сеп блатер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 12:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сеп блатер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блатер: Изборот на Катар за домаќин на СП2022 беше голема грешка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/#respond Tue, 08 Nov 2022 16:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=757559

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, кој мораше да се повлече од функцијата поради обвинение за корупција, денеска прв пат објави детали од изборот на Катар за домаќин на претстојното Светско првенство и оцени дека тоа било „голема грешка“. – Катар е премала земја, а фудбалот и Светското првенство се многу поголеми. Да бидам целосно јасен – Катар е голема грешка, многу лош избор, изјави Блатер. Тој рече дека првичната замисла била Русија да биде домаќин на Мундијалот 2018, а САД во 2022 година. – Требаше тоа да биде гест на мир, две земји, кои се наоѓаат на спротивни страни, требаше да организираат Светско првенство едно по друго, рече Блатер, додавајќи оти пресвртот се случил една недела пред Конгресот на ФИФА кога добил повик од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини. – Добив повик од Платини, кој ми рече дека нашиот план нема да може да го спроведеме. Ми рече дека добил повик од францускиот претседател (Никола) Саркози, кој само што разговарал со првиот човек на Катар, обелодени Блатер. Тој истакна дека во заднина на изборот на домаќинот на Мундијалот 2022 биле парите и оти Катар половина година подоцна купил борбени авион за Франција во вредност од 15 милијарди долари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-izborot-na-katar-za-domakjin-na-sp2022-beshe-golema-greshka/feed/ 0
Швајцарското обвинителство вложи жалба на ослободителната пресудата за Блатер и Платини https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:15:10 +0000 https://kurir.mk/?p=748511

Швајцарските сојузни обвинители вложија жалба на ослободителните пресуди што им беа изречени на поранешните челни луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, кои беа обвинети за корупција. Швајцарскиот Сојузен кривичен суд, по седумгодишна истрага, во мај годинава ги ослободи од обвиненијата Блатер и Платини изрекувајќи им казна за доживотна суспензија од спортот. -Потврдуваме дека Државното обвинителство на Швајцарија поднесе жалба до Жалбениот совет на Сојузниот кривичен суд во законски предвидениот рок и побара првостепената пресуда во целост да се укине, рече швајцарски сојузен обвинител. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. Поранешниот претседател на ФИФА, Блатер, и поранешниот прв човек на УЕФА, Платини, тврдеа на судскиот процес дека не извршиле кривично дело, а оти тој износ бил на име на хонорар на Платини, кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shvajcarskoto-obvinitelstvo-vlozi-zalba-na-osloboditelnata-presudata-za-blater-i-platini/feed/ 0
Платини и Блатер ослободени од вина за финансиски измами https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/#respond Fri, 08 Jul 2022 11:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=702286

Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона. Обвинението ги товареше за неовластена исплата на сума од два милиони швајцарски франци на сметката на Платини од касата на ФИФА, извршена во 2011 година. Поранешниот претседател на ФИФА, Блатер, и поранешниот прв човек на УЕФА, Платини, тврдеа на судскиот процес дека не извршиле кривично дело, а оти тој износ бил на име на хонорар на Платини, кој ФИФА била должна да му го исплати за неговата советничка улога. – За многу работи во мојот живот сум бил виновен, но во овој случај сум невин, изјави Блатер при влегувањето во судската сала да ја слушне пресудата. Судењето траеше 11 денови, а беше одржано во Федералниот кривичен суд во Белинцона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-i-blater-oslobodeni-od-vina-za-finansiski-izmami/feed/ 0
Блатер проговори, прстот го впери кон наследникот: Се обидува да ме уништи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-progovori-prstot-go-vperi-kon-naslednikot-se-obiduva-da-me-unishti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-progovori-prstot-go-vperi-kon-naslednikot-se-obiduva-da-me-unishti/#respond Mon, 27 Jun 2022 07:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=696189

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер се огласи во случајот за корупција против него. – Кога дојдов во ФИФА, немаше ништо. Кога заминав, тоа беше меѓународна организација, средена солидно и економски, социјално и културно, па дури и политички. Не знам зошто Инфантино не ми е благодарен. Дури и вештачки се обидува да покрене случај против мене. Тој сака да ме уништи не само мене, туку и се што сум направил за ФИФА, затоа што мисли дека работи подобро. Морам да кажам дека сум исклучително возбуден. Ме обвинуваат за криминал, кражба, но ова е апсурдно. Не знам зошто ме изведоа на суд. Сигурен сум дека илјадници, ако не и милиони играчи не го разбираат ова. Не сум одмаздољубив, но сакам да бидам ослободен. Се работи за мојата репутација и угледот на фудбалот што го создадов. Не го создадов сам, туку заедно со стотици тренери кои придонесоа за модерниот фудбал, кој има повеќе од две милијарди фанови. Ниту еден друг спорт нема таква популарност, изјави Блатер. Тој се соочува со затворска казна до пет година поради незаконско работење додека беше прв човек на ФИФА. Судот во Швајцарија на 8 јули треба да донесе пресуда за случајот против Блатер и Мишел Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино на чело на организацијата дојде во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-progovori-prstot-go-vperi-kon-naslednikot-se-obiduva-da-me-unishti/feed/ 0
Блатер: Мундијалот во Катар е голема грешка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-vo-katar-e-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-vo-katar-e-golema-greshka/#respond Mon, 22 Nov 2021 20:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=598497

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, уште еднаш го потенцирал своето мислење дека одлуката за организација на Светско првенство од страна на Катар е катастрофална.Швајцарецот го обвини Мишел Платини како главен виновник за одлуката на Извршниот комитет на ФИФА и човек кој лобирал за Катар да ги добие потребните гласови од неколку европски земји. – Без интервенцијата на поранешниот француски претседател Саркози кај Платини, Катар никогаш немаше да го добие светското првенство.Тоа беше првпат политичка интервенција да влијае на важна фудбалска одлука, – изјавил Блатер. Од друга страна, поранешниот претседател на УЕФА ги демантира ваквите наводи. – Блатер пет години ги повторува обвинувањата кои не се точни, тоа се злобни инсинуации, зборовите на Блатер немаат никаква врска со вистината, – вели Платини]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-vo-katar-e-golema-greshka/feed/ 0
Блатер повика на смена на Инфантино https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-povika-na-smena-na-infantino/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-povika-na-smena-na-infantino/#respond Fri, 31 Jul 2020 10:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=384282

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер повика на смена на неговиот наследник, Џани Инфантино, на чело на Меѓународниот фудбалски штаб, откако беа поведени кривични постапки против Италијанецот во Швајцарија. Локалните власти соопштија во четвртокот дека е покрената истрага против сегашниот претседател на ФИФА од страна на специјален обвинител што ги испитува неговите состаноци со швајцарскиот федерален обвинител Мајкл Лаубер. И двајцата негираа злоупотреба. – За мене ситуацијата е јасна – етичката комисија на ФИФА мора да отвори случај против г-дин Инфантино и потоа да го казни, рече Блатер. Самиот тој беше санкциониран со суспендирање на неговиот статус, а подоцна и со забрана од страна на Комисијата за етика на ФИФА, откако беше предмет на кривична постапка во Швајцарија во 2015 година. Истрагата се уште трае и Блатер, кој негираше злоупотреба, не е обвинет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-povika-na-smena-na-infantino/feed/ 0
Блатер верува дека е можно Мундијалот во 2022 да не се игра во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-veruva-deka-e-mozno-mundijalot-vo-2022-da-ne-se-igra-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-veruva-deka-e-mozno-mundijalot-vo-2022-da-ne-se-igra-vo-katar/#respond Thu, 16 Apr 2020 06:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=332957

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер е уверен дека е можен трансфер на Мундијалот во 2022 година што треба да се игра во Катар. – Соединетите Американси Држави може да бидат домаќини во 2022 година наместо 2026. Тие се способни, ова не е научна фантастика! Јапонија исто така може да го стори тоа. За среќа, ќе има само 32 екипи, а не 48. Не е потребен голем организациски напор. И Германија може да биде домаќин на турнирот. Но, ова ќе значи дека по 2018 година Мундијалот повторно ќе се организира во Европа. Поради тоа Европа нема да биде првата опција, изјави Блатер за германски „Билд“. Изјавата на поранешниот прв човек на ФИФА доаѓа, откако претходно беше распишан обвинителниот акт за мито на службеници на организацијата при изборот на домаќините на Светските првенства 2018 (се играше во Русија) и 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-veruva-deka-e-mozno-mundijalot-vo-2022-da-ne-se-igra-vo-katar/feed/ 0
Падна едно од обвиненијата против Блатер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/padna-edno-od-obvinenijata-protiv-blater/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/padna-edno-od-obvinenijata-protiv-blater/#respond Sat, 11 Apr 2020 08:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=330511

Швајцарското обвинителство ќе отфрли едно од обвиненијата за корупција против поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, пренесува францускиот весник „Ле Монд“. Според весникот, 84-годишниот Швајцарец нема да одговара на суд за обвинение дека продал по нереална цена телевизиски права за емитување на две светски првенства на Карибската фудбалска федерација. Тоа беше едно од двете обвиненија покренати против Блатер во 2015 година, кога беше соборен од претседателсската позиција на светската фудбалска централа по бурен корупциски скандал. Самиот Блатер изјави дека сè уште не ја добил документацијата за отфрлање на обвинението, но во пракса потврди дека тоа е факт. -Јас не добив никакви документи од канцеларијата на швајцарското обвинителство. Ќе разговарам со мојот адвокат, ќе ја испратам документацијата. Тоа е договор за телевизиски права, рече тој. Договорот дава право за пренесување на Светските првенства на Карипската фудбалска федерација во 2010 и 2014 година за само 600.000 американски долари – сума која е утврдена многу пониска од реалната пазарна цена. За Блатер сепак останува обвинението за незаконската исплата направена во февруари 2011 година на тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, во вредност од 2 милиони швајцарски франци. -Штом ќе се затвори овој случај, ќе ја замолам ФИФА за моја рехабилитација, бидејќи мојата казна од етичкиот комитет на ФИФА е направена врз основа на овие обвиненија од швајцарскиот судски систем, коментира Блатер. Во 2015 година Швајцарецот беше осуден со забрана за вршење на фудбалска активност за шест години од страна на ФИФА, додека Платини доби казна од четири години и веќе се врати на раководна позиција во ФИФПро, Светската организација на професионални фудбалери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/padna-edno-od-obvinenijata-protiv-blater/feed/ 0
Платини ослободен: Кошмарот е готов, му се враќам на фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-osloboden-koshmarot-e-gotov-mu-se-vrakjam-na-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-osloboden-koshmarot-e-gotov-mu-se-vrakjam-na-fudbalot/#respond Sat, 26 May 2018 11:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=58535

Поранешниот претседател на УЕФА и потпретседател на ФИФА, Мишел Планити изјави дека планира да му се врати на фудбалот Ваква одлука доаѓа бидејќи швајцарското обвинителство потврди дека тој не е обвинет во истрагата за можни финансиски малверзации. Платини (62) изјави дека ова е крај на долгиот кошмар за неговото семејство и блиските луѓе. Некогашниот играч за врска до септември 2015. имаше стастус „меѓу сведок и обвинет“ во кривичниот процес против тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Против Платини никогаш не беше покрената ниту една кривична постапка. Доказите се однесуваа на Блатер и неговата дозвола ФИФА на Платини да му исплати два милиони долари во 2011. година. Етичкиот комитет на ФИФА го истражуваше и барањето на Платини за пензиски придонеси на кои немал право. Блатер на тоа се согласил и додал повеќе од милион долари на неговиот пензиски фонд. Платини на крај доби четиригодишна забрана за работа во фудбалот, која истекува во октомври следната година. И тој и Блатер велеа дека не направиле ништо лошо, но судиите од Судот за спортска арбитража одбиле да им ги укинат забраните. Поради тој случај Платини е тргнат од челното место на УЕФА и не му е дозволено да се кандидира за наследник на Блатер во ФИФА во 2016.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/platini-osloboden-koshmarot-e-gotov-mu-se-vrakjam-na-fudbalot/feed/ 0
Блатер: Мундијалот не е експериментално зајаче https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-ne-e-eksperimentalno-zajache/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-ne-e-eksperimentalno-zajache/#respond Wed, 10 Jan 2018 14:13:29 +0000 http://kurir.mk/?p=8992

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер го повика актуелното раководство да не го користи Светското првенство како експериментално зајаче. Швајцарецот смета дека најголемиот фудбалски собир не е место за експериментирање со системот за решавање спорни ситуации наречен ВАР. - Не смее да се користи Светското првенство како експериментално зајаче за таква голема промена во фудбалот. Ќе биде погрешно. Премногу е рано и системот се уште не е користена во доволен број држави, за да бидат собрани сите искуства, изјави поранешниот прв човек на ФИФА. 81-годишниот Блатер беше исфрлен од фудбалот во 2015 година по аферата со исплатени два милиона швајцарски франци кон поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини. Првично Блатер доби осумгодишна суспензија од фудбалот, а подоцна, апелационата комисија на ФИФА ја намали казната на шест години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/blater-mundijalot-ne-e-eksperimentalno-zajache/feed/ 0