општината кои имаат ваква потреба, да имаат сензорна соба во своето училиште, односно сите основни училишта кои се под надлежност на Општина Кисела Вода да имаат сензорна соба. Ова е нешто на кое интензивно работиме и кое во најскоро можно време ќе го реализираме. Во таа насока, сакам да се заблагодарам на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, на Советот на родители од ова училиште, како и на повеќе компании кои преку својата општествена одговорност дадоа свој влог во креирањето на подобра иднина за овие лица, изјави Ѓорѓиевски. -„Фондација “Чекор по Чекор” веќе триесетина години ја промовира идејата дека со соодветна поддршка од рана возраст, сите деца можат да го развијат својот целосен развоен потенцијал. Во изминатите 25 месеци, колку што го спроведуваме проектот, реализиравме 43 училишни грантови, со кои го поддржавме подобрувањето на пристапноста и инклузивноста на некои од училиштата каде учат 474 стипендисти на проектот. Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ефинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука. Со овој последен грант, го опремивме овој мултисензорен простор во ООУ „Круме Кепески“, обезбeдувајќи стимулативна средина за учење, развој и креативност без ограничувања.“, изјави Елена Мишиќ, Раководителка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Директорката на ООУ “Круме Кепески”, Павлина Трипуновска, ја потенцираше важноста на проектот во насока на развивање на инклузивна клима и им врачи благодарници на сите кои зедоа учество и го поддржаа отворањето на сензорната соба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/feed/ 0
Сензорна соба ќе добие ООУ „Александар Урдаревски“ во Општина Чучер Сандево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senzorna-soba-kje-dobie-oou-aleksandar-urdarevski-vo-opshtina-chucher-sandevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senzorna-soba-kje-dobie-oou-aleksandar-urdarevski-vo-opshtina-chucher-sandevo/#respond Thu, 13 Oct 2022 06:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=744508

Сензорна соба ќе биде отворена денеска во ООУ „Александар Урдаревски“ во Општината Чучер Сандево, донација од комапнијата Веб Фактори. На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општината Сашко Комненовиќ и директорката на ООУ „Александар Урдаревски“ Сузе Велковска Радевска, која ќе информира за спроведувањето на инклузивни практики во Општината. Ќе бидат присутни и Петар Папиќ од компанијата Веб Фактори, која е донатор на сензорната соба и Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senzorna-soba-kje-dobie-oou-aleksandar-urdarevski-vo-opshtina-chucher-sandevo/feed/ 0
Јорданов: Пуштена е во употреба сензорната соба со реквизити и стимулативни алатки во основното училиште Димитар Влахов https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-pushtena-e-vo-upotreba-senzornata-soba-so-rekviziti-i-stimulativni-alatki-vo-osnovnoto-uchilishte-dimitar-vlahov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-pushtena-e-vo-upotreba-senzornata-soba-so-rekviziti-i-stimulativni-alatki-vo-osnovnoto-uchilishte-dimitar-vlahov/#respond Wed, 21 Sep 2022 14:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=735832

Денес беше пуштена во употреба целосно опремена сензорна соба со реквизити и стимулативни алатки во основното училиште Димитар Влахов. Оваа соба пред се е наменета за децата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава во самото училиште, а истата ќе може да се користи и од страна на децата со типичен развој при работа во групи. Оваа сензорна соба е отворена со кофинансирање од Општина Штип преку Фондацијата “Чекор по Чекор” која го спроведува проектот “ Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. Овој проект нека биде пример за целосно вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и подобрување на инклузивноста во образовниот процес во град Штип, објави на социјалната мрежа на Фејсбук штипскиот градоначалник Иван Јорданов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jordanov-pushtena-e-vo-upotreba-senzornata-soba-so-rekviziti-i-stimulativni-alatki-vo-osnovnoto-uchilishte-dimitar-vlahov/feed/ 0
Отворена сензорна соба во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-osnovnoto-uchilishte-goce-delchev-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-osnovnoto-uchilishte-goce-delchev-vo-centar/#respond Mon, 29 Aug 2022 12:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=725502

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија. Во училиштето има 23 деца со попреченост, од кои десет се со МКФ-процена, пет се со извештај од специјалист и осум аутистични. – Како проект, како фондација „Чекор по чекор“ и како здружение, коишто се исто така реализатори на овој проект ни е драго што ОУ „Гоце Делчев“ ќе ја дочека новата учебна година поинклузивно од претходно, а е доста инклузивно училиште. Училиштето има и лифт внатрешен и дополнителни пристапни елементи, мислам дека имате и тоалет пристапен, така што ова е само надополнување вон создавање на едно навистина инклузивно училиште. Голема благодарност за проектот и за поддршката на училиштето и од општината, изјави Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека донацијата е од големо значење бидејќи учениците имаат можност да ги развиваат своите потенцијали и активно да бидат вклучени во воспитно едукативниот процес. – Среќен сум бидејќи со оваа активност ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност не само во училиштето, туку и во општината, додаде Герасимовски. Основното училиште „Гоце Делчев“, како што информираше Џајковска веќе има внатрешен лифт и дополнителни пристапни елементи за децата со попреченост и тоалет. Таа вели дека сензорната училници е „само едно надополнување кон создавање на едно инклузивно училиште“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-osnovnoto-uchilishte-goce-delchev-vo-centar/feed/ 0
Ристески: ООУ „Св. Климент Охридски“ ја доби првата сензорна соба https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-oou-sv-kliment-ohridski-ja-dobi-prvata-senzorna-soba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-oou-sv-kliment-ohridski-ja-dobi-prvata-senzorna-soba/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=658283

Денес, општинското основно училиште „Св. Климент Охридски “ја доби првата сензорна соба во која од денес, специјалниот едукатор и рехабилитатор, образовните асистенти и стручната служба ќе обезбедуваат дополнителна поддршка за учениците со образовна попреченост. Целосното вклучување на учениците со попреченост е цел на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој оваа сензорна соба ја реализира со поддршка на НЛБ Тутунска Банка – Скопје,финансиран од Европската Унија. Сензорната соба во основното општинско училиште„Св. Климмент Охридски“ во кое се образуваат 460 ученици е од огромна важност за Општина Македонски Брод, но и Поречието, бидејќи е прва сензорна соба во оваа област на земјата. -Како социјален работник пред се, а потоа како градоначалник на Општина Македонски Брод, задоволство ми е бидејќи ја ставаме во употреба првата сензорна соба во нашиот крај. Сензорните соби се неопходни во интервенирањето во раниот детски развој, бидејќи со нив се стимулираат учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина. Во ова училиште имаме 13 деца со атипичен развој и уверен сум дека со вакви директни вложувања во подобрување на образовните услови ќе го унапредиме воспитниот и образовниот развој за сите деца, а со тоа ќе создаваме инклузивна клима во општината во која децата ќе имаат еднакви моќности за раст и развој, изјави градоначалникот на Општина Македонски Брод г-дин Жарко Ристески. Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има цел да им помогне на училиштата каде учат ученици со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-oou-sv-kliment-ohridski-ja-dobi-prvata-senzorna-soba/feed/ 0
Отворена сензорна соба во Општина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-opshtina-gazi-baba/#respond Mon, 22 Nov 2021 11:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=598222

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес беше во посета на општинското основно училиште Дане Крапчев каде што присуствуваше на отворање на сензорна соба. За отворањето, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша: -Секое дете е важно, за таа цел денес имав посебна чест и задоволство да присуствувам на отворањето на сензорната соба во Основното училиште Дане Крапчев, која ја отвораме во рамки на одбележувањето на интернационалниот ден на детето. Оваа сензорна соба се реализира како дел од проектот "Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран" кој е финансиран од Европската унија и проектот "И јас имам глас" кој е финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој. Во оваа сензорна соба се вклучени елементи за сензорна стимулација на учениците, алатки за когнитивен развој, опрема за подобрување на крупна и фина моторика, меко катче и катче за осамување и слично. Од оваа сензорна соба, најголема придобивка ќе имаат учениците со попреченост, учениците од аутистичниот спектар, како и сите ученици кои во одреден момент имаат потешкотии во учењето, напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/otvorena-senzorna-soba-vo-opshtina-gazi-baba/feed/ 0