сеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 09:36:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕП до понеделник ќе го дефинира претставникот во работната група за уставни измени, Маричиќ ги повика сите партии да учествуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sep-do-ponedelnik-ke-go-definira-pretstavnikot-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-marichik-gi-povika-site-partii-da-uchestvuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sep-do-ponedelnik-ke-go-definira-pretstavnikot-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-marichik-gi-povika-site-partii-da-uchestvuvaat/#respond Fri, 07 Apr 2023 09:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=821410

Најдоцна до понеделник ќе биде дефинирано и соопштено името на претставникот од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Одговарајќи на новинарски прашања, Маричиќ рече дека СЕП активно ќе учествува во таа работна група и ќе номинира лице што ќе биде претставник од Секретаријатот и со допис до понеделник ќе го информира Министерството за правда. -Секако, ќе биде лице со искуство и кое долго работи на тие прашања и што ќе може да даде соодветен придонес во работната група. Се уште не е дефинирано, но најдоцна до понеделник ќе го соопштиме и на јавноста, рече Маричиќ на заедничка прес-конференција со министерката за евроинтеграции на Србија, Тања Мишчевиќ. Нагласи дека се работи за многу важна работна група и се надева дека и сите политички партии ќе номинираат свој претставник. Ги повика да учествуваат во разговорот за процесот на уставни измени затоа што прашањето, како што рече, „порано или подоцна ќе дојде во Собранието и политичките партии ќе треба да се изјаснат“. Наместо ставови да се изнесуваат секој ден на прес-конференции, изјави и со партиски препукувања, таа работна група, рече Маричиќ, е вистинското место за дискусија, за размена на идеи, давање предлози и за дефинирање на Преамбулата и двете точки што треба да се променат во Уставот. -Од таа работна група да извадиме еден предлог кој потоа ќе најде свој простор за дискусија и во општеството и во Собранието. Многу е попрактично и поодговорно за државата да учествуваат сите политички партии, и јас ги охрабрувам да не се плашат и да учествуваат. Бидејќи јавно ги изнесоа ставовите, тие ставови да ги соочиме во работната група и да видиме дали можеме да дојдеме до едно заедничко решение, најдобро решение, и да изградиме македонски модел за вградување на овие три заедници или колку и да бидат, што се заинтересирани да влезат во Преамбулата на Уставот, и да го овозможиме тоа. Сметам дека на тој начин ќе се демистификува процесот повеќе отколку ако го задржиме на ниво на дневни изјави и политички препукувања. Ние ја поставуваме масата за разговор и ги каниме сите да седнат на таа маса и да разговараме, истакна вицепремиерот за европски прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sep-do-ponedelnik-ke-go-definira-pretstavnikot-vo-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-marichik-gi-povika-site-partii-da-uchestvuvaat/feed/ 0
Еленовски по одговорот на СЕП: Неверојатно ниво на некомпетентност и ароганција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elenovski-po-odgovorot-na-sep-neverojatno-nivo-na-nekompetentnost-i-arogancija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elenovski-po-odgovorot-na-sep-neverojatno-nivo-na-nekompetentnost-i-arogancija/#respond Fri, 12 Mar 2021 09:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=481198

Амбасадорот на Македонија во Белгија, Лазар Еленовски, се огласи преку социјалните мрежи по одговорот на Секретаријатот за европски прашања дека земјава не добила помош од ЕУ, зашто квалитетно и навремено менаџирала со финансиите во здравствениот сектор. -Неверојатно ниво на некомпетентност и ароганција во време на незапамтена светска здравствена криза, пишува Еленовски на Фејсбук. Европската комисија вчера ја соопшти листата од 17 земји членки на ЕУ, плус 3 кандидати (Албанија, Србија, Црна Гора) кои треба да добијат помош од вкупно 530 милиони евра за да ги покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста. Македонија не е на листата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elenovski-po-odgovorot-na-sep-neverojatno-nivo-na-nekompetentnost-i-arogancija/feed/ 0
Димитров во Брисел на средби со Вархеји, Схинас и Рот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-vo-brisel-na-sredbi-so-varheji-shinas-i-rot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-vo-brisel-na-sredbi-so-varheji-shinas-i-rot/#respond Tue, 22 Sep 2020 05:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=406519

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е и прва посета во седиштето на ЕУ на претставник на Владата на Македонија по нејзиното формирање. Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со потпретседателот на Европската комисија задолжен за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, како и со други претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија. На маргините на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што неделава се одржува во Брисел, вицепремиерот Димитров ќе оствари средба и со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот. – Работната посета на заменик претседателот на Владата Никола Димитров се случува во исклучително важен момент за Северна Македонија, во светло на дефинирање на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означува и официјален почеток на пристапните преговори со Унијата, се наведува во соопштението на СЕП. На средбите Димитров ќе ги отвори прашањата поврзани со ИПА 3 програмата, имајќи го предвид утврдувањето на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ 2021-2027 што е актуелно периодов. Во тој контекст ќе се зборува и за подготовките за димензионирање и објавување на најавената Економска програма за развој и инвестиции за Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-vo-brisel-na-sredbi-so-varheji-shinas-i-rot/feed/ 0
Предизборни „подмачкувања“: Владата вработува во СЕП и во СОЗР, плата и до 39 илјади денари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizborni-podmachkuvanja-vladata-vrabotuva-vo-sep-i-vo-sozr-plata-i-do-39-iljadi-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizborni-podmachkuvanja-vladata-vrabotuva-vo-sep-i-vo-sozr-plata-i-do-39-iljadi-denari/#respond Thu, 09 Jan 2020 10:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=287346

Владата планира да вработи 11 државни службеници во Секретаријатот за европски прашања. Во оглас кој е објавен преку Агенцијата за администрација на трети јануари годинава, се бараат 11 вработувања од Секретаријатот. Највисока плата од речиси 39 илјади денари, или точно 38.689 денари ќе зема државниот советник за координација на европски фондови и друга странска помош. Понатаму, се бараат и помлад соработник за внатрешни работи, виш соработник за слободно движење на услуги, помлад соработник за внатрешен пазар, советник за земјоделство и рурален развој, виш соработник за политика за земјоделство и рурален развој, помлад соработник за програмирање на образование, за животна средина, за евалуација за програмите за ЕУ, соработник за координација на билатерални програми, како и соработник за јазична ревизија, а најниската плата е 22 илјади денари. Претходно и Службата за општи и заеднички работи во Владата, на 27 декември лани, побарала да вработи шест лица, главно за советници, а платите таму ќе бидат и до над 26 илјади денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizborni-podmachkuvanja-vladata-vrabotuva-vo-sep-i-vo-sozr-plata-i-do-39-iljadi-denari/feed/ 0